Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова
(нема разлика)

Преработка од 22:24, 17 октомври 2008


Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Република Македонија е само­сто­­ен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и ре­­ли­гиозните групи и државата.

Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи
Лого на комисијата
Податоци за органот
Основан 1944¹
Надлежност Самостоен државен орган на Владата на РМ
Седиште Бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТВ Скопје, Македонија Македонија
Вработени 10
Раководител м-р Звонко Муцунски (директор)
Мрежно место
kovz.gov.mk
Белешки
¹како Коми­си­ја за верски прашања

Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и ре­лиги­оз­­ни групи е да помага при разрешува­ње на прашањата кои ќе се појават по­ме­ѓу вер­ски­те заедници и ре­лигиозни групи во Република Маке­донија и држав­ни­те органи, односно, таа се јавува ка­ко врзна точка меѓу државата и црквата. Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзи­ни­те ов­ла­стув­ања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и ре­ли­гиозни гру­пи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од стра­­на на Со­бра­­нието на Република Македонија и од страна на Владата на Република Маке­донија, а се од­ви­­ваат спо­­ред ут­врдена програма за работа на Комисијата.

Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиоз­ни гру­пи во РМ. Сегашен директор е м-р Звонко Муцунски.