Привремена влада на Македонија - Единство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Егејското море → Егејското Море using AWB
Ред 3:
== Причини за појава ==
[[Податотека:Macedonia Revolutionary Government 1880.JPG|десно|мини|200п|Документи на Привремената влада на Македонија: Протоколно решение, Писмо до рускиот конзул во Солун и Апелот на привремената влада]]
Романскиот конзул од [[Солун]] дава четири гледишта за појавата на Привремената влада кој биле распространети меѓу конзулите во Солун. Според првото гледиште Владата била творба на [[Русија]], со цел да се крене востание во Македонија, да се создаде Автономна Македонија со престолнина во Солун и на тој начин да се спречи [[Австрија]] да излезе на [[Егејското мореМоре]]. Според второто гледиште Владата била творба на [[Грција]] со цел полесно присоединување на [[Епир]] и [[Тесалија]] кон грчката држава и создавање на услови за подоцнежно освојување и на Македонија. Според третото гледиште владата била создадена од [[Отоманската империја]] со цел да се спречи Грција да ги заземе Епир, Тесалија и Македонија. Четвртото гледиште е ставот и на самиот романски конзул и според него, творец на Привремената влада на Македонија - Единство е самиот [[македонски народ]] кој бил незадоволен од општата состојба и од останувањето на Македонија под турска власт.<ref><small>''Љ. Лапе, Одбрани текстови... втор дел, 254-253.''</small></ref>
 
Врз основа на овие гледишта како и други изворни документи постојат полемики во историската наука за причините за појавата на привремената влада, од своја страна пак најголемиот дел од македонските историчари го прифаќаат гледиштето дека влада е формирана од страна на македонскиот народ кој бил незадоволен од својата положба.<ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет.''</small></ref>
 
== Народното собрание во Гремен ==
 
Од [[21 мај]] до [[2 јуни]] [[1880]] година во Грамос се собрале 32 делегати, преставници на македонската, албанската, влашката и српската народност. Националното собрание ја разгледала програмата на војводите [[Леонидас Вулгарис]] и [[Константин Буфски]] и одлучиле дека треба да се преземат мерки за остварување на национална цел на Македонија. Собранието најпрво заклучило дека:
{{Цитат|''Македонија со векови страдала од турскиот тимарско-спахиски систем, а потоа од чифлигарскиот систем и дека нема услови по мирен пат да се ослободи од турската власт. Македонија етнички е расцепкана на Македонци, Грци, Албанци, Власи и Турци, меѓу кои е создадено непријателство поради политички цели на одделни држави. Соседните балкански држави го уриваат националното единство на Македонците со своите верско - национални пропаганди и Македонците ги прават анонимни пред европското јавно мислење. Отстранувањето на изнесените причини е единствен излез Македонија да се ослободи од турското ропство.''<ref name="vgj"> <small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980.''</small></ref>}}
Собранието заклучило дека членот 23 од [[Берлинскиот конгрес]] не се спроведува од страна на турските власти и затоа биле донесени следните решенија:
 
{{Цитат|''1. Најнапред да се стави до знаење на Високата порта преку главниот управител (Валијата) на Македонија, дека македонскиот народ бара побрза примена на член 23 од Берлинскиот договор и донесување на Органски устав со учество и на македонски претставници 2. Решението на Националното собрание да се достави до сите преставници на големите сили во Македонија - потписнички на Берлинскиот договор, со молба, Големите сили да се застапат кај Високата порта за примена на членот 23 од Берлинскиот договор 3. Доколку Високата порта ја одбие примената на членот 23 од Берлинскиот договор, Националното собрание ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата - Македонија на Македонците, за востановување на древна Македонија 4. Националното собрание одлучи и избра од своите редови Привремена влада на Македонија - Единство, во која се застапени претставници на народностите што ја населуваат Македонија.''<ref><small>''Ibid. Pol. archiv XXXVIII. Konsulat Salonich. Karton 235. Izv. No 86 rez. Salonich 28.VII.1880. Прилог: 2 документи на Привремената влада на Македонија''</small></ref> }}
 
Со решението на Народното собрание била формирана ''Привремената влада на Македонија - Единство'' и во неа влегле: Претседател - Васил Симон и двајца членови Анастас Димитровиќ и Али Ефенди кој бил [[Албанец]]. Владата во овој состав имала задача да ги претстават барањата на собранието пред големите сили.
Ред 19:
== Дејност ==
 
Во јули 1880 година Владата ги претставила барањата на Собранието пред солунските конзули, барањето било потпишано од Васил Симеон, Анастас Димитровиќ, Али Ефенди, а било предадено и протоколното решение на Националното собрание кое било потпишано од 32 делегати и претседателот на собранието Стефо Николов.
 
На [[23 март]] [[1881]] година во [[Ќустендил]], Привремената влада објавила [[s:Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881|манифест]] во кој се истакнува меѓу другото дека:
{{Цитат|''...Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт...''<ref><small>„Манифест на Привремената Влада на Македонија“ во „Македонската лига и Уставот за државно уредување на Македонија од 1880“, Скопје, 1985, 356 стр.</small></ref> }}
 
== Цел ==
Ред 37:
== Извори ==
<references/>
 
[[Категорија:Историја на македонскиот народ]]
 
{{Македонско национално движење}}
 
[[Категорија:Историја на македонскиот народ]]