Разлика помеѓу преработките на „Алберт Ајнштајн“

Одземени 35 бајти ,  пред 4 месеци
clean up, replaced: | coauthors= → |author2= using AWB
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
(clean up, replaced: | coauthors= → |author2= using AWB)
Алберт Ајнштајн бил роден во [[Евреи|еврејско]] семејство во [[Улм]], [[Виртемберг]], [[Германија]] на [[14 март]] [[1879]]. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн (моминско презиме Кох). Во 1880, семејството се преселило во [[Минхен]], каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електрична опрема.
 
Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето.<ref>{{цитирана книга | last = Розенкранц | first = Цеев| year = 2005 | title = Albert Einstein — Derrière l'image | page = 29 | publisher = Neue Zürcher Zeitung | isbn=3-03823-182-7 }}</ref><ref>{{цитирана книга | first = Томас | last = Совел | title = Ајнштајн синдромот: Бистри деца кои проговоруваат доцна| pages = 89–150 | publisher = Basic Books | year = 2001 | isbn= 0-465-08140-1 }}</ref>
 
[[Податотека:Albert Einstein as a child.jpg|thumb|left|200px| Алберт Ајнштајн во 1893 (на 14 години), пред неговото семејство да се пресели во Италија.]]
Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен [[компас]]. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“.<ref>{{цитирана книга | first =П. А. | last = Шилп| title = Алберт Ајнштајн - Автобиографски забелешки| pages = 8–9 | publisher = Open Court Publishing Company | year = 1979}}</ref> На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по [[виолина]] на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во [[Волфганг Амадеус Моцарт|моцартовите]] виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и [[машина|механички направи]] од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.
 
Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент,<ref name=HarvChemAE>Дадли Хершбаг, „Ајнштајн како студент“, оддел за хемија и биохемија при универзитетот Харвард, Кембриџ, САД, стр.3 веб: [http://www.chem.harvard.edu/herschbach/Einstein_Student.pdf HarvardChem-Einstein-PDF]: за посетите на Макс Талмуд.</ref> го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и филозофски текстови, вклучувајќи го делото на [[Иманел Кант|Кант]] ''Критика на чистата причина'' и [[Евклид|евклидовитеевклид]]овите ''Елементи'' (Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“)<ref name=HarvChemAE/> Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст, тој ја научил [[Евклидова геометрија|евклидовата геометрија]]. Веднаш потоа почнал да го истражува [[калкулус]]от.
 
Во неговите рани тинејџерски години, Ајнштајн ја посетувал прогресивната гимназија Луитполд. Неговиот татко имал намера тој да следи [[електрично инженерство]], но Ајнштајн се судрил со авторитетните во училиштето и со школскиот режим. Тој подоцна напишал дека духот на учење и креативноста биле изгубено во стриктно учење на памет.
Во 1894, кога Ајнштајн имал петнаесет години, бизнисот на неговиот татко пропаднал и семејството се преселило во Италија, најпрвин во [[Милано]], а по неколку месеци во [[Павија]]. За ова време, Ајнштајн го напишал својот прв научен труд, „Истражувањето на состојбата на [[етер]] во [[магнетно поле|магнетни полиња]]“<ref>{{цитирана веб страница| last =Мехра| first =Јагдиш| title =Првиот труд на Ајнштајн| url =http://www.worldscibooks.com/phy_etextbook/4454/4454_chap1.pdf| accessdate = [[4 март]] [[2007]]}}</ref> Ајнштајн подоцна го напуштил Минхен за да го заврши средното училиште, но во пролетта 1895 година се повлекол за да се придружи на семејството во Павија, убедувајќи го училиштето да го ослободи користејќи медицинска белешка.
 
Наместо да го заврши средното образование, Ајнштајн одлучил да се пријави директно на ЕТХ Цирих, Швајцарскиот Федерален Институт за технологија во [[Цирих]], Швајцарија. Без школско свидетелство, тој морал да положи приемен испит, во што не успеал, иако имал исклучително добри оценки во математика и физика.<ref>{{Citation | last=Хајфилд| first=Роџер | coauthorsauthor2=Картер, Пол | title=Приватниот живот на Алберт Ајнштајн | publisher=Faber and Faber | year=1993 | location=London | isbn=0-571-17170-2 | pages=21}}</ref> Ајнштајн напишал дека во таа иста година, на 16 години, за првпат го извршил неговиот [[експеримент]] на визуелизација на патување паралелно со светлосен бран.
 
Ајнштајнови го испратиле Алберт во [[Арау]], Швајцарија, да го заврши средното образование. Додека престојувал со фамилијата на проф. Јост Винтелер, тој се заљубил во нивната ќерка, Мари (сестрата на Алберт, Маја, подоцна се омажила со Пол Винтелер). Во Арау, Ајнштајн ја проучувал [[Џејмс Максвел|максвеловата]] [[електромагнетна теорија]]. Во 1896, тој матурирал на 17 годишна возраст, се откажал од своето германско државјанство за да ја избегне воената служба (со одобрение на татка си) и конечно се пријавил на математичката програма во ЕТХ. Мари се преселила во Олсберг, Швајцарија каде зела наставничко место.
Ајнштајн себеси се сметал за [[пацифизам|пацифист]] и [[хуманизам|хуманист]], а кон крајот на животот и за [[демократски социјализам|демократски социјалист]]. Особено изразен бил неговиот пацифизам, при што Ајнштајн посебно ги почитувал погледите на [[Махатма Ганди]].
 
Познато е неговото залагање за одбрана на [[човекови права|човековите права]], кое особено дошло до израз за време на [[макартизам|макартизмот]] во [[САД]]. Кога истакнатиот црнечки лидер [[В. Е. Б. Дибуа]] бил обвинет дека е [[Комунисти|комунистичкикомунисти]]чки шпион, Ајнштајн сам се пријавил за сведочи во негова корист. Во таа прилика, Ајнштајн изјавил: „Расизмот е најголема болест на Америка.“ По објавата на Ајнштајн дека ќе сведочи во одбрана на Дибуа, обвинението против него било повлечено.
 
Најконтроверзен е ставот на Ајнштајн кон [[атомска бомба|атомската бомба]]. Непосредно пред почетокот на [[Втора светска војна|Втората Светска Војна]], на [[2 август]] [[1939]] година Ајнштајн му напишал писмо на американскиот претседател [[Френклин Рузвелт]], поттикнувајќи го да започне истражувања за пронаоѓање на [[нуклеарно оружје]]. Сепак, подоцна Ајнштајн се спротивставил на употребата на нуклеарното оружје и не учествувал во [[Проект Менхетен|проектот за создавање на атомска бомба]]. По војната, Ајнштајн се промовирал како еден од најголемите критичари на нуклеарното оружје.
{{Нобелова награда за физика}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ајнштајн, Алберт}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ајнштајн, Алберт}}
[[Категорија:Алберт Ајнштајн| ]]
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика]]