Македонска револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Eddon (разговор | придонеси)
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство (4) using AWB
Ред 20:
}}<!-- End stack of images, article text starts below -->
{{другизначења|ВМРО (појаснување)}}
'''Македонска револуционерна организација''' ('''МРО''') <ref group="б" name="vg_2"/><ref group="б" name="vg_3"/> — револуционерно-националноослободителна организација на [[македонскиот народ]] <ref group="б" name="vg_1"/> (Солун, 23. X/ 4. XI 1893 - 1908). Била основана од шестмина револуционери интелектуалци: [[Дамјан Груев]], д-р [[Христо Татарчев]], [[Петар Поп Арсов]], [[Иван Хаџи Николов]], [[Христо Батанџиев]] и [[Андон Димитров]], со цел по пат на воружена борба да се извојува политичка автономија на Македонија и Одринско <ref name="vgj">''[[Ванчо Ѓорѓиев]], Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет ''</ref>. На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување. Бил усвоен Устав на Организацијата (во почетокот на 1894) и се конституирал [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] (претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев). Била изградена мрежа на Организацијата во поголемите центри во Македонија (до средината на 1894). Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на [[Гоце Делчев]], [[Пере Тошев]], [[Ѓорче Петров]], [[Јане Сандански]] и други македонски револуционери.
 
Во летото 1894 г. во било одржано [[Ресенско советување|Ресенското советување]] на членовите на ЦК и на делегатите на месните комитети посветено на организациони и на тековни прашања за револуционерно дејствување. Биле формирани три револуционерни окрузи: Солунски, Битолски и Скопски. Организацијата изградила (до есента на 1895) разгранета мрежа во сите делови во Македонија и прогласила сувереност на организационата територија, спречување на дејствувањето на други организирани групи со исти цели во Македонија. Македонските комитети формирани во странство можеле да дејствуваат исклучиво во рамките на МРО.
 
По формирањето на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет]] во [[Софија]] (подоцна преименуван во Врховен македонски комитет, 1895), ЦК на МРО веднаш побарал тој комитет да ја сообрази својата активност со потребите на МРО и да работи како помошен комитет. Софискиот комитет продолжил да дејствува како паралелна организација во македонското револуционерно движење. Во почетокот на 1896 г. Делчев пристигнал во Софија во својство на официјален претставник на МРО да работи за спречување на мешањето на бугарските државни фактори во македонското ослободително дело. Претседателот на Софискиот комитет генералот [[Данаил Николаев]] бил предупреден дека МРО нема да ги толерира активностите и акциите преземени во Македонија. Грција и Србија го засилиле пропагандното
Ред 31:
 
По Конгресот започнало забрзано создавање вооружени чети, ударната оружена сила на Организацијата за одбрана на територијалниот
интегритет од туѓи вооруж ени чети и групи во Македонија. Бил донесен и посебен Правилник (1900) за четите со кој било регулирано формирањето, раководењето, употребата, како и борбената обука. Нивните припадници - комитите носеле униформирана народна комитска облека и обележје за припадност. Вооружените сили ги раководел Делчев, кој го основал и изградувал [[Четнички институт на ТМОРО|Четничкиот институт ]], со надлежност на врховен инспектор. Организацијата имала [[Тајна пошта на МРО|тајна пошта]] и [[Тајна полиција на МРО|тајна полиција]], создала функционални месни органи и тела. На целата територија на Македонија (до почетокот на 1903) Организацијата имала воспоставено ефективна власт на тајна држава во државата или [[Подземна република|подземна република]].
 
На [[Солунски конгрес од 1903|Солунскиот конгрес од 1903 година]] било донесеното решение за кревање востание, во отсуство на Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Сандански и други водечки личности на Организацијата. [[Смилевски конгрес|Смилевскиот конгрес]] на Битолскиот револуционерен округ ја потврдил одлуката за кревање востание. Востанието раководено од [[Главен штаб за II Битолски револуционерен округ|Главниот востанички штаб]] почнало на Илинден 1903 и прераснало во македонска сенародна борба за ослободување и за создавање самостојна македонска држава, највисокиот дострел во дејствувањето на Македонската револуционерна организација.
Ред 44:
{{главна|Берлински конгрес|Македонија и Берлинскиот конгрес}}
 
За појавата на ''Македонската револуционерна организација'' постојат две главни причини. По [[Берлинскиот конгрес]], [[Македонскиот народ]] останал [[Нација|национално]], [[Држава|политички]], [[Култура|културно]], [[Образование|просветно]] и [[Црква|духовно]] обесправен <ref name="vgj"/>. Дополнително на тоа македонскиот национален индивидуалитет се наоѓаал во опасност од странските пропаганди, кои со своето дејствување го засилувале антагонизмот во [[Македонија]] кој и онака постоел <ref name="vgj"/>.
 
==== Турската власт како фактор ====
Ред 52:
Секако една од главните причини за појава на организацијата е останувањето на [[Македонија]] под османска власт. Турците посегале по животите, честа и имотите на сите [[македонци]]. [[Слобода|Ослободувањето]] се гледало во создавање на една револуционерна организација. Националноослободителниот карактер на организацијата се гледа во ''Членот 1'' од [[Уставот на ТМОРО]] во кој се истакнува:
 
:''Тајната македоско - одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, за извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области'' <ref> Член 1 од Уставот на ТМОРО</ref>.
 
==== Пропагандите како фактор ====
{{главна|Странски пропаганди во Македонија во периодот 1870 - 1903 година}}
{{quote|''организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуваат населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување. Таа се грижи за културното и економското издигнување на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против турската власт''|'''Член 3'''|'''Устав на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација'''}}
[[Бугари|Бугарската]], [[Грци|грчката]] и [[Срби|српската]] [[пропаганда]] дејствувале ретроградно врз националното ослободување на [[Македонскиот народ]]. Тие со своите црковно - преосветни дејности го делеле народот во [[Македонија]] и го загрозувале неговиот национален индивидуалитет <ref name="vgj"/>.
 
:''Пропагандниот натпревар требало да обезбеди повеќе грчки, бугарски и српски национални приврзаници во Македонија. Тие во погоден момент требало да послужат како ванатрешни нацинални сојузници и оправдувачки фактор за нивните територијални претензии во Македонија'' <ref name="vgj"/>.
 
Затоа не треба да изненадува писмото на Митрополитот [[Теодосиј Гологанов]] од 22. 06. 1891 година, испратено до проигуменот Дионисиј, во кое пишува: ''Ние Македонците немаме толку мака од Турцитте да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат'' <ref>Љ. Љапе, Одбрани текстови II дел, 293. </ref>.
 
Изнесеното, само потврдува дека пропагандите станале: ''кохезионен фактор кој ги збил редовите на македонската младина, граѓанските, првенствено егзархиските средини и интелигенција'' <ref>Д. Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает 1893-1903</ref>. Во почетокот на 90-години на [[19 век]] во [[Македонија]] се појавило едно силно антиегзрхиско движење, и во контекст на ова движење [[Ѓорче Петров]] истакнува дека се јавило едно настроение на:
 
:''младите против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегањата на Егзархијата бесконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. Еснафите, што во македонските градови сочинуваа моќен сталеж, скоро минаа во оваа борба на страна на младите. . . Ова движење се паѓа паралелно со појавата на таканаречениот од некои македонски сепаратизам, изразен преку списанието Лоза, во Софија, раководено од Арсов, Баласчев, Хаџи Николов и други. . . Во Солун се пројави меѓу учителите во гиманазијата исто ова сепаратистичко движење. Реченото раздвижување . . . го сметам како прв чекор на самодејност во земјата. . . Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење'' <ref>Ѓ. Петров, Спомени, 48</ref>.
Ред 76:
[[Податотека:Споменик - Основачи на ВМРО.JPG|мини|десно|300п|Споменик на основачите на МРО во Скопје]]
Првите обиди за формирање на организација се датираат кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на [[19 век]]. Некаде околу [[1889]] година [[Пере Тошев]] му пишал писмо на [[Ѓорче Петров]] да формираат: ''организација за ослободување'' <ref>Ѓ. Петров, Спомени, 45-46</ref>.
Во [[лето]]то [[1891]] година во [[Битола]], [[Дамјан Груев]] направил обид за формирање на една организација, имено тој го формирал ''Учителскиот сојуз'' со чисто револуционерни цели, но неговата дејност била попречена од Архимандритот [[Козма Пречистански]] <ref>Д. Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994, 38</ref>.
 
