Мицко Крстевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 21:
==Првите години==
=== Потекло ===
Мицко е роден околу [[1855]] године во [[Кичевско|Кичевското]]то село [[Латово]], а неговите претци биле од [[Требино]], села во [[Поречје|Поречјето]]то. Во младоста бил мирно момче, а неговиот татко Крсто го испратил во [[Скопје]] каде требало да стане самарџија <ref name="KODJA"> <small>''Коџа, Четнички споменик, Војвода Мицко, живот и рад, Скопље, 1930''</small></ref>
 
=== Судирот со Џемаил Ага ===
[[Податотека:Selo Latovo.jpg|300px|мини|десно|Латово]]
Пред [[Велигден]] [[1875]] година Мицко се вратил во своето село и дошло до случка која го сменила неговиот живот. Џемаил Ага, синот на бегот Мула Фазлија , на чиј имот Мицковиот татко Крсто работел, штом слушнал дека младиот самарџија дошол од [[Скопје]] го посетил Крсто и побарал подарок за себе.
 
Почитувајчи ја обврската на чифлигарот кон својот господар, Мицко заминувајќи од [[Скопје]] купил [[јатаган]], а неговиот татко го предал на Турчинот. Џемаил Ага му наредил на Мицковиот татко да седне и потоа сакајќи да провери дали поклонот е добар, со дршката од јатаганот го удрил пет пати, но од силината на ударот тој се скршил.
 
Џемаил Ага сега за возврат побарал 20 златни лира, бидејќи подарокот не бил добар, но Крсто немал толку, па му однел 5 златника кои ги чувал уште од неговиот татко, женска низа од 500 грошеви и 5 овци со јагњиња <ref name="KODJA" />. По оваа случка кај Мицко се појавила желба за одмазда, но тој повторно се вратил во [[Скопје]] каде го чекал вистинскиот момент.
Ред 33:
== Учество во Руско-турската војна ==
 
Во [[1876]] година слушнал за војната помеѓу [[Србија]] и [[ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство|Отоманската Империја]] и решил да замине како доброволец во српската војска. За да стигне во [[Србија]] тој решил да помине преку [[Бугарија]] и [[Романија]], бидејќи граничниот дел бил запоседнат од турската војска. Стигнал до Турн-Северин и таму го преминал [[Дунав]] со чамец кој бил полн со Руси и негови сонародници кои од печалба заминале како доброволци.
 
Во Кладово со останатите се запишал како доброволец и отаму бил испратен на моравското боиште под команда на Јунгиќ. Мицко потоа војувал во Суповци, Дудулајиќ и Крајковец, а посебно се истакнал во Биљеговец. После овие борби тој бил поставен за командир на чета, а војната стигнала и до [[Македонија]] <ref name="KODJA" />.
Ред 40:
=== Ликвидацијата на Џемо ===
[[Податотека:Micko Krstić.jpg|мини|лево|200п|Мицко во ајдутска носија]][[Податотека:Micko Krstić in Greek attire.jpg|мини|десно|300п|Мицко со пријател]]
Во [[Турн-Северин]] наишол на една група составена од луѓе од [[Порече]] кои биле групирани околу Стефан Петревски, тие решиле да се вратаат во [[Македонија]] и да започнаат со четување.
 
Поречани се поделиле во неколку групи, за неколку месеци се вратиле во својот роден крај и ја започнале својата акција. Мицко веднаш решил да се одмази и во заседа го ликвидирал Џемаил Ага. Осветата и песната која го опееала тој настан почнала да создава легенда од Мицко:
Ред 56:
=== Демихисарски заговор ===
{{Главна|Демихисарски заговор}}
Малку подоцна доаѓа до [[Демихисарски заговор|Демихисарскиот заговор]] и до кординирана акција на четите за ликвидирањето на разните муслимански зулумџии. Во оваа акција Мицко веднаш се приклучил и влекол во четата на војводата Ристо Костадинов.
 
Борбите биле чести и немилосрдни, а едно утро во турска заседа загинал војводата Ристо, и Мицко ја презел неговата чета и пушката ишарана со [[сребро]] и [[седеф]]. Меѓутоа заговорот наскоро бил уништен, во [[есен]]та [[1881]] година Мицко ја распуштил својата чета и ги испратил своите луѓе по дома, а самиот одбил да се предаде на Турците <ref name="KODJA" />. Мицко се засолнил во една длабока пештера во близината на селото [[Белица]] недалеку од [[Кичево]]. На дното од пештерата Мицко поминал неколку месеци, а селаните со јаже му симнувале храна.
 
