Марија Кири: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Саломеа
с Правописна исправка, replaced: југо-истокот → југоистокот using AWB
Ред 48:
Само еден месец по добивањето на Нобеловата награда, била хоспитализирана поради депресија и проблеми со бубрезите. Инаку, во 1910 година, во чест на нејзиниот сопруг кој бил прегазен од кочија четири години порано (на 19 април 1906 година во Париз), основната единица за мерење на радиоактивноста била наречена [[кири]].
 
Во 1921 година, триумфално пречекана, пропатувала низ САД со цел да обезбеди средства за истражување на радиумот. Во подоцнежните години, била длабоко разочарана од мноштвото лекари и производители на козметика кои користеле радиоактивен материјал без посебни мерки на претпазливост.
 
=== Смрт ===
Причина за нејзината смрт во 1934 година (во местото Санселемó, на југо-истокотјугоистокот на Франција) била [[апластична анемија]] (слабокрвност), како последица од прекумерното озрачување во текот на нејзината работа, во период кога за штетните ефекти од радијацијата не се знаело доволно. Имено, често пати, по џебовите носела стаклени садови полни со радиоактивни изотопи, а знаела да зборува и за „прекрасната синозелена светлина што ја оддавале металите во мрак“.
 
По смртта била погребана во истите гробишта во кои почивал и Пјер Кири, но во април 1995 година, во чест на големите достигнувања, посмртните останки им биле пренесени во [[Пантеон]] во Париз, помеѓу најславните личности од француската историја. И, повторно, Марија Кири е првата жена погребана во Пантеон, во знак на признание за нејзиното дело.