Салаковски Езера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: глечерските → ледничките using AWB
с →‎Местоположба и одлики: Правописна исправка, replaced: глацијално → ледничко using AWB
Ред 11:
Станува збор за две езера кои се единствени постојани езера на овој масив. Наречени се Салаковски Езера (Големо и Мало Салаковско Езеро), а се наоѓаат во месноста Езериња на североисточните делови од [[Караџица]] односно под врвот [[Убава]], висок 2353 метри.<ref name="Јакупица">{{цитирана книга|last= Стефанка Хаџи Пецова, Михаило Зиков, Пене Пенев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Малинка Ристевска Јорданова|title=Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство|publisher=Студентски збор|date=1999|page=48}}</ref>
 
Езерата се сместени на надморска височина од 2.178 метри во еден заеднички цирк, кој е создаден за време на плеистоцената глацијација. Имено цирк претставува широка вдлабнатина во форма на амфитеатар, кој настанува со делување на процесот на глацијација односно со делување на ледничките маси, кои движејќи се го продлабочуваат теренот. Во овој случај циркот е настанат со движењето на Салаковскиот ледник. Овој цирк е обиколен со билото Горни Пепељак од северозапад, Убава од југ и Салаковска Планина од исток. Во минатото Салаковскиот цирк бил исполнет со вода од едно глацијалноледничко езеро, но бидејќи истеката на ова езеро лежи врз ерозивни моренски мтеријали, таа постепено се всекува и езерото ја губи водата. Денес се останати само најдлабоките делови од тоа некогашно езеро (Големото и Малото Салаковско Езеро). До Салаковските Езера може да се дојде од повеќе населени места: [[Црн Врв]] од север, [[Алдинци]] ([[Планинарски дом „Караџица“|пл. дом Караџица]]) од североисток, [[Тажево]] и [[Белица (Македонски Брод)|Белица]] ([[Порече]]) од југозапад и [[Патишка Река]] од северозапад.
 
Големото Салаковско Езеро зафаќа површина од 1340 m<sup>2</sup>, додека Малото Салаковско Езеро зафаќа површина од 850 m<sup>2</sup><ref name="Стојмилов">{{Наведено списание|last=Стојмилов|first=Александар|date=1998|title=Глацијални езера на Јакупица (Мокра Планина)|url=|journal=Географски разгледи|volume=32-33|pages=11-14}}</ref>. Најголемата длабочина на големото езеро изнесува 2,35 метри, додека Малото езеро има најголема длабочина од 2,5 метри<ref name="Стојмилов" />. При проучувањата на езерскиот басен, се утврдило дека во далечното минато, двете езера биле споени и претставувале едно големо езеро<ref name="Стојмилов" />.