43.015
уредувања
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
}}
'''Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Република Македонија''' е самостоен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и религиозните групи и државата. Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија. Сегашен директор е м-р [[Звонко Муцунски]]. Центалата се наоѓа во [[Скопје]].
==Основна цел и организациона структура==
Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е да помага при разрешување на прашањата кои ќе се појават помеѓу верските заедници и религиозни групи во [[Република Македонија]] и државните органи, односно, таа се јавува како врзна точка меѓу државата и црквата.
Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзините овластувања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и религиозни групи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од страна на [[Собранието на Република Македонија]] и од страна на [[Владата на Република Македонија]], а се одвиваат според утврдена програма за работа на Комисијата.
Во Комисијата постојат следните организациони облици:
# Сектор за прашања на односите со верските заедници и религиозни групи со две одделенија и тоа:
## Одделение за утврдување на правната положба на верските заедници и религиозните групи;
## Одделение за утврдување на односите помеѓу државата, верските заедници и религиозните групи.
|