Георг Фридрих Хендл: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
clean up, replaced: Листа на → Список на (2) using AWB
Ред 24:
== Биографија ==
[[Податотека:Halle an der Saale Haendelhaus.jpg|thumb|лево|250п|Родната куќа на Хендл во Хале]]
Хендл е роден во [[Хале, Саксонија-Анхалт|Хале]] во [[Саксонија-Анхалт]] во семејството на Георг и Доротеја ([[моминско презиме|мом.]] Тауст) Хендл во 1685, во истата година кога се родиле и [[Јохан Себастијан Бах]] и [[Доменико Скарлати]]. Од мали нозе покажал голем музички талент, и веќе на седум години бил вешт изведувач на [[чембало]] и [[оргули]], а на девет годишна возраст веќе почнал да компонира. Меѓутоа татко му, кој бил истакнат [[бербер-хирург]] кој служел како негувател и бербер по дворовите во [[Саксонија]] и [[Бранденбург]],<ref>Adams Aileen, K., Hofestadt, B., "Georg Handel (1622–97): the barber-surgeon father of George Frideric Handel (1685-1759)", Journal of Medical Biography, 2005, Aug;13(3):142-9. [http://www.ncbi.nlm.nih.gov/entrez/query.fcgi?cmd=Retrieve&db=PubMed&list_uids=16059526&dopt=Abstract]</ref> и воопшто прочуен граѓанин на Хале, бил против музичката определба на момчето, бидејќи сакал да учи за правник, додека пак мајка му го поддржувала во музиката.<ref>[http://www.music.vt.edu/musicdictionary/appendix/composers/H/GeorgeHandel.html Virginia Tech Multimedia Music Dictionary Composer Biographies]</ref>
 
Без ралика на тоа, на Хендл му било дозволено да оди на часови по компнирање и клавијатурни техники кај [[Фридрих Вилхелм Цахов]], оргулистот на црквата Либфрауенкирхе во Хале. Тетка му Ана, му имала дадено [[спинета]] за неговиот седми роденден, кој бил ставен на таван за да го свири кога ќе добие прилика да се измолкне од татка си.<ref>[[Ото Ерих Дојч|Дојч, Ото Ерих]], [http://links.jstor.org/sici?sici=0027-4224(195507)36%3A3%3C269%3AHADB%3E2.0.CO%3B2-W "Handel: A Documentary Biography"], Music & Letters, Том 36, бр. 3 (јул., 1955), стр. 269-272.</ref> <ref>Hird, Edward, Rev., [http://www3.telus.net/st_simons/cr9304.htm Повтѕорно откривање на Хендловиот „Месија“], април 1993, Deep Cove Crier, North Vancouver, B.C., Canada.</ref>
 
Во [[1702]], по волја на татко му почнал да студира [[право]] на [[Универзитет во Хале|универзитетот во Хале]], но по татковата смрт следната година, го напуштил правото, па продолжил со музика како оргулист во протестантска катедрала. Следната година се преселил во [[Хамбург]], прифаќајќи работа како [[виолиниост]] и [[чембалист]] во оркестарот на оперската куќа. Тука ги искомпонирал своите први [[опера|опери]], „[[Алмира]]“ и „[[Нерон (опера)|Нерон]]“, изведени во [[1705]]. Во [[1708]] во Хамбург искомпонирал и уште две други рани опери, „[[Дафна (опера од Хендл)|Дафна]]“ и „[[Флориндо]]“.
 
Во периодот [[1706]]–[[1709]] Хендл патувал низ и учел во [[Италија]]. Кога операта била забранета од локалните власти, Хендл нашол работа како композитор на духовна музика и компонирал некои дела во оперски стил. Од ова доба датира неговото познато дело ''[[Dixit Dominus (Хендл)|Dixit Dominus]]'' (1707). Потоа следеле оперите „[[Родриго (опера)|Родриго]]“ ([[Фиренца]], 1707), и „[[Агрипина (опера)|Агрипина]]“ ([[Венеција]], [[1709]]). „Агрипина“, која се изведувала ненадминати 27 пати, се карактеризира со зрела техника во Хендловото компонирање, и ова дело му дало високо реноме. Во [[Рим]] во [[1709]] и [[1710]] се произвеле два [[ораториум]]а со наслов „[[Воскресение (опера)|Воскресение]]“ и „Триумф на Времето“.
[[Податотека:mesija-hendl.jpg|thumb|left|250px|Оригинална партитура на „[[Месија (Хендл)|Месија]]“ со личен потпис на Хендл, 1741]]
Во 1710 Хендл станал [[капелмајстор]] на Георг, [[изборен кнез|изборниот кнез]] на [[Хановер]], кој наскоро станал крал [[Џорџ I]] на Велика Британија. Хендл го посетил [[Лондон]] во 1710, а во 1712 се преселил дефинитивно, со годишна плата од £200 од [[Кралица Ана|кралицата Ана]]. Во раните години во Лондон, негов важен патрон бил младиот и богат [[Ричард Бојл, Трет Ерл од Барлингтон|Ричард Бојл, Третиот Ерл од Барлингтон]], кој брзо ја засакал Хендловата музика.<ref>Handel. A Celebration of his Life and Times 1685 – 1759. [[Национална портретна галерија (Лондон)|Национална портретна галерија]], [[Лондон]]. стр. 92.</ref>
 
