Балкански војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 77.28.37.236) и ја поврати преработката 3591327 на Виолетова
с Правописна исправка, replaced: Егејско море|Егејското Море → Егејско Море|Егејското Море using AWB
Ред 20:
Терминот '''Балкански војни''' се однесува на две војни, што се случиле во [[Југоисточна Европа]] во [[1912]] и [[1913]] година. [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]] започнала на [[8 октомври]] [[1912]] година кога [[Бугарија]], [[Грција]], [[Црна Гора]] и [[Србија]] формирале балкански сојуз против [[Османлиска Империја|Османлиската Империја]]. Војната завршила со потпишување на [[Лондонски договор, 1913|мировен договор]] во [[Лондон]].
 
[[Втора балканска војна|Втората балканска војна]] избила на [[16 јуни]] [[1913]] година кога Бугарија, незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни сојузници, [[Србија]] и [[Грција]]. Војната завршила со потпишување на [[Букурешки договор, 1913|мировен договор во]] [[Букурешт]].
 
== Положбата во Македонија пред војните ==
''Види [[Македонија пред Балканските војни]]''
 
'''Балканските војни''' во [[1912]] и во [[1913]] година претставуваат исход на [[Национално-ослободителни борби на Македонците|национално-ослободителната борба]] што македонскиот народ ја води во втората половина на [[19 век|XIX]] и во почетокот на [[XX век]]. [[Илинденско востание|Илинденското востание]] од [[1903]] година претставуваше врв на таа борба.
 
Најголемите надежи на македонскиот народ биле свртени кон Бугарија. [[Бугарска Егзархија|Егзархиската]] црква, а потоа [[Врховен македонски комитет|Врховниот македонски комитет]] (ВМК), односно [[врховисти]]те во текот на Илинденското востание успешно ја извршиле таа задача, па македонскиот народ најмногу верувал и очекувал од [[Софија]]. Поради тоа бугарската пропаганда наоѓала плодна почва и многу длабоко ја всадувала [[бугарштина]]та кај македонскиот народ. Непосредно пред Балканските војни во свеста на [[Македонци]]те главно била присутна ''бугарската доминација''.
Ред 51:
''Види [[Договор за одбранбен сојуз и меѓу Бугарија и Грција]] ''
 
Бугарско-грчките преговори започнале, исто така, во [[1911]] година и биле набрзо прекинати поради спорот околу поделбата на [[Македонија]]. На иницијатива на грчката влада преговорите биле обновени во март, а [[Бугарско-грчки сојузнички договор|договорот]] бил склучен во мај 1912 година. Тој бил ''одбранбен сојуз за меѓусебни помагања и заеднички настапувања'' спрема Турција и големите сили. Покрај договорот Грција и Бугарија потпишале и [[Декларација кон Бугарско-грчкиот сојузнички договор|декларација]] со која се предвидувала ''[[неутралност]] на Бугарија спрема Грција ако таа, поради [[Крит]], се најде во воена состојба со Турција''. [[Воена конвенција меѓу Бугарија и Грција|Воената конвенција]] што ја потпишале истата година предвидувала заедничко ангажирање на воени сили на [[Вардарско боиште|Вардарското]] и на [[Маричко боиште|Маричкото боиште]]: ''Бугарија да ангажира најмалку 300.000, а Грција најмалку 120.000 војници. Грчката флота имала задача да го спречи сообраќајот во [[Егејско мореМоре|Егејското Море]] меѓу [[Мала Азија]] и европскиот дел на Турција''.
 
Бугарската војска била претежно насочена кон Маричкото војувалиште, односно во [[Тракија]]. Царот Фердинанд жестоко се спротивставувал да го потпише членот 2 од Договорот, односно членот 3 од Воената конвенција што биле насочени против [[Австро-Унгарија]], но под притисок на руската влада и од кабинетот на [[Иван Гешов]], царот го потпишал Договорот. Два месеца по потпишувањето на Договорот, при своите посети на [[Берлин]] и на [[Виена]], Фердинанд ја застапувал тезата дека Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со [[Македонија]] и со [[Тракија]], но дека, во последен момент, откако ќе биде создадена голема Бугарија ќе се пресмета со Србија и ќе му пристапи на [[Балканскиот сојуз]].
Ред 77:
Во меѓувреме и турската војска ја поминала бугарската граница. Царот Фердинанд не сакал директни преговори со Србија и со Грција, чекал помош од големите сили, а во Софија состојбата станувала сè потешка, дури хаотична. Во таква состојба, царот [[Фрањо Јосиф]] го известил царот Фердинанд дека [[Австро-Унгарија]] нема да дозволи иднината на Бугарија да зависи од воената среќа, а неговата влада предложила колективен демарш од големите сили до Белград и Атина за завршување на војната.
 
