Петар Велики: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Luna988 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Ред 34:
'''Петар I Алексеевич''' или '''Петар Велики''' ([[руски јазик|руски]]: ''Пётр I Алексеевич''; ''Пётр Великий''; [[Москва]], [[9 јуни]] [[1672]] - [[Санкт Петербург]], [[8 февруари]] [[1725]] според [[Грегоријански календар|грегоријанскиот календар]], или [[30 мај]] [[1672]] — [[28 јануари]] [[1725]] според [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]]) — [[цар на Русија]] кој владеел со неа од [[7 мај]] ([[27 април]] според јулијанскиот календар) [[1682]], па сѐ до својата смрт во [[1725]].
 
На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат [[Иван V]], кој умрел во [[1696]]. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушил сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.<ref name="HyV">-{Martínez Laínez F. Pedro I el Grande. Historia y Vida; 38(461):64-73.}-</ref>.
 
Петар владеел сам до [[1724]] година, а потоа владеел заедно со својата сопруга [[Екатерина I]]. Тој бил модернизатор на заостанатата [[феудализам|феудална]] Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка [[Европа|европска]] сила во тоа време<ref name="HyV"/>. Ја одбил титулата [[цар]] во [[1721]] и ја заменил со титулата „император“
Ред 40:
== Детство ==
[[Податотека:Two tsars by I.Repin (1900, GRM).jpg|мини|300п|Крунисувањето на Петар и Иван, [[литографија]] на [[Илја Репин]] од [[1900]]]]
Петар бил син на рускиот цар [[Алексеј I]] и неговата втора жена [[Наталија Наришкина]]. Алексеј I од првиот брак со [[Марија Милославскаја]] имал 5 синови и 8 ќерки, од кои само два сина: [[Фјодор III]] и Иван биле живи, кога Петар се родил. Алексеј I имал уште две ќерки со Наталија Наришкина пред да умре во [[1674]], година во која го наследил најстариот син [[Фјодор III]]<ref name="1.2">[http://www.znanje.org/i/i21/01iv10/01iv1022m/period%20neprosvjecenosti.htm Петар Велики. Периодот на преродбарта на царска Русија. -{www.znanje.org}-]</ref>.
 
Фјодор владеел шест години и умрел од [[скорбут]]<ref name="HyV"/>. Поради тоа што немал деца, избиле конфликти за тоа кој има право да го наследи престолот, дали семејството на Алексеевата прва жена Марија или пак семејството на неговата втора жена Наталија.<ref name="1.2"/>. Правно гледано, Иван бил следниот владетел по наследна линија, но бил физички и ментално неспособен да ја преземе должноста на цар<ref name="HyV"/>, а и болјарите не сакале власта да биде во рацете на припадник на семејството Милославски. [[Бојари|Бојарската дума]] во договор со патријархот го именувале десетгодишниот Петар за цар, заедно со неговата мајка како регент, против што се побунило Ивановото семејство, на чело со неговата сестра [[Софија Алексеевна]]<ref name="1.2"/>. Под нејзино влијание, во тоа време се појавил и проблемот со „стрелците“ (елитни руски воени единици во тоа време). Елитните руски воени единици влегле во дворот, го ограбиле и пред очите на Петар убиле многу болјари, меѓу кои и двајца постари браќа на неговата мајка Наталија<ref name="HyV"/><ref name="1.2"/>. Петар и неговата мајка биле присилени да се повлечат додека Софија не го преземала местото на регент над заедничкото владеење на Петар и Иван.<ref name="1.2"/>.
Ред 50:
Во [[1689]] година, мајка му организирала свадба со [[Евдокија Лопухина]]. Но, бракот не бил како што треба, па по 10 години, Петар ја принудил сопругата да се откаже од бракот и да се замонаши<ref name="HyV"/>.
 
Кога Петар наполнил 17 години, Софија сфатила дека и се заканува опасност, па започнала да врши промени на дворот, заедно со стрелците. Кога дознал за намерите на Софија, Петар заминал во манастирот св.Троица Сергеевска, а потоа ги повикал своите два полка, кои биле дел од некои одреди на војската и од стрелците. Софија била сменета на престолот и затворена во женски манастир<ref name="2.1"/>.
 
