Разлика помеѓу преработките на „Осман I“

Одземени 6 бајти ,  пред 11 месец
с
Правописна исправка, replaced: Егејско море → Егејско Море using AWB
с (Правописна исправка, replaced: Егејско море → Егејско Море using AWB)
== Владеење ==
[[File:Osman I area map.PNG|thumb|десно|300px|Империјата во времето на Осман I]]
Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на [[Отоманци]]те во Отоманската Империја, која постоела шест векови. Осман на чело дошол во 1281 година. Се оженил со ќерка на богатиот бег Омер од кој брак се родил наследникот [[Орхан I]]. Во тоа време биле регрутирани голем број на војници од исламскиот свет за да се борат против се повеќе слабата Византија. Турското население во Анадолија значително се зголемило по доаѓањето на голем број на бегалци кои бегале од Монголската инвазија. Под негово раководство овие борци многу бргу се покажале како сериозна сила и темелите на новата империја биле многу бргу поставени.
 
Во [[1284]] година селџучкиот султан Алаедин III починал и како главни претенденти за неговата територија останале Осман и емирот на [[Караманија]]. Долгата и жестока борба меѓу потомците на Осман и Караманогулари започнала во текот на животот на Осман. Самиот Осман имал поголеми предности во однос на својот ривал главно поради неговата местоположба и блискоста со Византија.
 
Првите воени дејствија Осман ги презел против Византија. Во [[1281]] година станал бег на племето Каји, и како цел поставил да ги обедини сите туркиски народи во една држава. Териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на [[Византија]]. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Во [[1291]] година ја зазел тврдината Кулача. Во 1299 година дошло до распаѓање на [[Селџучка империја|Селџучкото царство]] и територијата во голема мера паднала под негова власт. Во 1300 година паднала тврдината Јенишехир. Реоните кои ги освоил биле управувани од страна на неговите синови и браќа. Така со Ескишехир управувал неговиот брат Ѓундуз, со Караџахисер Хасан, Инеѓул од Тургут. Подалечните територии биле управувани од страна на неговите команданти. На тој начин Осман ги направил своите поделени територии зависни едни од други. Кон почетокот на [[14 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини<ref name="Steven Runciman pg 32">''The Fall of Constantinople 1453'' by [[Steven Runciman]], pg 32</ref>. Во [[1302]] година била издвојувана голема победа во [[Битка кај Бафеј|битката кај Бафеј]].
 
Алармирани од растечкото влијание на Осман, Византијците постепено започнале да ги напуштаат селата во Анадолија и своите воени ресурси ги насочиле кон морнарицата. Византиското раководство било решено да го спречи на Осман да премине во Европа и се очајнички се обидувало да ги држи силите на Осман на западната граница. Осман сепак продолжил со напредувањето и започнал со опсада на Ефес во [[Егејско мореМоре]]<ref name="Steven Runciman pg 32"/>. Дополнително засилен од приливот на емигранти на негова територија, Осман исто така се преселил и кон исток каде слободно ги запленил византиските поседи во реонот околу [[Црно море]] во [[Анадолија]].
По паѓањето на Енишехир, започнала [[Опсада на Бурса|опсадата на Бурса]] и [[Опсада на Никеја (1331)|Никеја]]<ref>''The Fall of Constantinople 1453'' by [[Steven Runciman]], pg. 33</ref>. Зазимањето на византиските територии продолжило и во [[1306]] година бил потпишан првиот воен договор на империјата со [[Византија]]. Во текот на овој период голем дел од населението на овие простори го примил [[ислам]]от, а меѓу нив имало дури и византиски принцови како Косе Михаил на пример. Заедно со својата армија тој се присоединил кон силите на Осман и по тој начин неговите тврдини Ефке, Мезек и Акхисар преминале под управата на Осман.
 
Во [[1320]] година Осман се разболел и власта преминала во рацете на неговиот син Орхан Гази. Во негово време за прв пат започнал да се собира данок од продадените стоки наречен [[тимар]].
[[File:Türbe of Osman I, Bursa.jpg|thumb|десно|250px|Гробот на Осман I]]
[[Податотека:Sultan Osman Gazi Khan I.jpg|thumb|десно|250px|Разгледница со ликот на султан Осман Кан Гази I]]
Осман починал во [[1326]] година во [[Согут]]. Негов наследник станал неговиот син [[Орхан I]]. Посмртно ја добил титулата Гази, односно свет исламски војник од страна на своите наследници. Во времето кога новиот султан се качил на престолот, неговите поданици го благословиле со зборовите ''Да бидеш голем како Осман''. Желбата на Осман била да почива во новата престолнина Бурса. Денеска неговиот мавзолеј ([[турбе]]) претставува голема атракција за туристите.
 
За разлика од неговиот татко пред него, Осман оставил на својот син независна држава. Неизвесно е дали ковањето на монети и изрекувањето на молитви во домот на Осман, знаците за независност, започнало во последните години од владеењето на Осман или во почетокот на владеењето на неговиот син<ref>http://www.answers.com/topic/osman-i</ref>. Сепак, од времето на неговата смрт Осман создал независна држава која не била под влијание ниту на Византија ниту на Монголија. Препознавајќи ја слабоста на Византија, Осман своите напади ги насочил кон стекнување на територии на сметка на Византија.
 
Од клучно значење за опстанок на неговата држава било неговата способност да привлече војници кои биле во голема мера мотивирани да војуваат против ''христијанските неверници''.
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{Отомански султани}}
 
{{Persondata <!-- Metadata: see [[Wikipedia:Persondata]]. -->
| NAME = Осман 1
| PLACE OF DEATH = [[Согут]], [[Анадолија]]
}}
 
{{Отомански султани}}
 
[[Категорија:Отомански султани од 14 век]]
[[Категорија:Родени во 1258 година]]