Меѓутоа во [[јануари]] [[1882]] година тој бил откриен од Турците кои побарале од него да се предаде. Откако тој одбил, тие собрале гранки и слама која ја запалиле, по што Мицко се предал откако му било ветено дека нема да биде убиен <ref name="KODJA" />. Потоа бил спроведен во [[Битола]] каде бил осуден на 101 година затвор. Најпрво лежел во [[Солун]], а подоцна бил преместен во [[Битола]] каде се сретнал со својот стар пријател Симјан Ристевски.
Ред 64:
==Заточеништво==
[[Податотека:Stara_Bitola.jpg|мини|десно|300п|Стара Битола (1900)]]
Мицко најпрво својата казна ја издржувал во солунскиот затвор, а потоа бил преместен во битолскиот вилаетски затвор. Во меѓувреме во [[Македонија]] доаѓа до засилување на [[Странски пропаганди во Македонија во периодот 1870 - 1903 година|странските пропагнади]] кои започнале меѓусебнен натпревар за што поголем број на приврзаници со што започнале да го зголемуваат анатагонизмот меѓу населението во [[Македонија]] и да го делат населението на бугараши и србомани <ref name="VG"><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет''</small></ref>.
 
Од ова не биле поштедени ниту затворениците кој почнале да се делат меѓу себе, а Мицко подпаднал под вилјание на српската пропаганда. Во затворот учителот од [[Крапа]], Спиро Јовчевски (иќ), кој го научил Мицко да чита и пишува на српски јазик, а Мицко од своја страна започнал да му пишува писма на српскиот конзул Милојко Веселиновиќ. Во нив му пишувал за својот живот не споменувајќи ги воените подвизи и ајдутувањето. Писмата ги потпишувал со зборовите:
Ред 70:
{{Цитат|''мука у апсане битољску, сиромах Мицко Крстевиќ Требинец, кичевско окружје Поречје'' <ref name="KODJA" />}}
 
Во меѓувреме во самиот затвор дошло до расправија и борба помеѓу ''србоманите'' и ''бугарашите'' во која Мицко 4 пати бил прободен со нож од [[Jордан Гавазов]], [[Стоjан Лазов]] и [[Дончо Штипјанчето]], а неговиот пријател Симјан кој сакал да му помогне бил прободен во срце и на место починал.
 
Во [[1897]] година во врска со [[Грчко-турска војна (1897)|Грчко-турската војна]], [[Софија]] успеала да издејствува политичка амнестија за сите политички бугарски ([[македонски]] - [[Бугарска егзархија|егазрхисти]]) <ref name="VG" /><ref><small>''Види подетално http://www.cdsee.org/pdf/WorkBook2_sr.pdf (Do`ivqaj H. N. Breilsforda( 1905) – u Makedoniji se ne poistove}uju sa svojom nacijom)''</small></ref> затвореници. Сите затворени христијани сакале да ја искористат оваа амнестија и затоа почнале да се изјаснуват како Бугари <ref name="KODJA" />, меѓутоа кога Мицко бил изнесен од занданата и турскиот стражар извикал: Мицко Крстев, Бугар-милет, сакајќи да му ги симне синџирите, Мицко одговорил:
 
{{Цитат|''Ја не сум ни Мицко Крстев, ни бугарин, па не сум ни ослободен'' <ref name="KODJA" />}}
Ред 86:
Во [[Самоков]] се собрале српски свештеници, учители и претставници на србомаските села. По договорот кој бил склучен двајца селани однеле писмо на српскиот конзул Станојевиќ во [[Битола]], барајќи од него оружје, пари и тајно испраќање на Мицко како нивни водач. Конзулот ги одбил, не сакајќи да слушне ниту за четите ниту за оружјето. Но на излегување од конзулатот тие биле пресретнати од конзуларниот службеник Саватие Милошевиќ (подоцна српски четнички војвода), кој им дал 60 наполеона и им ветил дека ќе го организира бегството на Мицко.<ref name="KODJA" />
 
Бегство било организирано од Саватие и на [[18 април]] Мицко ја напуштил [[Битола]] и преку [[Прилеп]] заминал за [[Поречие|Поречието]]то. На раскрсницата на крушевскиот и прилепскиот пат, Мицко бил пречекан од Вељо Шоповски кој го однел во селото [[Крапа]] и го сместил во куќата на српскиот учител Дукиќ. Таму Мицко го соблекол оделото и ја облекол белата поречка народна носија. Неколку дена подоцна му се придружиле 6 четници со што била создадена првата вооружена српска чета на територијата на [[Македонија]], а Мицко се ставил во служба на [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]].
 
Мицко како искусен војвода во почетокот избегнувал поголеми судири бидејќи од една страна српската вооружена пропаганда во [[Македонија]] била во својот зародиш, а од друга страна тука биле четите на [[ТМОРО]] од кои можел да настрада.
Ред 92:
===Борбата за Порече===
[[Податотека:Petar acev.jpg|мини|лево|150п|[[Петар Ацев]]]][[Податотека:Sugarev_cheta.jpg|мини|десно|300п|Четата на [[Ѓорѓи Сугарев]] (седнат, во средина)]]
Четата на Мицко веднаш била забележана од [[ТМОРО]] и таа побарала образложение од страна на [[Белград]]. Српските владејачки кругови сметале дека во тој момент е најдобро да се избегне судирот со Организација и затоа преку Георги Герџиковиќ била организирана средба помеѓу [[Ѓорѓи Сугарев]] и Мицко. Истовремено му била пренесена наредбата на Мицко од [[Белград]] дека тој треба да се покори на [[Македонска револуционерна организација|Организација]] или да ја распушти четата. Меѓутоа по оваа средба Мицко ја засилил својата дејност и неговата чета нараснала на 30 души.<ref name="KODJA" /> <ref name="GS"><small>''Ѓорѓи Димовски - Цолев, „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, 1988.''</small></ref>
 
Нетрпението кое постоело постепено се претворило во отворен судир со што започнала борбата за [[Поречје]]. Во август [[1904]] година војводата [[Ѓорѓи Сугарев]] почнал да го гони Мицко и неговата просрпска чета, а српскиот одбор од [[Битола]] му препорачал на Мицко да внимава и му биле испратени дополнителни нови луѓе.
 
