Разлика помеѓу преработките на „1224“

Одземени 5 бајти ,  пред 3 месеци
с
Правописна исправка, replaced: Кастилја → Кастиља (2) using AWB
с (Правописна исправка, replaced: Кастилја → Кастиља (2) using AWB)
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: [[Византиски календар|византискиот]], [[Асирски календар|асирскиот]], [[Еврејски календар|еврејскиот]], [[Римски календар|римскиот]], [[Кинески календар|кинескиот]], [[Будистички календар|будистичкиот]] и [[Исламски календар|исламскиот]].
 
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според [[Библија]]та, на 1 септември 5509 п.н.е. според [[Продолжен јулијански календар|продолжениот јулијански календар]], истата трае во текот на 6732 и 6733 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот [[Асур]], станува збор за 5974 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според [[Евреи]]те, годината се протега во текот на 4984 и 4985 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата [[Ромул]] и [[Рем]] го основале градот [[Рим]] (познато и како ''[[Ab urbe condita]]''), годината е избројана како 1977.
 
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот [[Жолт цар]] или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1224. година се протега во 3860 и 3861, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3920 и 3921 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека [[Гаутама Буда|Буда]] достигнал состојба на [[нирвана]], и годината ја брои како 1767. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот [[Мухамед]] од [[Мека]] во [[Медина]] (позната и како [[хиџра]]), годината се протега во текот на 620 и 621 исламска година.
== Настани ==
 
* [[февруари]] - Во [[Карион де лос Кондес|Карион]] кралот на [[Кралство КастилјаКастиља|КастилјаКастиља]], [[Фернандо III Кастилски|Фердинанд III]], објавува дека има намера да продолжи со „[[Реконквиста]]“ против [[ел-Андалус]].<ref name="Linehan1999">{{cite book|title=The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300|year=1999|publisher=Cambridge University Press|isbn=0-521-36289-X|pages=668–699 [672]|first=Peter|last=Linehan|editor=Abulafia, David |chapter=Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre}}</ref> Истата година, [[Алмохадска династија|алмохадскиот калиф]] [[Јусуф II ел-Мустансир]] умира и е наследен од [[Абу Мухамед ел-Вахид]], но во ел-Андалус, двајца претенденти, исто така, ги бараат своите права на престолот. Оваа политичка нестабилност на муслиманската страна му овозможува на кастилискиот принц победоносно да ја започне својата кампања во октомври, со освојувањето на [[Кесада]], [[Шпанија]].
* Последните муслимански жители се протерани од [[Сицилија]] и [[Малта]].
* [[Ливонска крстоносна војна]]: Ливонските браќа на мечот ги поразуваат [[Естонци]]те. Со предавањето на тврдината [[Тарту]], само островите на [[Саремаа]] и [[Муху]] остануваат под контрола на [[Естонија]].
* За прв пат се споменува градот [[Битерфелд-Волфен]].
* [[Јуденбург]] ги добива своите градски привилегии.
* [[Опава]] ги добива своите градски привилегии.
 
== Наводи ==