==== Идеите и плановите на Хаџи Николов ====
Ред 82:
 
=====Принципи за создавање на Организацијата =====
Во [[јули]] [[1893]] година И. Х. Николов во [[Софија]] имал средба со [[Гоце Делчев]] и [[Коста Шахов]], и ги преставил начелата врз кои требало да со основа организацијата.
 
:''1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна'' <ref name="spomeni">''Спомени на И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Грџиков, д-р Х. Татарчев (редакција на Иван Катарџиев), Скопје, 1995, 76-77, Х. А. Полјански, Гоце Делчев. . . т. 1, 110. ''</ref>. ''2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат иузложенени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербат на населението'' <ref name="spomeni"/>. ''3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана Македонија, Србите и Греците веќе не ќе можат да бараат делово од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија , Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија'' <ref name="spomeni"/>. ''4. Организацијат треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади'' <ref name="spomeni"/>. ''5. Од Македонците во Бугарија и од бугрскиот народ ќе бараме морална. . . и материјална подршка без притоа да ни се мешаат во работата'' <ref name="spomeni"/> <ref>[http://www.cdsee.org/pdf/WorkBook2_sr.pdf]</ref>.
 
=== Основање на организацијата ===
{{главна|Основање на Македонската револуционерна организација|Јануарска средба|Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници}}
{{quote|''Во Солун ја поминав следната година, на работа во печатницата на Самарџиев. Тука се сретнав со свои стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (род. од солунското с. Ајватово, сега член на битолскиот суд); д-р Христо Татарчев, Хаджи Николов (од Кукуш), Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на солунската општина?). Со нив ја обновивме старата идеја. Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник. Во неговата основа ги поставивме истите начела: барање да се примени Берлинскиот договор.''|'''Даме Груев'''|'''Спомени'''}}
''Организацијата'' е основана на 23. 10. 1893 година во Солун <ref>Д. Димески, Гоце Делцев, Битола, 1990, страна 42</ref>, од страна на [[Христо Татарчев]], [[Дамјан Груев]], [[Иван Хаџи Николов]], [[Христо Батанџиев]], [[Петар Поп Арсов]] и [[Андон Димитров]]. Основачкиот состанок се одржал во станот на [[Христо Батанџиев]], но треба да се истакне дека друштвото се конституирало како група без да избераат раководство и без писмен протокол. Конкретно организацијата е оформена за време на [[Јануарска средба|Јануарската средба]] кога е одлучено организацијата да се вика:
 
:''Македонска револуционерна организација (МРО)'', ''(на чело со б. н) Централен македонски револуционерен комитет (ЦМРК)'' <ref name="ht">Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995</ref>
 
Според [[Иван Хаџи Николов]] тогаш биле прифатени следните начела:
 
:''1) Организацијата да е тајна и револуционерна''. ''2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна. 3) Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност. 4) Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија. 5) Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.'' <ref>Основаването на ВМРО (записи на Иван Х. Николов) съобщава Христо Шалдев, Ил. Илинден VIII / 1 (71) София, 1936</ref>.
Ред 104:
[[Податотека:Разписка 266 от ЦМОРК за получени 500 наполеона от Българското Правителство чрез Димитър Ризов.jpg|мини|десно|200п|Расписка на Цeнтралниот Македонско-Одрински Револуционерен Комитет за добиени 500 наполеона од бугарската влада преку дипломатот [[Димитар Ризов]]. Натпис на печатот: Македонски централен револуционерен комитет. Датум: 24 ноември 1898 година]]
 
Во различни периоди од своето постоење организацијата имала различни имиња. Поради недостаток на изворна протокуларна документација, која во почетокот не се создавала и поради извесни противречности и недоречености во сведоштвата на самите основоположници во историската наука нема согласност под кое име Организацијата била основана. Еден дел од историчарите сметаат дека првото официјaлно име на организацијата било ''Македонска револуционерна органанизација'', или ''Македонски револуционерни комитети'' (МРК).<ref>[http://books.google.com/books?id=UeNBAAAAYAAJ&q=%D0%BC%D1%80%D0%BE+%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2&dq=%D0%BC%D1%80%D0%BE+%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2&hl=bg Историски преглед, том 25, издание на Бугарското историско друштво, Институт за историја на БАН, 1969 година стр 79.]</ref>
 
Други сметаат дека првото име на организацијата било ''Бугарски македонско - одрински револуционерни комитети'', а трети сметаат дека прво таа се викала МРО, а потоа БМОРК. Меѓутоа општа согласност во Македонската историската наука нема дека оваа организација некогаш се именувала БМОРК. Македонскиот историчар [[Крсте Битовски]] пишува: ''Дилеми како се викала ревoлуционерната организација при нејзиното формирање и дали познатиот, меѓутоа недатиран Устав кој Организацијата ја нарекува „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв, не постојат. Со определена задршка, се смета дека е тој прв Устав на Организацијата.''
 
Акад. [[Иван Катарџиев]] смета дека: '''"Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен... Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО).“"'' Некои бугарски научници, како [[Константин Пандев]] сметаат, дека првото уставно име на организациjата од 1894 година било Македонски револуционерни комитети, а во 1896 година на Солунскиот конгрес таа го добила името Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети. Пандев тврди дека ова име е сменето на ТМОРО дури во 1902 г. Овие тврдења се поддржуваат од спомените на [[Пејо Јаворов]].<ref>Тој тврди во биографијата на Гоце Делчев, дека уставот од 1896 година бил еднонационален и ги приклучвал само егзархистите Бугари: "Тоа собир (од 1896 година) утврждава еден устав на револуционерната организацијa, копијa на стариот бугарски устав, тврде оригинален со положбата, дека само егзархисти Бугари се приемат за членови на комитетите."</ref> Истите ставови на Пандев се поддржуваат и од известувањето на српскиот генерален конзул во Битола, Михаил Ристиќ до српскиот министер за надворешни работи С. Лозаниќ од 1903 г.<ref>Ристиќ му придодава на Лозаниќ документ во превод, кој го назначува како нов Статут на Револуционерната организација. Овој документ го носи насловот: "Статут на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација" и во секој поглед е идентичен со документот објавен 1902 г. според Пандев, како и со Статутот, кој според мислењето на Катарџиев бил составен уште во 1897 г. "До пре више од годину дана [тоа е до крајот на 1901 г., или до почетокот на 1902 г.] рад комитета имао ја чисто бугарско обележје, они су носили бугарску заставу ослобођења, они су својих присталица налазили само у онима који су пригрлили бугарску народну идеју. Наших [т.е. србоманите] и гркомана су се туђили па чак и пробојавали те се од њих морали осигуравати разним претњама. У последње време [т.е. при крајот на 1902 г.] они су понели стег ослобођења хришћана уопште и на мах се стали обраћати за помоћ и сарадњу свима хришћанима ма које народносне боје оне били." (БАН, Освободителната борба на българите в Македония и Одринско 1902/1904 - дипломатически документи, София 1978. 76)</Refref>
 
Од друга страна Битовски пишува: "И денес, доколку на кој и да е бугарски историчар му се испрати фотокопија на Уставот на ТМОРО од Британскиот архив (Уставот бил испратен во Лондон во 1898 г.), од која се гледа дека тој точно го определува името на Организацијата (ТМОРО) од 1897 г. тоj тоа ќе го смета како провокација“. Овие ставови на Битовски се поддржуваат од спомените на [[Илија Докторов]].<ref>''"Во почетокот организацијата беше националистичка. Во нејзините редовите се примаа само Бугари со докажана чесност. Оваа ситуација беше до 1896 година кога во првите денови на м. Август во гр. Солун се оддржа еден вид конгрес."'' „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов и Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, ISBN 9549514560, 2005 г., стр. 48.</ref> Меѓутоа општа согласност во бугарската историска наука со датирањето на Пандев нема. Сепак, нема спор меѓу историчарите дека во 1905 година, името ТМОРО било променето во ''"Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација"'' (ВМОРО).[[Ванчо Ѓорѓиев]] истакнува:
 
