Френсис Дрејк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Кадиз → Кадис (3) using AWB
Ред 22:
Сер '''Френсис Дрејк''' ({{lang-en|Sir Francis Drake}}; ~[[1540]] – [[27 јануари]] [[1595]]) — [[Англија|англиски]] морепловец, [[гусар]], [[трговец со робје]], [[вицеадмирал]] и [[политичар]] од [[Елизабетанска епоха|елизабетанската епоха]]. Кралицата [[Елизабета I]] му доделила витештво на Дрејк во 1581. Бил втор по команда на [[Шпанска армада|англиската флота против шпанската армада]] во 1588, потчинувајќи се само на [[Чарлс Хавард, Прв Ерл од Нотингем|Чарлс Хавард]] и на кралицата. Починал од [[дизентерија]] во јануари [[1596]] г.<ref>Според англискиот календар кој бил тогаш во употреба, датумот на смртта на Дрејк бил 27 јануари 1595 г, но новата година почнувала на 25 март</ref> по неуспешниот напад на [[Сан Хуан]] во 1595.
 
Неговите достигнувања биле легендарни, правејќи го херој меѓу [[Англичани]]те, но [[пиратство|пират]] меѓу [[Шпанци]]те, меѓу кои бил познат како ''El Draque'', „Змејот“. Неговото име на латински било ''Franciscus Draco''. <ref> Во 1590 неговото име било објавено на латински како ''Franciscus Draco'': [http://bancroft.berkeley.edu/Exhibits/nativeamericans/13.html Теодор де Бри] </ref>. Кралот [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] понудил награда од 20.000&nbsp;[[дукат]]и<ref name=Cummins>Каминс, Џон, ''Francis Drake: The Lives of a Hero'', 1996, Palgrave Macmillan. ISBN 0312163657</ref> (околу 4,5 милиони денешни [[евро|евра]]) за неговиот живот.
 
Познат е исто така по тоа што го обиколил светот по морски пат ([[1577]] - [[1580]]).
Ред 30:
 
{{rquote|right|Луѓето од високата класа не го сакаат затоа што се издигнал толку високо од толку нижо семејство; останатите велат дека тој е главната причина за војните.|Гонзало Гонзалес дел Кастилјо во писмо до [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] во 1592.<ref name=Cummins />}}
Френсис Дрејк е роден во парохијата Краундејл, една милја јужно од [[Тависток]], [[Девон]], во февруари или март 1540.<ref name=Turner>Тарнер, Мајкл. (2005). ''In Drake's Wake - The Early Voyages'', издавачка куќа Paul Mould. ISBN 978-1904959212</ref> Тој бил најстариот од дванаесетте синови<ref name="ODNB04"> Томсон, Џорџ Малком (1972), ‘Sir Francis Drake’, William Morrow & Company Inc. ISBN 978-0436520495 </ref> на Едмонд Дрејк (1518–1585), [[Протестант]]ски земјоделец кој подоцна станал [[проповедник]], и неговата жена Мери Милвеј. Најстариот Дрејк е честопати поистоветуван со неговиот внук Џон Дрејк (1573–1634), кој бил син на постариот брат на Едмонд, Ричард Дрејк. Дедо на Френсис по мајчина страна бил Ричард Милвеј. Френсис Дрејк се венчал со 1: Мери Њуман; со 2: Елизабет Сиденхам.<ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.tudorplace.com.ar/Bios/FrancisDrake.htm|title=Captain Sir Francis DRAKE|work=tudorplace.com.ar|accessdate=2008-05-28}}</ref>
 
Френсис бил именуван по неговиот кум [[Френсис Расел, втор Ерл од Бедфорт]],<ref name=tudorplace>[http://www.tudorplace.com.ar/Bios/FrancisDrake.htm Tudor Place - биографија на Френсис Дрејк]</ref> и по неговата блиска крвна врска со круната по братучедите, како Сер [[Ричард Гренвил]], Ајвор Калеи, Ејми Гренвил и [[Џеври Часер]].
 
Како и со повеќето Дрејкови современици, неговиот датум на раѓање не е познат, но се претпоставува дека бил роден во 1534 или 1540.<ref name=DNB> Издание од 1921/22 на ''Dictionary of National Biography'', кој ја цитира книгата на [[Џон Бароу (англиски државник|Бароу]] ''Life of Drake'' (1843) стр. 5.</ref>
 
За време на [[Востание на молитвената книга|Востанието на молитвената книга]] во 1549, неговото семејство било принудено да пребегне во [[Кент]]. Пред да наполне 13 години, Дрејк ја започнал својата морска кариера станувајќи чирак на екипажот на трговска [[барка]] која што сообраќала на [[Темза]] и преку-каналните пристаништа. Станал сопственик-капетан на бродот на 20 години по смртта на претходниот капетан, кој му го подарил бродот. На 23-годишна возраст, Дрејк го направил своето прво патување до [[Новиот Свет]], пловејќи во друштво на неговиот втор братучед, Сер [[Џон Хокинс]].
Ред 42:
== Обиколувајќи го светот ==
=== Тихиот Океан ===
 
