Вандеја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Вандеја (департман) на Вандеја
с Исправка на единиците, replaced: Централноевропско време → средноевропско време using AWB
Ред 33:
| seat_type = [[Префектури во Франција|Префектура]]
| seat = [[Ла Рош-сир-Јон]]
| parts_type = [[Потпрефектури во Франција |Потпрефектури]]
| parts_style = para
| p1 = [[Фонтене-ле-Конт]]<br>[[Ле Сабл-д’Олон]]
Ред 52:
| population_total = 655506
| population_as_of = 2013
| population_rank = [[Список на департмани во Франција по население |37-ми]]
| population_density_km2 = auto
| population_demonym =
Ред 59:
| blank_info_sec1 = 85
| blank_name_sec2 = [[Арондисмани во Франција|Арондисмани]]
| blank_info_sec2 = [[арондисмани во департманот Вандеја |3]]
| blank1_name_sec2 = [[Кантони во Франција|Кантони]]
| blank1_info_sec2 = [[кантони во департманот Вандеја |17]]
| blank2_name_sec2 = [[Општини во Франција|Општини]]
| blank2_info_sec2 = [[општини во департманот Вандеја|267]]
| timezone1 = [[Централноевропскосредноевропско време |ЦЕЛВ]]
| utc_offset1 = +1
| timezone1_DST = [[Централноевропско летно време |ЦЕЛВ]]
| utc_offset1_DST = +2
| postal_code_type =
Ред 82:
Подрачјето денес наречено Вандеја првично било познато како Долно Поату и било дел од поранешната провинција Поату. На крајниот југоисток, се наоѓа селото Ниел-сир-л’Отиз за кое се верува дека е родното место на [[Елеонора Аквитанска]] (1122-1204). Синот на Елеонора, [[Ричард I]] од Англија (Лавовско Срце), честопати имал база во Талмон. [[Стогодишна војна|Стогодишната војна]] (1337-1453) голем дел од Вандеja го претворила во бојно поле.
 
Со оглед дека Вандеја имала голем број на влијателни [[протестантство|протестанти]], вклучувајќи ја и Жан д'Албре, мајката на [[Анри IV]] од Франција, областа била во голема мера под влијание на француските [[религиозни војни во Франција|религиозни војни]] кои избувнале во 1562 и продолжиле сè до 1598 година. Во април истата година, кралот Анри IV го издал [[Нантски едикт|Нантскиот едикт]] и војните завршиле. Отповикувањето на Нантскиот едикт во 1685 година предизвикало многу [[хугеноти]] да избегаат од Вандеја. Во празнината, регионот станал строго католички под влијание на проповедникот и маријанскиот мисионер Луј де Монфор, кој радикално ја променил духовноста на регионот. Многумина му ја припишале на неговото проповедање подготвеноста на Вандејците за нивниот бунт против [[Француска револуција|Француската револуција]]. <ref>{{cite book |last1=Davies |first1=Michael |title=For Altar and Throne |date=1997 |publisher=Remnant Press |location=St. Paul, MN |isbn=1890740004 |page=98}}</ref>
 
Вендејците се спротивставиле на револуционерната влада во 1793 година, што било започнато во март со масакр во Машекул. Тие биле огорчени од тешките услови наметнати на [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] од страна на одредбите од Граѓанскиот уставот за законот за свештенство (1790) и влегле во отворен револт по воведувањето на воената регрутација на Револуционерната влада. Герилската војна, позната како Револт во Вандеја, предводена од самиот почеток од страна на селаните, кои биле локално избрани, резултирала со повеќе од 240.000 погинати пред да биде завршена во 1796 година (190.000 Вандејци кои биле републиканци или ројалисти и 50.000 невандејски републиканска војници според Жак Исене и книгата „Уништете ја Вандеја“ од историскиот истражувачки центар на Вандеја. Револтот во Вандеја не смее да се меша со револтот на шуаните, кој се одвивал истовремено во [[Мен (покраина)|Мен]] и [[Бретања]]. Во 1804 година, [[Наполеон Бонапарт|Наполеон I]] го избрал [[Ла Рош-сир-Јон]] да биде главен град на департманот. Во тоа време, поголемиот дел од Ла Рош бил искоренет во текот на Вандејскиот револт (1793-96); преименуваниот Наполеонвил бил уреден и било доведено ново население на војници и државни службеници. Наполеонвил имал квадратна улична мрежа и бил дизајниран да смести 15.000 луѓе. <ref>Graham Robb, ''The Discovery of France'', Picador, London (2007), pp257-8</ref>
 
Во 1815, кога Наполеон побегнал од егзил на Елба за неговите Сто дена, Вандеја одбила да го признае и му останала лојална на кралот [[Луј XVIII]]. Генералот Ламарк довел 10.000 луѓе во Вандеја за да го смири регионот. <ref name=EB1911WC>[[Encyclopædia Britannica Eleventh Edition]] Waterloo Campaign</ref> Неуспешниот бунт во Вандеја во 1832 година за поддршка на Мари-Каролин од Бурбон-Сицилија, војвотката од Бери, снаата вдовица на поранешниот крал [[Шарл X]] бил неуспешен обид да се врати династијата Бурбон за време на владеењето на орлеанскиот монарх, кралот [[Луј Филип]] (1830-1848).
 
Во 1850 година, англискиот автор Ентони Тролоп ја објавил својата книга „Вандеја“, со детали за историјата на регионот и војната. Во предговорот тој ѝ оддал почит на Мадам де ла Рошежакелин, врз чии мемоари на војната се заснова книгата.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вандеја