Берлински конгрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 92.53.45.197) и ја поврати преработката 3845028 на Виолетова
с Правописна исправка, replaced: Егејското море → Егејското Море using AWB
Ред 1:
[[Податотека:Berliner kongress.jpg|thumb|350px|[[Антон фон Вернер]]. ''Берлински конгрес''.]]
[[Податотека:Karti od Sanstefan i Berlinski kongres 1878.jpg|right|300px|thumb|Карти на Македонија од Санстефан и Берлин (1878)]]
'''[[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]]''' ([[13 јуни (настани)|13 јуни]] - [[13 јули (настани)|13 јули]], [[1878]]) е средба на државните претставници на тогашните европски големи сили и [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]] која се одржала во [[Берлин]] во [[1878]] година, после завршувањето на [[Руско-Турска војна|Руско-турската војна, 1877-1878]]. На конгресот се расправало за новонастанатите услови на [[Балкан|Балканот]]от. Претседавач на конгресот бил [[Ото фон Бизмарк]].
 
== Цели на Конгресот ==
Некои од големите сили, особено [[Австро-Унгарија]], [[Британија]] и [[Франција]], не биле задоволни со содржината на [[Санстефански Договор|Санстефанскиот договор]], кој бил склучен помеѓу [[Русија]] и [[Турција]] во март истата година. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки, особено излез на [[Егејското мореМоре]] до [[Солун]] и [[Кавала]] преку бугарска територија. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок. Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. На инсистирање на Русија, Бугарија не учествувала на Берлинскиот конгрес.<ref name="Krasner"/>
 
Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Бизмарк.
Ред 15:
* Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманската Империја;
* [[Кипар]] ѝ бил доделен на [[Велика Британија]];
* [[Босна и Херцеговина]] ѝ била доделена на [[Австро-Унгарија]].
 
На овој начин моќта на Отоманската Империја во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на Руското царство на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австро-Унгарија.
 
На Конгресот се договорил и бил ратификуван Берлинскиот договор.
 
На Конгресот се направила целосна ревизија или биле избришани 18 од вкупно 29 членови на [[Санстефанскиот договор]], и во таа смисла ги исполнил целите.
 
Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со [[Балканските војни]], а подоцна и [[Првата светска војна]].
Ред 32:
* [[Бенџамин Дизраели|Ерлот од Беконсфилд]]
* [[Роберт Сализбури|Маркизот од Сализбури]]
* [[Лорд]] Расел
 
Русија
* [[Александар Горчанков|Принцот Горчаков]]
* [[Петар Шувалов|Грофот Шувалов]]
* Баронот Убрил
 
Германија
Ред 52:
* [[William Henry Waddington|Монсењор Вадингтон]]
* Comte de Saint-Vallier
* Monsieur Desprey
 
Италија
* [[Lodovico, count Corti|Грофот Корти]]
* Count De Launay
 
Отоманска Империја
Ред 64:
 
Грција
* [[Теодорас Делијанис]]
 
Србија
Ред 77:
{{main|Македонија и Берлинскиот конгрес}}
 
Членот 23 од Берлинскиот договор е еден од двата основни документа, кои го определуваат државно-правниот концепт на Македонија од овој период - вториот е Уставот на Македонските востаници од 1878 година.
 
Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција. Тој предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на [[Крит]], во рамките на Турската империја. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската. Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на царската влада. Помошниците на мутасарафите - муслиманите, би биле христијани, а на христијаните - муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками.
Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско - односно муслиманско - население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.
 
Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својот национален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.
 
Оттогаш па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе ѝ се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица. Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како „етнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување“.
 
=== Големобугарски аспирации ===
[[Податотека:Bulgaria-San_Stefano-Berlin_1878.jpg|thumb|right|300px|Границите на Бугарија пред и по Берлинскиот конгрес.]]
 
Со Санстефанскиот договор, Бугарија добила огромни територии од Отоманската империја, вклучувајќи ја целата територија на географска Македонија, но и делови од денешна Србија ([[Пирот]], [[Врање]]) и Албанија ([[Корча]]). Со Берлинскиот конгрес, оваа ситуација е значајно изменета, при што [[Источна Румелија]] повторно станала oтоманска провинција, како и Македонија. Исто така, денешни делови од Србија и Романија биле доделени на тие земји.
 
Иако Санстефанскиот договор живеел само три месеци, тој создал во Бугарија фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.