[[ТМОРО]] од своја страна подготвил плана за опколување на Мицко, а како засилување бил испратен војводата [[Петар Ацев]], кој во селото [[Долно Дивјаци]] ги здружил своите сили со [[Ѓорѓи Сугарев]].
 
Меѓутоа кај Црешнево - Белица, Мицко му поставил заседа на Сугарев во која тој успеал да се извлече без загуби по што го возвратил ударот, а според признанието на еден четник во Мицковата чета имало 7 души ранети и еден загинат. Мицко успеал да се извлече од селото [[Белица]] и преминал на левата страна на [[Треска]] по што бил проследуван од четата на [[ТМОРО]] на чело со Сугарев. Оваа чета престојувала во селото [[Слатино]], а набргу таму се нашол и [[Даме Груев]].
Ред 103:
{{Главна|Грабнување на Даме Груев}}
 
Мицко скриен во шумата го видел доаѓањето на комитите и испратил свој човек во [[Кичево]] кој ја предал на тамошните турски власти. Во текот на ноќта два турски одреди го опколиле селото [[Слатино]], а самото утро започнала борба меѓу османлиите и комитите.
 
Четата на [[ТМОРО]] била изненадена и таа се обидела да се повлече од селото но насекаде била сочекана од заседи, на крајот еден дел од комитите се повлекле, а турските одреди се вратиле во [[Самоков]] и [[Кичево]]. По судирот Мицко со својата чета влегол во селото, а набргу било разбрано дека [[Даме Груев]] е ранет и дека се наоѓа во некоја од куќите. Оваа заробување на Груев од страна на Мицко бргу се расчуло и започнале преговори за негово ослободување.
 
Заробувањето на [[Даме Груев]] оставило впечаток дека српската воружена пропаганда во овој дел на [[Македонија]] е многу силна, а истовремено тоа било силен удар врз [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]]. По едномесечно заложништво Груев бил одведен во [[Скопје]] од страна на Мицко и ослободен, а тоа се случило околу [[19 ноември]] [[1904]] година.
Ред 112:
=== Интернација ===
[[Податотека:Chetnik Dušan, Vojvoda Micko, Vojvoda Jovan Dovezenski, Chetnik Gligorije.jpg|дясно|мини|300п|Просрпските војводи [[Јован Довезенски]] и Мицко Крстевски и двајца четници ]]
Набргу по ослободувањето на [[Даме Груев]], Мицко се нашол во немилост на српските власти бидејќи почнал да ги манифестира своите разбојнички манири, а истовремено се појавиле нови српски чети на чело со [[Глигор Соколов]], [[Јован Бабунски]], [[Јован Довезенски]] и други.
 
Четничкиот горски штаб набргу испратил двајца нови војвода, Тренко и Темелкo Барјактаревиќ, да го заменат Мицко, а тој потоа се нашол во [[Србија]] по што бил интерниран во [[Крагуевац]].
[[Податотека:Srpski izvestaj za ubistvoto na vojvodata Micko Krstic.pdf|лево|мини|Српски извештај од 28 октомври 1909, за убиството на војводата Мицко Крстиќ кое турската власт се обидува да го прикаже како дело на Бугарите, во што Србија не верува.]]
===Ликвидација===
После [[Младотурската револуција]] од [[1908]] година е објавен [[Хуриет|Хуриетот]]от (''слобода''), а турските власти објавиле амнестија за сите бунтовници во [[Македонија]]. Тогаш на Мицко му било дозволено да го напушти [[Крагуевац]] и да се врати во [[Порече]]. Во септември [[1909]] година стапил на сила ''Законот за сузбивање на четничките акции во Румелијските вилети'', кој давал најшироки овластувања на војската и полицијата.
 
Суштината на овој закон била да се уапсат или ликвидираат сите христијански првенци и некогашни војводи. На [[13 октомври]] 1909 година во селото [[Ижица]] бил убиен поранешниот војвода Мицко во заседа на младотурците. Според истрагата на турската власт неговото убиство било извршено од страна на комитскиот војвода [[Блаже Биринчето]], но бидејќи немало докази истрагата била прекината, сето тоа било фарса.
Ред 124:
<references/>
{{Commonscat|Micko Krstić}}
 
[[Категорија:Војводи на Српскиот комитет на четничката акција]]
[[Категорија:Србомани]]