Харе Кришна (мантра): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 15 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q1321147 (translate me)
с Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк using AWB
Ред 11:
Кришна Кришна Харе Харе
Харе Рама Харе Рама
Рама Рама Харе Харе
 
„Харе“ може да се протолкува како вокатив од „Хари“- другото име на Вишну што значи „оној кој ја уништува илузијата“, или пак како вокатив од „Хара“- другото име на Рада, вечната придружничка на Кришна – Шакти. Според А.К. Бактиведанта Свами Прабхупада, со Хара се мисли на енергијата на Бог, додека Кришна и Рама се самиот Бог, што значи „Оној кој е Сепривлечен“ и „Оној кој е извор на сето задоволство“. Рама може да се мисли на Рамачандра или на Кришна како Рада-Раман- другото име на Кришна што значи љубениот на Рада. Кришна е исто така наречен Рама во химната Вишну Сахасранама, која ја кажува Бишма во чест на Кришна по војната Курукшетра. Рама може да биде и скратена форма од Баларама, првата експанзија на Кришна. Мантрата се повторува или на глас (киртан), тивко само за себе (џапа) и во себе. Самиот процес на пеење на мантрата А. К. Бактиведанта Свами го опишува на следниов начин :
 
„Свесноста за Кришна не е вештачко наметнување за умот. Оваа свест е првобитната енергија на секој ентитет. Кога ја слушаме транцеденталната вибрација свесноста е оживеана ... Ова пеење на мантрата Харе Кришна Харе Кришна, Кришна Кришна Харе Харе, Харе Рама Харе Рама, Рама Рама Харе Харе произлегува директно од духовната платформа и со оваа звучна вибрација ги надминува пониските делови на свеста како што се чувствата, умот и интелигенцијата..... И како такви луѓето можат да учествуваат во пеењето без каква било предходна квалификација.
 
===Историја===
Дрвото „Харе Кришна “ во Томпкинс Сквер Парк е дрвото под кое за прв пат јавно Бактиведанта Свами ја запеа мантрата Харе Кришна надвор од Индија. Оваа мантра за прв пат е потврдена во Упанишадот Калисантарана, додека Ваишнавскиот Упанишад ја поврзал со Кришна Џајурведа. Во овој Упанишад Брама го иницира Нарада (преведено од санскрит од страна на К. Н. Аијар):
 
„Слушај го она што Шрутите (Ведите) го кријат, затоа што само со тоа знење човекот може да помине преку самсарата (световното постоење) на Кали, Тоа ги оттргнува лошите ефекти од Кали само со обично повторување на името на Божеството Нарајена, кој е првичниот Пуруша.“
Ред 26:
„Харе Рама Харе Рама, Рама Рама Харе Харе, Харе Кришна Харе Кришна, Кришна Кришна Харе Харе. Овие шеснаесет имиња ќе ги уништат лошите ефекти од Кали. Нема да најдеш подобри средства за преминување на самсарата од овие кои се запишани во Ведите“
 
Мантрата ја пропагирал Чејтања Махапрабу и таа станала популарна околу 1500 година од нашата ера кога тој ја раширил низ „секој град и село“ во светот, патувајќи низ Индија посебно во областите Бенгал и Ориса. Некои верзии од Упанишадот Кали Сантарана ја даваат мантрата со Харе Рама на почеток ( како што е означено погоре ), а некои пак со Харе Кришна на почеток, како што е во ракописот од Навадвипа. Последниот формат е многу повообичаен за Ваишнавската традиција. Се верува дека мантрата е исто така моќна и кога е изговорена во обратен редослед.
 
А. К. Бактиведанта Свами Прабупада, кој бил поклоник на Кришн со многу чиста душа, и како наследник на редот на неговиот гуру Шрила Бактисиданта Сарасвати Такураги, ги донел учењата на Шри Чејтања од Барат, Индија и сам ја презел одговорноста да ги рашири низ западниот свет. Започнал во Њу ЈоркЊујорк во 1965 година и во последните 11 години од неговиот живот 14 пати го обиколил светот. Со тоа тој ја претворил Харе Кришна во многу позната фраза на сите страни на светот.
 