{{Цитат|''...ако Катаржиев бил повнимателен кон членот 8 од Уставот на БМОРК, каде е определен печатот на ЦК ќе забелжал дека за печатот е предвиден натписот Македоно-одрински централен револуционерен комитет. Ако ги следиме официјалните документи ќе забележиме дека првиот досега познат документ од името на Организацијата е потпечатен со печат на кој стои текст Македонски централен револуционерен комитет, при што Одринско не е спомнато, а на почетокот од документот во левиот агол стои кратенската ЦМРК. Токму овој печат неоспорно го потврдува пишувањето на првиот претседател на Организацијата д-р Христо Татарчев, кој вели дека името било Македонска револуционерна организација, на чело со Централен македонски револуционерен комитет...''<ref>Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи, Матица Македонска - Скопје, 2013</ref>}}
Ред 119:
 
Според [[Христо Татарчев]]:
:''Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи. Поради таа причина го напуштивме зборот бугарска од револуционерната организација, истотка и од централниот комитет'' <ref>Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995 <name="ht"/ref>.
 
:''Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи...Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут'' <ref>[http://www.webcitation.org/query?id=1256607646977940&url=www.geocities.com/vmro_makedon/Knigi/spomht.html Спомени - Христо Татарчев]</ref>.
 
:''Ние не можевме да дејствуваме поинаку и да ја предрешаваме судбината на македонскиот народ и оставивме на него понатаму да си ја кове судбината... Тоа што подоцна би се диктирало од неговите интерси, тој е слободен да прави како што сака'' <ref>Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995 <name="ht"/ref>.
 
=== Самостојна македонска држава ===
{{Главна|Самостојна македонска држава}}
Зад автономниот принцип се криела поголема цел, а тоа е создавање на слободна и независна македонска држава <ref name="SDV"/>. Тоа го потврдуваат и сведоштвата на првите луѓе на организацијата. [[Христо Татарчев]] истакнува дека: ''не се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и благото на целиот македонски народ'' <ref name="ht"/>. Во весникот ''Право'' во 1902 година јасно се истакнати целите на организацијата:
 
:''Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ'' <ref name="PRV"> Право, II/31 (39), 22. 09. 1902, 3</ref>.
 
===Одринско===
Ред 146:
{{quote|''Централниот Комитет дирекно ги назначува членовите на окружните комитети. Во вонредни околности ЦК има право раководството во окрузите или околиите да го довери на едно внатрешно или однадвор назначено лице. Окружните комитети го потврдуваат раководството на околиските комитети, а тие на селските комитети.''|'''Член 8'''|'''Устав на Тајната македоно - одринска револуционерна организација ''' }}
 
Организацијата била поставена врз строги хиерахиски централистички принципи. Таа се делела на селски, околиски и окружни комитети. Над нив се наоѓал ''Централниот Комитет''. Членовите на ''ЦК'' се бирале со мнозински гласови од страна на раководителите на окрузите или нивните преставници. Изборното начело важело само за ''ЦК'', а во останатите случаеви се применувал строгиот централистички принцип од горе надолу.
 
Изборното начело не се применувало во пракса, работите се одвивале врз другарски начела и со договарање. ''ЦК'' и останатите месни комитети се состоеле од ''претседател'', ''секретар'', ''касиер'' и неколку ''советници''.
 
''Месните револуционерни комитети'' се делеле на групи (''десетки'') на чело со началник (''десетник''). ''Началникот'' е најнискиот управен орган и само тој имал право да контактира со претседателот на комитетот, додека пак работниците ги познавале и контактирале само со членовите од својата група. При секој револуционерен округ егзистирала ''тајна пошта'', ''тајна полиција'' и ''терористичка група''.
 
По [[Солунски конгрес од 1896|Солунскиот конгрес од 1896]] година се формира едно ново тело, а тоа е [[Задгранично преставништво|Задграничното преставништво]] во [[Софија]] кое требало да ја преставува организацијата пред светот но и да застaне пред надворешните посегања. ''Задграничното преставништво'' имало право дирекно да кореспондира со ''ЦК'' на организацијата. Со [[Устав на ТМОРО|Уставот на ТМОРО]] и со окружното од [[октомври]] [[1898]] годинасе укинуваат терористичките групи и се заменуваат со околиски чети со што е поставена основата на [[Четничкиот институт на ТМОРО]].
 
Во поглед на административно - територијалната организациона поделба се формирале 6 револуционерни округа и тоа:
Ред 177:
 
Во текот на својата работа, ''Конгресот'' одлучува за:
* донесува Деловник за работа.
* донесува и менува Статут
 
* разгледува и усвојува извештај за финансиското работење на организацијата.
* донесува и менува Статут
* избира Претседател на организацијата.
 
* избирна Статутарна комисија.
* разгледува и усвојува извештај за финансиското работење на организацијата.
* донесува одлуки и други акти.
 
* избира Претседател на организацијата.
 
* избирна Статутарна комисија.
 
* донесува одлуки и други акти.
 
====Конгреси на организацијата ====
Ред 205 ⟶ 200:
=== Задгранично претставништво ===
{{главна|Задгранично претставништво}}
''Задграничното претставништво'' е создадено со одлука донесена на [[Солунски конгрес од 1896|Солунскиот конгрес 1896 година]], негова задача е да ја преставува организацијата пред [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] и бугарското општество без приотоа да се меша во нивните внатрешни работи, и со нив како и со [[Македонска емиграција во Бугарија|македонската емигарција]] да одржува добри односи и да бара морална и материјална подршка за организацијата. Една од главните задачи на ''ЗП'' е да застане на патот на надворешните посегања врз организацијата.
 
Дополнително на тоа, ''ЗП'' биле задолжено да одржува врска со странските претставници и да ги информираа за ситуацијата во [[Македонија]] и [[Одринско]], и да организира канали за пренесување на оружје и чети.
Ред 211 ⟶ 206:
=== Тајна полиција ===
{{главна|Тајна полиција на МРО}}
''Тајната полиција'' била составен дел од организацијата и преку неја се собирале информации за бројот и составот на османлиските сили (војска, полиција и башибузлук), се следело поведението на населението и се спроведувале казните врз секого кој згрешил во однос на македонското националноослободително делото, без ралика дали е или не е член на организацијата.
 
=== Тајна пошта ===
{{главна|Тајна пошта на МРО}}
Тајната пошта преставува паралелен систем за коресподенција во [[ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]], меѓу структурите во организацијата, коресподенција со други јавни и приватни лица или институции. Комуникацијата се вршела со хемиско бело мастило и шифри.
 
=== Четнички институт ===
Ред 221 ⟶ 216:
{{quote|''Пред да се засили Организацијата, господари на денот и ноќта беа Турците. Подоцна, штом наближи ноќта, Турците се прибираа по домовите, а потерите и војската во касарните. Организациските луѓе, имено тогаш почнуваа да излегуваат на работа и започнуваше комитското царство''|'''Г. И. Белев'''|''' ''' }}
[[Податотека:G Delchev.jpg|мини|лево|150п|Гоце Делчев]]
[[Гоце Делчев]] е основач на [[Четничкиот институт на ТМОРО|Четничкиот институт]], и истовремено творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Тој со својот блажен глас и пријатна надворешност успевал да ги реши сите недоразбирања, и успевал да придобие многумина кон револуционерното дело. Набргу Делчев е назначен за генерален инспектор на сите чети во Македонија и Одринско. Благодарение на неговата целосна преданост кон делото, народот во [[Македонија]] и [[Одринско]] почнува да се чувствува подготвен за борба.
 
