Велко Думев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Strumski (разговор | придонеси)
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 13:
 
== Биографија ==
Роден е 1869 година во Воден, тогаш во [[ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]], денес Едеса, [[Грција]]. Студирал во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]]. Бил поставен за учител во [[Велес]], каде влегол во Организација и го предводел околиски револуционерен комитет. Бил делегат на [[Солунски конгрес од 1896 година|Солунскиот конгрес]] во [[1896]] година. Во 1897 година Думев бил учител во [[Сер]], испратен од страна на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] наместо [[Даме Груев]] за кој било решено да остане во Солун, таму развил револуционерна дејност.
 
Во 1898 година заминал за [[Бугарија]] и завршил словенска филологија во Софиското вишо училиште. Во 1900 година е назначен за учител во бугарската егзархиска гимназија во [[Скопје]], а следната година е избран за претседател во Скопскиот окружен револуционерен комитет.
 
Во јули 1902 година се преселил во [[Едрене]] како наставник по бугарски јазик во Одринската бугарска гимназија по што станал претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Заедно со [[Михаил Герџиков]] разврзал активна дејност за развој на револуционерната мрежа во Одринско.
 
На [[Солунски конгрес од 1903|Солунскиот конгрес]] од 1903 година, Думев е делегат на Одринскиот округ. Тој на конгресот истакнал дека Одринско не е подговено за востание. По конгресот заминал за Софија, заедно со [[Иван Гарванов]], за да го анулираат [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] и останатите дејци за одлуката за кревање на востание. Во јуни бил потпретседател на [[Конгрес на Петрова нива|конгресот на Петрова нива]]. За време на Илинденското востание организира дотур на оружје од [[Софија]].
Ред 36:
== Извори ==
<references/>
 
{{Дејци на МРО}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Думев}}
[[Категорија:Дејци на ВМОРО]]
{{Дејци на МРО}}