Косово и Метохија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, removed: | ref = harv using AWB
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: југо-источниот → југоисточниот using AWB
Ред 151:
Со доаѓањето на Турците започнуваат процесите на исламизација и првите доселувања на Албанците на Косово, кои ќе земат пошироки размери кон крајот на XIX век. За време на османската власт Косово се стекнува со статусот Косовски Вилает. За време на [[Балкански војни|Балканските војни]], српската војска повторно ќе води битка со Турците на Косово за негово приклучување кон [[Кралството Србија]]. Во ова време за Косово се користело името ''Стара Србија''.
 
За време на [[Втората светска војна]], поголемиот дел на Косово ќе потпадне под италијанска окупација (подоцна под албанска), а мал дел (југо-источниотјугоисточниот дел) во околината на [[Урошевац]] и [[Гнилане]] ќе биде под бугарска окупација. Во градот [[Призрен]] во Метохија ќе биде потпишан познатиот договор „Призренска лига“ за формирање на албанската фашистичка организација [[Бали Комбтар]].
 
Во [[1974]] година Косово се стекнува со статусот „социјалистичка автономна покраина“ на [[Србија]] и [[Југославија]], и во нејзе покрај српскиот официјален јазик ќе стане и албанскиот. Со здобивањето на овој статус се направени значајни чекори во развојот на Косово, бидејќи се отворени универзитет, театри и други културни и научни установи на албански јазик. По смртта на [[Јосип Броз Тито]], во [[1981]] година ќе се случат познатите студентски демонстрации кои подоцна ќе прераснат во општонародни демонстрации со барање Косово да добие статус на седма република во [[Југославија]]. Со доаѓањето на [[Слободан Милошевиќ]] како владин претставник во Косово и неговиот говор на Газиместан по повод 600-годишнината од Косовската битка тензиите меѓу косовските Албанци и српските власти уште повеќе ќе нараснат, што ќе резултитра со почеток на воените судири во [[1997]] година.