Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (3) using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк (3) using AWB
Ред 65:
Доаѓањето на Дио, кој имазабележителнопоразличен стил на пеење од Озборн, забележана е и промена во звукот на Блек Сабат.“Тие беа наполно различни” објаснува Ајоми. “Не само во вокалните способности туку и во стилот. Ози беше голем шоумен, но кога дојде Дио, имавме различен став, различен глас и различен музички пристап, што се однесува до вокалите.Дио ќе пееше низ рифот, а Ози ќе го следеше рифот, како во "Железен човек" (Iron Man). Рони дојде и ни даде друг аспект за пишување.”Односот Дио во Блек Сабат, исто така, го популаризира гестот "метал рогови" во хеви метал субкултурата. Овој суеверн потег зачување од "уроци",Дио првично го употребуваше како поздрав до публиката. Оттогаш, гестот го копираатобожавателите и други слични музичари ширум светот.
Во септември 1979 година Гизер Батлер привремено го напушти бендот, а го замена басистот Џеф Николас од бендот “Кварц” (Quartz).Во ноември новата постава се врати во студијата Критеријаза да започне со снимање.Во јануари 1980 годинаБатлер се вративо бендот, а Николас се префрли на клавијатури. Продуциран од Мартин Бирч, “Рај и пекол”(Heaven and Hell) беше издаден на 25 април 1980 година, и критички прифатен. По нешто повеќе од една деценија откако албумот беше издаден, Ол мјузик изјави дека “албумот е еден од најдобрите албум на Сабат досега, дека бендот звучи како прероден и дека во целост е полн со енергија”. “Рај и пекол”достигна број 9 во Велика Британија, и број 28 во САД, и беше најголем пласман на албум по“Саботажа”.Албумот се продаде во еден милион копии во САД, и бендот започна голема светска турнеја, со нивниот прв настап во живо со Дио во Германија на 17 април 1980 година.
На турнејата во САД во текот на 1980та година која беше наречена “Црно и сино” (Black and Blue), настапуваа и Блу Ојстер Калт (Blue Oyster Cult). Во склоп на оваа турнеја беше и настапот во Насау Колосеумот, во Јуниондејл, Њу ЈоркЊујорк, кое беше театрално снимено и издадено под името “Црно и сино” (Black and Blue). На 26 јули 1980 година, бендот свиреше пред 75.000 фанови на распродадениотМемориал Колосеумот во Лос Анџелес со “Патување” (Journey), “Евтин трик” (Cheap Trick), и Моли Хачет.Следниотденбендотнастапи на ДенотнаЗеленилотовоОукландКолосеумот.Следниот ден, на бендот се појави во 1980-Ден на Зелените во Оукланд Колосеумот.Додека беа на турнејата, поранешнатаиздавачка куќа на Блек Сабат во Англија издаде албум во живо со настап на бендот стар седум години,под името “Конечно во живо”(Live at Last), без да знае никој од бендот. Албумот достигна бројот пет на британската топ-листа, а му претходеше на повторнотоиздавање на "Параноја" (Paranoid) како сингл, кој се пласира меѓу најдобрите 20.
На 18 август 1980 година, после концертот во Минеаполис, Минесота, Бил Ворд беше отпуштен од бендот. “Тонев многу брзо”, подоцна изјави Ворд. “Бев неверојатен пијаница. Бев пијан 24 часа на ден. Кога отидов на бината, бината не беше толку сјајна. Се чувствував како да умирам внатрешно. Концертот во живо изгледаше толку празно, Рон беше таму некаде работејќи ја својата работа и нешто како да ме удри “Ја нема магијата“. Јас го сакав Рон, но музички, тој не беше за мене. Загрижен за влошеното здравје на Ворд, Ајоми го доведе тапанарот Вини Апајс, без да го информира Ворд. “Тие не зборуваа со мене, ме шутнаа од мојата столица и не ми кажаа за тоа. Знаев дека треба да донесат тапанар за да се спаси турнејата, но јас бев во бендот со години, уште како деца. А потоа Вини почна да свири и тоа беше како “Каква заебанција?“ Тоа болеше многу.
 
Ред 153:
Додека Ози Озборн работеше на материјалот на новиот соло албум во 2006, Рино рекордс го издаде “Блек Сабат: Годините со Дио”, компилација на песни одбрани од четирите изданија на Блек Сабат со Рони Џејмс Дио. За издавањето, Ајоми Батлер, Дио и Апајс повторно се обединија за да напишат и снимат три нови песни под името Блек Сабат. “Годините со Дио” беше издаден на 3 април 2007 година, достигнувајќи на број 54 на Билбордот 200, додека синглот “Ѓаволот Плачеше“ достигна до број 37 на листата на Меинстрим Рок Трекс. Задоволни од резултатите, Ајоми и Дио одлучија повторно да ја обединат поставата од времето на “Рај и пекол” за светска турнеја. Додека поставата со Озборн, Батлер, Ајоми и Ворд сè уште официјално беа нарекувани Блек Сабат, новата постава одлучи да работи под името “Рај и пекол, по албумот со истото име, за да се избегнува забуна. Тапанарот Бил Ворд првобитно требаше да учествува, но беше изоставен пред да започне турнејата заради музичките разлики со “неколку членови од бендот“. Тој беше заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс, и ефективно повторно ја обедини поставата која што беше на албумите “Толпата владее” и “Обесчовечувач”.
 
“Рај и пекол” имаше турнеја во САД со Megadeth и Machine Head како воведни бендови, и снимија албум во живо и ДВД во Њу ЈоркЊујорк на 30 март 2007 година, под името “Во живо од Радио Сити Мјузик Хол”. Во ноември 2007 година, Дио потврди дека бендот планира да сними нов студиски албум, кој беше снимен следната година. Во април 2008 година, бендот ги објави следното издание и учеството на турнејата Метал Мастерс, заедно со Џудас Прист, Моторхед и Тестамент. Комплетот од албуми, “Правилата на Пеколот” (The Rules of Hell), кој ги содржеше преработените верзии на сите албуми на Блек Сабат со Дио како фронтмен, беше поддржан од турнејата Метал Мастерс. Во 2009 година, бендот го објави името на нивниот деби студиски албум, “Ѓаволот кој го Познаваш” (The Devil You Know), издаден на 28 aприл.
 
Во март 2010година, Блек Сабат објави дека заедно со Металика ќе издадат ограничено издание за да го прослават Record Store Day. Тој беше издаден на 17 април 2010 година.
 
На 26 мај 2009 година, Озборн поднесе тужба до федералниот суд во Њу ЈоркЊујорк против Ајоми тврдејќи дека тој илегално го барал името на бендот, Ајоми изјави дека тој е единствениот член на бендот сите четириесет и една година и дека неговите другари од бендот се одрекле од нивните права за името во 1980те, и според тоа тој има повеќе право за името на бендот. Иако, во процесот, Озборн бара 50% сопственост од името, тој рекол дека се надева дека сослушувањето ќе доведе до еднаква сопственост помеѓу четририте оригинални членови.
 
На 16 мај 2010 година, Рони Џејмс Дио почина после борба со рак на стомакот. Во јуни 2010 година, правната битка помеѓу Ози Озборн и Тони Ајоми за сопственоста на името Блек Сабат заврши, но резултатите не биле откриени.