Кутлеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка, replaced: Централна Македонија (периферија)|Централна Македонија → Централна Македонија (Грција)|Централна Македон using AWB
Ред 4:
|image_map =
|map_caption = Местоположба на Кутлеш
| periph = [[Централна Македонија (периферијаГрција)|Централна Македонија]]
| periphunit = [[Иматија]]
|municipality = [[Бер]]
Ред 22:
|website =
|image_skyline = Кутлеш (Вергина) 02.jpg
|caption_skyline = Поглед на селото [[Кутлеш]]
|party =
|since =
}}
 
'''Кутлеш''' ({{lang-el|Βεργίνα}}, ''Вергина'') — гратче во [[Егејска Македонија]], по долното течение на река [[Бистрица (Грција)|Бистрица]], околу 80 км југозападно од [[Солун]], во областа [[Централна Македонија (периферијаГрција)|Централна Македонија]], [[Грција]]. Денес местото има 1.246 жители и е изградено на подрачјето на древномакедонската престолнина [[Ајга]]. Денешниот [[грчки јазик|грчки]] назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на митрополитот од Бер според легендарна кралица од античка Вероја. По Лозанскиот договор, кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од локалното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села - '''Кутлеш''' и '''Барбеш''' кои дотогаш биле [[бег]]овски имот со само 25 семејства, властите оформиле една населба во која сместиле 131 семејство со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на месното делумно протерано [[Македонци|македонско]] православно и целосно прогонетото муслиманско, како и [[Турци|турско]] и друго население.<ref>[http://makedonija.name/history/aegean-macedonia makedonija.name]</ref>.
== Ајга==
Ајга бил еден од позначјните и поголеми градови во времето на [[Македонското Кралство]]. Долг период овој град бил и престолнина на кралството поточно од времето на кралот [[Пердика I]] (729 - 678 година п.н.е) од аргеадската династија па до кралот [[Архелај]] кој ја интензивирал трговијата со соседните земји и поради малку поголемата оддалеченост од морето на Ајга престолнината ја преселил во градот [[Пела]] кој подоцна ќе стане главна престолнина на македонските кралеви.
 
== Ѕвездата од Кутлеш ==
{{главна|Ѕвезда од Кутлеш}}
Во [[1977]] година, по археолошките испитувања предводени од грчкиот [[археолог]] Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека му припаѓа на кралот [[Филип II Македонски]], а гробницата денес е прогласена за [[светско наследство]] на [[УНЕСКО]]. На истото место беше пронајден и древниот [[македонски симболи|македонски симбол]] шестнаесетзрачното сонце или познато како „македонско сонце“ или „ѕвезда од Кутлеш“. Овој симбол може да се види и на многу други места низ [[Македонија]], цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на [[Македонци|Македонците]]те и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот [[грб]] на [[Пустец]] во Република [[Албанија]] каде што живее бројна македонска заедница.
 
Ѕвездата ставена на сина подлога го претставува знамето на [[Грци]]те од Северна Грција, кои во скоро време за себе го усвоија терминот „Грчки Македонци“ (во однос на спорот со името со [[Македонија]]) и на [[Егејска Македонија]] во [[Грција]]. Според замислата на Грците ова шестнаесетзрачно сонце или ѕвезда е симбол на дванаесетте грчки богови како и океаните (водата), оганот, земјата и небото (воздухот).
Ред 64:
* [[Етничко македонско знаме]]
* [[Список на села во Бер]]
 
 
{{Бер}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кутлеш