ФК Манчестер Сити: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: допринело → придонело using AWB
с →‎Од 2001 година до денес: Правописна исправка, replaced: Санта Круз → Санта Крус using AWB
Ред 83:
По испадот од втората лига во третата , клубот претрпе вон-теренски промени , со тоа што новиот раководител Дејвид Бернстин воведе поголема фискална дисциплина. Сити се вратија во повисок ранг при првиот обид , постигнат на драматичен начин во плеј-оф против Гилингам. Втор последвателен успех ги однесе Сити во првата лига , но ова ќе биде еден чекор премногу за клубот кој повторно ќе биде исфрлен во понизок ранг во 2001 година. Кевин Киган пристигна како нов менаџер , носејќи ги Сити повторно во првата лига со тоа што Сити ја освоија титулата од Првата дивизија односно втората англиска лига , рушејќи ги клупските рекорди за освоени поени и постигнати голови во една сезона.
Сезоната 2002 - 2003 беше последна на Мејн Роуд , вклучувајќи и победа од 3 - 1 против ривалите Манчестер Јунајтед , прекинувајќи период од 13 години без дерби победа над Манчестер. Сити исто така се квалификуваа за Европско натпреварување за прв пат по 25 години пропуштајќи ја шансата за тоа во 90 - тите поради забраната за Европски фудбал за англиските клубови. Во 2003 година клубот се пресели на новиот Сити Стадиум . Првите сезони на овој стадион резултираа со завршници на средината на табелата. Поранешниот тренер на репрезентацијата на Англија Свен Јеран Ериксон стана првиот странски тренер на Сити кога тој беше назначен во 2007 година. По успешниот старт , перформансите почнаа да опаѓаат во вториот дел од сезоната и Ериксон беше отпуштен во јуни 2008 година . Ериксон беше заменет од страна на Марк Хјуз два дена подоцна на 4 јуни 2008 година. Сонот за враќањето во славните денови на Сити поставен од страна на Ташкин Шинаватра само пред една година, сега изгледаше осуден на пропаст но тоа што следеше беше нешто што тренерот Хјуз и навивачите на Манчестер Сити не можеа ни да го замислат ниту да го предвидат - со тоа што Марк Хјуз во текот на следните неколку месеци се најде во завидна финансиска позиција , позиција која надежно ќе го смени текот на историјата на Манчестер Сити на подобро. Во текот на август 2008 година , клубот беше купен од страна на групата Абу Даби. Преземањето беше веднаш проследено со фурија од наддавања за високо профилни играчи , клубот го скрши британскиот трансфер рекорд со потпишувањето на бразилскиот интернационалец Робињо од Реал Мадрид за 32,5 милиони фунти. Сити завршија како десетти , исто така тие стигнаа до четврт - финалето на тогашниот УЕФА - Куп.
За време на летото 2009 година , клубот постигна трошок за трансфер на досега невидено ниво со потпишувањето на Герет Бери , Роке Санта КрузКрус , Коло Туре , Емануел Адебајор , Карлос Тевез и Џолеон Лескот со потрошени преку 100 милиони фунти. На 19 декември беше објавено дека Марк Хјуз ќе биде заменет со Роберто Манчини. Сити ја завршија сезоната на петто место за малку не стигнувајќи до Лигата на шампионите , наместо тоа натпреварувајќи се во новата УЕФА Европа Лига во сезоната 2010 - 2011.
Пред стартот на сезоната 2010 - 2011 Манчестер Сити ги комплетираа трансферите на Џером Боатенг , Јаја Туре , Давид Силва , Александар Коларов , Марио Балотели и Џејмс Милнер кој потпиша во првата недела од сезоната. Един Џеко се придружи на клубот во јануарскиот преоден рок. На 16 април 2011 година, Сити стигнаа до финалето на ФА купот победувајќи ги лутите ривали Манчестер Јунајтед во полуфиналето обезбедувајќи си финале со Стоук Сити. Тие победија во финалето со 1 - 0 освојувајќи го својот петти ФА куп и својот прв поголем трофеј по освојувањето на Лигашкиот куп од 1976 година. На 10 мај 2011 година клубот се квалификуваше за Лигата на шампионите за прв пат со победа од 1 - 0 против Тотенхем. На последниот ден од сезоната Сити ги надминаа Арсенал и стигнаа до третото место кое носи директна квалификација во Лигата на шампионите. За сезоната 2011 - 2012 Сити потпишаа доста високо профилни играчи вклучувајќи ги Гаел Клиши , Стефан Савич , Серхио Агуеро , Самир Насри и Овен Харгривс. Сити ја започнаа сезоната одлично со голема победа од 6 - 1 против своите ривали Манчестер Јунајтед во октомври. Сити имаа предност од пет поени на врвот на премиер лигата.