Јане Сандански и Илинденското востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: допринело → придонело using AWB
Ред 1:
{{Јане}}
Прашањето за востание во [[ТМОРО]] се наметнало постепено, под притисок на [[Горноџумајско востание|врховистичката провокација од септември 1902 година.]] На [[24 декември (настани)|24 декември]] (стар стил) 1902 година Гарванов испратил окружно со кое ги поканил делегатите за Конгрес. Конгрес бил закажан за [[2 јануари (настани)|2 јануари]] (стар стил) 1903 во Солун. <ref name="Sloboda ili smrt">Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Табернакул - Филозофски факултет, Скопје, 2003</ref> На [[3 јануари (настани)|3 јануари]] (стар стил) 1902 година, солунските делегати ја донеле одлуката за востание, а следниот ден било решенео тоа да биде посеместно и стратешко, без да се определи дата за негов почеток. Во однос на одлуката за кревање на востанието, Сандански во своите спомени истакнал: ''Споменатата вест морално не утепа; сосем друго мислевме за Организацијата, друго агитиравме, а сосем поинаку излегуваше. Веќе немав ни лице, ни срце да агитирам како порано. Ги оставив момчињата да агитираат. Просто плачевме.'' <ref name="Sloboda ili smrt" />
== Хронологија ==
Во [[Караќој]], Неврокопско се одржало советување на војводите од Серскиот револуционерен округ. На ова советување биле: [[Димитар Гуштанов]], [[Атанас Тешовалијата]], Дедо [[Иљо Крчовалијата]], Јане Сандански, [[Христо Куслев]], [[Михаил Чаков]], [[Пејо Јаворов]], [[Иван Атанасов Грчето]] и др. На една затворена средба помеѓу Делчев, Јаворов, Гуштанов и Сандански било договорено да се вложат усилби за измени на Солунското решение, алудирајќи на карактерот на дејствата. На советувањето Сандански настапил со зборовите: ''Многу сте подраниле да кревате востание!'' и негодувал поради прибирањето на Сарафов. Во Солун, [[Даме Груев]] и [[Гоце Делчев]] се договориле востанието да се одложи за подоцна. Отука, Даме требало да го анимира Конгресот на Битолскиот, а Гоце-Серскиот револуционерен округ. На пат за Ловчанската корија на Али-Ботуш, каде што го закажал Конгресот на Серскиот револуционерен округ, Гоце запрел во селото Баница, каде што загинал. <ref name="Sloboda ili smrt" />
 
Подготовките за востанието во [[Сер]]ско ги започнал [[Гоце Делчев]], а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на Јане Сандански. Сандански се нашол во [[Бугарија]] за да се снабди со воени матерјали и за да собере чета. Во [[Бугарија]] Јане Сандански се задржал еден месец. Откако собрал 50 души кој биле воружении со манлихери и берданки, се вратил во Серски револуционерен округ, а со него биле [[Пејо Јаворов]], [[Никола Наумов]], [[Димитар Стефанов]] и други. <ref name="Sloboda ili smrt" />
 
Во [[Мелник|Мелничко]] Сандански одвои околу 8 души под водство на Мирчо Кипров и ги испратил за [[Драма (град)|Драмско]]. Во меѓувреме дошло до недоразбирање помеѓу Сандански и [[Пејо Јаворов]]. Последниот сметал дека тоа било поради ривалство. Самиот Јаворов инсиситирал да се постигне спогодба со [[врховизам|врховистот]] [[Јурдан Стојанов]] кој се зацврстил во [[Благоевград|Горноџумајско]]. Сандински од своја страна пак сакал да го разоружа. Јаворов сметал дека тој треба да застене на чело на четата на загинатиот Гуштанов, но Јане Сандански го назначил Мирчо Кипров. Сето тоа допринелопридонело Јаворов зедно со поручниците Наунов и Танушев да се врати во [[Бугарија]]. Јане Сандански спровел широки подготовки во Мечничко. Биле собрани 60 000 кг. пченица, биле испечени 6 000 оки пексимит, се собрале и резрви на брашно, околу 250 оки сирење, опинци и други материјали. Востанието во [[Серски револуционерен округ|Серскиот револуционерен округ]] требало да почне подоцна. <ref name="Sloboda ili smrt" />
 
Во пресрет на востанието, врховистичките четите на чело со Цончев, полковникот Атанс Јанков и Стефан Николов почнале да се групираат на границата на Серскиот револуционерен округ. Бидејќи влијанието на врховистите било ограничено само во еден дел од територијата на Македонија, тие реално можеле да учествуваат во востаничките дејствија кои се одвивале на територијата на Серскиот револуционерен округ. Врховистите во Серскиот округ се сретнале со Јане Сандански и неговите приврзаници.
 