Првите чекори на овој план се прават со ангажирање на арамии и нивно превоспитување во духот на ''ТМОРО''. Меѓу првите арамии и ајдутски војводи кои влегле во ТМОРО се: [[Апостол Петков]], [[Иванчо Карасулијата]], [[Кочо Љутата]], [[Атанас Тешовалијата]], [[Андон Ќосето]], [[Атанас Градобалијата]], [[Георги Бродалијата]] и др. Тие од себе созале легенди и голем дел од нив загинале како херои. Потоа во организацијата како кадар биле внесени резервните офицери од бугарската армија. Меѓу нив имало [[Македонци]] и [[Бугари]]. Меѓу првите биле [[Михаил Апостолов]] - Попето, [[Христо Чернопеев]], [[Марко Лерински]] и др. Кон крајот на [[1899]] година , во четите како кадар биле поставувани учителите и граѓаните.
 
Татарчев истакнува дека кон крајот на [[1899]] година и почетокот на [[1900]] година целата земја била прошарана со чети. Со формирање на првите чети кои патролираат по селата со цел да го челичат борбениот дух на народот, започнуваат и ликвидации од страна на ТМОРО врз турски злосторници. Прво нешто што месните чети прават е напади врз агите и селски зулумџии, кои веќе се плашат да прават своеволија врз незаштитеното население. Четите биле должни да ги помагаат комитетите принасилното собирање на средстава и требало да ги спроведуваат смртните пресуди.
Ред 232 ⟶ 227:
Во почетокот оргазнизацијата се финансирала преку членските вносови на членовите, сумата изнесувале половина лира на едно тромесечје, од 2 го 5 лири. Меѓутоа на ''Ресенското советување'' било одлучено финансиски средства да се собира и од сипатизерите на делото. Финансирањето на организацијата било регулирано со ''Првиот правилник'', каде било истакнато дека материјални средства може да се собира и по пат на закани и насилства врз лица кои можеле да го помогнат делото но несакаат. За остапената сума организацијата давала ''Расписка'' (Сметка) со печат на ''ТМОРО''.
Доколку лицата несакале да дадат финансиски средстава тогаш парите биле изнудувани со терористичката група која егзистирала при секој комитет, подоцна комитетите при насилно собирање на средстава биле помагани од четите на организацијата. По [[Солунски конгрес од 1896|Солунскиот конгрес од 1896]] <ref name="vgj"/> година кога организацијата засилено започнала да се воружува се покажало дека финансиските средстава од членовите и сипатизерите на делото не се доволни и затоа организацијата започнала да се занимава со грабнување на лица со цел на тој начин да се соберат средстава.
 
Биле киднапирани голем број на богати бегови, гркомани но и странски државјани, а најпознато е [[Афера Мис Стон|грабнувањето на Мис Стон]]. Меѓутоа Организацијата добивала помош и од македонската емиграција од [[Бугарија]], првенствено од [[Македонски комитет|Врховниот комитет]], но тоа се покажало како штетно по делото, бидејќи [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] сакал да се наметне на ТМОРО и затоа двете организации постојано доаѓале во судир и помошта честопати била прекратувана. Организацијата имала и соработка со бугарската влада од која добивала финасиски средстав и оружје, но поради обидот на бугарската влада да ја стави организацијата под своја контрола соработката и контактите биле прекинати. При собирањето на финансиките средстава, организацијат била отворена за соработка со секого кои би можел да ја помогне, но под услов да се почитуваат нејзините начела и принципи, односно самостојноста на организацијата.
Ред 243 ⟶ 238:
Но со текот на годините како што [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] се засилувал и била поставувана организациската мрежа повеќе не се правело разлика помеѓу [[Бугарска егзархија|егархистите]] и [[Цариградска патријаршија|патријарашистите]], односно со [[Устав на ТМОРО|новиот устав]] од 1897 година организацијата била отворена за секого без разлика на верата и народноста. Според [[Димитар Влахов]]: {{quote|''...Првично револ. организација почна да работи среде бугарското население во Македонија и тоа не среде целото буг. население, туку само среде тоа дел од него, коj се спаѓааше во Буг. Егзархија. Таа се однесуваше со недоверба кон Бугарите не екзархисти... Што се однесуваше до револуц. работа среде другите македонски народи - Турци, Албанци, Куцовласи и Грци, за основачите на Oрганизацията такво прашање не постоеше... Подоцна, кога истите тие водачи видоа дека идејата за ослободување на Македонија може да најде сочувство среде Бугарите не екзархисти, како и среде другите народности во Македонија и под влијание на членовите на организацијата со леви разбирања, тие го заменија статутот на организацијата во смисла, дека член на организацијата може да биде секој Македонец, од која народност и да е тој и какви и да биле неговите политички сфаќања, само да прима нејзините принципи и се бори за политичката автономија на Македонија ... "<ref>Димитър Влахов, „Борбите на македонския народ за освобождение“, 1-во изд. Виена, 1925 г. стр.10-11.</ref>}}
 
Отука членови на организацијата биле претежно [[Македонци]] (во Македонија) и претежно [[Бугари]] (во Одринско), но имало и [[Власи]], [[Црногорци]], [[Срби]], [[Грци]] и др. Дел од турското население незадоволно од општата состојба во [[ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]] на разни начини дирекно или индирекно ја помагале организацијата, а најчесто како јатаци или снабдувачи со разни материјали кои и биле потребни на организацијата. Јадрото на организацијата го сочинувале [[Македонците]], но имало и [[Бугари]] најчесто како војводи, секретари или обични членови, најмногу во [[Одринско]] <ref>"... не треба да се обрне внимание само на терминот "Бугарски" во едно од имињата на единствената ВМРО, туку и на константното "О" во името на организацијата, кое се губи дури по Првата световна војна и физичкото разделување на неколкуте делови на Македонија од Одринско. Познато е дека првото име на револуционерната организација е БМОРК – Бугарски Македоно Одрински Револуционерни Комитети, а потоа таа се преименувала во ТМОРО, ВМОРО и најпосле во ВМРО. Организацијата, во името, во дејствувањето и во чувствувањето го содржела и Одринско каде што, неспорно живееле етнички Бугари. Илинденското востание во 1903 година е всушност Илинденско преображенско востание кренато со најголем интензитет во Битолскиот и Одринскиот вилает на тогашната Отоманска империја..." Извадок на промоцијата на Зборникот документи за Тодор Александров на д-р Зоран Тодоровски „Сè за Македонија” оддржана во скопскиот хотел “Холидеј Ин”</ref>,
 
Како што се на пример некои членови на [[Централен комитет на МРО|ЦК]], ([[Иван Гарванов]]) или некои членови на [[Задгранично претставништво|ЗП]] ([[Димитар Стефанов]]). Поради недостаток на раководен кадар за [[Четнички институт на ТМОРО|четничкиот институт]] организацијата почнала како војводи на четите да ги поставува офицерите од бугарската армија, а меѓу првите биле [[Михаил Апостолов]] - Попето, [[Марко Лерински]], а војводскиот кадар дополнително подоцна бил пополнет од млади бугарски и небугарски интелектуални идеалисти кои под влијание на револуционерната идеја и идеализмот зеле учество во борбата против [[ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]].
 
Meѓу нив се нашле: [[Крсто Асенов]], [[Никола Дечев]], [[Слави Мерџанов]], [[Васил Попов]], [[Јулиј Розентал]] и многу други <ref name="ht"/>. ''МРО'' успеала да ги обедини сите незадоволници во [[Македонија]], без ралика на верата и народноста околу идејата за ''Автономна Македонија'', со што биле поставени основите за зачеток на Македонската нација.
Ред 254 ⟶ 249:
Уставо - статутарните акти на организацијата регулираат голем број на внатрешни и надворешни прашања кои ја засегале дирекно или индирекно организацијата. Овие нормативни акти имаат своја генеза од која може да се проследи развојот на самата ''Македонска револуциционерна организација'', нејзините цели, принципи и начела но истовремемо тие даваат доплонително светло за поставеноста и функционирањето на организацијата. Првиот устав на Македонската организација е донесен по [[Јануарска средба|Јануарската средба]] но пред [[март]] [[1894]] година <ref>АМ. ф. 1953, Даме Груев, оп. 1, а. е. 5, л. 158-159</ref>. Целото име на уставот гласи: ''Устав на Бугарските македоно - одрински комитети'' <ref>[http://promacedonia. org/hk/hk_pr4. htm Устав на БМОРК. ]</ref>
 
