Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство (3) using AWB
Ред 17:
|years=1389–1402}}
 
'''Бајазит I''' бил четвртиот султан на [[Отоманска империја|ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]] од 28 јуни [[1389]] до 28 јули [[1402]]. Власта ја презел по [[Косовска битка|битката на Косово поле]] и смртта на татко му [[Мурат I]]. Во негово време бил изграден [[Анадолски Хисар]], најстарата отоманска тврдина во денешен [[Истанбул]].
 
== Потекло и детство==
Ред 31:
== Косовска битка и смртта на Мурат ==
 
Во историјата денеска е познато дека во Косовската битка бил убиен султанот Мурат I. Според османлиската традиција, Бајазит го погубил својот брат Јакуб. Еден од везирите на Мехмед II запишал дека Бајазит го погубил бидејќи тоа било неопходно и целта била да се спречи поголемо зло, односно граѓанска војна во земјата. Во почетокот во Западна Европа незнаеле кој од муратовите синови бил избран за нов султан. Во Венеција во јули припремиле делегација која ќе изрази на новиот султан сочуство. Венецијанскиот амбасадор со себе понел две писма, едно за Бајазит а другото за Јакуб.
 
Се очекувало дека по доаѓањето на власт, новиот султан треба да се повлече кон источниот дел заедно со својата војска.
Ред 51:
=== Србија ===
 
Имајќи моќ и голема и добро организирана војска, Бајазит I решил да продолжи со освојувања на татко му на [[Балкан]]от и во [[Азија]]. Кога дознал дека неговиот татко е мртов, тој наредил сите српски затвореници да бидат погубени. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на Балканот поради кое главно бил наречен ''Јилдирим'' или [[молња]].
 
По смртта на српскиот кнез Лазар на [[Косово поле]] во [[1389]] година, неговите вазали [[Вук Бранковиќ]] и [[Ѓорги Страцимировиќ]] не сакале да го признаат господарството на лазаревата вдовица Милица. Истата година, унгарскиот крал Сигисмунд го наложил своето господарство во [[Србија]] во северниот дел од земјата. И покрај тоа што Бајазит се наоѓал во [[Анадолија]], турските налети продолжиле. До крајот на [[1392]] година, сите земји на кнезот Лазар паднале под власта на [[Османлии]]те.
 
Според житието на Стефан, синот на кнезот Лазар, по [[Косовска битка|Косовската битка]] во Бајазит испратил претставници кај сопругата на Лазар, Милица и посакал од неа да се потчине како и раката на нивната ќерка Оливера Лазаревиќ. Во замена тој и ветил дека нема да ги напаѓа позициите на нејзиниот син Стефан, а ќе го брани и ќе ја потврди неговата власт во земјата. По прифаќањето на овие услови, [[Оливера Лазаревиќ]] и [[Стефан Лазаревиќ]] отишле кај Бајазит за да се склучи бракот и да се формализираат вазалните односи. Во времето кога го склучил сојузот со Милица, султанот Бајазит I ги потчинал Ѓорги Страцимировиќ и Вук Бранковиќ. Според еден протокол издаден од страна на венецијанскиот сенат на [[7 октомври]] [[1392]] година, Бајазит успеал да го зароби самиот Ѓорги и неговата фамилија. Цената на нивното ослободување била предавање на областите Шкодра и Улцин. Во еден друг документ пак од [[21 октомври]] [[1392]] година кој бил издаден во [[Приштина]], Вук објавува дека склучил договор со османлискиот владетел<ref>Elizabeth A. ZACHARIADOU, „Manuel II Palaeologus".</ref>. Според житието на Стефан, и двајцата српски владетели се вазали на султанот и се задолжени да учествуваат во воените походи на Бајазит. Со потчинувањето на овие двајца, ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство воспоставила контрола врз сите земји на покојниот кнез Лазар.
Бајазит I прв од турските султани почнал да гради силна [[морнарица]] за да ја искористи предноста на освојување од море. [[Османлии]]те го свртеле своето внимание кон пространствата на [[Егејско Море]], каде што имало многу густо населени грчки острови. Но, островјаните биле слободољубиви, а нивните градови биле заштитени со камени ѕидови. Покрај тоа, на [[Грци]]те морепловството им било вродено, и да се победат на море се покажало многу тешко. Милитантниот османлиски султан избрал поинаква тактика, и целосно го оправдал својот прекар. Неговата флота со војници почнала да врши грабежи по грчките острови во архипелагот. Оваа тактика довела до тоа многу скоро, многу грчки острови да станат сопственост на турците османлии, а островјаните на крајот се приклучувале на екипажите на бројната флота на [[ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]].
 
