Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 19:
|after2=[[Бајазит II]]
|years2=1451–81}}
'''Мехмед II''' ([[отомански турски]]: محمد الثانى {{Unicode|''Meḥmed-i <u>s</u>ānī}}'', [[турски јазик|денешен турски]]: ''II. Mehmet''), наречен „Освојувачот“ ([[отомански турски]]: الفاتح {{Unicode|''el-Fatih''}}, [[турски јазик|денешен турски]]: ''Fatih Sultan Mehmet'') — седми султан на [[Отоманска империја|ОтоманскатаОтоманското империјаЦарство]]. Управувал во периодите [[1444]]-[[1446]] и [[1451]]-[[1481]] година.
 
== Рани години ==
 
Мехмед II бил син на [[Мурат II]] (1403-1451), првично не бил подготвуван од неговиот татко за преземање на престолот. Тој бил трет син и за разлика од неговите браќа родени од благороднички - турски жени, тој бил син на робинка, како што е познато, христијанка со грчко или со албанско потекло. По смртта на првиот постар брат, Мехмет бил побаран од страна на неговиот татко, кој наредил на момчето да му се даде образование<ref>^ الشقائق النعمانية في علماء الدولة العثمانية، صفحة 52 نقلاً عن تاريخ الدولة العثمانية، صفحة 43</ref> и Мехмед бил прогласен за владетел на Амасија. Во 1443 година бил убиен и неговиот постар брат Алаедин, а Мехмед го зел и неговиот престол во Маниса.
 
Неговиот татко Мурат II многу тешко ја поднесол загубата на своите два сина, па во 1444 година абдицирал во корист на Мехмед, а претходно склучил мир со европските земји и Караманија. Тоа му дало основа да смета дека положбата на неговиот син кој имал само 12 години е стабилно, и покрај тоа што Мехмед бил под големо влијание на големиот везир Халил-паша.
Ред 59:
===Белград===
[[Image:Siege of Nándorfehérvár.jpg|thumb|right|200px|Опсада на Белград]]
Веднаш по падот на Цариград Мехмед II побарал од смедеревскиот деспот [[Ѓураѓ Бранковиќ]] да му врати некои земји, отстапени од Мурат, но деспотот тоа го одбил. Во април 1454 година тој спровел поход кон Поморавието и презел две тврдини, останувајќи до крајот на август во [[Софија]], а потоа се вратил во [[Одрин]]. Малку подоцна унгарските војници предводени од Јанош Хуњади го принудиле да се повлече. Во [[1455]] година Мехмед го зазел [[Ново Брдо]], едно од најзначајните рударски центри на [[Балкан]]от. Ѓураѓ Бранковиќ морал да се обврзе на договор со султанот, а со тоа да ги наруши односите со Унгарците.
 
Константин Михаиловиќ кој бил заробен во Ново Брдо и одведен во јаничарскиот корпус за зазимањето на градот запишал:
Ред 71:
== Србија, Пелопонез и Трабзон==
[[Image:Gentile Bellini 003.jpg|thumb|right|200px|Портрет на султанот]]
По повлекувањето на османлиските сили од [[Белград]], [[папа Калист III]] кон крајот на [[1456]] година организирал поход на чие чело застанал Арагон и навлегол во [[Егејско Море]] со воена флота, зазимајќи ги островите [[Лемнос]], [[Тасос]] и [[Самотраки]]. Како одговор на тоа [[Османлии]]те го ограбиле [[Лесбос]] и бил склучен договор според кој католичките острови и области требале да му плаќаат данок на султанот.
 
Во пролетта [[1458]] година Мехмед започнал нов поход кон [[Пелопонеско деспотство|Пелопонеското деспотство]]. На 15 мај го опсадил [[Коринт]] и во август го зазел, а во исто време навлегле длабоко во [[Пелопонез]] и ги ограбиле градовите. Деспотот Димитар Палеолог склопил договор со султанот на кого му биле предадени Патрас, Калаврита, Гревена и земјите кои му припаѓале на деспотот Константин. Истиот договор бил потврден и од братот на Димитар, Тома Палеолог. Голем дел од Пелопонез, оттогаш припаднал на османлиската држава.
Ред 89:
Венеција стапла во дипломатски контакт со Папаската држава, Унгарија, Бургундија и Караманија за заеднички поход против Османлиите. Уште во 1463 година, унгарскиот крал и син на Јанош, [[Матјаш Корвин]] навлегол во Босна и ги зазел тврдините Јајце и Звечаи. Но во следните месеци поголемиоит дел од сојузниците се откажале од походот по најразлични причини.
 