Во исто време, Австро-Унгарија барала големите сили да извршат поделба на територијата на Македонија меѓу балканските земји и да ги присилат таа поделба да ја прифатат. Англија го прифатила овој предлог под два услова: да се воспостави заедничка граница меѓу Србија и Грција, и Бугарија да добие излез на Егејското Море. Германија сметала дека е најдобро претставниците на завојуваните страни да се состанат во Букурешт и во присуство на претставници на големите сили да склучат мир. Русија ги прифатила предлозите и веднаш барала од бугарската влада да испрати свој претставник во Ниш, кој ќе се сретне со Пашиќ и со Венизелос и да го потпише прелиминарниот договор. Бугарската влада го прифатила овој предлог и на 20 јули 1913 година ги испратила во Ниш генералот Паприков и д-р Иванчев, а со нив допатувал и рускиот воен аташе во Софија, полковник Романовски.
 
Меѓутоа, Србија и Грција не сакале да ги прекинуваат непријателствата додека Бугарија не потпише мир, а не прелиминарно примирје. Потоа, Бугарија морала да даде гаранции дека нема да ги повторува воените дејства, а на Романија ѝ ја отстапила бараната територија, со што романските воени цели биле исполнети, па дури тогаш претседателот на романската влада Титу Мајореску, ги замолил Пашиќ и Венизелос да ги прекинат воените дејства и да дојдат на преговори во Букурешт.
Ред 83:
=== Исклучување на Турција од мировниот процес ===
[[Податотека:Bolnica kaj Tabanovce 1912.jpg|мини|Болница кај село Табановце, за време на борбите во Куманово, 1912 година.]]
Српските и грчките претставници охрабрени со дотогашните победи барале преговорите да се водат во Ниш и на Бугарија да ѝ ги диктираат условите за мир. [[Романија]], која ја имала улогата на посредник меѓу големите сили и балканските земји, на Србија и го пренела решителниот став на [[Австро-Унгарија]] дека нема да дозволи Србија и Грција да се пробиваат кон Софија, како ни српска офанзива кон [[Видин]] и [[Белоградчик]], бидејќи Видин не може да биде српски, а ако не биде бугарски, тогаш ќе биде романски. Романија ја предупредила Грција дека доколку не се согласи на потпишување на прелиминарниот мир и на мировниот договор во Букурешт, тогаш таа (Романија) ќе стапи во сепаратен договор со Бугарија. Под силен притисок на Романија и на големите сили, Србија и Грција прифатиле да учествуваат на преговорите во Букурешт.
 
На [[25 јули]] [[1913]] година, српската врховна команда наредила да се прекинат сите офанзивни дејства против Бугарите и на достигнатите линии да се утврдат за одбрана. Турција упатила молба да учествува на преговорите во Букурешт. Нејзината молба била одбиена со изговор дека на конференцијата ќе се разгледуваат прашања поврзани исклучиво со поделба на територија меѓу балканските христијански држави, односно за поделбата и асимилацијата на христијанска Македонија, која со векови опстојувала како цела и засебна од соседите, во рамките на [[Османлиска Империја|Османлиската Империја]].
 
На [[30 јули]] [[1913]] година почнала мировната конференција во Букурешт во присуство на претставници на шест големи сили. Делегациите на балканските земји ги предводеле претседателите на владите, освен бугарската. Со конференцијата претседавал претседателот на Романија [[Титу Мајореску]]. Конференцијата работела на пленарни седници и во посебни седници на воените делегации. Покрај тоа, за одредени прашања биле формирани посебни комисии и биле одржани одделни седници. Конференцијата се одржувала во мошне заострена состојба, секој час постоела можност да биде прекината поради посебните интереси на големите сили или на балканските земји.
 
Сепак, на [[31 јули]] [[1913]] година биле прекинати воените дејства и било потпишано прелиминарно примирје под следните услови:
Ред 111:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Балкански војни| ]]
[[Категорија:Европа во новиот век]]