Автомобил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Ред 5:
 
== Етимологија ==
Зборот „автомобил“ потекнува од францускиот збор „automobile“, кој пак потекнува од грчките „αὐτός“ (autós, „сам“) и латинскиот „mobilis“ („мобилно, се движи“); што значи возило што се движи самостојно. Второто име „кола“ потекнува од латинскиот збор „carrus“ или „carrum“ (возило на тркала) или „karros“ ([[Гал|галскагал]]ска приколка).
 
== Историја ==
Иако [[Никола Кињо]] често се споменува како првиот кој направил механичко возило на сопствен погон или автомобил уште во [[1769]] година, со неговата преправка на [[коњска кола]], многумина го оспоруваат ова тврдење, сметајќи дека неговото возило на три тркала никогаш не било во состојба да се движи или да одржи рамнотежа. Други сметаат дека [[Фердинанд Вербист]], член на [[Исусовци|Исусовската]] мисија во [[Кина]], го изградил првото возило на парен погон околу [[1672]] година, кое всушност било играчка направена за [[кинескиот цар]] со која не можеле да се превезуваат патници, но тоа било првото возило на парен погон кое функционирало (автомобил).
 
Нема сомнение дека [[Ричард Тревитик]] ја изградил и покажал неговата [[локомотива]] „Ѓаволот што чади“ (''Puffing Devil'') во [[1801]] година година, која според многумина била првото јавно претставено возило на парен погон, но за жал пареата не создавала доволно [[притисок]] за да може возилото да работи подолг период и со тоа не било практично. Во [[1780]] година во [[Русија]], Иван Кулибин направил кочија на три тркала, на погон преку педали (човечки погон), со модерни додатоци, како замавник, кочници, менувач и лагери, но не ја развил понатаму.
Ред 19:
Во 1890 година, во [[Канштат]], Дајмлер и Мајбах ја основале „Автомобилска компанија Дајмлер“ (''Daimler Motoren Gesellschaft''), а под името „Дајмлер“ го продале првиот автомобил во 1892 година, кој претставувал коњска кочија направена од друг производител, а тие ја осовремениле со нивниот мотор. До 1895 година, Дајмлер и Мејбах направиле околу 30 возила во работилниците „Дајмлер“ и во хотелот „Херман“ каде тие поставиле работилница откако останале без финансиска поддршка. Бенц и Мејбах и Дајмлер не биле свесни за претходните дела едни на други. Тие никогаш не работеле заедно затоа што кога двете компании се соединиле, Дајмлер и Мејбах веќе не биле дел од ДМГ.
Дајмлер починал во 1900 година, а подоцна истата година Мејбах дизајнирал мотор наречен „Дајмлер – Мерцедес“ за посебно направен модел по нарачка на Емил Јелинек. Тоа било производство на мал број на возила на Јелинек за трки и продажба во неговата земја. Две години подоцна, во 1902 година, бил направен нов модел на автомобилот ДМГ, наречен „Мерцедес“ по моторот на Мајбах со 35 коњски сили. Мајбах набрзо го напуштил ДМГ и отворил свој бизнис, а правата на името „Дајмлер“ биле продадени на други произведувачи. Кога економијата во [[Германија]] почнала да опаѓа поради [[Првата светска војна]], Карл Бенц предложил соработка помеѓу „ДМГ“ и „Benz & Cie.“, но директорите на „ДМГ“ одбиле и да ја разгледаат понудата. Преговорите помеѓу двете компании се оствариле неколку години подоцна и во 1924 година тие потпишале Спогодба за заеднички интерес која важела до 2000 година. Двете фирми имале стандарден дизајн, производство, набавка и продажба и заеднички ги рекламирале и продавале своите автомобилски модели, но сепак ги задржале своите заштитни имиња. На 28 јуни 1926 година, „Benz & Cie.“ и „ДМГ“ конечно се соединиле во една компанија „Дајмлер – Бенц“ и своите автомобили ги нарекле „Мерцедес Бенц“, во чест на најважниот модел на „ДМГ“, дизајниран од Мајбах, познат како „Мерцедес 1902“. Карл Бенц бил член на директорскиот одбор во „Дајмлер – Бенц“ до смртта во 1929 година, а во меѓувреме и неговите два сина биле дел од управата на компанијата.
 