Отука произлегуваат извесни контрадикторноси и недоречености кои се однесуваат на карактерот и целта на организацијата. Треба да се истакне дека основоположниците на организацијата биле [[бугари|бугарски]] [[образование|воспитаници]] и бугарското влијание им било наметнувано од низ години преку [[Образование|воспитно - образовниот процес]] <ref name="vgj"/>, и тие од тоа влијание не се ослободиле наеднаш туку постепено <ref name="vgj"/>. Од друга страна, [[македонци|МакедонцитеМакедонци]]те кој биле под [[Црква|духовна]] јуриздикција на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], e именувано како [[Бугари]] <ref name="vgj"/><ref>Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980</ref> <ref name="vgj"/> <ref>Спомени, Димитар Влахов</ref>, како што [[Македонците]] [[Цариградска Патријаршија|патријашисти]] биле нарекувани [[Грци]] <ref name="vgj"/>.
[[File:Устав на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организ.pdf|thumb|мини|лево|Уставот на ВМОРО од 1905 година (кликнете за да го отворите во целост)]]
Затоа името на првиот норамативен акт е Устав на Бугарските македоно - одрински револуционерни комитети, односно целта е да се делува најпрво меѓу ''македонците - егзархисти'' <ref name="vgj"/>, а потоа да се тргне по сопствен пат <ref name="vgj"/>, тоа е евидентно од [[Уставот на ТМОРО]] каде се истакнува дека: ''Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е комприминтиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биден корисен на револуционерното ослободително дело. '' <ref>[[:s:Устав на ТМРО|Устав на ТМОРО]]</ref>.
 
Според спомените на Татарчев, одлука за созадавање на првиот правиникот била донесена за време на [[Ресенско советување|Ресенското советување]], и дека негов автор е [[Иван Хаџи Николов]]. Татарчев притоа истакнува дека, праксата ја наметнала потребата од донеување на правилникот, но врз основа на ''членот 14'' од ''Уставот'' на ''МРО'' се гледа дека донесувањето на правилникот било уставна обврска. Правиникот се состои од ''50 члена'' поделени во ''11 глави'' <ref>Правиник на буг. македонско одриски комитет, АО, ИНИ сл. I, 355, 1-15</ref>.
 
Вториот устав на организацијата е создаден по Солунскиот конгрес од 1896 година, од страна на [[Гоце Делчев]] и [[Ѓорче Петров]], притоа со новиот устав организацијата го добива името: ''Тајна македоно - одринска организација''. Со што е евидентно дека организацијата целосно раскинала со бугарското влијание кое се чуствува во првиот устав и правилник. Новиот устав и правилник биле зосновани врз старите акти, но акцентот бил ставен врз конгресните одлуки. За регулирање на [[Четнички институт на ТМОРО|Четничкиот институт ]] бил изработен правилник за четите од страна на [[Гоце Делчев]] и [[Ѓорче Петров]] во 1900 година, тој бил изрботен врз основа на членот 11 од Уставот на ТМОРО и окружното на ЦК од октомври 1898 година.
 
Според Борис Сарафов, правилникот бил изработен од Ѓорче Петров и капетанот Димитар Венедиков. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на Централниот комитет. Целосното име на третиот устав на организацијата е ''Устав на Внатрешната македоно - одринска организација'' преименувањето на уставот, а воедно и на организацијата е направено од практични причини бидејќи, организацијата по [[Илинденското востание]] повеќе не била тајна, и со нејзините цели и намери биле запознаени сите.
Ред 270 ⟶ 265:
{{quote|''Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува... (Егзархијата б.н) сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин - се гледа во нашата народност. (Се стреми б.н) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин... да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез... да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш''|'''Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници'''|''' ''' }}
[[Податотека:Yosif I.jpg|мини|лево|150px|[[Егзарх Јосиф I]] ([[1877]]-[[1915]])]]
Антиегзархиското движење кое се појавило во деведесетите години на [[19 век]] во [[Македонија]], со појавата на организација, ова движење добило интензитете и кулминација. Судирот помеѓу ''МРО'' и [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] бил неизбежен <ref name="vgj"/> бидејќи организацијата се залагала за самостојно работење, подготовка на населението, кревање на едно внатрешно востание и создавање на македонска самостојана држава <ref name="PRV"/>.
 
[[Бугарска егзархија|Егзархијата]] која со својата црковно - просветна пропаганда ја култивирала земјата и создавала услови за присоединување на [[Македонија]] кон [[Бугарија]] <ref>[http://macedonian. atspace. com/knigi/ppa_stam. htm "Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници"] {{bg}} - Вардарски (Петар Поп Арсов)</ref>. Каков став ''Организацијата'' зазела кон [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] и нејзините преставници се гледа од нејзиниот прв акт создаден од страна на [[Петар Поп Арсов]] по барање на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]], а станува збор за брошурата [[Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници]].
 
Бидејќи брошурата е создадена по барање на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] и од страна на еден од основачите на организацијата, од брошурата се дознава стојалиштето на ''Македонската револуционерна организација'' кон [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] и нејзините приврзаници [[Македонија]]. Организацијата започнала борба за контрола на ''Црковно - училишните општини'' и преку оваа борба таа сакала да го привлече населението на своја страна и истовремено застанала во заштита на македонскиот национален индивидуалитет кој се наоѓал во опасност од егзархиската пропаганда <ref>Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006</ref>.
 
Каков бил ставот на [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] кон ''МРО'' дознаваме од коресподенцијата на егзархот [[Јосиф I]] водена со бугарското министерство за надворешни работи и вероисповед во кое тој искажува стравување за бугарската идеја во [[Македонија]]. Во писмото од 15. 10. 1897 година егзархот истакнува:
 
:''Некои запалени глави сметаат дека Св. Егзархија е единствената пречка Македонија да остане и понатаму под Османската империја и се нафрлија врз неа како волци. . . Во сегашниот момент се нафрлија врз општините со цел да ги направат инструмент за своите бунтовнички цели. . . Секакво нивно политизирање и служење на нечисти цели ќе ја оневозможи Св. Егзархија во нејзината висока мисија да го зачува бугаризмот за идните поколенија. Ние. . . сме свесни какви се последици. . . ќе има политизирањето со општините денес, а да не зборуваме за утре, при евентуално создавање на автономна Македонија. Св. Егзархија. . . при две оделни држави не ќе може да ја врши својата бугарска мисија. Или ќе стане исклучиво македонска, или исклучиво бугарска. Каде тоа би не одвело, посебно не треба да се потцртува. . . Подобро е да сметаме дека делови од единствената бугарската територијата се се уште под ропство, отколку за сметка на некаква слобода, бугарското населние во Македонија за секогаш ќе биде загубено за Бугарија'' <ref name="SDV"/>.
Ред 282 ⟶ 277:
Во писмото од 14. 04. 1901 година егзархот [[Јосиф I]] искажува стравување поради формулацијата ''обединување на сите без разлика на верата и народноста'':
 
:''Јас мислам дека се гони тајна цел, имено : обединување на македонското население на македонска почва и остварување на поодамна замислената идеја за македонско словенска етничка група на Балканот. Во таков случај натамошната дејноста на Бугарската егзархија е непожелна, бидејќи во автономната македонска држава ќе се наметне потребата за единствена црква'' <ref name="SDV">С. Димевски, Присуството на Теодосиј Гологанов во развојот на македонската национална мисла во епохата на национално - револуционерното движење, ГИНИ, XX/2, Скопје, 1976. </ref>.
 
