Роман I Лакапин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Егејското море → Егејското Море using AWB
Ред 27:
==Социјален статус и активности пред да стане цар==
===Потекло и воена функција===
Роман Лакапин бил син на обичниот стратиот - Теофилакт Абастакт, кој и сам ја започнал кариерата како војник на темата [[Арменијака (тема)|Арменијака]]. Тој бил на чело на [[Источно римско царство|византиската]] морнарица, односно бил друнгарија на царската флота. Во тоа време [[Прво бугарско царство|Бугарија]] на чело со царот [[Симеон I|Симеон]] ја нападнал Византија која била водена од регентството под водство на царицата Зоја, мајка на [[Константин VII Порфирогенит]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 319.</ref>
 
===Роман Лакапин како регент на Константин VII===
Ред 34:
==Внатрешна политика==
===Роман I и своите синови===
Роман Лакапин ја зацврстил и ја обезбедил својата власт над [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Тој долго не се задоволил со позицијата на совладетел на својот млад зет. Наскоро односот меѓу нив и официјално се променил: Роман I станал врховен господар, а Константин VII ја зазел положбата на совладетел на својот дедо. За цареви совладетели биле крунисани и синовите на Роман Лакапин: Христофор на [[20 мај]] [[921]]&nbsp;г., а Стефан и Константин на [[25 декември]] [[924]]&nbsp;г. Притоа и Христофор добил повисок ранг од Константин Порфирогенит, заземајќи ја положбата на втор цар и престолонаследник на својот татко, додека претставникот на легитимната [[Македонска династија]] морал да се задоволи со декоративната улога на трет цар. Така Роман Лакапин покрај Македонската династија создал своја споствена династија и и обезбедил предимство. Тројца негови синови носеле царска титула, а на четвртиот, [[Теофилакт Цариградски|Теофилакт]], му била преодредена духовна кариера: уште како дете тој му бил синкел на [[Цариградска патријаршија|патријархот]] [[Никола I Цариградски|Никола Мистик]], а наскоро и самиот станал патријарх. Владетелскиот систем на Роман Лакапин многу личел на системот што во свое време го создал [[Василиј I Македонецот|Василиј I]]. Но, за разлика од Василиј I, Роман не го отстранил претставникот на легитимната династија по насилен пат, туку го врзал за своето семејство со роднински врски, а потоа постепено, речиси незабележливо го потиснал во позадина.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 327-328.</ref>
 
===Зближување со високите кругови===
Вешт политичар и дипломат, Роман I бил олицетворение на мудра државничка умереност. Полн со енергија и цврста волја, тој ги спроведувал своите планови со ладнокрва истрајност, не навалувајќи но и никогаш не напуштајќи ги своите крајни цели. Покрај тоа имал и една од најважните владетелски доблести: способноста добро да ги избере своите соработници. Во личноста на протовестиаријата, подоцна паракимоменот Теофан, тој нашол вонреден министер, а во Јован Куркуас, кого во [[923]]&nbsp;г. го поставил за доместик на Схола, блескав војсководец. Кога дојденец со непознато потекло, Роман Лакапин не можел да биде по волјата на византиското [[благородништво]]. Меѓутоа, со омажувањето на своите помлади ќерки, свеските на царот [[Константин Порфирогенит]], за претставници на старите аристократски семејства, тој стапил во роднински врски со најистакнатите семејства, како што биле Аргири и Мусели.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 328.</ref>
 
===Односот со патријаршијата и папството===
[[Цариградска патријаршија|Црквата]] му била верна: [[Цариградска патријаршија|патријархот]] [[Никола I Цариградски|Никола Мистик]] бил негов верен соработник, поврзан си пријателство и со заеднички интереси. Приврзаниците на покојниот [[Ефтимиј I Цариградски|Евтимиј]] (умрел во [[917]]&nbsp;г.) повеќе не играле некоја значајна улога, а [[Папска држава|римската црква]], која минувала низ една од најматните епохи на својата историја, му се потчинувала на моќниот цар без поговор. Уште пред Романовото официјално крунисување за цар на Цариградскиот собор во [[920]]&nbsp;г., во присутство на [[Папа|папски]] легати, било донесено решение во врска со браковите на [[Лав VI Мудриот|Лав VI]], со кои четвртиот брак се забранувал, а третиот се осудувал и се допуштал во извесни околности. Оваа одлука му пружила големо морално задоволување на патријархот Никола Мистик, а на Роман му донела двојна добивка, бидејќи му задала тежок удар на угледот на [[Македонска династија|Македонската династија]], а нему му ја припишала улогата на обединител на црквата. По долги, немили расправии, византиската црква изгледала обединета повторно, и Никола Мистик можел во „Томот на обединувањето“ да го извести [[Христијанство|христијанскиот]] свет за својот триумф. Меѓу духовната и световната власт во наредните години владеела слога и соработка која потсетувала на идеалната слика од „Епанагогата“ (дело на [[Василиј I Македонецот|Василиј I]]). Државниот поглавар го поддржувал и патријарховиот морален авторитет, а патријархот во време на борбите против [[Симеон I|Симеон]] настапувал како најверен царев помагач и советодавец.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 328-329.</ref>
 