Во 1464 година Венеција го зазела островот [[Лемнос]] и го опсадила Митилини. Во август 1464 година дуждот [[Кристофоро Моро]] и папа Пије II се состаниле во [[Анкона]] каде се планирало нов крстоносен поход против Османлиите во [[Пелопонез]], но планот не успеал поради смртта на папата. Во 1464 година исто така починал и емирот на Караманија и земјата била воведена во граѓанска војна започната од неговите синови за превласт. Најголемиот негов син Исак бил поткрепен од страна на емирот на Акојунлу [[Узун Хасан]] а помалиот од Османлиската империја. Во почетокот силите на Узун Хасан навлегле во Караманија и го поставиле на Исак на тронот по кое бил склучен сојуз со Венеција но во пролетта на 1465 година Мехмед ги испратил своите сили во Караманија и Исак побегнал а по неколку месеци и починал.
 
Истата година Мехмед се обидел да го искористи [[Скендербег]] како посредник за склучување на мир со Венеција на кое тој не се согласил. Најверојатно ова била причината следната пролет султанот со огромна војска да замине кон територијата на денешна [[Албанија]]. Во текот на овие походи врз населението било извршено масакар а во истиот период била изградена и тврдината [[Елбасан]], по кое османлиските сили се повлекле. Кон крајот на [[1466]] година Скендербег пристигнал во Рим за да побара помош која не му била одобрена. По враќањето во [[Кроја]], [[Скендербег]] успеал да ги победи османлиските сили кои се наоѓале во околината на Кроја и започнал со опсада на [[Елбасан]]. Следната година османлиите успеале да ја заземат Албанија со исклучок на градовите [[Скадар]], Дришт, Леска, Кроја и [[Драч]] кои останале под контрола на Венеција. Самиот Скендербег починал во Леска по една година.
Ред 105:
Во пролетта на [[1473]] година, Мехмед заедно со околу 260.000 армија заминал кон источните делови на [[Анадолија]] за да се пресмета со Узун Хасан кој имал приближно ист број на војска. На [[4 август]] Османлиите сакале да ја преминат реката [[Еуфрат]] но не успеале и доживеале голем пораз. Но Узун Хасан не го искористил тоа туку се задоволил со следење на османлиските сили кои продолжиле кон северните делови. На 11 август тој конечно се решил за напад кај Бајбурд но доживеал пораз и побегнал од бојното поле. Султанот Мехмед по ова ги зазел Бајбурд и Карахисар и се вратил во [[Цариград]]. Следната година Османлиите конечно ја зазеле целата територија на Караманија.
 
Во текот на [[1474]] година османлиските војски на чело со румелискиот бејлербег Сулејман-паша го нападнал градот Шкодра, најважната тврдина на Венеција во Албанија. И покрај обидот прекинување на опсадата, таа продолжила до јули кога Османлиите се повлекле. Причина за ова повлекување била објавената војна на молдавскиот војвода Стефан. Така во јануари 1475 година Сулејман-паша доживеал пораз во битката кај Баслуј.
 
Истата година во Крим избувнала војна меѓу ханот [[Менгли Гирај]] и двајцата претенденти за неговиот престол во џеновската колонија Кафа. Во текот на истата година Османлиите ги зазеле сите џеновски територии во регионот, а италијанското население било однесено во Цариград. По овој поход Кримското ханство станала вазална земја на [[Османлиската империја]].
Ред 117:
== Успеси на Мехмед II ==
 
* Од август [[1452]] година [[Цариград]] бил под опсада. Другите градови од [[Византија]] и [[Балкан|Балканот]]от веќе биле заземени. На [[29 мај]] [[1453]] г. Мехмед II го зазел и самиот [[Цариград]].
* На [[10 ноември]] [[1444]] година тој ги разбил крстоносците на [[Владислав ІІІ]] покрај [[Варна]].
* Воена кампања на [[Балкан|Балканите]]ите против Унгарците на [[Косово]] ([[1448]]) и Албанците ([[1450]]).
 
== Наводи ==
Ред 127:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Отомански султани од 15 век]]
[[Категорија:Мехмед II| ]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II