Во [[1723]] Хендл се преселил во новоизградена куќа на 25 [[Брук Стрит]], Лондон, каде живеел под кирија сѐ до неговата смрт во 1759. Ова денес е [[Хендлова музеј-куќа|Хендловата музеј-куќа]], реставрирана [[Џорџијанска архитектура|џорџијанска]] куќа отворена за јавноста со изведби на [[барокна музика]]. На надворешниот ѕид на куќата има спомен-плакета. Токму тука ги искомпонирал делата „[[Месија (Хендл)|Месија]]“, „[[Свештеникот Садок]]“ и „[[Музика за кралскиот огномет]]“.
Ред 51:
| id = ISBN 1-4191-2275-4
| pages = 63
}}</ref>
 
Во [[1751]] видот на едно око почнал да му се влошува. Причинителот не е познат, но се знае дека истото продолжило и на другото око. Умрел по неколку години во 1759 во Лондон, а последната изведба на која присуствувал била неговиот ораториум „Месија“. На неговиот погреб присуствувале над 3000 оплакувачи. Самиот погреб бил изведен со полни државни почести и Хендл бил погребан во [[Вестминстерска опатија|Вестминстерската опатија]]. Тој никогаш не се оженил, а личниот живот го држел во строга приватност. За разлика од многу композитори, со смртта оставил огромен имот вреден £20.000 (повеќемилионска сума во денешни пари), од кој најголемиот дел припаднал на внука во Германија, а остатокот во подароци на други роднини, слуги, пријатели и во добротворни цели.
Ред 58:
 
== Дела ==
{{Главна|ЛистаСписок на композиции од Георг Фридрих Хендл}}
[[Податотека:Water music.png|thumb|230px|right|Насловна страна на партитурата на „[[Музика на вода]]“]]
Во композициите на Хендл спаѓаат 50 опери, 23 ораториуми, голем број на сехристијански дела, и шеснаесет концерти за оргули. Меѓу најпопуларните од нив се „Кукавицата и славејот“, во кој можеме да чуеме пеење на птици во разни скали како гласови на разни птици; Опус 3 и 6 [[Кончерти Гроси]]; „[[Музика на вода]]“ и „[[Музика за кралскиот огномет]]“.
 
По неговата смрт италијанските опери паднале во длабока сенка, освен некои избори како сеприсутната арија „[[Ксеркс (опера)|Ксеркс]]“ со наслов „Никогаш немало сенка“ (''Ombra mai fu''); Во англофонските земји низ XIX и првата половина на XX век неговото реноме се засновало на англиските [[ораториум]]и изведувани во огромни хорови од аматери по свечени прилики. Овие се „[[Естир (ораториум)|Естир]]“ ([[1718]]); „[[Аталија (ораториум)|Аталија]]“ ([[1733]]); „[[Саул (Хендл)|Саул]]“ ([[1739]]); „[[Израел во Египет (ораториум)|Израел во Египет]]“ ([[1739]]); „[[Месија (Хендл)|Месија]]“ (1742); „[[Самсон (ораториум)|Самсон]]“ (1743); „[[Јуда Макавејски (Хендл)|Јуда Макавејски]]“ ([[1747]]); „[[Соломон (ораториум)|Соломон]]“ (1748); and „[[Јефтај (ораториум)|Јефтај]]“ ([[1752]]), засновани на либрето од [[Чарлс Џененс]].
 
Од [[1960]]-тите, со возобновениот интерес за барокната музика, изведбени стилови на [[Автенитична музичка изведба|оригинални инструменти]] и превалентноста на [[констратенор]]и кои попрецизно можат да изведуваат улоги за [[кастрат]]и, Хендловите италијански опери доживеале своевидна преродба, па многу од нив почнале да се снимаат и изведуваат на сцена. Од 50-те опери напишани помеѓу [[1705]] и [[1738]] г., најистакнати се „Агрипина“ (1709), „[[Риналдо (опера)|Риналдо]]“ (1711, 1731), „[[Орландо (опера)|Орландо]]“ ([[1733]]), „[[Алцина]]“ (1735), „[[Ариодант]]“ (1735) и „[[Ксеркс (опера)|Ксеркс]]“ ([[1738]] и денес често се изведуваат во концертните и оперските сали. Може да се рече дека најдобри се „[[Јулиј Цезар (опера)|Јулиј Цезар]]“ ([[1724]]) и „[[Роделинда]]“ ([[1725]]).
 
Во последно време заживеани се и низа профани [[кантата|кантати]] и „духовни ораториуми“ или „концертни опери“. Од првиот вид особено значајни се „[[Ода за денот на Св. Цецилија]]“ ([[1739]]) (текст од [[Џон Драјден]]) и „[[Ода за роденденот на кралицата Ана]]“ (1713). За световните ораториуми, Хендл се иснпирирал од класичната митологија, компонирајќи дела како „[[Акид и Галатеа]]“ ([[1719]]), „[[Херкул (Хендл)|Херкул]]“ ([[1745]]), and „[[Семела (ораториум)|Семела]]“ (1744). Со повторното октривање на неговите театарски дела, Хендл, покрај неговата слава како инструменталист, оркестратор и мелодист, сега се смета и за валик музички драматург.
 
 
{{Schaff-Herzog}}
Ред 86 ⟶ 85:
 
== Поврзано ==
* [[ЛистаСписок на композиции од Георг Фридрих Хендл]]
* [[:Категорија:Композиции од Георг Фридрих Хендл]]
* [[:Категорија:Ораториуми од Георг Фридрих Хендл]]
Ред 111 ⟶ 110:
=== Партитури и снимки ===
* {{ChoralWiki|George_Frideric_Handel}} {{en}}
 
 
{{Нормативна контрола}}