Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Америка, Африка и трговијата со робови: Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк using AWB
Ред 38:
На почетокот Карибите биле најважните и најпрофитабилните колонии, но пропаднале по неколку обиди за колонизација. Обидот за основање колонија во 1604 година во [[Гана]] траел само две години и не ја исполнил својата главна цел, да најде резерви од злато. Колониите во Санта Лучија (1605 година) и Гренада (1609 година) исто така брзо пропаднале, но во Св. Китс (1627 година), Барбадос (1627 година) и Невис (1628 гоидна) успешно биле основани населби. Колониите набрзо го усвоиле системот на шеќерни плантажи, кој успешно го користеле португалците во Бразил и се потпирал на работата на робовите како и, на почетокот, на холандските бродови кои доаѓале за да ги продадат робовите и да купат шеќер. За да се осигура дека цврстиот профит кој постојано се зголемувал ќе остане во авете на Англија, Парламентот донел декрет дека само англиски бродови ќе можат да тргуваат во англиските колонии. Ова довело до непријателски односи со Обединетите холандски провинции, а низата од англо-холандски војни само ја зајакнало англиската положба во Америка на сметка на [[Холандија]]. Во 1655 година Англија го зела островот Јамајка од шпанците, а во 1666 година успаеала да ги колонизира Бахамите.
 
Првата постојана англиска населба во Америка се формирала во 1607 година во Џејмстаун, водач на процесот на населување бил капетанот Џон Смит, а со неа управувало компанијата Вирџинија. По уривањето на бродот-предводник на компанијата во 1609 година Англија го барала островот Бермуда, а во 1615 тој му бил предаден на новосозданата компанија на Сомерските острови. Управителот со Вирџинија бил отповикан во 1624 година и директна контрола врз Вирџинија презел кралскиот двпр, со што се создала колонијата Вирџинија. Компанијата на Нуфаундленд била создадена во 1610 година со цел да се основа постојана населба во Њуфаундленд, но овој обид во голема мера бил неуспешен. Во 1620 година, Плајмаут бил создаден како идеално место за пуританците, подоцна познати како пилгрими. Тие бегале од верско прогонување и добиле мотивација, како и многу други идни англиски колонисти, да ризикуваат и да се впуштат на трансатлантско патување. Мериленд се основала како идеално место за римокатолиците (1634 година). Родските острови (1636 година) се создала како место во кое се толерираат сите религии, а Конетикат (1639 година) за конгрегационалисти. Провинцијата Каролина се основала во 1663 година. Со предавањето на тврдината Амстердам во 1664 година, Англија добила контрола врз холандската колонија Нова Холандија, што ја преименувала во Њу ЈоркЊујорк. Ова се формализирало во преговорите кои следеле по втората англо-саксонска војна, во замена за Суринам. Во 1681 година Вилијам Пен ја основал, колонијата Пенсилванија. Американските колонии биле финансиски понеуспешни од оние на Карибите, но имале големи области со обрабортлива почва и поради тоа привлекувале многу поголем број англиски емигранки кои ја претпочитале американската умерена клима.
Во 1670 година, кралот Чарлс II ја одобрил компанијата Хадсонс Беј, со што направил монопол во трговијата со крзно во која исто така била тогаш познатата Рупертова Земја, огромна територија од која подоцна ќе се создаде Канада. Тврдините и трговските места кои ги основало компанијата биле честа цел на нападите од страна на Франција, која основала своја колонија која тргувала со крзно во нова Франција.