Сепак, вистинската власт била во рацете на Петровата мајка Наталија Наришкина, така што Петар сѐ уште не можел да оствари апсолутна власт. По смртта на неговата мајка, во [[1694]], Петар станал вистински независен владетел. Формално, Иван ја делел власта со него, но без значајно влијание. По Ивановата смрт (1696), Петар и легално станал единствен владетел.
Ред 67:
За да го задржи Азов, Петар сфатил дека мора да формира голема флота, за чија изградба не располагал со доволно инженери, како ни морнари ни поморски офицери. Тој, веднаш испратил на обука за поморство, навигација и бродоградба стотина болјари во [[Англија]], [[Холандија]] и [[Италија]].<ref name="2.1"/> Кога се дознало дека и самиот цар сака да патува во странство, некои водачи ([[Козаци]]), како и некои „стрелци“ имале во план да го убијат, меѓутоа Петар го открил заговорот на време и жестоко се пресметал со заговорниците. Стотина заговорници биле однесени на [[Кремљски плоштад|Кремљскиот плоштад]] каде што биле запалени или им била отсечена главата<ref name="HyV"/>.
 
Дознавајќи и интересирајќи се сѐ повеќе за западниот начин на живот и западната технологија, Петар во 1697, тргнал на пат за Европа, придружуван од бројна делегација на советници (т.н. „Голема амбасада“). Тој сакал, што е можно подобро да се запознае со обичаите на западните земји зада може да ги примени во својата земја. Патувал како Петар Михајлович<ref name="HyV"/>, иако на дворот кој го посетувал неговиот вистински идентитет бил познат и добивал третман достоен за неговата позиција. Одредено време работел како дрводелец и бродоградител во [[Амстердам]], а подоцна и во Англија, во близина на [[Лондон]]. Ги посетил главните градови на [[Германија]] и [[Австрија]], а разговарал и со британскиот крал [[Вилијам III]] и се запознал со англиското општество, за кое Петар сметал дека е над сите, бидејќи никогаш не се видело кралот да пуши и пие по крчми, заедно со морнарите<ref name="HyV"/>. Петар патувањето го искористил и за да изнајми стотици техничари и офицери од странство, кои требале со своите знаења да помогнат во [[Руска империја|Русија]]. Петар се стекнал и со големо знаење во областа на [[бродоградба]]та и [[картографија]]та.
 
Од друга страна, Петар сакал да се обиде да добие помош и поддршка од европските владетели во борбата против моќното [[Османлиско царство|Османлиско Царство]]. Меѓутоа неговите надежи станале јалови; Франција била традиционален сојузник на османлискиот султан, а Австрија настојувала да одржува мир на истокот за да може да војува на западот. Освен тоа, Петар избрал прилично лош момент за својата дипломатска офанзива: во тоа време Европа повеќе размислувала за тоа, кој ќе застане на шпанскиот престол, по смртта на кралот [[Карлос II од Шпанија|Карлос II]], отколку да војува со Османлиската Империја.
Ред 101:
Засилената руска војска ја освоила денешна [[Естонија]], но Карло XII и покрај тоа, ги продолжил војните против Полска и Прусија. Во периодот од 1701 до 1704, Петар заземал доста утврдувања и градови на брегот на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]: [[Дерпт]], [[Нарва]] и [[Иванград]], а на [[Ладога|Ладошкото езеро]] изградил бродоградилиште и започнал со изградбата на флота, потребна за поморската војна против Шведска<ref name="3.1"/>.
 
На освоените територии во шведската покраина [[Ингрија]] во 1703, Петар основал град, кој го нарекол [[Санкт Петербург]] (по апостолот [[Свети Петар]]) и кој подоцна станал престолнина на [[Руска империја|Руската Империја]]. Петар забранил изградба на камени градби надвор од границите на градот, па така сите мајстори можеле да учествуваат во подигнувањето на новиот град, кој набргу станал престолнина на Русија<ref name="HyV"/>. Во тоа време, љубовница на Петар му станала [[Екатарина I|Марта Скавронска]], која го прифатила [[православие]]то и го променила името во Екатерина. Таа наводно, тајно се омажила за Петар во [[1707]].
 
