Аквариум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк (2) using AWB
Ред 10:
Во 1836 година, брзо по неговиот изум – стаклена бавча, Вард имал идеја за да се користат неговите садови за чување на тропски животни. Во 1841 година ја остварил, но, во садовите ставил водни растенија и играчки со облик на риба. Сепак, наскоро сместил вистински животни. Во 1838 година, Феликс Дужардан беше забележан како поседува аквариум со солена вода, но тој не го употребил терминот. Во 1846 година, Ана Тајн одгледувала камени корали и морска трева, скоро три години и доби признание како творец на првиот урамнотежен морски аквариум во Лондон. Во истиот временски период, Роберт Варингтон, експериментирал со сад од 50 литри, во кој чувал златни риби, водна трева и полжави и го создал првиот стабилен аквариум. Тој ги објавил неговите пронајдоци во 1850 година во весникот на Хемиското друштво.
Чувањето риби во аквариум, станало многу популарно хоби и се раширило брзо. Во Обединетото Кралство, тоа станало популарно по раскошниот аквариум во рамки од ковано железо, кој беше дел од Големата светска изложба во 1851 година. Во во 1853 година, првиот голем јавен аквариум се отворил во Лондонската зоолошка градина и бил познат како Рибна куќа. Всушност, првиот човек кој го употребил терминот аквариум, бил Филип Хенри Гос. Тој се одлучил за терминот во неговата книга од 1854 година, „Аквариумот: Откривање на тајните на морскиот свет.” Во оваа книга, Гос првично дискутира за морскиот аквариум. Во 1859-тите години, аквариумот станал тренд во Обединетото Кралство. Варингтон ги осмислувал дизајните на садовите и техниките за оддржување на квалитетот на водата, а подоцна станал соработник со Гос. Едвард Едвардс ги развил аквариумите со стаклен преден дел во неговиот патент од 1858 година, со вода која бавно кружи во резервоарот кој се наоѓа под садот.
Германците наскоро им станале конкуренти на Британците. Во 1854 година, непознат автор напишал две статии за морскиот аквариум во Обединетото Кралство; „Тендата” преименета како „Океанот на маса”. Сепак во 1856 година, била објавена статијата „Езерото во стакло”, во која се дискутирало за аквариуми со свежа вода, кои се лесни за оддржување во копнени предели. За време на 1870-тите години, почнале да се појавуваат првите друштва на акваристи во Германија. Кон тоа се придружиле и Соединетите Американски Држави.во 1858 година, Хенри Д. Батлер, ја напишал книгата „Семејството Аквариум”. Тоа била всушност првата книга во САД, во која се објаснува за аквариумот. Се пишувало дека можно е Вилијам Стимсон, меѓу првите да поседувал функционални аквариуми. Поседувал седум или осум аквариуми. Првото друштво на акваристи во Соединетите Американски Држави било основано во градот Њу ЈоркЊујорк, во 1893 година. Првото списание за акваристика било издадено во октомври 1876 година и се смета за првото списание за аквариуми.
За време на Бикторијанското доба, во Обединетото Кралство, вообичаениот дизајн за домашен аквариум бил стаклен преден дел со дрвени страни. Дното било направено од плоча и ја загревале од долу. Наскоро почнале да се воведуваат понапредни системи, заедно со стаклени садови со метални рамки. За време на втората половина на XIX век, биле измислени голем вид на дизајни за аквариуми, како што се: прикачен аквариум за ѕид, монтиран на прозорец, па дури и во комбинација со кафез за птици.
Околу 1908 година, била измислена првата механичка воздушна пумпа за аквариуми, придвижувана од течна вода, наместо електрична енергија. Повеќе историчари ја сметаат примената на воздушната пумпа во хобито за суштински момент во развојот на хобито.
Ред 26:
Армиран бетон се користи за аквариуми, каде тежината и просторот не се фатори. Бетонот мора да биде покриен со водоотпорен сад, за да се спречи негово пукање од водата.
==Стилови==
Аквариумите можат да се вградат во мали масички, лавабоа, па дури и во WC-школки. Необичен пример имаме и кај аквариумот наречен „Маквариум”, кој е направен во самиот монитор од фирмата „Епл Мекинтош”. Некои аквариуми имаат место за чување и на друго милениче, како мачка, птица или хрчак. Во последно време, необичен и дизајниран по желба домашен аквариум со цена од илјадници долари, претставува статусен симбол. Спорд весникот „Њу Јорк„Њујорк тајмс”, „помеѓу луѓето со „длабок џеб”, луксузниот аквариум е сигурен начин за да ги импресионираат своите пријатели.”
Аквариумите „крајсел”, кои се со кружна форма, обично се користат за да се чуваат нежни животни, како медузата. Овие аквариуми се со спор проток на вода, минимален хардвер, со цел да спречи животните да се повредат од пумпите или самиот сад. Ваквите аквариуми, кои се германски дизајн, немаат остри рабови и ги чуваат животните од водоводот. Водата која кружи во садот, дава нежен тек и им овозможува на жителите да лебдат, а водата која го напушта садот, е покриена со нежен екран, кој не им дозволува на жителите да се заглавуваат. Има повеќе видови на аквариуми „крајсел”. Оригиналниот „крајсел”, кој е кружен сад, има кружен капак. „Псевдокрајсел-от” има дно со облини и рамна горна површина, сличен е на полукруг.
Друг попоуларен спој е биотопниот аквариум. Таквиот аквариум претставува имитација на одредена природна средина. Некои од најпознатите биотопни аквариуми се: реката Амазон, реката Рио Негро, езерото Малави, езерото Викторија и слично. Рибите, растенијата, земјата, камењата дрвото и другите делови во аквариумот, мора да бидат со потекло од природната средина. Вистински предизвик е да се направи средина идентична на вистинската.
Ред 79:
Потребна е поголема и посложена опрема за да се одржи морскиот аквариум. Во морскиот аквариум може покрај риби да има и најразлични без‘рбетници. Аквариумот со соленкаста вода, комбинира елементи од слатководните и морските аквариуми. Рибите кои се чуваат во соленкаста вода се со потекло од водни средини со соленост која варира. Такви средини се мангровите и естуарите. Можат да се направат и под-поделби на овие аквариуми. Таков примет е гребенскиот аквариум, во кој се чуваат корали и претставува мал морски аквариум.
Друга поделба, е според температурата на водата. Многу акваристи претпочитаат тропски аквариум, бидејќи тропските риби се разнобојни. Но, и аквариумот со ладна вода е во иста мера популарен. Најчестата риба која се чува во ладните аквариуми е златната риба, номоже да се одгледуваат и многу други видови кои имаат разновидно потекло.
Аквариумите може да се групираат и според изборот на видови. Во мирните аквариуми се чуваат повеќе неагресивни видови кои живеат мирно. Во таквите аквариуми, рибите, без‘рбетниците и растенијата веројатно не припаѓаат од иста географска средина, но поднесуваат слични водни услови. Во споредба со мирните, агресивните аквариуми содржат ограничен број на видови кои можат да бидат агресивни кон други риби или покажуваат брзи движења. Некои аквариуми содржат само еден вид на риби, со симулација на природната средина во која живеат. Овој тип на аквариуми е посебно за риби кои не можат да живеат со други видови, како електричната јагула, што претставува екстремен пример.
 
=Јавни аквариуми=
Ред 104:
 
*{{dmoz|Recreation/Pets/Fish_and_Aquaria}}
 
*[[Aquariumwiki::Main Page|The Aquarium Wiki]]
 
*[http://www.aqadvisor.com Aquarium Stocking Calculator and Species Compatibility Reference]
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Хобија]]