Поради различните принципи и цели односите помеѓу ''МРО'' и [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] биле исполнети со закани, притисоци и уцени, но ''Организацијата'' била принудена да преговара со [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] бидејќи од неа зависело назначувањето на учителскиот кадар во Македонија кој и бил потребен, а од друга страна [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] иако правела разни пречки, морала да ги приваќа условите на организацијата за да не биде компримитирана пред османлиските власти <ref name="vgj"/>.
Ред 289 ⟶ 284:
{{quote|''Централистите беа решиле со терор да се справат со Гарванова и др.. Тоа нам ни штетеше многу тука, на делото. Ѓорче аплаудираше на акцијата против Наумов. Беше на мислење дека треба да се испоколат сите од „Братството“, - никакво разбирање, никакво помирување.''|'''Борис Сарафов''' }}
[[Податотека:Vasil Kanchov.JPG|мини|лево|150px|[[Васил Иванов К’нчов]]]]
Идеолозите на егзархиската групација во [[Македонија]] се наоѓале околу [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија ''Св. Кирил и Методиј'']] и егзархиската каса. Во оваа групација се наоѓле лица кој биле родум од [[Бугарија]]<ref name="dv">Спомени на Димитар Влахов. . . , 31-32. </ref>, тие биле опседнати со големо бугарската идеја <ref>Пречки и опасности ( од записите на Иван. Х. Николов), Ил. Илинден, 2 (82), Софија, 1937. </ref> , и успеале кон себе да привлечаат дел од македонските конзервативни чорбаџи <ref name="dv"/>. Во оваа група биле: [[Васил Иванов К’нчов]], [[Михаил Сарафов]], [[Јосиф Кондов]], [[Коне Самарџиев]], [[Иван Гарванов]], [[Делчо Колушев]], [[Христо Ганов]] и други. Нивата цел е сето македонско христијанско население да се сплоти околу [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] да се подржи црковно - просветното дело, а другото: ''... кога ќе дојде време ќе го сврши Бугарија со своите 200 000 штика'' <ref>Христо Силянов, Освободителнитѣ борби на Македония т. 1, 123 - 124</ref>. Проегзархистите сметале дека крупните работи не се за учители и коректори, и работи треба да се оставаат на [[Бугарска егзархија|Егзархија]] и [[Бугарија]].
 
Во почетокот егзархистите сметале дека дејноста на Организацијата нема да постигне вистински резултати меѓутоа во [[1895]] година [[Централен комитет на МРО|Центаралниот комитет]] ќе се засили и егзрхиската групација увидела дека нејзиното влијание во [[Македонија]] опаѓа и затоа тие ги промениле средставта и целите.
 
Започнале со копирање на ''МРО'' и со сличните нејзини револуционернида проповеди. Отука во [[март]] [[1897]] година егзархистите ќе го создадат [[Бугарско тајно револуционерно братство|Бугарското тајно револуционерно братство]]. Целата на Братството е да се преземе [[Централен комитет на МРО|Центарлниот комитет]] и од Солун да се остранаат [[Дамјан Груев]], [[Христо Татарчев]] и [[Иван Хаџи Николов]]. Со појавата на оваа ''Братството'' судирите добиле на интензитет и дошло и до физички престрелки. До помираување на егзархистите и организацијата ќе дојде во [[септември]] [[1899]] година кога ќе дојде до растурање на ''Братството'' и негово слевање во редовите на организацијата. Меѓутоа:
Ред 301 ⟶ 296:
{{главна|Односите помеѓу ТМОРО И ВМК|Македонската емиграција во Бугарија}}
{{quote|''Но, ние не сме согласни со тоа што вие мислите за Македонија... Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да прават политика со Македонија... Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот. Нема да дозволиме да командувате од тука, за да не внесете во игра на востание како што се обидовте лани... Но, знајте, ние не бараме покровители, а уште помалу господари''|'''Гоце Делчев''' }}
Односите помеѓу ''ТМОРО'' и [[Врховен македонско-одрински комитет|ВМОК]] имале своевиден колорит и влијание врз севкупниот развој на македонското националноослободителното движење. По формирањето на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет]] во [[Софија]], ''МРО'' со внимание ја следела неговата активност, стремежот на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] е да се побара морална и материјална помош од [[Македонската емиграција во Бугарија|македоската емиграција]] во [[Бугарија]].
 
Меѓутоа ''МК'' сакал да се наметне како раководител на цело македонско револуционерно дело. Таквите различности допринеле со текот на годините двете организаци целосно ги прекинат врските и да започнат меѓусебна воружена борба, а таквата состојба се покажала како кобно за целото македонско национално ослободително движење.
Ред 308 ⟶ 303:
{{quote|''Македонија не е една колонија, која би можела да се третира на сфери и влијанија. . . македонскиот народ не може да трпи слични комбинации за дележ на неговата родна земја''|'''Христо Татарчев''' }}
[[Податотека:Konstantin-Stoilov.jpg|мини|лево|130px|Бугарскиот премиер [[Константин Стоилов]]]]
''Македонската револуционерна организација'' поради заткулисните игри на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] започнува контакти со бугарската влада. Целта на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] е да се побара материјална и финансиска помош од владата во [[Софија]]. Првите контакти биле остварени со посредништво на офицерите кој учествувале во [[Мелничко востание|Мелничкото востание]], [[Борис Сарафов]], [[Антон Бозуков]], [[Стојчо Гаруфалов]] и поранешниот воен министер [[Рачо Петров]]. На [[22 јуни]] [[1896]] година [[Ѓорче Петров]] имал средба со бугарскиот премиер [[Константин Стоилов]], на оваа средба Ѓ. Петров побарал 5 - 10 000 пушки и 100 000 лева <ref>Ѓ. Петров, Спомени, Коресподенција. . . , 84</ref>. Бугарската влада сметала дека треба да се вооружи населението во [[Македонија]] и на тој начин да се држаат работите во свој раце. Првото количество на оружје за организацијата биле испратено кон крајот на [[1896]] година и станувало збор за пушки од системот ''кримки''.
 
Меѓутоа целта на бугарската влада е да ја стави под своја контрола организацијата и затоа двете страни многу бргу дошле во судир. Имено, за остапените пушки владата не дала муниција и дополнително се обидела да се вмеша во внатрешните работи на организацијата <ref>Ѓ. Петров, Спомени, Коресподенција. . . , 89</ref> .
 
Стоилов барал оружје да не се праќа во [[Одрин]] и таму да не се подготвува и крева востание за да не настрада бугарскиот елемент. Откако дошло до раскинување на односите, [[Константин Стоилов]] се решил дирекно да кореспондира со некој од раководителите на организацијата.
 
Во март [[1898]] година во Софија, Стоилов и [[Дамјан Груев]] имале средба <ref>А. Шопов, Дневник. . . , 75</ref>. Но ни по оваа средба односите не се подобриле, всушност тие се влошиле со окружното на Стоилов од 4. 09. 1898 година испратено до трговските агентсва во [[Македонија]], во оваа окружно Стоилов им наредил на агенствата да ја ставаат организацијата под контрола на бугарската влада <ref>А. Шопов. . . , 84 - 85. </ref> <ref>В. Георгиев и С. Трифонов, Историја на Бугарија. . . , 343 - 344</ref>.
 
Од своја страна на 27. 09. 1898 година [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] испратил свое окружно до бугарската влада, окружното било во збиена форма и меѓу другото се протестирало против српско - бугарските преговори за поделба на [[Македонија]].[[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] на своите комитети им наредил да ги бојкотираат бугарските агенства во [[Македонија]]. Стоилов својот последен обид за помирување со организацијата го направил на 5. 10. 1898 година кога во [[Софија]] на [[Димитар Ризов]] му дал 10 000 лева за организацијата.
 
[[Ѓорче Петров]] истакнал дека организацијата нема да ги земе парите затоа што несака да стане орудие на бугарската влада. Во [[Солун]], Д. Ризов парите сакал да му ги даде на [[Христо Татарчев|Татарчев]] но тој одбил да ги земе, со што контактите меѓу двете страни целосно биле прекинати. Во однос на контатктите со бугарската влада и нејзините игри [[Ѓорче Петров]] истакнува:
Ред 327 ⟶ 322:
{{Главна|Виничка афера|Валандовска афера|Битолска провала (1900)|Солунска афера|Струмичка афера|Афера Мис Стон|Крушевска афера|Грабнување на Даме Груев}}
 
Во текот на своето егзистирање организацијата се соочил со голем број на провали и афери. Виничката афера од 1897 година е првата голема провала во ТМОРО.
 
Таа започнала во селото [[Виница]] и предизвикува разстројство на револуционерната мрежа во Скопскиот окрук. Како резултат на Виничката афера. организацијата губи многу оружје, претрпува морални штети и е лишена вреден организационо - агитаторски кадар.
 