Претрпувајќи неколку тешки воени порази, полскиот крал [[Август II]] во 1706 абдицирал. Карло XII ја нападнал Русија во [[1708]] година. Во јули истата година, во [[Битка кај Головкин|битката кај Головкин]] Русите доживеале пораз. Сепак во битката кај Лесној<ref name="HyV"/> Карло го доживеал својот прв пораз, и тоа откако Петар го пресретнал и уништил засилувањето, кое за Шведска тргнало од [[Рига]]. Обесхрабрен од овој пораз, Карло бил принуден да го откаже планираниот поход на Москва, меѓутоа не се повлекол во Полска или Шведска, туку тргнал кон [[Украина]]. Вештиот маневар на Петар овозможил руската војска на југ да ги уништии сите залихи на храна, кои Швеѓаните требале да ги користат на походот за Украина. Во недостатокот на храна и облека, шведската војска била уништена во зимата 1708/9.
Ред 115:
=== Основањето на Санкт Петербург ===
[[Податотека:Санкт-Петербург, 1903.jpg|мини|250п|лево|Географска карта на Санкт Петербург од 1903]]
[[Санкт Петербург]] е основан на [[27 мај]] [[1703]] година, откако Русија ја освоила [[Ингерманланд]] од Шведска и со тоа излегла на море. Создавањето ан Санкт Петербург од една страна значело отворање на [[Руска империја|Русија]] на [[економија|економски]], [[политика|политички]] и интелектуален план во [[Европа]], а од друга страна, признавање на Русија во светот како воена и поморска сила<ref name="HyV"/>.
 
Спротивно од старата престолнина [[Москва]], која целата била изградена од дрво и која била олицетворение на старата руска традиција, [[Санкт Петербург]] бил изграден од [[камен]] и [[кал]] и бил олицетворение на модерен град во европски стил и претставувал победа на техниката над [[природа]]та<ref name="HyV"/>.
 
Петар Велики ја финансирал изградбата на новата престолнин, а илјадници селани биле преселени за да ја забрзаат неговата изградба. Исто така, и затворениците биле присилени да работат во изградбата на градот. За да би можеле сите каменоресци и ѕидари да работат во Санкт Петербург, било забрането надвор од градот да се градат камени градби<ref name="HyV"/>.
 
Почетниот план предвидувал мрежа на авении, кои се вкрстувале под прав агол се формирале мали канали, со пресекот на реката Нева. Поради тоа, градот Санкт Петербург бил наречен „Северна Венеција“, иако царот можеби претходно на ум го имал градот Амстердам, град кој го посетил во младоста. Влажната клима и непогодното земјиште ја отежнувале изградбата на градот<ref name="HyV"/>, а згора на тоа, работниците живееле во многу лоши услови и биле слабо хранети, а поради тоа голем број умреле<ref name="Оснивање">[http://www.saint-petersburg.com/history/foundation.asp Званичан сајт Санкт Петербурга. Историја. Оснивање]</ref>.
Ред 125:
Првиот објект за живеење била [[Колиба Петар Велики|колибата на Петар Велики]]<ref name="Колиба">[http://www.saint-petersburg.com/virtual-tour/cabin.asp Официјална веб-страница на Санкт Петербург. Историја. Колибата на Петар Велики.]</ref>, изграден во 1703, во која царот живеел од 1703 до 1708. Колибата била изградена од дрво, бидејчи во тоа време сѐ уште немало услови за изградба од камен, па Петар наредил надворешните ѕидови да отсликуваат дека градбата е изградена од цигли<ref name="Колиба"/>. Стилот на оваа градба е комбинација од традиционална руска куќа (изба) и холандска куќа со големи и фино изградени прозорци и висок кров<ref name="Колиба"/>.
 
Градот бил преполн со величествени цркви и палата во сите стилови. Петар бил сведок на изградбата на само некои од нив, како на пр. св. Петра и св. Павла и [[Петерхоф]], летни дворец изграден сао за него. Тој, исто така ја наредил изградбата на природниот музеј Кунсткамер, кој бил првиот руски музеј воопшто<ref name="HyV"/>.
 
На 30 &nbsp;km од тој „нов Париз“, Петар изградил и „руски [[Версај]]“. Тоа бил убавиот дворец [[Петерхоф]]<ref name="3.1"/>, кој го проектиррале [[Франција|француски]] архитекти во европски стил со тераси и вештачки [[водопад]]и, фантастично уредени [[парк]]ови во многу убав стил, кој според западните сфаќања бил неопходен за еден апсолутист од тоа време. Интересно е дека фонтаната која се наоѓа во Петерхоф не користи пумпа, туку го искористува природниот пад на земјиштето.
 
