Орландо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: југо-западно → југозападно using AWB
с →‎Хотели: Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк using AWB
Ред 57:
Волт Дизни ворлд ресорт претставува најголема атракција во реонот, со голем број на занимливости како што се Магичното царство, Епкот, Холивудските студија на Дизни, Животинското Царство на Дизни, Тајфунската лагуна и Центарот на Дизни. Си ворлд Орландо е голем парк кој вклучува голем број на зоолошки претстави и морски животни, заедно со забавен парк со вртелешки како и воден парк. Универзал Орландо, како што е Волт Дизни ворлд се состои од Универзал студио Флорида, Сити вок и Остров на авантурите. Водниот парк Вет енд вајлд е исто така позната атракција. Си ворлд Орландо се состои од повеќе паркови заедно со Акватика и Дискавери ков. Атракциите во Орландо привлекуваат и голем број локални жители кои сакаат да уживаат во близина на својот дом
== Хотели ==
Орландо има најголем број на хотели во земјата, а според бројот на хотелски соби се наоѓа на второ место, зад Лас Вегас, Невада. Тој е еден од најпрометните градови во Америка кога станува збор за конференции и конгреси. На почетокот, цените на сместувањата во Орландо беа приспособени за добро да се вклопат во семејниот буџет на сите семејства, а надвор од територијата на Волт Дизни ворлд постоеа неколку луксузни хотели. Со проширувањето на Конгресниот центар во Округот Оринџ во 2004 година, луксузни хотели започнаа да се градат и во градот. Ова започна со отворањето на ЈВ Мариот Орландо и Риц-Карлтон Орландо кај езерата Гранде. Од 2010 година, Орландо на понуда има неколку хотели со 4 ѕвезди. Најновиот луксузен хотел во градот е хотелот Валдорф Асторија-Орландо, кој беше завршен во 2010 година. Тој е првиот хотел Валдорф Асторија изграден од основите по отворањето на главниот хотел во 1931 година во Њу ЈоркЊујорк.
{{Нормативна контрола}}
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Орландо