Имхотеп: Разлика помеѓу преработките

Одземени 19 бајти ,  пред 2 години
clean up, replaced: Листа на → Список на (2) using AWB
с (отстранета Категорија:Стари Египќани користејќи го HotCat)
(clean up, replaced: Листа на → Список на (2) using AWB)
[[Податотека:Imhotep-Louvre.JPG|thumb|Статуетка на Имхотеп во [[Лувр]]]]
<div style="float:right">{{hiero|Имхотеп|<hiero>M18-m-R4 </hiero>}}</div>'''Имхотеп''' ([[египетски јазик|египетски]]: {{unicode|''ii-m-ḥtp''}} {{unicode|''*jā-im-ḥatāp''}}, „дојдениот во мир“) бил [[Стар Египет|староегипетски]] [[полихистор]],<ref>[http://www.ancientworlds.net/aw/Article/436803 The Egyptian Building Mania], ''Acta Divrna'', Том III, број IV, јануари 2004.</ref> кој служел за време на [[Трета египетска династија|III династија]] како [[канцелар]] на [[фараон]]от [[Џосер]] и како свештеник на сончевиот бог [[Ра]] во [[Хелиополис (Египет)|Хелиополис]] и се смета за првиот [[архитект]] и [[лекар]] во историјата кој се знае по име.<ref>''The Evolution of Modern Medicine'' од William Osler, Kessinger Publishing 2004, стр. 12</ref> Полната листа на неговите титули е: <br />
''Канцелар на Кралот на Долен Египет, Прв по Кралот на Горен Египет, Управник на Великата Палата, Наследен благородник, Висок свештеник на Хелиополис, Градител, Главен столар, Главен вајар и Главен изработувач на вазни''.
 
Имхотеп е единствениот смртник прикажан на подложниот камен на кралевата статуа и еден од малкуте обични граѓани воздигнати до божество по смртта. Центар на неговиот култ бил [[Мемфис]]. Од Првиот преоден период па натаму, Имхотеп бил длабоко почитуван и како [[поет]] и [[филозоф]]. За неговите изреки се зборувало во песните:
 
''Ги имам чуено зборовите на Имхотеп и Хордедеф со чии расправи луѓето толку зборуваат.'' <ref name="Ancient Egypt' 2005">''Ancient Egypt'' од Barry J. Kemp, Routledge 2005, стр. 159</ref>
 
Местоположбата на гробницата на Имхотеп се заборавила уште во антиката <ref>[http://www.reshafim.org.il/ad/egypt/texts/harpers_lay.htm The Harper's Lay, ca 2000 BCE]</ref> и ден денес не се знае каде е, и покрај сите напори за нејзино наоѓање. По општа согласност се смета дека е некаде во [[Сахара]].
 
За него знаеме најмногу од преданија и претпоставки. Египќаните му припишувале многу изуми. Како [[државник]] на [[фараон]]от [[Џосер]] тој веројатно ја конструирал [[Џосерова пирамида|Џосеровата пирамида]] ([[Скалеста пирамида|Скалестата пирамида]]) во [[Сахара]] околу [[27 век п.н.е.|2630]]-[[27 век п.н.е.|2611 п.н.е.]] <ref>'' name="Ancient Egypt'' од Barry J. Kemp, Routledge 2005, стр. 159<"/ref> Се мисли дека е првиот кој употребил [[столб]]ови во [[архитектура]]та. Се смета и за изумител на [[папирус]]ната ролна.
 
Имхотеп е основачот на [[Староегипетска медицина|египетската медицина]] и автор на медицински трактат кој е значаен по тоа што во себе не содржи никакви магии. Ова дело се нарекува [[Едвин Смитов папирус]] и во него подробно се зборува за [[анатомија|анатомски]] набљудувања, заболувања и лекови. Денес зачуваниот папирус е напишан некаде околу [[1700 п.н.е.]], но може да е препишан примерок од 1000 години постаро дело. Меѓутоа и прокрај ова, авторството на делото е предмет на спорови.<ref>''Fractures: A History and Iconography of Their Treatment'' од Leonard Francis Peltier, Norman Publishing 1990, стр. 16</ref>.
 
Се сметало дека татко му бил богот [[Птах]], додека мајка му била смртничка по име ''Хреду-анк''.
 
== Оставнина ==
Две илјади години по неговата смрт, Имхотеп бил прогласен за [[бог]]. Станал бог на [[медицина]]та и [[лечење]]то. [[Стара Грција|Старите Грци]] го поврзувале со [[Асклепиј]].
 
Како „син на Иан“, понекогаш се сметало дека мајка му била [[Секмет]], мажена за [[Птах]], бидејќи била заштитник на [[Горен Египет]]. Бидејќи се сметал за изумител на лечењето, некаде се вели дека е оној кој ја воздигнал божицата [[Нут]] ([[апотеоза]] на небото), бидејќи се сметало дека поделбата на [[Нут]] и [[Геб]] (апотеоза на земјата) било она што го држело [[хаос]]от настрана. Заради ова понекогаш се велело дека е син на Нут. Во уметноста тој се поврзува со [[Хатор]], жената на [[Ра]], со [[Маат]], концептот на вистината и правдата, и со [[Аменхотеп III|Аменхотеп, синот на Хапу]], кој бил уште еден архитект воздигнат до божество.
 
Во еден натпис од Горен Египет кој датира од птоломејскиот период, се зборува за седум годишен глад за времето на Имхотеп. Според овој натпис, на тогашниот фараон Џосер му се јавил на сон богот на [[Нил]]. Се смета дека Имхотеп го решил гладот. Заради ова постојат многу коментари за паралелноста на оваа приказна со онаа за Јосиф во [[Билбија]]та. <ref> Vandier, ''La Famine dans l Egypte ancienne''</ref>. Оваа паралела во последно време доведува некои алтернативни историчари до заклучок дека Јосиф е всушност самиот Имхотеп, и дека ова се должи на грешна хронологија заради поминатите илјадници години. <ref>Emmet Sweeney, ''The Genesis of Israel and Egypt'', London, 1997</ref>.
 
== Поврзано ==
{{commons|Imhotep}}
* [[ЛистаСписок на египтолошки теми]]
** [[Историја на Стариот Египет]]
*** [[Старо Кралство]]
* ''Други листи''
** [[Список на египетски божества]]
** [[ЛистаСписок на архитекти]]
* [[Столб]]
 
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Египетски архитекти]]
[[Категорија:Египетски богови]]