== Подоцнежни години ==
Ред 144:
==== Благородништвото и црквата ====
[[Податотека:Peter the Great Interrogating the Tsarevich Alexei Petrovich.jpg|мини|десно|''Петар I го испрашува својот син Алексеј'', [[Николај Ге]] (1871)]]
Главна обврска на благородништвото во Русија во 17 век била воената служба. Меѓутоа, Петар оваа обврска ја наметнал со одлучност, која претходно не постоела, вклучувајќи ја и обврската да се служи во управата. Од друга страна, на иницијатива на својот советник Салтиков, Петар на благородништвото му ги дал титулите на сите чиновници. Со указот од 1722, Петар објавил нов закон за повластици, познат како [[табела на ранговите]], со што се создале чинови според степенот на достоинство на благороништвото сразмерно со хиерархиската функција. До тогаш, повластиците се стекнувале наследно. Сакајќи на болјарите да им ги одземе високите позиции, Петар наредил повластицата да биде под директно влијание на царот<ref name="3.1"/>. Табелата на рангови постоела сѐ до пропаѓањето на Руското царство (1917). Последиците од овие реформи биле многу значајни. Бројот на припадници на благородништвото значајно се зголемил. Сите стари членови на благородништвото биле обврзани да стекнат минималнио потребно знаење за да можат да станат офицери и функционери. Тие морале да посетуваат стручни училишта, училишта за математички науки, поморска академија, инженерско училиште и училиште за артилерија. Чиновите воведени во 1722, потполно ги изразувале разликите меѓу благородништвото по род и благородништвото по служба. Од друга страна, Петар направил големи отстапки на општествен план и на благородниците им ја предал целата локална управа. Тие не само што ќе бидат должни за регрутирање на нови војници, туку ќе станат и полиција и судии на правдата<ref name="3.1"/>.
 
Петар извршил реформи и во православната црква. Власта во црквата до тогаш била во рацете на московскиот патријарх. Во 1700, по смртта на патријархот Адријан, неговото место останало празно, а Петар одбил да именува заменик кој би ја презел целата должност на патријархот<ref name="3.1"/>. Во 1721, Петар целосно ја укинал патријаршијата, а црковната управа била пренесена на [[Свет синод|Светиот синод]], совет составен од 10 свештеници, над кои се наоѓало световно лице, кое ја преземало должноста на патријарх, а бил во директна надлежност од страна на царот. Со оваа реформа на црквата, таа била целосно потчинета на царот<ref name="3.1"/>.
Ред 165:
Се смета дека ладната вода го влошила проблемот на Петар со мочниот меур и ја причинила неговта смрт на [[8 февруари]] [[1725]]. Приказната, сепак била разгледувана со скептичност од некои историчари. Германскиот хронолог [[Јакоб фон Штелин]] е единствениот извор за приказната и изгледна невозможно, бидејќи досега никој не документирал ваков чин на херојство. Ова и интервалот од извршувањето на чинот и смртта на Петар исклучуваат секаква директна врска. И покрај тоа, приказната можеби е вистинита, делумно содржејќи барем ронка вистина.
 
Во почетокот на јануари 1725, Петар повторно бил засегнат од [[уремија]]. Легендата вели дека пред да падне во несвест, Петар побарал перо и хартија и го дочкртал незавршеното писмо: ''„Оставете сѐ....“'' и тогаш истрошен од напорот, побарал неговата ќерка Ана да биде повикана<ref> Приказната „Оставете сѐ....“ за прв пат се појавила во Х-Ф де Басавицовата ''Russkii arkhiv'' 3 (1865) Рускиот историчар Е.В.Анисимов тврди дека Басевицовата цел била да се убеди читачот дека Ана, а не императорката Екатерина била прогласена за наследник</ref>
 