===Културата на Хипиците===
Кон крајот на 1960-тите години и почетокот на 1970-тите многу луѓе ги мешале поклониците на Харе Кришна со хипиците. Всушност вистинските поклоници на Харе Кришна биле многу далеку од одредени хипици. Иако Прабупада бил отворен за кој било да стане поклоник на Кришна, тие морале да се придржуваат до 4-те принципи, меѓу кои и строгата забрана (апстиненција) за земање дроги вклучувајќи ја и марихуаната. Блаженство и радост се постигнуваат со пеење на светите имиња на Бог.
 
Бродвејскиот мјузикл за хипизмот „Коса“ има песна „Биди ин“ (Be-In) во која е впишана и мантрата заедно со некои други стихови.
 
===Поп-културата===
Мантрата Харе Кришна се појавува и во многу познати песни, посебно во оние на Битлси ( Во текстовите на Џорџ Харисон и на Џон Ленон) и кои биле на прво место на топ листите на Велика Британија во повеќе наврати со песните на Харисон како „Мој сладок Господе“ и итн. Џорџ Харисон ставил налепница од Харе Кришна на позадината од врвот на гитарата на Ерик Клептон „ Гибсон ЕС – 335“, а налепницата ја има и на репродукцијата на гитарата „Гибсон“ од 2005 година. Мантрата се појавува и во синглот на „The Pretenders“, „Boots of Chinese Plastic“. Снимката од мантрата Харе Кришна од храмот „Рада Кришна“ беше ставена како сингл на продуцентската куќа на Битлси Епл Рекордс во 1969 година и го достигна 12-тото место на музичките топ листи во Велика Британија и се појави на музичкото шоу „Top of the pops“. Исто така го достигна првото место I на музичките топ листи во Германија и во Чехословачка.
 
Помалку познато, но со иста важност за љубителите на поп музиката се и снимките на мантрата Харе Кришна од страна на : „The Fugs“ заедно со поетот Ален Гинсберг во нивниот албум „Tenderness Junktion“ од 1968 година, од страна на Нина Хаген и Хискер Ду на нивниот албум „Zen Arcade“ од 1984 година.
Ред 42:
Кула Шакер, Бој Џорџ и членовите од „The Rubettes“ исто така снимија песни за свесноста за Кришна.
 
На доделувањето на наградите од „VMA“ во 2008 и во 2009 година домаќинот на шоуто, комичарот Расел Бренд ,ја заврши церемонијата со кажување Харе Кришна, како што прави на крајот од сите негови шоуа.
 
Дуото на продукцијата Вашинтон Ди Си, „Thievery Corporation“, ја пушти траката со име Харе Кришна на албумот издаден во 2008 година.
 
Во филмот Мапет Шоу кога еден лик кажа дека се загубиле и другите му возвратија „треба да кажеш Харе Кришна“.
 
Во епизодата „Seinfeld“ од „The Subway“ редовниот гостин во ресторанот на Монк вика : „Харе Кришна! Харе Кришна!“ кога го гледа Џорџ како влегува облечен во чаршав. Слично сценарио има и во „Scrubs“ кога Џеј Ди ја бричи главата за да поддржи еден пациент кој оди на хемотерапија. Исто така и во филмот „Stipes“ кога ликот на Џон Кенди си оди од кај војничкиот бербер.
Ред 62:
-од Падма Пурана, 3.50.6
 
„Сите најболни гревови се отстрануваат со пеење на светото име, Маха мантрата, од оној кој го обожува Богот на сите Богови Шри Кришна.“
 
-од „Stava-mala-vidyabhusana-bhasya, Baladeva Vidyabhusana in Bhaktisiddhanta's Gaudiya Kanthahara 17:30“
 
„Кога гласно се пејат шеснаесетте имиња и триесет и двата слога од мантрата Харе Кришна, Кришна танцува на јазикот на човекот“
 
[[Категорија:Хиндуизам]]