[[Емил Левазо]] и [[Арман Пежо]] од Франција, во 1890 година започнале со производство на возила со дајмлеровите мотори и со тоа ги удриле темелите на автомобилската индустрија во Франција. Првиот дизајн на американски автомобил со бензински мотор со внатрешно согорување бил направен во 1877 година од [[Џорџ Селдон]] од [[Рочестер (Њујорк)|Рочестер]], [[Њујорк]], кој во 1879 година се пријавил за патент, но пријавата му истекла затоа што возилото не било направено и не докажал дека работи (што било неопходно за да добие патент). Шеснаесет години подоцна, по многубројни дополнувања, Селдон добил патент од [[САД]] на 5 ноември 1895 година (САД патент 549,160) за двотактен автомобилски мотор, кој повеќе го спречил отколку охрабрил развојот на автомобилите во САД. Неговиот патент бил предизвик за [[Хенри Форд]] и други, кои во 1911 година му го презеле истиот.
 
Во [[Британија]] биле направени неколку обиди да се изгради возило со погон на пареа, а солиден успех имал [[Томас Рикет]] кој дури се обидел да направи производна линија во 1860 година. Ветеранскиот автомобилски клуб од [[Велика Британија]] го признал автомобилот на бензински погон од 1894 година на Сентлер од Малверн како прв во земјата, а по него следел автомобилот на Фредерик Вилијам Ленчестер од 1895 година, но и двата биле уникати (немало сериско производство). Првото сериско производство на возила во Велика Британија било направено од Компанијата „Дајмлер Мотор“, основана во 1896 година од Хери Ј. Лосон, кој успеал да го добие правото на името на моторите. Компанијата на Лосон го направила својот прв автомобил во 1897 година и го именувале „Дајмлер“. Во 1892 година, германскиот инженер [[Рудолф Дизел]] добил патент за „Нов рационален мотор со внатрешно согорување“. Во 1897 година тој го направил првиот [[дизел-мотор]]. Возила на парен, електричен и бензински мотор се натпреварувале со години, но од 1910 години моторите со внатрешно согорување со бензински погон предничеле. Иако разни дизајни на ротациски мотори без клип се обидувале да го надминат општо познатиот дизајн со клип и коленесто вратило, само верзијата на моторот „Венкел“ на „[[Мазда]]“ имала барем мал успех.
Ред 36:
 
Развојот на автомобилската технологија се забрзувал поради стотиците мало-производители кои се бореле да го привлечат вниманието на светот. Клучниот развој се достигнал со појавата на електричното запалување и [[електричниот стартер]] (двете дела на Чарлс Кетеринг, за компанијата за мотори „Кадилак“ од [[1911]] година), независни погонски мостови и кочници за четири тркала.
Моделот на Форд „Т“ од [[1927]] година се смета за прв достапен американски автомобил. Од 1920-тите, речиси сите коли биле масовно произведувани за потребите на [[Пазар|пазаротпазар]]от, па автомобилскиот дизајн имал големо влијание на маркетинг планирањето. Алфред П. Слон имал идеа за различни модели на коли од една компанија, со цел купувачите да можат да „напредуваат“ како што расте нивната купувачка моќ.
 
Следејќи го брзиот развој и промените, направил заеднички делови па со зголеменото производство се добиле помали [[трошоци]]. На пример во 1930-тите години, за возилото на „[[Кадилак]] Ласал“ се користеле поевтини делови од „Олдсмобил“; во [[1950]]-тите години, „[[Шевролет]]“ делел хауби, врати, покриви и стакла со [[Понтиак]]; до [[1990]]-тите години станале вообичаени заедничките погонски системи и платформи (размен на кочници, погонски мостови и други делови). Сепак, само големите производители можеле да си дозволат високи трошоци, а дури и компании кои работеле со децении, како: Аперсон, Кол, Дорис, Хејнс или Премиер не можеле да опстанат. Од околу 200 американски производители на автомобили во [[1920]], само 43 опстанале до [[1930]], а поради [[Големата криза од 1929]], во [[1940]] само 17 од нив постоеле и понатаму.
Ред 49:
[[Податотека:CNG propelled radio taxi.jpg|thumb|right|Радио такси во Њу Делхи кое работи на компримиран природен гас]]
 
Повеќето автомобили кои се користат денес, работат на бензински или дизел [[мотори со внатрешно согорување]], за кои е познато дека предизвикуваат загадување на воздухот и придонесуваат за климатските промени и [[глобалното затоплување]]. Зголемувањето на трошоците за нафтени горива, донесување строги закони за животната средина и забрани за емитување на штетни гасови водат до развивање на автомобилски системи со алтернативен погон. Се прават напори да се подобрат или заменат постоечките технологии преку развој на [[хибридни возила]], електрични возила или возила на водороден погон кои не го загадуваат воздухот.
 
