Црква „Св. Софија“ — Охрид: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
с Правописна исправка, replaced: југо-запад → југозапад using AWB
Ред 34:
|materials=
}}
'''Света Софија''' — [[катедрална|катедрален]] црковен храм во стариот дел на градот [[Охрид]] во југозападниот дел на [[Република Македонија]]. Посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква представува еден од најзначајните знаменитости во [[Македонија]] со нејзината [[среден век|средновековна]] архитектура и [[фреска|фрески]].
 
Ова е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]], која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од [[Дунав]], до албанските брегови на запад и до [[Солунски Залив|Солунскиот Залив]] на исток.
 
Покрај нејзиното значење како знаменитост, внатрешноста на црквата и нејзиниот двор и колонада претставуваат важно место за одржување на културни збиднувања како концерти и драмски претстави.
Ред 43:
===Рана историја===
 
Црквата Свeта Софија е подигната по големата мисија на [[Св. Кирил и Методиј]] врз темелите на стара сакрална градба. Најверојатно таа служела како [[катедрала]] уште во времето на [[цар Самуил]], кој кон крајот на [[X век]] својата престолнина ја пренел од [[Преспа]] во [[Охрид]]. Според други извори пак, на истото место во времето на царот Самуил постоела [[црква]], која од непознати причини била разурната. Времето на изградбата не може точно да се утврди, бидејќи не е зачуван ниту еден натпис што би упатувал на тоа. За денешната црква се споменува дека била изградена (или обновена) за време на [[Лав I (охридски архиепископ)|архиепископот Лав]], кој во времето од [[1035]] до [[1056]] година се наоѓал на [[Список на архиепископи на македонската и охридската архиепископија|престолот на црквата]]. Овој истакнат црковен поглавар станал ктитор на сликарската декорација на Света Софија.
 
Првобитно црквата имала само една главна [[купола]], а во [[XIV век]] било изградено раскошното надоврешно предворје. По својата првобитна форма таа им припаѓала на трокорабни [[базилика|базилики]] со [[трансепт]], купола и галерии на [[бочен брод|бочните бродови]]. Уште во [[XI век]] имала и [[припрата]], а над северното и јужното одделение на [[олтар]]от биле формирани посебни капели. Вака оформениот објект, скоро три века подоцна, во времето на [[Григориј I (охридски архиепископ)|архиепископот Григориј]], добил припрата- градба која го презентирал врвот на архитектонска култура во Македонија од XIV век. Издолжената припрата е концепирана во хоризонтала, со портик во приземјето и галерии на катот, а на северната и јужната страна од Григориевата галерија се креваат посебни одделенија со кули.
Ред 49:
===Отоманска историја===
[[Податотека:Vues iv41076.jpg|мини|десно|Црквата и нејзиното окружување во 1863 г.]]
Во втората половина на [[XV век]] црквата била претворена во [[џамија]] и тогаш биле извршени најголемите измени. Сите фрески биле покриени со вар, куполата на црквата е струшена и срамнета со покривот, додека пак старата олтарна мермерна преграда со пластична декорација била отстранета, и од мермерот во наосот кон југо-западјугозапад е подигнат мимбар, а над северозападните кубиња подигнати се минариња.<ref>{{цитирана веб страница
| url = http://www.dke.org.mk/crkvi/crkvi.asp#2
| title = Цркви во Првата Охридска парохија
| publisher = Дебарско-кичевска епархија }}</ref>
 
Кон средината на [[XIX век]] во [[Охрид]] престојувал истакнатиот руски славист [[Виктор Григорович]]. Епохално откритие на славистот Виктор Григорович било пронаоѓањето на ракописите на „Опширното житие“ за св. Климент Охридски од охридскиот архиепископ Теофилакт од [[XII век]] и на Краткото житие за св. Климент Охридски од архиепископот Димитриј Хоматијан од [[XIII век]] во охридската [[Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - Охрид|црква Св. Богородица Перивлепта]].
 
Во текот на [[1912]] г. била користена како складиште за оружје.
Ред 74:
Повеќе од шеесетина насликани фигури на најистакнати [[патријарх|патријарси]], [[епископ]]и и [[ѓакон]]и се распоредени на долните површини на сите делови во олтарскиот простор. Најбројни и најугледно место, во централниот дел на олтарот, се ликовите на поглаварите на Цариградската патријаршија: [[Свети Василиј Велики]], [[Свети Јован Златоуст]] и [[Свети Григориј Богослов]], насликани во долниот појас, меѓу прозорите на главната апсида.
 
Фигурите на шестмината римски папи се насликани во бочниот простор на ѓакониконот; со тоа се одразува односот меѓу Цариградската и Римската црква, пред расцепот во [[1054]] година. Во тоа време, Леон, ктиторот морал да предвиди и римски папи, затоа што тие биле заедница, иако уште во [[1025]] година започнале кавгите меѓу [[Цариград]] и [[Рим]]. Од овие римски папи досега се идентификувани само четворица. Тоа се Клемент, Григориј, Силвестар и истоименикот на ктиторот, Леон. Според научните сознанија единствено во Света Софија, во најголемата галерија на архиереи во светот, насликани се заедно шестмина римски папи, а таков случај не бил познат во византиската уметност и во уметноста на словенските земји<ref>http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=44936E01158B7244B469BD30E8F8FBFA</ref>.
 
Во помал број овде се застапени и претставници на Александриската, Ерусалимската и Антиохиската патријаршија, на Кипарската архиепископија и на старите угледни малоазиски епископии. Меѓу овие великодостојници се и ликовите на словенските просветители - Св. Кирил Филозоф, Св. Методиј и нивниот ученик Св. Климент Охридски - на јужниот ѕид од ѓакониконот.