Георги Раковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 4:
Како млад, тој го менува своето прво име, земајќи го името Георги - на својот вујко капетан Георги Мамарчев, Бугарин кој служи како офицер во руската армија и организатор на бунт против турската власт. Бидејќи корените на род биле од соседното село Раково, Турците го нарекувале Раковал. Тој го менува и презимето, и така станува Георги Стојков Раковски.
[[Податотека:Đuro Matanović Georgi Rakovski 1861.jpg|лево|мини|Црногорскиот војвода [[Ѓуро Матанович]] и Георги Раковски, околу 1861 г., Србија]]
Роден e во април 1821 година во [[Котел]], учи во [[Карлово]] (1834-1836) при Рајaн Поповиќ и во грчката гимназија во Куручешме, [[Цариград]] (1837-1840).
 
Од почетокот на 40-те година на XIX век, околу три децении, Раковски учествува најактивно во борбата за црковна и политичка слобода на [[Бугари]]те. Како еден од лидерите на Браилскиот бунт (1842) тој е осуден на смрт, но бидејќи имал грчки пасош, пресудата треба да биде извршена во [[Грција]]. Со помош на грчки дејци е ослободен и испратен во [[Франција]].
 
По 1847 е во главниот град на [[Османлиска империја|Османлиската империја]]; учествува во борбите за независна бугарска црква. За време на политичкото движења на Бугарите во врска со [[Кримската војна]], Раковски го создава (1853) ''"Тајно општество"'' - политичка организација која ќе подготви бугарскиот народ за востание. Во летото 1853 година организацијата веќе има 3600 Бугари, организирани во определи и подготвени за акција.
 
Прогонуван од страна на портата, принуден е да стане политички емигрант и повеќе не се врати во својата татковина. Раковски се оформува како политички деец и идеолог на бугарската национална револуција. Во 1856 оди во [[Нови Сад]] ([[Австрија]], денес [[Србија]]) и развива публицистична активност. Со помош на Данило Медакович го издава весникот ''"Бугарска дневница"'' (април-ноември 1857), објавува ''"Предвесник на горскиот патникот"'', ја довршува песната ''"Горски патник"''.
[[Податотека:NHMB-Georgi-Sava-Rakovski-Forest-Wanderer-1857.jpg|right|thumb|300px|Книгата "Горски пaтник", 1857. Експонат на Националниот историски музеј во Бугарија]]
По барање на Високата порта е протеран од Австрија и преку [[Галац]] зминува во [[Одеса]] (1858). Таму го составува својот прв план за ослободување на Бугарија (1858) - првата обштанационална програма за ослободување на Бугарија. Во 1860 во Белград го издава весникот ''"Дунавски лебед"'' (1860-1861) - првиот печатен орган на бугарското револуционерно движење.
 
Изработува нов ''"План за ослободувањето на Бугарија"'' (1861). Ја организира Првата бугарска Легија (1861-1862). Патува (1863) до [[Атина]], [[Цетиње]], [[Букурешт]], со цел обединување на балканските христијани против ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство.
 
Од крајот на 1863 година се населува во [[Букурешт]]. Таму се стреми да ги сплоти најистакнатите дејци на револуционерното движење меѓу бугарската емиграција и на крајот на 1866 година го создава новиот раководен орган на бугарското револуционерно движење - ''Врховното бугарско тајно граѓанско началство'' (1867).
 
Ја оправдува тактиката и идеологијата на четническото движење во ''"Привременен закон за народните горски чети за 1867-то лето"''. За подобра организација на револуционерните сили го составува ''"Закон за бугарското народно востание, на кој ќе се управува бугарската народна војска"''.
 
Автор е на делата ''"Горски патник"'' (1857), ''"Показател или водич ..."'' (1859), ''"Неколку говори за Асен први ..."'' (1860) ''"Преселба во Русија или руската убиствена политика за Бугарите"'' (1860), ''"Бугарските ајдути "''(1867) и др.
 
Умира на 9 октомври 1867 во [[Букурешт]] по тешко боледување од туберкулоза.
Ред 41:
{{commons|Category:Georgi Rakovski}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Бугарски револуционери]]