=== Нафтени горива ===
Ред 55:
 
==== Дизел ====
Колите со дизел мотор се долго време популарни во Европа почнувајќи од првите модели на [[Мерцедес Бенз]] и [[Ситроен]] од 1930тите години. Главната добивка од дизел моторите е нивната 50% ефикасност за разлика од 27% на најдобрите бензински мотори. Лоша страна кај дизел моторите е потребата од подобри филтри за намалување на штетните честици во издувните гасови наречени дизел издувни честици. Производителите сега вградуваат филтри за дизел честици за отстранување на истите. Многу коли со дизел мотори можат со мали измени или без измени да користат 100% биодизел или комбинација на други органски горива.
 
==== Бензин ====
[[Податотека:07-Mini-Cooper.jpg|thumb|right|Мини купер од 2007 година]]
Бензинските мотори имаат предност во однос на дизеловите поради тоа што се полесни и можат да работат со поголема ротациска брзина па затоа најчесто тие се вградуваат во брзите [[спортски коли]]. Непрекинатиот развој на бензинските мотори во стогодишен период резултира со подобрување на продуктивноста и намалување на [[загадувањето]].
 
[[Карбураторот]] се употребувал на речиси сите автомобилски мотори до 1980тите години се до примената на '''вбризгување''' на гориво со што се добила подобра контрола на смесата на воздух и гориво. Индиректно вбризгување на гориво за прв пат се користело во авионски мотор во 1909 година, моторите за тркачки автомобили во 1930тите години и патнички автомобили од 1950тите години.
 
Директно вбризгување на гориво (Gasoline Direct Injection (GDI)) сега се користи во производството на возила како [[БМВ]] Мини од 2007 година. Издувните гасови се прочистени преку вградениот катализатор во издувниот систем. Поради законите за чист воздух многу автомобилски индустрии директно ги вградуваат [[катализаторите]] и вбризгувањето на гориво во сериското производство. Повеќето модерни бензиски мотори можат да работат со смеса која содржи 15% етанол – старите типови на возила имаат цевки и празнини кои би можеле да се оштетат од [[етанолот]]. Со мали преправки, возилата на бензински погон би можеле да работат и со концентрација на етанол од 85%. 100% етанол се употребува во некои делови во светот (како што е Бразил), но возилото мора да се стартува на бензин па да се префрли на етанол кога возилото ќе почне да работи. Повеќето бензински мотори можат да работат на автогас со вградување на плински резервоар и измени во карбураторот. [[Автогасот]] произведува помалку отрови се користи како погон за вилушкари кои работат во згради и затворен простор.
Ред 71:
=== Биогорива ===
[[Податотека:TOYOTA FCHV 01.jpg|thumb|right|Возило на водороден погон произведено од Тојота во 2005 година]]
[[Етанолот]], алкохолните горива (биобутаноли) и биобензинот се широко распространети како автомобилски горива. Повеќето алкохоли имаат помала енергија по литар во однос на бензинот па затоа често мешаат со истиот. Алкохолите се користат од повеќе причини – да се зголемат октаните, да се подобри работењето и се користат како алтернативни горива бидејќи се добиваат од земјоделски посеви. Етанолската програма на [[Бразил]] снабдува околу 20% од државните потреби од автомобилски горива во земјата, а како резултат на употребата на Е25 - мешавина од бензин, 3 милиони автомобили кои работат на чист етанол и 6 милиони автомобили кои работат на двојни горива се продадени од 2003 година. Трговскиот успех на „'''двојните'''“ возила предизвика зголемување на акциите на горивото од етанол од шеќерна трска на нафтената берза во април 2008година на 50%.
 
=== Струја ===
Ред 78:
[[Податотека:Catvertroquette.jpg|thumb|right|Тата МДИ возило со погон на воздух]]
[[Податотека:ABQ RIDE 332 Montgomery Albuquerque.jpg|thumb|right|Неоплан со погон на компримиран природен гас]]
Првите електрични автомобили почнале да се произведуваат околу 1832 година, многу пред да се појават автомобилите со мотор со внатрешно согорување. Долго време електричните возила се сметале за посовршени поради тивкиот начин на работа во споредба со бучниот бензински мотор. Оваа предност се изгубила со пронаоѓањето на пригушувачот на Хирам Перси Максим во 1897 година. Оттогаш автомобилите со мотор со внатрешно согорување имаат две важни предности: 1) широк опсег и 2) долготрајна енергија (помала тежина на бензинските горива во однос на акумулаторите).
 
