Успение на Пресвета Богородица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Кирилизација, replaced: Јулијански календар|Јулијанскиот календар → јулијански календар|јулијанскиот календар using AWB
Ред 1:
[[Податотека:Успение на Богородица.jpg|thumb|300px|Успението на Пресвета Богородица е тема на многу уметнички дела низ вековите. Оваа [[фреска]] е од манастирот Пресвета Богородица во Берово.]]
 
'''Успение на Пресвета Богородица''' или '''Голема Богородица''' — значаен христијански празник кај [[православни]]те, [[католици]]те и [[протестанти]]те, посветен на смртта на [[Богородица|Марија]], мајката на [[Исус Христос]]. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот ''успение'', што значи искачување.
Ред 9:
Иако [[Епифаниј од Саламис]] во 377. година напишал дека никој не ја знаел судбината на [[Богородица|Марија]]<ref>Epiphanius, Panarion, Haer. 78.10-11, 23</ref>, барем од V век постојат наводи за успението на Марија. Најстариот запис е „Книгата на сеќавањето на Марија“ (лат. ''Liber Requiei Mariae'').<ref>Stephen J. Shoemaker, [http://www.oup.com/uk/catalogue/?ci=9780199210749 ''Ancient Traditions of the Virgin Mary's Dormition and Assumption''] (Oxford: Oxford University Press, 2002, 2006). A complete translation of this earliest text appears at pp. 290-350</ref> Иако книгата е најверојатно од IV век, текстот може да е и постар, дури и од III век. Исто така, и во ракописи на [[сириски јазик]] од V и VI век<ref>William Wright, [http://www.uoregon.edu/~sshoemak/texts/Syriac/Six%20Books%20Wright.pdf ''"The Departure of my Lady Mary from this World,"''] ''The Journal of Sacred Literature and Biblical Record'', 6 (1865): 417-48 and 7 (1865): 108-60. See also Agnes Smith Lewis, ed., Apocrypha Syriaca, Studia Sinaitica, XI (London: C. J. Clay and Sons, 1902).</ref>
 
Подоцнежни написи кои го потврдуваат успението на Марија се книгата ''De Obitu S. Dominae''<ref>[http://www.uoregon.edu/~sshoemak/texts/dormitionG2/dormitionG2.htm ''De Obitu S. Dominae'']</ref>, која му се припишува на [[Свети Јован Богослов]] od VI век, како и книгата ''De Transitu Virginis'' од доцниот V век која му се припишува на [[Свети Мелитон]] од Сардис, кајшто се раскажува и дека „апостолите до смртната постела на Марија биле донесени на бели облачиња, секој од градот кајшто проповедал во моментот“.
 
Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во [[Ефес]], во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во [[Ерусалим]]. Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека [[Апостол Тома|Апостолот Тома]] задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.<ref>[http://www.ccel.org/ccel/schaff/anf08.vii.xliii.html#vii.xliii-Page_594 Ante-Nicene Fathers - ''The Writings of the Fathers Down to A.D. 325''], vol. 8 page 594</ref>
Ред 15:
== Црковна традиција ==
 
Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава.<ref>Pope Pius XII: [http://www.vatican.va/holy_father/pius_xii/apost_constitutions/documents/hf_p-xii_apc_19501101_munificentissimus-deus_en.html "''Munificentissimus Deus'' - Defining the Dogma of the Assumption"], par. 44. Vatican, 1 ноември, 1950 </ref> Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја [[православни|православната]], [[католици|католичката]], источата и [[копти|коптската]]. Сите го слават денот на успението на 15 август. Кај православните цркви кои го користат [[Јулијанскијулијански календар|Јулијанскиотјулијанскиот календар]], оваа дата паѓа на 28 август, а на празникот му претходи 14-дневен [[пост]].
 
{{cquote|Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, Таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син. Целото време до смртта главно го помина во Ерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора. Од Нејзините подолги патувања се спомнува Нејзината посета на Св. Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на Светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и бавењето во Ефес со Свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Ерусалим. На старост Таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да Ја земе од овој свет. Еднаш Ѝ се јави архангелот Гаврил и Ѝ објави дека по три дена ќе биде упокоена. Тогаш Ѝ даде една палмова гранка за да ја носат при Нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ Ѝ ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест. Апостолите го зедоа одарот со Нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на Светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак. Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверува во Господ Исус Христос, беше исцелен. Апостолот Тома повторно по Божја Промисла изостана, за така што се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас навек“. На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.<ref>[http://tiveriopol.blog.com.mk/node/176757 Преземено од блогот на Агапиј.]</ref>}}
Ред 21:
== Уметничка инспирација ==
 
Успението на Пресвета Богородица претставувало инспирација за уметниците уште од најстари времиња. Овој настан е прикажан на многу црковни фрески, икони, а и подоцнежни дела од времето на ренесансата и барокот. Некои од најпознатите слики се прикажани во оваа галерија:
 
<center><gallery>