Меѓутоа, на црковните услови во [[Источно римско царство|Византија]] им недостигала стабилност, дотолку повеќе што положбата на црквата во значителна мерка зависела од личноста на нејзиниот раководител, а за изборот на патријархот фактички решавала царевата волја. По смртта на Никола Мистик ([[925]]&nbsp;г.), односите меѓу државата и црквата во основа се измениле, и од неодамнешниот висок углед на византиската црква не останала ниту трага. По два кратки и безначајни понтификати, патријаршискиот престол долго време бил празен, а потоа царот за патријарх го довел својот шестнаесетгодишен син [[Теофилакт Цариградски|Теофилакт]]. Неговото ракоположување го извршиле во [[933]]&nbsp;г. папските легати, што царот за таа цел ги викнал во Цариград. Младиот патријарх бил слеп извршител на татковата волја.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 329.</ref>
Ред 47:
Државничката големина на Роман I Лакапин најмногу јасно се огледала во законските мерки што ги презел заради одржување на малиот земјопосед. Економско-социјалниот систем на [[Источно римско царство|византиската држава]], заснован на земјосопствеништвото на селаните и војниците, дошоло во криза по наглото јакнење на феудалната велепоседничка [[аристократија]]. Земјата од селаните и војниците брзо преминувала во рацете на "моќни луѓе", а нивните сопственици, "сиромасите" се претворале во парици на властелинските и манастирските поседи. Роман Лакапин прва ја увидел опасноста што ја криел во себе овој процес и јасно ја формулирал неговата суштина со овие зборови: „Малиот посед донесува многу корист со тоа што плаќа државни даноци и врши воена служба; тоа се ќе пропадне, ако бројот на малите сопственици се намали“. За да се зачува системот кој во вековните борби ја покажал својата сила, за да се одржува финансиската и воената моќ на византиската држава, Романовата влада се обидела да им застане на патот на опаѓањето на поседите на војниците и на селаните и на нивното преминување во рацете на властелата. Така меѓу централната власт и феудалната аристократија започнала борба кој била пресудна за целиот натамошен развој на Византиското царство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 329-330.</ref>
 
Најпрвин Роман Лакапин, во [[април]] [[922]]&nbsp;г., ја објавил новелата со која го востановил правото на предимство на соседот при купувањето на [[Село|селските]] имоти. Ова право, т.н. „протимисис“, укинато во времето на [[Лав VI Мудриот|Лав VI]], во Романовата новела нашло свој класичен израз. При оттуѓувањето на селските имоти преку продажба или закуп, пет категории купувачи односно закупци имале право на предимство: роднини-сопоседници; други сопоседници; поседници на имоти кои се наоѓале со имотот во продажба во меѓуземјишна сопственост; соседите кои заеднички ги плаќале даноците; другите соседи. Дури ако овие пет категории купувачи ја одбиле понудата, земјата можела да им се продаде на други лица.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 330-331.</ref>
 