Изработката на возила на акумулатори кои се конкуренција на моделите со внатрешно согорување мораше да чека на воведувањето на модерните [[полуспроводници]] и усовршени [[акумулатори]]. Затоа што можат да развијат висок момент насила на низок обрт, електричните автомобили немаат потреба за компликувана трансмисија како моторите со внатрешно согорување. Некои електрични автомобили произведени по 2000 година како што е Вентури Фетиш можат да забрзаат од 0 на 96 [[Километри на час|км]] на час за 4 [[Секунда|секунди]] со максимална брзина од 210 км на час. Некои биле тестирани од Агенцијата за заштита на животната средина на [[САД]] и имаат опсег од 400км и три и пол часа за целосно полнење. За моторите со внатрешно согорување сè уште не е направена ваква анализа но некои извештаи покажуваат 1.74 [[Литар|литри]] на 100 [[Километар|километри]].
Ред 90:
=== Воздух ===
Автомобилот со компримиран воздух е возило на алтернативен погон кое работи со мотор кој се придвижува со компримиран воздух. Автомобилот може да се движи само со воздух, или комбинирано со воздух и бензин/нафта/етанол (како кај хибридните возила) или електричен погон и [[акумулирана енергија]]. Наместо да го меша воздухот со гориво и да ја согорува таа смеса за да ги движи клиповите со ширењето на топлите гасови, автомобилот со компримиран воздух го користи ширењето на компримираниот воздух за придвижување на клиповите. Неколку прототипа се направени и подготвени за светска распродажба до крајот на 2008 година, иако распродажбата започна од јануари 2009 година. Тата Моторс и МДИ се компании кои пуштија во продажба ваков вид на автомобили.
 
=== Гасна турбина ===
 
Во 50тите години се појавил интерес за моторите со гасна турбина и неколку компании како Ровер и Крајслер произвеле прототипи. И покрај тоа што деловите за погон биле компактни, големата потрошувачка на гориво, задушувањето и недостатокот од моторно кочење не го дозволиле производството на автомобилите.
 
=== Ротациони (Венкел) мотори ===
[[Податотека:Wankel-1.jpg|thumb|left|Венкел Мотор]]
Ротационите Венкел мотори се појавија кај автомобилите произведени од НСУ кај моделот Ро 80 и подоцна кај некои модели на Ситроен и Мазда. И покрај неверојатната рамномерност, слабата сигурност и големата потрошувачка на гориво доведе до исчезнување на овие мотори. Мазда продолжи да ги испитува овие мотори преку моделите R 100 и RX – 2 и ги надмина предходните проблеми со моделите RX – 7 и RX – 8.
 
=== Ракетни и млазни автомобили ===
Ред 165:
Постојат видови животни кои се загрозени од автомобилите поради уништување на нивните живеалишта и загадувањето.
 
Даноците за гориво даваат поттик за производство на поефикасни, а со тоа и возила кои помалку загадуваат (на пример хибридните возила) и развој на алтернативни горива. Високите даноци за гориво ги поттикнуваат потрошувачите да купуваат полесни, помали, поефикасни возила или едноставно да не возат. Во просек 75% од автомобилите денес се рециклираат, а со употребата на рециклирано железо се заштедува употребата на енергија и загадувањето. На конгресот на САД редовно се дебатира за стандардите за заштеда на гориво според кои патничките автомобили не преминуваат 8,55 литри на 100 километри потрошувачка уште од 1985 година. Стандардите за лесните камиони се менуваат и во 2007 година се поставени на 10,6 литри на 100 километри потрошувачка. Возилата со алтернативно гориво се уште еден начин да се намали загадувањето во однос на вообичаените возила кои се движат со бензин.
 
== Технологија за идните автомобили ==
Ред 171:
Технологијата за погон на автомобилите која е се уште во развој вклучува бензин/струја и хибриди на струја, акумулаторски возила, возила на водород, биогорива и алтернативни горива.
Истражувањата за идните алтернативни форми на погон вклучуваат развој на горивни ќелии, хомогенско компресиско запалување, стирлинговиот мотор и дури и користење на складирана енергија на компримираниот воздух или течен азот.
Новите материјали кои можат да ја заменат железната основа на возилото се [[дуралуминиум]], [[оптички влакна]], јаглеродни влакна и јаглеродни нано-цевки.
 
== Замена за автомобилите ==
Ред 218:
* [[Вискоко загадување]]
* [[Ниско загадување]]
* [[ЛистаСписок на автомобили]]
* [[Бучава]]
* [[Управување]]
Ред 225:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Техника]]
[[Категорија:Превозни средства]]