Замоци на Лоара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Втора Светска војна → Втора светска војна using AWB
Ред 21:
== Замоци на Лоара ==
 
Замоците ([[шато]]ата) се повеќе од триста на број, и претставуваат нација на градители започнувајќи од неопходните [[замок|замоци]] - [[утврдување|утврдувања]] во [[X век]] до раскошот на оние изградени илјада години подоцна. Кога кралевите почнале да ги градат нивните огромни замоци во таа долина, благородништвото, не сакајќи да биде далеку од средиштето на моќта, го направило истото. Нивното присуство во богатата и плодна долина, со умерена клима, почнало да ги привлекува најдобрите пејзажни архитекти.
 
Кон средината на XVI век, кралот [[Франсоа I]] го преместил центарот на моќта од Лоара кон старата престолнина Париз. Со него пошле и големите архитекти, но кралското семејство и понатаму претпочитало да го минува најголемиот дел од времето крај Лоара. Со доаѓањето на [[Луј XIV]] на власт во средината на XVII век, градот Париз станал трајно средиште на администрацијата и власта по изградбата на [[Версај]]. Меѓутоа оние под покровителство на кралот и [[буржоазија]]та продолжиле со реновирање на постоечки замоци или да градат одново како летни резиденции крај Лоара.
 
Со [[Француска револуција|Француската револуција]] низа замоци на Лоара биле уништени, а многу биле опустошени и нивните ризници биле ограбени. Прекуноќното осиромашување на укинатото [[благородништво]], обично откако еден од неговите членови ја загубил главата на [[гилотина]], значело рушење на многу замоци. За време на [[Прва светска војна|Првата]] и [[Втора Светскасветска војна|Втората светска војна]] некои замоци станале воени штабови. Некои од овие продолжиле да се користат за таа намена и по 1945.
 
Денес овие замоци се во приватна сопственост и служат како домови, а неколку ги отвараат нивните врати за туристи, додека други се хотели или пансиони. Многу од нив се преземени од локалните власти, додека гигантските градби како [[Шамбор (замок)|Шамбор]] се во сопственост и под управа на владата и се големи туристички атракции, привлекувајќи стотици илјади посетители годишно.
Ред 38:
* [http://www.broguiere.com/loire_uk.htm Музика од замоците на Лоара] {{en}}
* [http://www.chateaux-de-la-loire.fr/chateaux_of_the_loire.htm замоците на Лоара] {{en}}
 
 
{{Loire}}