Меѓутоа оваа одредба, и покрај својата строгост, не го постигнала очекуваното дејство. По необично долгата и силна [[зима]] во [[927]]/[[928|28]]&nbsp;г. Царството било погодено со тешка неродност, со глад и помор. Тоа го искористиле големосопствениците, купувајќи од изгладнетото население земја по најниски цени. Со овие околности била предизвикана новелата на Роман I од [[септември]] [[934]]&nbsp;г. Со најголемо огорчување царот мавал по себичност на големосопствениците кои се покажале "понемилосрди и од гладот и од поморот". Сепак, царот не нааредил безусловно да се вратат сите продадени поседи, како што тоа можело да се очекува со стриктно применување на законот од 922г. Повторно се прогласувале за неважечки сите подароци, сите наследства и на тоа слични погодувања. Се анулирале и купувањата на оние имоти за кои е платено помалку од половина на "правичната" цена. Меѓутоа, во случај на "нормално" купување, враќањето на откупениот посед било условено со враќање на платената цена во рок од три години. Во иднина на властелите повторно им се забранувало секакво купување селански поседи со закана дека купената земја ќе им се одзеде без било како надомест и дека ќе плаќаат казна. На крајот царот изразил уверување дека со силата на законот ќе ги совлада сите внатрешни непријатели како што со силата на оружјето ги победил надворешните противници.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 331-332.</ref>
Ред 53:
==Надворешна политика==
===Судирот со Симеон I===
Романовото издигнување претставувало тежок удар за [[Симеон I|Симеон]]. Напразно патријархот [[Цариградска патријаршија|патријархот]] [[Никола I Цариградски|Никола Мистик]] се обидувал да посредува, упатувајќи му на Симеон многубројни писма и трудејќи се да го ублажи неговиот гнев и да го наговори на попуштање. Симеон не барал ништо помалку туку неговиот среќен соперник да се отстрани. Затоа што, се дотогаш додека Роман Лакапин ја задржувал својата позиција, сите патишта за остварување на неговата крајна цел останале затворени. Но, за да можело да се отстрани Роман Лакапин постоел само еден начин: освојување на [[Цариград]]. Тоа што Симеон во повеќе наврати ја пустошел [[Тракија]] и повторно го зазел [[Едрене]] ([[923]]&nbsp;г.), битно не ја менувала ситуацијата. Зад моќните цариградски ѕидини, Роман останувал надвор од неговиот дофат и мирно чекал. Господар на ситуацијата бил оној што владеел со Цариград. Симеон тоа добро го знаел, но му недостигала флота без која освојувањето на таа единствена тврдина било невозможно. Оттаму тој склучил договор сојуз со [[Египет|египетскитеегипет]]ските Арабјани, кои располагале со силна морнарица, заради заеднички план на Цариград. Меѓутоа, вештата византиска дипломатија го спречила тој план: добивајќи од Византија богати подароци, Арабјаните се откажале од планираниот поход. Кога во [[924]]&nbsp;г. дошол пред Цариград, Симеон, како и [[913]]&nbsp;г., морал да увиди дека неговата сила не им дораснала на цариграските ѕидини и како и тогаш го повикал својот соперник на состанок. Така, [[есен]]та 924г., дошло средба меѓу Симеон и Роман кој, закитен со легендите, им останал на Византијците до долго сеќавање. Но додека состанокот со патријархот Никола Мистик, пред единаесет години, му отворал на Симеон најблескави изгледи изгледи, дотогаш состанокот со царот Роман означувал крај на неговите големи надежи.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 321-322.</ref>
 
За разлика од Зоината влада, Роман I никогаш не го омаловажувал својот голем противник. Во едно писмо до Симеон од 923г. тој енергично протестирал против тоа што Симеон се нарекувал цар на [[Бугари]]те и [[Ромеи]]те. Во наредното писмо, тој додал дека неговиот протест не се однесува на царската титула како таква, туку на Симеоновите претензии да се смета за цар на Римјаните. Иако, нерадо, [[Источно римско царство|Византија]] сепак се помирила со тоа [[Прво бугарско царство|бугарскиот]] владетел да носи царска титула, под услов таа титула да важи само за бугарските земји. Исто така, веќе во [[920]]&nbsp;г. на Симеон му било понудено преку патријархот Никола, да стапи во брачни врски со новиот владеачки дом на Лакапин, што пак значело не мала почест, но немало ништо заедничко со Симеоновите династички планови. Натамошните отстапки Роман решително ги одбивал, па не сакал ни да чуе за територијалните концесии. Всушност, настаните од претходните години покажале дека Симеон, и покрај војничката надмоќност, не бил во состојба да ја спроведе својата програма со оружена сила, а дипломатската вештина на Византијците го доведувала во уште потешка положба.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 322.</ref>
 
Доминирајќи со вкупните збиднување на [[Балкан|Балканскиот Полуостров]], византиско-бугарската борба се повеќе ги зафаќала и другите балкански земји. Византиските и бугарските влијанија посебно се вкрстувале и се судирале во [[Рашка|Србија]]. Српските кнезови биле упатени на подршка од едната или од другата велесила и им служеле како орудие во нивната меѓусебна борба. Час Симеон, час пак Роман Лакапин успевале на српскиот престол да доведат свој штитеник и да го отстрани штитеникот на спротивната страна. Симеон подготвувал нов поход против Византија, но на [[27 мај]] [[927]]&nbsp;г. големиот бугарски владетел ненадејно починал.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 322-323.</ref>
 