На 11 август (стар стил), ЗП го известило Сандански, како началник на воените сили во Пиринско дека востанието во Битолскиот округ започнало, а востанието го зафатило и II востнички округ-Кожув. Задграничното претставништво меѓу останатото истакнало дека: ''... Врховистите веќе навлегуваат во Џумајско и во Кресна. Јанков со наше, и со одобрение на Чернопеев, можеби ќе влезе во Малеш. Дрвингов божем се токми за кон Беласица, а Стоенчев за Петричко... Со Врховистите формално овде помеѓу нив и нас ништо не е сторено, но откако се виде дека во Битолскиот крај се случуваат чуда, тие се најдоа излорирани и сами предложија: а) колку суми ќе соберат, нам, на Претставниците да ни се предадат; б) нема веќе Врховен комитет...'' <ref name="Sloboda ili smrt" />
Ред 15:
На 12 август 1903 година ЗП испратило ново писмо до Серчани во кое известило: ''... Во земјата навлегуваат и врховистичи чети, колку што ги има: треба да ви биде јасно и прифатливо ова што овде се случи меѓу нив и нас – тие се ставаат на наша полна услуга внесувајќи ги сите парични средства на наше располагање, дури и сите сили на нивните војнички тела таму. Ние овде нив ги сметаме како морална сила која што ќе му помогне на општото дело. Тие не претендираат на ништо особено; според тоа ние не можевме и немавме право да ги игнорираме нив како сила; зашто ќе пропуштевме еден случај кога можеме да го искористиме; а ќе им дадевме можност сами да навлезат, природно со претензии; а поради несовесноста ќе наштетевме на вистинските интереси на делото, намести да му служиме.'' <ref name="Sloboda ili smrt" />
 
Од 18 до [[20 август]] [[1903]] година во месноста ''Ливада'' во близината на село Пирин, се одржал Конгрес на Серскиот округ. Претседател на Конгресот бил [[Димитар Стефанов]], а меѓу делегатите биле Јане Сандански, Мирчо Кипров, Димитар Николиев, Иљо Крчовалијата, Симеон Молеров, браќата Колчагови и други. Конгресот одлучил востанието во Серскиот револуционерен округ да започне на [[27 септември]] [[1903]] година (Крстовден), тоа да биде партизанско проследено со терористички акции, да не се вовлекува населението, да започне во [[Валовишта|Демирхисарско]] во јужниот дел на Округот, да се изврши атентат на мостот на Струма, да се пресечат телеграфските линии. Во раководното тело на Серскиот округ влегле [[Димитар Стефанов]], [[Александар Радославов]] и [[Симеон Витанов]]. <ref name="Sloboda ili smrt" />
 
Во август 1903 година, со претходна дозвола на ЗП, започнале да навлегуваат првите врховистичките чети. Првата поголема врховистичка групација броела 160 души и била под раководство на капетанот Јурдан Стојанов и Љубомир Стоенчев. По нив, пристигнале Цончев и Атанас Јанков со околу 350 до 400 души. Во Серкиот револуционерен округ се нашле околу 500 до 600 души под команда на врховистичките војводи. И покрај договорот за соработка, повторно на виделина излегле идејните разлики помеѓу двете страни. Цончев, иако ги прифатил условите на Внатрешната организација, не можел да се ослободи од своите бугарски видувања на нештата. Иван Цончев во преписката со Пржеваљски истакнал: ''Целта е оваа, Македонија со своите партизански дејствија да ја исцрпи Турција, а потоа слободна Бугарија да удри со својата свежа, добро организирана армија.'' <ref name="Sloboda ili smrt" />
Ред 30:
== Извори ==
<references/>
 
[[Категорија:Јане Сандански]]