Астрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: дијаметарот → пречникот using AWB
с →‎Старогрчка астрономија: Јазична исправка, replaced: радиусот → полупречникот (2) using AWB
Ред 40:
Цивилизацијата на античките Грци се развивала од околу 1400 до 300 година п.н.е. Ним им се припишуваат значјни теоретски придонеси за астрономијата. Во самата “Одисеја” на големиот Хомер се споменуваат ѕвездени групи како Големата Мечка, Орион и Плеадите, при што е опишана функцијата на ѕвездите како водич во навигацијата на луѓето. Во една од своите поеми познатиот старогрчки поет Хесиод ги информира фармерите за тоа кое оѕвездие изгрева пред мугри во различни годишни времиња назначувајќи го најпогодното време орање, садење и жнеење.
Важни научни придонеси се поврзуваат со Талес од Милет и Питагора од Сабос, но никакви пишани дела не се сочуавни од овие старогрчки филозофи. Постои легенда, чие потеко буди сомнежи, дека Талес точно го предвидел затемнувањето на Сонцето во мај 585 година п.н.е. Околу 450 година п.н.е. Филолас, еден од следбениците на Питагора, верувал дека Земјата, Сонцето, Месечината и планетите се движат околу централен оган. Околу 370 година п.н.е. астрономот Евдокс ги објаснил набљудуваните движења врз претпоставката дека огромна сфера, која ги носи на својата вдлабната страна ѕвездите, се движи околу Земјата со дневна ротација. Додека, пак, за објаснување на движењата на Сонцето, Месечината и планетите, сметал дека внатре во сферата постојат други провидни сфери меѓусебно поврзани на ралични начини.<br />
Најверојатно најоригиналниот антички набљудувач на небото бил Аристарх од Самос. Тој верувал дека движењата на небото можат да се објаснат со хипотезата дека Земјата се свртува околу својата оска еднаш на 24 часа и заедно со другите планети се врти околу Сонцето. Ова објаснување било отфрлено од многу старогрчки филозофи кои ја сметале големата, тешка Земја за статична топка околу која кружи светлината како безмасивно тело. Оваа, пак, тeорија, која е позната како геоцентричен систем, останува виртуелно непредизвикана околу 2000 години. Аристарх, исто така, го измерил и радиусотполупречникот на растојанијата од Земјата до Сонцето и до Месечината.<br />
Математичарот, астрономот и географот Ератостен (доле) (276 - 194), кој пред сè бил голем филозоф и логичар, стигнал дотаму што успеал со голема точност да го одреди радиусотполупречникот на Земјата.
Приказната за ова негово откритие е широко позната за која пишува и Карл Саган во својата книга “Космос”. Накусо, Ератостен прочитал во некоја папирусна книга дека во Сиена, на пладне, на 21 јуни, стаповите што вертикално се забодени во Земјата не фрлаат никаква сенка. Во денот на летната долгодневница, во најдолгиот ден од годината, додека часовите изминуваат кон пладне, сенките од столбовите на храмовите стануваат сè покуси. На пладне исчезнуваат наполно. Тогаш одразот на Сон цето може да се види и во водата на дното од најблискиот бунар. Сонцето се наоѓа точно над главата.
Љубоптноста го натерала Ератостен да превземе експеримент - всушност да провери дали вертикално забодените стапови остануваат без сенки и во Александрија на 21 јуни. Но се покажало дека сенки сепак имало. Ератостен се запрашал зошто стапот, забоден вертикално во Сиена, не фрла никакава сенка додека, во истиот тој миг, вертикално забодениот стап во Александрија, далеку на север, има значителна сенка. Единствениот можен одговор бил - површината на Земјата да биде закривена. И тоа: колку што е поголема таа закривеност толку е поголема и разликата во должината на сенките. Сонцето се наоѓа толку далеку што неговите зраци се паралелни кога ќе пристигнат до Земјата. Стаповите што се забодени под различни агли во однос на правецот на доаѓањето на сончевите зраци фрлаат сенка со различна должина. Со оглед на забележаната разлика во должината на сенките, оддалеченоста меѓу Александрија и Сиена морала да изнесува околу седум степени по површината на Земјата; со други зборови, ако замислиме дека стаповите се протегаат сè до центарот на Земјата, тие тука би се сечеле под агол од седум степени.<br />