Источна Румелија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 43:
'''Источна Румелија''' била автономна област со центар во [[Пловдив]], создадена со [[Берлински договор|Берлинскиот договор]] во [[1878]] година. Најголемиот дел од жителите на Источна Румелиjа биле [[Бугари]], поради што на два пати тие се обиделе да се соединат со [[Кнежество Бугарија|Кнежеството Бугариjа]] - во [[1881]] г. и во [[1885]] г.
 
Според [[Берлински договор|Берлинскиот договор]] териториите меѓу [[Стара Планина]] и [[Родопи]]те без [[Софиски санџак|Софискиот санџак]] требало да формираат посебна област наречена Источна Румелија која била оставена под директната власт на султанот под услови на административна автономија. На чело на областа бил назначен христијански управител од Високата порта во согласност на Големите сили за период од 5 години. Султанот имал право да ги брани границите на областа, дагради тврдини и слично. За одржување на внатрешниот ред била основана локална полиција со офицери, назначувани од султанот.
 
Со септемврискиот револт во [[Пловдив]] во [[1885]] година и со манифестот на бугарскиот кнез [[Александар I Батенберг]] според кој се прогласил за кнез на Бугарија и Источна Румелија, било извршено [[обединување на Источна Румелија со Кнежество Бугарија]]. Ова обединување на Источна Румелија со кнежеството Бугарија било непријателски дочекано од страна на балканските држави, кои во тоа гледале опасност за балканската политичка рамнотежа, бидејќи со овој чин Бугарија станала скоро двојно поголема држава.
 
Соединувањето посебно ја вознемирило српската влада и кралот Милан, кој изјавил дека ова нарушување на политичка рамнотежа на [[Балкански Полуостров|Балканот]], посебно е на штета на [[Кралство Србија|Србија]] и дека Србија со сите сили треба да застане во одбрана на таа рамнотежа. Исто така, грчката влада побарала во замена за проширувањето на Бугарија, како компезација да биде отстапен дел од [[Македонија (регион)|Македонија]], над кој [[Кралство Грција|Грција]] претендирала. Во Грција била извршена мобилизација и грчката влада се заканувала дека ако западните сили и Русија го признаат обединувањето, Грција ќе навлезе со војска во Македонија на територијата на [[Отоманско Царство|ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]], бидејќи немала заедничка граница со Бугарија за од неа да побара компезација. Романија од своја страна планирала да ја искористи оваа сложена ситуација за Бугарија, за да се присвои [[Јужна Добруџа]]. Меѓутоа, романските планови не наишле на одобрување од страна на [[Австро-Унгарија]] и [[Германско Царство|Германија]], а [[Руско Царство|Русија]] пак од своја страна натрупувала војска на границата со Романија во случај на заострување на кризата. Поради сето тоа Романија изјавила дека ќе остане неутрална во однос на обединувањето на Источна Румелија со кнежеството.
 
Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на [[24 октомври]] [[1885]] година свикале конференција во [[Цариград]]. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австро-Унгарија. Во [[Српско-бугарската војна]], Бугарија излегла како победник.