Импресионистичка музика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 22 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q837182 (translate me)
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Ред 14:
| други теми =
}}
'''Музичкиот Импресионизам''' е правец во [[класична музика|класичната музика]] кој постоел главно во Франција, и од доцниот XIX до средината на XX век. Како неговиот претходник во ликовната уметност, музичкиот [[Импресионизам]] се концентрирал на алузија и атмосфера наместо на силни чувства и приказ на дејствие како кај [[програмска музика|програмската музика]]. Музичкиот импресионизам се јавил како реакција на прекумерностите на [[романтистичка музика|романтистичкото доба]]. Додека романтистичкото доба се карактеризирало со драматична употреба на [[дурска скала|дурски]] и [[молска скала|молски]] скали, импресионистичката музика повеќе употребува [[консонанца и дисонанца|дисонанца]] и понеобични скали како [[целостепена скала|целостепената]]. Романтистичките композитори исто така користеле долги форми на музика како [[симфонија]]та и [[кончерто]]то, додека импресионистичките композитори претпочитале кратки форми како [[ноктурно]]то, [[арабеска (музика)|арабеската]] и [[прелудиум]]от.
 
Центарот на импресионистичката музика бил [[Франција]], и за највелики композитори од овој правец се сметаат Французите [[Клод Дебиси]] и [[Морис Равел]]. Меѓутоа комозиторите не можат да се одредат како „импресионистички“ со онаа точност како [[сликар]]ите од истиот жанр. Самиот Дебиси се откажал од тоа, велејќи „се обидувам да направам 'нешто поразлично'- впрочем - она што имбецилите го нарекуваат `импресионизам' е најлошо можно користен израз, особено од критичарите на уметност.“<ref name="tsai">Tsai, Shengdar [http://www.tcd.ie/Music/JF%20History/debussy.html]. Пристепено на 22 јули 2006.</ref> [[Морис Равел]] искомпонирал многу други дела кои не се сметааат за импресионистички. И покрај ова, денес овој поим се користи насекаде со значење на класична музика како реакција на Романтизмот од XIX век.
Ред 20:
Соодветно на приликите, многу музчки напатствија за „импресионистички“ дела се напишани на [[француски јазик|француски]], наспроти традиционалниот [[италијански јазик|италијански]].
 
:''Видете и: [[ЛистаСписок на импресионистички композиции]]''
== Импресионистички композитори ==
Ред 35:
</div>
 
{{Reflist}}
<div class="references-small">
<references/>
</div>
* [http://www.bartleby.com/65/im/impress-mus.html Статија од Бартлби] {{en}}
* [http://www.vincent.nl/?/gallery/about/impressionism.asp За импресионизмот] {{en}}