=== Бугарија===
Ред 74:
 
=== Влашка ===
[[Податотека:Bayezid I - Manyal Palace Museum.JPG|thumb|250px|right|Бајазит I ]]
Во пролетта [[1395]] година, Бајазит најавил експедиција против [[Влашка]]. Веројатно неговата цел била да го попречи сојузот меѓу војводата [[Јован Мирче]] и унгарскиот крал. Според тој договор, самиот влашки владетел се задолжил да интервенира доколку унгарските земји бидат нападнати од страна на османлиите<ref>S. STANOJEVIC, „Die Biographie Stefan Lazarevits", 422.</ref>. Османлиските војски постигнале успех до реонот на [[Белград]] и [[Темешвар]]. По ова влегле во Влашко и кај реката Арџеш се присретнале со влашката војска. Според еден документ, Бајазит водел битка во продолжение на една недела по кое следувало потпишување на мир<ref>Halil İNALCIK, „An Ottoman document on Bayezid I's expedition into Hungary and Wallachia", Actes du X-e Congrès international d'Etudes Byzantines, Istanbul (1957).</ref>. Според една анонимна фиренска хроника пак Бајазит војувал со Сигизмунд и со тешки загуби на двете страни успеал да победи. Во оваа битка загинал и [[Крале Марко]], син на [[Волкашин]], како и [[Константин Драгаш]] кои му биле вазали на Бајазит. По ова, [[Јован Мирче]] успеал да побегне кај унгарскиот крал.
 
Ред 95:
=== Грција ===
 
За настаните околу Епир денеска се зачувани две карти од Јанина на кои е одбележана војната меѓу два епирски владетели Есау Буонделмонти и Буа Шпата. Најверојатно конфликтот се случил во 1388-1399. Според изворите, кон крајот на 14 век и почетокот на 15 век, одделни османлиски бегови стигнале до бреговите на Јадранско море. Преку династички бракови, Бајазит ја зголемил својата власт во јужна Грција.
 
На Пелопонез венецијаните претходно имале свои колонии и тврдини. Според пишувањата на венецијанскиот сенат османлиите станале многу силни во тој реон главно бидејќи со многу мал напор успевале да најдат свои сојузници. Нападите започнале во пролетта на 1394 година, кога Евренос го нападнал деспотот на Коринт и Мистра.
 
Од грчките и венецијанскиоте извори се проценува дека во 1396 година немало напади во Пелопонез. Се смета дека кон крајот на летниот период османлиските сили ја напуштиле јужна Грција за да се вклучат кон битката кај Никопол. Во 1397 година нападите биле обновени. Настаните се опишани во Кратката хроника од 1425 година според која Јакуб паша и Тимурташ го зазеле Аргос на 2 јуни, кој бил венецијанска колонија. Во јануари 1399 година Бајазит испратил голема војска во Пелопонез, а флотата истовремено го нападнал островот Негропонте. Во 1400 година кога паѓањето на Мистра станало повеќе од очигледно, Венеција предложила деспотот Теодор и неговиот брат, императорот Мануил II да заминат на нејзините територии.
Ред 105:
[[Податотека:Bajazeth - Timur - J N Geiger.jpg|thumb|250px|right|Бајазит како затвореник пред Тимур]]
 
Во времето на Бајазит, од исток се појавиле [[Монголци|монголските освојувачи]] на чело со [[Тимур]]. Во почетокот од 15 век, империјата на Тимур се протегала до Ирак, Азербејџан и делови од Кавказ. Во времето кога Бајазит ги освоил Сивас и Малатија, неговата империја се проближила до онаа на Тимур. Често пати вазалите од двете страни барале протекции за своите земји, и во голем дел се смета дека ова било причината за нападот на Тимур. По зазимањето на Сивас, управителот Кара Јулук му дал повод на Тимур да нападне. Во тоа време Бајазит учествувал во опсадата на Константинопол, па во Сивас го пратил својот син Сулејман. Градот паднал пред самиот Сулејман да престигне, и тоа на 26 август 1400 година.
 
Така, монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во [[Анадолија]]. До поголема војна дошло на [[28 јули]] [[1402]] година на полето Чибук, блиску денешната престолнина на [[Турција]], [[Анкара]]. Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: [[Иса (син на Бајазит)|Иса]], [[Мехмед I|Мехмед]], [[Муса (син на Бајазит)|Муса]], [[Мустафа (син на Бајазит)|Мустафа]] и [[Сулејман (син на Бајазит)|Сулејман]]. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите [[Стефан Лазаревиќ]] и [[Ѓураѓ Бранковиќ]], кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници.
 
Оваа битка е меѓу најголемите битки во воената историја. Според различни проценки, имало присуство на околу 2.000.000 луѓе. Се наведува дека Тимур имал најмалку 800.000 војници. Веројатно е дека овие бројки се значително претерани во источните извори, а европските извори даваат многу пониски бројки: 250-350 000 војници и 32 воени слонови на Тимур и 120-200.000 војници на султанот Бајазит I.Местото на битката, градот Ангора, не бил случајност: тука се вкрстувале сите патишта на Анадолија.
 
Во битката победила војската на Тимур а Бајазит I ,со еден од неговите синови, бил заробен, а неговиот друг син бил убиен во битката. Тимур невообичаено нежно се однесувал со поразениот турски султан, па дури и го приврзал кон себе. Но, кога тој се вмешал во заговор против него, станал построг и Бајазит станал вистински затвореник, чиј живот зависел од волјата на победникот. Во [[Битка кај Анагора|текот на битката]], турските бегови од областите [[Ајдин]], [[Сарухан]], [[Ментеш]] и [[Караманија]] преминале на страната на [[Тимур]] и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 [[јаничари]], [[султан]]от во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле.
 
== Заробеништво==
Ред 142:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{Persondata <!-- Metadata: see [[Wikipedia:Persondata]]. -->
| name=Bayezid 01
Ред 151 ⟶ 152:
| PLACE OF DEATH =
}}
 
[[Категорија:Родени во 1354 година]]
[[Категорија:Починати во 1403 година]]