 
Во [[1577]] [[Елизабета I]] го испратила Дрејк да започне експедиција против Шпанците на тихоокеанскиот брег на Америките. Тргнал од Плимут на 15 ноември 1577, но набргу ги зафатило лошо време и биле приморани да се засолнат во [[Фалмаут, Корнвол]], откаде што се вратиле во [[Плимут]] за поправки. Повторно запловиле на 13 декември, на бродот ''Пеликан'', со други пет бродови и екипаж од 164 луѓе. Наскоро флотата пораснала со шести брод, ''Мери'' (старо име ''Санта Марија'') која што била одземена од Шпанците.
Ред 63 ⟶ 62:
Точната локација на пристаништето била чувана од Шпанците и се претпоставува дека неколку од картите на Дрејк биле намерно изменети поради оваа причина. Сите податоци за патувањето како дневници, слики и карти се изгубени кога изгорел [[Дворец Вајтхол|дворецот Вајтхол]] во [[1698]].
 
Самуел Болф<ref>Р. Самуел Болф, ''The Secret Voyage of Sir Francis Drake: 1577-1580'' (издавачка куќа Walker Publishing) 2003.</ref> тврди дека „Нов Албион“ бил основан во [[Комокс]] на островот [[Остров Ванкувер|Ванкувер]], за време на едно недокументирано „тајно патување“ кон север. Познато е дека Дрејк и неговиот екипаж отпловиле северно од Нов Албион во потрага на западен излез кон [[Северозападен пролаз|северниот пролаз]]. За време на патувањето морнарите направиле доста точни карти на северозападниот агол на Северна Америка, денешни [[Британска Колумбија]] и [[Алјаска]]. Тие имале тешко патување помеѓу островите на полустровот Алјаска, и студеното време ги приморало да отстапат и да се вратат назад.
 
Болф тврди дека бродот на Дрејк стигнал до 56° латитуда на север, многу подалеку на север отколку што било запишано. Причината за овој лажен запис, пишува Балф, имала политичка позадина: натпреварувањето со Шпанците во Америките. Кралицата Елизабета сакала да сокрие секаква информација за тајната на северозападниот прелаз, што резултира денес локацијата на Нов Албион и на највисоката латитуда која ја достигнала експедицијата да е сè уште контроверзна.
Ред 88 ⟶ 87:
Избувнала војна меѓу Шпанија и Англија во [[1585]]. Дрејк отпловил кон новиот свет и ги ограбил пристаништата [[Санто Доминго]] и [[Картагина, Колумбија|Картагина]]. Во повратниот дел од патувањето, ја освоил шпанската тврдина [[Сент Огустин, Флорида|Сан Аугустин]] во [[Шпанска Флорида]]. Овие подвизи го охрабриле [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] да нареди план за инвазија на Англија.
 
=== Ненадејниот напад на КадизКадис ===
Во превентивен напад, Дрејк испратил флоти во [[КадизКадис]] и [[Ла Коруња]], две од најважните шпански пристаништа и ги окупирал, уништувајки 37 воени и трговски бродови. Нападот ја одложил шпанската инвазија за цела година.<ref name="Thompson">Томпсон, И. и Фриман, Е.а. ''History of England'', стр. 188.</ref> Во текот на следниот месец Дрејк го патролирал [[Пиринејски полуостров|пиринејското]] крајбрежје меѓу помеѓу [[Лисабон]] и [[’Рт Сао Висенте|’ртот Сао Висенте]] пресретнувајќи и уништувајќи шпански доставни линии.<ref name=Kraus>[http://www.loc.gov/rr/rarebook/catalog/drake/drake-home.html Краус, Ханс. ''Sir Francis Drake: A Pictorial Biography'', 1970]</ref>
 
{{rquote|right|Ќе бев доста позагрижен за оваа ситуација доколку вие не бевте на чело; затоа очекувам дека ќе имам добар резултат во ова.|[[Постскртиптум]]от на [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] [[постскрипт]] во изјава кон [[Алонсо де Гузман Ел Буено|Војводата на Медина Сидонија]] , два дена по добивањето на информацијата за нападот на КадизКадис и наредбата за негово повлекување.}}
[[Податотека:Loutherbourg-Spanish Armada.jpg|thumb|left|[[Шпанска Армада]]]]
 
Ред 131 ⟶ 130:
** [http://www.activehistory.co.uk/Miscellaneous/free_stuff/google_earth/drake/index.htm Google Земја - Дрејковото патување околу светот]
** [http://tre.ngfl.gov.uk/server.php?request=cmVzb3VyY2UuZnVsbHZpZXc%3D&resourceId=10330 Лекции за училиште]
 
* Општо
** [http://www.spartacus.schoolnet.co.uk/TUDdrakeF.htm Френсис Дрејк]
Ред 137 ⟶ 135:
** [http://news.bbc.co.uk/1/hi/uk/england/1650689.stm Мисија за спас на телото на Дрејк]
** [http://www.longcamp.com/nav.html методите за пловидба на Дрејк"]
 
 
{{Нормативна контрола}}
 
 
{{Избрана}}