Петар I умрел меѓу 4 и 5 часот наутро, на [[8 февруари]] [[1725]]. [[Аутопсија]]та покажала дека неговиот мочен меур бил заразен со [[гангрена]].<ref>{{цитирано списание|title=The seizures of Peter Alexeevich |author=Hughes, John R.|date=2007|publisher=''Epilepsy & Behavior (10:1)''|pages=179–182}}</ref> Тој имал 52 години и 7 месеци кога умрел, владеејќи 42 години.
Ред 174:
Немилосрдната борба меѓу Петровата мајка и Софија, како и другите случувања, кои го довеле во неизвесност уште од млад придонеле тој да стане прилично неурамнотежена личност со силен одмазнички карактер<ref name="HyV"/>, немилосрден и авторитетен. Бил бесен поради честите пијанства со своите другари, па бил многу опасен кон оној кој ќе му се најдел на патот, било да е благородник или слуга<ref name="HyV"/>.
 
[[Екатерина I|Катерина Алексеевна]], која Петар во [[1724]] ја крунисал и прогласил за царица на Русија била единствената личност која можела да одолее на ужасните напади на царот<ref name="HyV"/>. Од друга страна, односите со синот од првиот брак, Алексеј отсекогаш биле многу остри. Промените кои ги извршил во Русија предизвикале голем отпорсу велики отпор меѓу благородниците<ref name="Крај">"Крај"</ref>, придржувачите на стариот поредок и еден дел од свештенството. Тие своите надежи ги полагале во младиот Алексеј, кого го воспитувале свештениците и кој паднал под влијанието на противниците на својот татко. Самиот Алексеј ја преживеал смртта на татка си. Тој, дури станал и кодош, избегал во Австрија и се обидел да го придобие [[Карл VI, цар на Светото римско царство|Карл VI Хабзбуршки]] за да му помогне да го симне татка си од престолот<ref> name="Крај"</ref>. Петар го вратил во Русија и фрлил во темница, каде долго го мачел пред да го осуди на смрт во [[1718]] година. Алексеевите приврзаници, исто така биле мачени, а од тие маки не се спасиле ни калуѓерките од манастирот во кој била затворена Евдокија (Алексеевата мајка)<ref name="HyV"/>, а и нејзе ѝ било судено поради лажни обвинувања за неверство.
 
Петар потполно се разликувал од своите претходници. Тој бил едноставен во државата и не сакал парадни церемонии<ref> name="Крај"</ref>. Претходните руски владетели се појавувале во јавноста само за време на одржување на свечености, меѓутоа Петар често се шетал по улиците како обичен граѓанин, облечен во скромна облека. Тој бил многу висок (2 метра) и многу силен. Поседувал неверојатна работна енергија и полет, но бил и брутален и свиреп. Бил политичар со долгорочни размислувања , способен дипломат и одличен војсководец. Својата политика ја спроведувал енергично и немилосрдно, имајќи ја предвид секогаш силната и моќна Русија<ref> name="Крај"</ref>.
 
== Титула ==
Целосната титула на Петар I гласела:
 
:''„Петар, цар и голем војвода, самовладетел на сите големи, мали и бели Руси од Москва, Киев, Владимир и Новгород, цар на Казан, цар на Астрахан, цар на Сибир, господар на П'сков и голем војвода од СмоленскТвер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија, голем војвода на Новгород во Долната земја, Чернигово, Ријазан, Ростов Јарославл Рјазања, Белозер, Удор, Одборие и Конд, владетел на сите Северни земји, господар на иверијанските земји и карталиниските и грузиски цареви, и карбардијанските земји со черкески и грузиски принцови, наследен владетел и господар на останатите земји.“''
 
Во 1721, титулата била изменета па наместо „цар и голем војвода, самовладетел на сите големи, мали и бели Руси“ стоело „император и самовладетел на сите Руси“. Понатамошниот дел од титулата „голем војвода од Смоленск, Твер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија“ бил проширен во „голем војвода од Смоленск, војвода од Естонија, Ливонија, Карелија, Твер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија“. Исто така, започнал да се користи и бројот I зад неговото име, спротивно од дотогашниот обичај, според кој зад титулата на владетелот никогаш не се ставал број.
 
Бугарија овде не се однесува на денешната држава Бугарија, туку на денешен [[Татарстан]].
Ред 218:
== Поврзано ==
* [[Руска империја]]
* [[ЛистаСписок на руски владетели]]
 
== Наводи ==
Ред 244:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Руски цареви]]
[[Категорија:Родени во 1672 година]]