===По смртта на Симеон===
По [[Симеон I|Симеоновата]] смрт ситуацијата со еден потег во основа се изменила. Неговиот син [[Петар I (Бугарија)|Петар]] ([[927]]&nbsp;г.-[[969]]&nbsp;г.) не го наследил татковиот воинствен дух, ниту неговите високи стремежи. Натамошната борба изгледала напразна, и Петар побрзал да склучи мир со [[Источно римско царство|Византија]]. Византијците го признавале за цар на [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и за жена му ја дале принцезата Марија Лакапин, ќерка на најстариот Романов син Христофор. Призната била и бугарската патријаршија., која, како што изгледа, ја основал Симеон во последните години од неговото владеење. Симеоновите големи воени успеси, значи, не останале без резултат. Навистина, неговиот сон за универзално царство не се остварил, но и Зоиното одбивање на сите бугарски барања се покажало како нереално. Победила средната линија на царот Роман. Бугарскиот владетел ја добил царската титула, но со изречно ограничување на бугарскта територија. Стапил во семејни врски во византиската владеачка куќа, но не со легитимната [[Македонска династија]], туку со семејството Лакапин. Улогите како да се измениле: бугарскиот владетел не станал дедо и заштитник на византискиот цар, како што тоа Симеон сакал, туку византиските цареви Роман и Христофор во личноста на бугарскиот цар Петар нашле послушен и верен зет. Значајните отстапки, што Роман I, сега без надворешен притисок, им ги направил на [[Бугари]]те, создале предуслови за поволен развој на бугарско-византиските односи. Никогаш мирот на бугарско-византиската граница не бил толку ненарушен и никогаш влијанието на Византија врз Бугарија не било толку силно како во времето по договорот склучен во 927г. Во самата Бугарија, влијанието на византиската култура, кое постојано се зголемувало од нејзиното нејзиното покрстување, сега достигнало кулминација.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 323-324.</ref>
 
===Рашка===
Ред 66:
 
===Кампањата против Хамданидите===
Во [[924]]&nbsp;г. [[Источно римско царство|Византија]] кај [[Лемнос]] ја уништил флотата на Лав Триполитанец, освојувачот на [[Солун]] ([[904]]&nbsp;г.), и го воспоставила своето господство на [[Егејско море|Егејското мореМоре]]. Кога пак [[Прво бугарско царство|бугарската]] опасност конечно престанала, и византиската копнена војска, под водство на Јован Куркуас, започнала со офанзивни операции. Границата на Таура останала навистина, и натаму стабилна, борби се воделе во [[Ерменија]], а посебно во северна [[Месопотамија]]. Првиот поголем успех било зазамањето на Мелитина: овој значаен град, кој веќе во повеќе наврати бил цел на византиските воени походи, му се предал на Јован Куркуас во [[931]]&nbsp;г., но потоа пак паднал во рацете на Арабјаните. На [[19 мај]] [[934]]&nbsp;г. Јован Куркуас го освоил уште еднаш и оттогаш тој подолго време останал под византиска власт. Меѓутоа, Јован Куркуас нашол достоен противник во личноста на [[Саиф-ад-Даулах]], емирот на [[Мосул]] и [[Алепо|Алеп]], претставник на [[Династија на Хамданидите|династијата Хамданиди]]. Додека моќта на [[Абасидски калифат|Абасидскиот калифат]] во [[Багдад]] се наоѓала во постојано опаѓање, силата на Хамданидите биле во пораст, така што и водството во борбата против Византија му припаѓало на Саиф-ад-Даулах. Заради одбрана од новиот непријател, Византија била приморана да склучи пријателски врски со калифатот во Багдад и со [[Династија на Ихшидидите|Ихшидидите]] во [[Египет]]. Во [[септември]] [[938]]&nbsp;г. Саиф-ад-Даулах го победил Јован Куркуас во областа на горен [[Еуфрат]], се пробил во Ерменија, натерал повеќе [[Ерменци|ерменски]] и [[Грузијци|ѓурѓијански]] кнезови да ги признаат неговите врховни права, а потоа навлегол во византиските земји и ја пустошел областа Колонеја ([[940]]&nbsp;г.). Меѓутоа, откако во Багдад избувнале немири, Саиф-ад-Даулах се повлекол, за да не ги пропушти можностите да се замеша во работите ка Калифатот.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 333.</ref>
 
===Нападот на Игор и нов трговски договор со Киевска Русија===
Ред 77:
 
==Отстранување на Роман од престолот и негова смрт==
Преносот на [[Едеса (Сирија)|Едеската]] икона во [[Цариград]] бил последниот триумф на царот Роман I. Трагичен крај го чекал овој голем владетел. Стариот цар Роман, чија позиција изгледала толку безбедна, станал жртва на властољубието на своите синови. Неговиот првенец Христофор, кого тој го определил за престолонаследник, умрел во [[931]]&nbsp;г. Точно оценувајќи ги своите помлади синови, Роман не ги ставил пред легитимниот цар [[Константин VII Порфирогенит|Константин Порфирогенит]], па Стефан и Константин, плашејќи се дека по татковата смрт царската власт ќе му припадне на Константин Порфирогенит, решиле да изведат државен удар. На [[16 декември]] [[944]]&nbsp;г. стариот цар по нивни налог бил фатен и протеран во прогонство, каде што и го завршил животот како калуѓер на [[15 јуни]] [[948]]&nbsp;г.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 336.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
{{Шаблон:Византиски владетели}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Православни монарси]]
[[Категорија:Македонска династија]]