Архитектура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
с Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк using AWB
Ред 7:
* Општо термин со кој се опушуваат згради и други структури.
* Стилот и начинот на проектирање и изградба на згради и други материјални објекти.
Поопширна дефиниција може да ги опфати сите проектирачки активности, од најниско ( урбанистички проект, пејсажна архитектура) до највисоко ниво (детали во врска со изградбата и мебел). Архитектурата е и процесот и производот од планирањето, проектирањето и изградбата на формата, просторот и амбиентот, кои се одраз на функционални, технички, социјални и естетски сфаќања. Таа бара креативна манипулација и координација на материјали, технологија, светло и сенка. Архитектурата, исто така, ги опфаќа прагматичните аспекти за реализирање на зградите и структурите, вклучувајќи распоред, пресметување на цена и управување со изградбата. Архитектурата ја дефинира структурата и/или држењето на една зграда или друг вид на систем, кој треба да биде или е веќе изграден.
 
Често, архитектонските дела се сметаат за културни и политички симболи,како и за уметнички дела. Историските цивилизации, често, се идентификуваат со нивните постоечки архитектонски достигнувања.
Ред 32:
[[Податотека:Killarney Cathedral by Paride.JPG|thumb|left|''Катедралата St. Mary во Killarney, дизајнирана од A.W.N. Pugin''.]]
 
Во почетокот на 19 век, [[Огастес Велби Пјуџин]] ја напишал “Контрасти” (1836), која, како што сугерира насловот, прави контраст на модерниот, индустријализиран свет кој го потценува, со идеализираната слика на нео-средовековен свет. Пјуџин сметал дека готската архитектура била единствената “вистинска христијанска форма на архитектура“.
 
Џон Раскин, англиски ликовен критичар од 19 век, во својата “Седум лампи на архитектурата” издадена во 1849 година, е многу поограничен во поглед на тоа што претставува архитектурата. Архитектурата претставувала “уметност која толку располага и ги краси објектите покренати од страна на човекот...што погледот на истите влијае на неговото ментално здравје, моќ и задоволство.”
 
За Раскин, естетиката е од најголемо значење. Неговата работа продолжува со тврдењето дека една градба не е вистинско дело на архитектурата, освен ако не е на некој начин “декорирана”.
Ред 50:
 
[[Податотека:Sydney Opera House Sails edit02.jpg|left|thumb|''Операта во Сиднеј, дизајнирана од Jørn Utzon''.]]
 
 
Нунзија Ронданини изјавил: ”Архитектурата оди преку естетската димензија и продолжува преку функционалните аспекти кои и се заеднички со другите човекови науки. Преку свој посебен начин на изразување на вредностите, архитектурата може да поттикне и да влијае на општествениот живот, не претпоставувајќи дека ќе придонесе за социјален развој”.
Ред 56 ⟶ 55:
Ограничувањето на значењето на (архитектонски) формализам на уметност во полза на уметноста, не само што е реакционерно, туку , исто така, може да биде фатална потрага по совршенство или оригиналност кои ја ограничуваат формата само како средство.
 
Помеѓу филозофиите кои имаат влијание врз современите архитекти и нивните пристапи за проектирање се рационализмот, емпиризмот, структурализмот, постструктурализмот и феноменологијата.
 
Во доцниот 20 век, како додаток на структурата и функцијата бил воведен нов концепт, концептот на долготрајност. За да се задоволат современите обичаи, една градба треба да биде конструирана на начин кој е еколошки во однос на прозводство на нејзините материјали, нејзинотот влијание врз животната средина и на потребите кои ги задоволува од неодржливите извори на енергија за греење, ладење, вода, управување со отпад и осветлување.
Ред 129 ⟶ 128:
 
[[Податотека:Crys-ext.jpg|thumb|''Кристалната катедрала во Калифорнија од Philip Johnson (1980)''.]]
Архитектите како Миес Ван Дер Рохе, Филип Џонсон и Марсел Брауер, работеле за да создадат убавина врз основа на квалитот на градежните материјали и современите градежни техники, заменувајќи ги традиционалните историски форми со поедноставени геометриски форми, користејќи ги новите средства и методи кои биле резултат од индустриската револуција, вклучувајќи челични конструкции кои создале услови за градење на првите облакодери. Кон средината на 20 век, модернизмот се преточил во меѓународен стил, што на многу начини е претставено преку кулите близначки во светскиот трговски центар во Њу ЈоркЊујорк.
 
Многу архитекти давеле опор на модернизмот, бидејќи го сметале за лишен од декоративното богатство на украсните стилови, а бидејќи основачите на тоа движење изгубиле влијание во доцните 70-ти години, постмодернизмот се развил како реакција на неговата строгост. Тврдењето на Роберт Вентури, дека “декорирана барака” (вообичаена градба која е функционално дизајнирана одвнатре и украсена однадвор) била подобра од “патка” (несигурна градба во која целата форма и функција се взаемно поврзани), дава претстава за овој пристап.
Ред 165 ⟶ 164:
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Архитектура]]
 
''Закосен текст''
 
[[Категорија:Архитектура]]