Роман I Лакапин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Егејското море → Егејското Море using AWB
с →‎Кампањата против Хамданидите: Правописна исправка, replaced: Егејско море|Егејското Море → Егејско Море|Егејското Море using AWB
Ред 66:
 
===Кампањата против Хамданидите===
Во [[924]]&nbsp;г. [[Источно римско царство|Византија]] кај [[Лемнос]] ја уништил флотата на Лав Триполитанец, освојувачот на [[Солун]] ([[904]]&nbsp;г.), и го воспоставила своето господство на [[Егејско мореМоре|Егејското Море]]. Кога пак [[Прво бугарско царство|бугарската]] опасност конечно престанала, и византиската копнена војска, под водство на Јован Куркуас, започнала со офанзивни операции. Границата на Таура останала навистина, и натаму стабилна, борби се воделе во [[Ерменија]], а посебно во северна [[Месопотамија]]. Првиот поголем успех било зазамањето на Мелитина: овој значаен град, кој веќе во повеќе наврати бил цел на византиските воени походи, му се предал на Јован Куркуас во [[931]]&nbsp;г., но потоа пак паднал во рацете на Арабјаните. На [[19 мај]] [[934]]&nbsp;г. Јован Куркуас го освоил уште еднаш и оттогаш тој подолго време останал под византиска власт. Меѓутоа, Јован Куркуас нашол достоен противник во личноста на [[Саиф-ад-Даулах]], емирот на [[Мосул]] и [[Алепо|Алеп]], претставник на [[Династија на Хамданидите|династијата Хамданиди]]. Додека моќта на [[Абасидски калифат|Абасидскиот калифат]] во [[Багдад]] се наоѓала во постојано опаѓање, силата на Хамданидите биле во пораст, така што и водството во борбата против Византија му припаѓало на Саиф-ад-Даулах. Заради одбрана од новиот непријател, Византија била приморана да склучи пријателски врски со калифатот во Багдад и со [[Династија на Ихшидидите|Ихшидидите]] во [[Египет]]. Во [[септември]] [[938]]&nbsp;г. Саиф-ад-Даулах го победил Јован Куркуас во областа на горен [[Еуфрат]], се пробил во Ерменија, натерал повеќе [[Ерменци|ерменски]] и [[Грузијци|ѓурѓијански]] кнезови да ги признаат неговите врховни права, а потоа навлегол во византиските земји и ја пустошел областа Колонеја ([[940]]&nbsp;г.). Меѓутоа, откако во Багдад избувнале немири, Саиф-ад-Даулах се повлекол, за да не ги пропушти можностите да се замеша во работите ка Калифатот.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 333.</ref>
 
===Нападот на Игор и нов трговски договор со Киевска Русија===