Разлика помеѓу преработките на „Тимар“

Одземени 4 бајти ,  пред 1 година
с
Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
с (→‎Тимар: spelling)
с (Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB)
== Тимарски систем ==
 
Во ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство, тимарскиот систем овозможувал планираниот приход на освоените територии да се дистрибуира во форма на подарок за времено располагање помеѓу спахиите и другите офицери во армијата, како што се [[јаничар]]ите и [[кулак|кулаците]]. Во ретки случаи можно било и жена да управува со тимар, се разбира тоа важело за жени кои биле значајни во царската фамилија или биле високо рангирани во отоманската елита.<ref>Reindl-Kiel, 208</ref>
 
Уживателот на тимарот имал право на контрола на обработливото земјиште, имотите на поданиците, необработливото земјиште, овошките, шумите и водите на територијата на тимарот кој го добил од државата на користење.<ref>Inalcik (1994) 114</ref> Спахијата или другите лица кои добиле на користење тимар, можеле да ангажираат други луѓе за собирање на даноците, имале право да задржуваат дел од прибраниот данок за свои потреби, биле одговорни за надгледување на територијата на тимарот и начинот на кој се обработувало земјиштето во посед на поданиците. Уживателот на тимарот можел да биде награден ако добро управувал со тимарот но исто така можел да биде и казнет ако лошо управувал со тимарот. Корисникот на тимарот имал авторитет да казнува и апси прекршители на јавниот ред и мир на територија која му била доделена од државата, со претходна согласност од локалниот судија (кадија). Уживатело на тимарот имал должност да ги штити поданиците и лицата на својата териоторија и да се придружи на царската армија за време на воените походи. Корисникот не бил сопственик на тимарот.
 
Тимарот бил мириска земја, односно во сопственост на османлиската држава, мириската земја не можеле да се наследува ниту да се продава. Тимарот можел да премине во користење од татко на син, меѓутоа новиот корисник требало да биде запишен во османлискиот дефтер со сите права и обрврски кон државата, ако не ги исполнел обврските го губел тимарот, а тој се доделувал на друго лице.
 
== Тимар ==
Тимарот најчесто не преставувал компактна територијална целина, тој се состоел од земји кои се наоѓале во различни области, оваа мерка на османлиската власт имала за цел да го спречи спахијата да создаде силна лична власт врз тимарот, да ја злоупотреби својата положба преку собирање на разни давачи, да го отуѓи тимарот, односно да го претвори во личен посед <ref>J. Hammer, eschichte des Osmanischen Reiches in Europa, Pest 1827-35</ref>.
 
Тимарот се состоел од ''рајатска земја'' и ''хас земја''. Рајатската земја им била доделувана на зависните селани, доколку рајатската земја му била деделена на муслиманин таа се нарекувала ''чифлик'', а доколку ја користел христијанин таа се иманувала како ''баштина''. Рајатската земја можела да се наследува, заменува, отстапува и продава на друг рајатин, меѓутоа со претхода согласност на спахијата, откако новиот корисник на рајатската земја ќе ги презел врз себе сите обврски на претходниот корисник <ref>Историја народа Југославије, том други, Београд, 1958</ref>.