Оваа афера е само почеток на серија провали кои ја ослабнале организацијата. По Виничката афера следуваат Керемидчиоглувата афера во [[Одринско]], Валандовската афера (1899), Солунската афера (1901), Струмичката афера (1901), грабнувањето на [[Мис Елен Стон]] (1902) и секако последиците од Солунските атентати (1903).
 
Провалите ја откриваат потребата од поголемо внимание и ефикасност при револуционерната активност.
 
Единствен бенефит од овие провали е што тие ја симанле таинствената мистерозност од организацијата, и од обвиненијата на турските власти против нејзините членови, сите разбрале дека организацијата подготвува востание и дека сака да создаде нова власт ([[влада]]) во [[Македонија]], односно самостојна македонска држава.
Ред 341 ⟶ 336:
{{quote|''Досега сте можеле да се убедите дека Македонците си стојат на зборот, и Вам, имено Вам, би Ви следело да ги научите од нас правилата на воена чест. Но, да не говориме за тоа што нема да биде... Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата''|'''Даме Груев'''|'''Писмо на Даме до Хусеин Хилми паша'''}}
[[Податотека:Даме_Груев.jpg|мини|лево|150п|Даме Груев]][[Податотека:Ilinden-Preobrazhenie-proclamation.jpg|десно|мини|180п|Повик за објавување на востанието]]
По неколкугодишно вооружување на населението, ТМОРО создава една вистинска држава во држава. Населението своите спорови ги носи на револуционерните судови наместо на [[Турција|турските]], секојдневно се вршат обуки за користење на оружје, се создаваат куриски служби, селска милиција итн.
 
Заради големиот притисок од [[врховисти]]те, особено по нивното [[Горноџумајско востание]], како и заради зголемениот број судири на четите на ''ТМОРО'' со [[Отоманска Империја|турската]] војска, на [[Смилевски конгрес|Смилевскиот конгрес]] на организацијата на [[20 јули]] (2 август нов стил) [[1903]] година во [[Битола|Битолскиот вилает]] е потврдено решението на [[Солунски конгрес|Солунскиот конгрес]] да се дигне сенародно востание <ref>Во продолжение академик Катарџиев потсети на неколку значајни настани од Илинденската епопеја "Во прв ред тоа е Солунскиот конгрес на ВМОРО, одржан во првите дни на јануари 1903 година, на кој е донесено решението, во текот на годината во Македонија да се подигне востание, види: [http://217. 16. 70. 245/?pBroj=1229&stID=6926&pR=5 Во НУБ „Св. Климент Охридски" отворена изложбата „Сто години Илинден - сто години државност", Утрински весник, Број 1229 понеделник, 16 октомври 2006]</ref>. Две недели по почетокот на востанието во Македонија, тоа започнало и во [[Одринско]]. Водач на востаниците во Одринско е [[Михаил Герџиков]].
 
8000 вооружени [[Македонци]] востануваат на 2 август 1903 година и ги растресуваат темелите на Отоманската власт во [[Македонија]]. Во првите два дена од востанието, македонските востаници со пушка во раце ослободуваат 150 села и три града ([[Крушево]], [[Невеска]] и [[Клисура]]). Се создава востаничка територија која се протега од [[Дебар]]ско - [[Кичево|Кичевскиот]] регион, преку [[Охрид]]ско, [[Струга|Струшко]], [[Битола|Битолско]], [[Лерин]]ско, [[Костур]]ско и [[Воден]]ско. Целата турска војска и администрацијата од оваа територија е или ликвидирана или пребегната. Вооружени битки се водат и во [[Пирин]]скиот крај, во [[Куманово|Кумановско]], во [[Гевгелија|Гевгелиско]] и во [[Делчево|Делчевско]]. Востанието трае цели 4 месеци (почнува на 2 август, а последните вооружени дејствија завршуваат во ноември).
 
Во Битолскиот вилает се воделе 150 борби со 19.152 востаници против 292.735 противници. Убиени или ранети се 746 востаници, а 3.087 убиени или ранети Турци. Биле запалени 122 села со 8.646 куќи. Без покрив останале 51.606 жители, а бројот на убиени или заклани е 1.779 души. Во Солунскиот вилает, од 2 август до 8 септември 1903 години дошло до 32 борби во кој паднале 109 востаници, додека во Скопскиот во неколку борби од 14 август до 14 ноември 1903 г. паднале 93 четника. Во сите три вилаети во текот на востанието паднале 949 востаници во 197 борби. Во текот на целото востание во Македонија во 1903 година настрадале 16 околии со 201 населено место. Биле изгорени 12.400 куќи, а без покрив останале 70.836 лица, биле убиени 8.816 мажи, жени и деца, 30.000 луѓе ги напуштиле своите родни места.
Ред 356 ⟶ 351:
{{quote|''Организацијата им се спротиставува на стремежитер за делба и завладување на тие области од која и да е држава.''|'''Член 2'''|'''Устав на Внатрешната македоно - одринска револуционерна организација ''' }}
[[Податотека:Pavlos Melas.jpg|мини|лево|150п|[[Павлос Мелас]]]]
По востанието во Македонија ситуацијата е очајна, гладот, разочарувањето, уништувањата од воените дејатвија и студот довеле до очај кај населението. По таквата ситуација, поголем број од селското население бара заслоништа во градските центри, а други во потрага за леб заминале во емиграција или на печалба во [[Грција]], [[Србија]], [[Бугарија]] и [[Романија]], а добар дел се населиле во [[Северна Америка]].
 
Во така тешка ситуација прва на помош на населението му притекнала ''Револуционерната организација'', која истовремено пристапила кон поврзување на своите редови и подигање на моралот кај населението. Тешката положба по востанието уште повеќе се искомплицирала со зголемувањето на интензитетот на воорушените пропаганди од соседните земји - (бугарската, грчката и српската, а во еден период и романската <ref name="IMN"/>, чија цел била со средства од државните буџети да се подготви терен за поделба на [[Македонија]] <ref name="IMN"/>.
 
Основната цел на врховистичката акција и натаму си останала иста, да се завладее со организацијата и таа да се почини на потребите на бугарската држава. Главната пречка за остварување на овие цели биле [[Серска група|Санданистите]] на чело со [[Јане Сандански]] <ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ стр, 18о издание 1988 год. Скопје''</small> </ref>.
 
Кон крајот на 1903 година во [[Атина]] се создава [[Грчки Македонски Комитет|Грчкиот македонски комитет]], а во [[1904]] година во [[Врање]] е создаден [[Српско четничко движење|Српскиот четнички покрет]].
 
Грците успеале да направат силни бази во [[Солун]], [[Кожани]] и [[Драма]], додека србите биле најсилни во [[Скопје]], [[Порече]] и [[Велешко]]. Целиот период 1903-1908 год. се карактеризира со непрекината борба помеѓу четите на пропагандите, а особено на сите тие со четите на ''ТМОРО''. Се воделе многубројни битки помеѓу завојуваните групи по линијата на [[Скопје]] - [[Велес]] - [[Битола]] - [[Костур]] - [[Лерин]] - [[Воден]] – [[Сер]].
 
Особено тешке била положбата на силите на ''ТМОРО'', кои морале да се борат и со редовната турска армија. Турската армија толерантно се однесувале према четите од пропагандите и им овозможувала непречено движење низ [[Македонија]] се до [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] од [[1908]] година.
Ред 372 ⟶ 367:
{{quote|''Од помирувањето на Македонците не треба да се плашиме. Не е ни искрено, ни трајно. Внатрешната организација си ја одигра својата улога, сега ѝ преостанува да ја запали и својата колиба''|'''Српски дипломатски претставник Св. Симиќ'''|'''Даме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник...'''}}
[[Податотека:Jane Sandanski 2.jpg|мини|лево|150п|Јане Сандански]][[Податотека: Killed Garvanov and Sarafov.jpg|мини|десно|300п|Телата на [[Борис Сарафов]] и [[Иван Гарванов]]]]
По неуспехот на [[Илинденското востание]], во Oрганизацијата дошло до спротивставени обинувања во раководство, што се пренесувало и на теренот во окружните и пониски организациони структури. По 1904 година, огранизацијата отворено се поделила на две крила: [[Умерно - конзервативна струја (МРО)|десницата]] ја сочинувале: [[Христо Матов]], [[Иван Гарванов]], [[Борис Сарафов]] и други; а [[Радикалнa - реформска струја|левицата]] ја сочинувале: [[Јане Сандански]], [[Христо Чернопеев]] и [[Димо Хаџи Димов]]. Следната година (1905) бил одржан заеднички конгрес на Организацијата, кој се одржал во [[Рилскиот манастир]]. Според новите уставо - статутарни акти, организацијата се децентрализирала, а бил избран и нов [[Централен комитет на МРО|Централен комитет]] во кој влегле: [[Дамјан Груев]], [[Пере Тошев]] и [[Тодор Поп Антов]]. Очекувањата дека конгресот ќе стави крај на поделбата не се оствариле. [[Дамјан Груев]], до неговата смрт во [[1906]] година, успеал да одржува првидно единство, но потоа дошло до конечен расцеп во Организацијата. На [[10 октомври]] [[1907]] година, [[Јане Сандански]] го наредил убиството на драмскиот војвода [[Михаил Даев]], близок на десното крило; на 28 ноември [[Тодор Паница]], по наредба на [[Јане Сандански]], ги убил [[Борис Сарафов]] и [[Иван Гарванов]], а [[Христо Матов]] го избегнал атентатот.
 
На [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскот конгрес]] во март [[1908]] година [[Серска група|Санданистите]] не биле поканети и, под водство на [[Христо Матов]], водачите на левото крило во отсуство биле осудени на смрт.<ref name="IMN"/> Во мај истата година, во [[Банско]], се одржал [[Мајски конгрес|Мајскиот Конгрес]] на левото крило на Организацијата на кој била донесена одлука за основање на нова организација, под името [[Македоно-одринска револуционерна организација]] и за распушање на [[Четнички институт на ТМОРО|четничкиот институт]].<ref group="б" name="vg_13"/>
Ред 378 ⟶ 373:
==Обиди за возобновување==
{{главна|Обиди за возобновување и реосновање на ВМОРО}}
Според некои истражувачи, по [[Младотурската револуција]] и по воспоставувањето на парламентарното уредување, Организацијата престанала да постои.<ref>[[Македонска Енциклопедија]]</ref> Тогаш, од членови на ВМОРО, кои преминале во легалност, биле создадени две политички партии: [[Соjуз на бугарските конституциони клубови]] и [[Народна федеративна партија (бугарска секција)]].
 
Во август 1910 година, со донесувањето на Законот за забрана на граѓанските партии, дошло до ликвидација на партиите од страна на младотурскиот режим. Според други научници, по 1910 година, Организациjaта била обновена и настанала постепена [[трансформација на ТМОРО во ВМРО (Автономистичка)]]. Тој процес започнал со [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] од [[1908]] година и се одвивал сè до [[1919]] година. По завршувањето на овоj процес дошло до појава на [[ВМРО (Автономистичка)]], која станала еден од најголемите наследници на старата Македонска револуционерна организација и која ја обновила борбата за ослободување на [[Македонија]].<ref>Зоран Тодоровски „ВМРО 1924-1934“, РОБЗ, Скопје, 1997.</ref>
Ред 411 ⟶ 406:
<ref name="vg_1">Бугарската историографија во автономниот принцип на организацијата гледа како на средство за присоединување на Македонија кон Бугарија со што на организиацијата и дава белег на поборник за обединување на Македонија и Бугарија, иако во весникот Право било јасно истакнато дека: Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ (Право, II/31 (39), 22. 09. 1902, 3), не постои ни еден официјален документ на организацијата каде што таа истакнува дека се залага за присоединување на Македонија кон Бугарија</ref>
 
<ref name="vg_2">Низ историјата, во зависност од раководните лица и политичката струја, организацијата била позната под различни имиња. Така таа била позната како Македонска револуционерна организација (МРО), Бугарски македоно - одрински револуционерни комитети - (БМОРК), Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО), Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Под кое име Организацијата била основана во историската наука нема согласност. Еден дел од историчарите сметаат дека првото официjaлно име на организацијата е Македонска револуционерна органанизација додека пак други сметаат дека првото официjaлно име на организацијата било Бугарски македоно - одрински револуционерни комитети - (БМОРК), а трети сметаат дека прво таа се викала МРО, а потоа БМОРК. Меѓутоа првиот претседател на Организацијата д-р Христо Татарчев, истакнува дека префиксот бугарска бил намерно изоставен од името на Организацијата и од името на Централниот комитет, бидејќи можел да го предизвика: тесноградиот национализам кај инородните народи. Првиот печат на Централниот комитет на Организацијата гласел: Македонски централен комитет - Слобода или смрт. </ref>
 
<ref name="vg_3">Надвор од Република Македонија не е дискутабилно стојалиштето дека организација се викала Бугарски македоно-одрински револуционерни комитeти (БМОРК). Овој став го делат бугарскитe и странските историчари, како и дел од македонските, меѓутоа општа согласност во македонската историската наука нема дека оваа организација некогаш се именувала така.</ref>
 
<ref name="vg_6">Во Османлиската империја не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед.
 
Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија.
 
Под графата ''Муслимани'' биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед.
 
Во графата ''Рум Милет'' (Грци) биле запишувани сите православни христијани во ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци.
 
Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како ''Бугар милет'', тука спаѓаат Македонците-егзархисти кои биле нарекувани Бугари.
 
Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како ''Јауди'', но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003</ref>
 
<ref name="vg_7">Според првиот устав на Организацијата, во неа можел да членува секој Бугарин. Oвој член од првиот устав е причина за спор меѓу историчарите. Според бугарските историчари, поимот Бугарин го отцртува националниот карактер на Организацијата, меѓутоа според македонските историчари под Бугарин во уставот се подразбираат Македонци кои биле под јуриздикција на Бугарската црква. [[Христо Силјанов]] во своето дело Ослободителни борби во Македонија истакнува: ''Въ съзнанието на инициаторитѣ бѫдещата организация се рисува като българска по съставъ: неинъ членъ, споредъ първия уставъ, може да бѫде '''„всѣки българинъ”'''. Инъкъ не можеше и да бѫде: въодушевявани отъ мисьльта за благото на народа, отъ който изхождатъ, тѣ разчитатъ преди всичко на него, толкова повече, че се касае за едно тайно и опасно начинание. Въ първо време само българскиятъ елементъ имъ се вижда надежденъ. По-после тѣ охотно даватъ достѫпъ на всички '''македонски християни''', които съчувствуватъ и могатъ да бѫдатъ полезни на освободителното дѣло изобщо. По отношение на състава, организацията е чужда на всѣки тѣсногръденъ национализъмъ. Това личи и отъ промѣнитѣ, които по-после се внасятъ въ устава и правилника ѝ.'' Врз основа на овој текст може да се заклучи дека всушност станувало збор за Македонци-егзархисти (Македонци христијани кои биле под духована јурисдикција на Бугарската егзархија) и дека целата на основачите била најпрво да се делува во егзархиската средина а потоа да тргнат по свој пат, Организацијата била туѓа за секој теснограден национализам, вклучително и бугарскиот види [http://www.promacedonia.org/obm1/2_1.html Ослободителни борби во Македонија] </ref>
<ref name="vg_13">Според македонската историографија, во 1908 година Македонската револуционерна организација престанала да постои, меѓутоа има ставови дека МРО и ВМРО на Тодор Александров е една иста организација, при што треба да се истакне дека ВМРО (Автономистичка) претставува наследник на старата Организација и не може да се општи дека Македонската револуционерна организација и ВМРО (Автономистичка) се една иста организација.
Условите и егзистирањето на двете организации се различни, а во однос на целта има и еден чекор напред, односно ВМРО (Автономистичка) девизата автономна Македонија ја заменила со независна Македонија со што уште појасно било истакнато дека тие се бореле за самостојна македонска држава.
Ред 486 ⟶ 481:
* [[ВМРО (Автономистичка)]]
* [[ВМРО (Обединета)]]
 
{{Македонско национално движење}}
 
[[Категорија:Историја на македонскиот народ]]
Ред 492 ⟶ 489:
 
[[nl:VMRO]]
{{Македонско национално движење}}