Боливија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: допринело → придонело using AWB
Ред 111:
Тиванаку продолжила да се развива без некои опасности за својот пад. Вилијам Исбел вели дека „Тиванаку подлегнал на драстични промени меѓу 600 и 700 година и се основале нови монументални стандарди за граѓанската архитектура и во голем дел се зголемило населението“.<ref>Isbell, William H. 'Wari and Tiwanaku: International Identities in the Central Andean Middle Horizon'. 731–751.</ref> Тиванаку продолжил со примање на различни култури, наместо да ги занемарува. Силата на Тиванаку се зголемила со основањето на стабилна трговија меѓу градовите во империјата.<ref name="McAndrews, Timothy L. 1997"/>
 
Елитата на Тиванаку ја зацврстила својата положба преку контролата на вишокот храна, кој бил собран од периферните области и раздадена на населението. Дополнително на тоа, елитната класа и нивната контрола на ламите станал значаен механизам за контрола на државата. Ламата се користела за транспорт на стока и таа симболизирала класна разлика меѓу елитната класа и обичниот народ. Сето ова допринелопридонело да се зголеми моќта на државата сè до 950 година. Во тој период во државата се случила драматична промена на климата.<ref name="Kolata, Alan L. 1993">Kolata, Alan L. 'The Tiwankau: Portrait of an Andean Civilization'. Blackwell Publishers, Cambridge, 1993.</ref>
 
Врнежите во басенот на Титикака значително се намалиле. Некои археолози го означиле овој период како период на суша. Како што се намалувале врнежите, голем број градови кои биле оддалечени од езерото започнале да даваат помалку храна на владеачката елита, а со тоа се намалила нивната моќ. Главниот град бил последен кој имал проблеми со сушата, најмногу поради начинот на одгледување. Тиванаку сосема се распаднал во 1000 година, најмногу поради сушата, недостатокот на храна и моќта на владеачката елита. Областа била ненаселена со векови по падот на Тиванаку.<ref name="Kolata, Alan L. 1993"/>
Ред 141:
{{Main|Пацифичка војна|Војна во Акре|Војна во Чако}}
 
Во 19 век во Боливија имало политичка и економска нестабилност што довело до слабеење на државата. Од 1879 до 1883 година Боливија водела војна со Чиле која е позната како Пацифичка војна. Како резултат на војната, Боливија го изгубила своето крајбрежје и пристапот до Тихиот Океан. Боливискиот крајбрежен департман Литорал потпаднал под чилеанска контрола.
 
Уште од независноста, Боливија загубила половина од првичната територија преку војни и внатрешни немири.<ref>{{cite web |url=http://opinionator.blogs.nytimes.com/2012/03/13/who-bit-my-border/ |title=Who Bit My Border? |date=March 13, 2012 |publisher=[[The New York Times]] |author=Frank Jacobs}}</ref> Боливија ја загубила контролата на денешната сојузна држаба Акре во Бразил за време на Војната во Акре. Локалното население на Акре имало неколку значајни победи за време на оваа војна, но кога увиделе дека има опасност од избувнување голема војна во која би се вклучила сета војска на Бразил, буното се стишил и се потпишал Договорот од Петрополис во 1903 година. Со договорот Боливија ја изгубила оваа територија.
 
Во доцниот 19 век се зголемила светската цена на златото и Боливија се стекнала со просперитетен и политички стабилен период. За време на раниот 20 век, трговијата со калај ја заменила трговијата со злато.<ref>[http://www.bolivien-liest.de/en/country_en.html] Background note: Bolivia-Source-Bolivien-liest.de</ref>
Ред 169:
Реките на Боливија се поделени на три речни басени, кои пак се дел од двата речни слика, атлантски и тихоокеански.
 
* [[Амазон (река)|Амазонскиот басен]], кој исто така се нарекува ''Северен басен'', зазема 66% од територијата на државата или 724.000 километри квадратни. Реките во овој басен имаат големи речни користа и со тоа се создаваат езера, како што е на пример езерот [[Мурилјо (езеро)|Мурилјо]]. Главна боливиски притока на реката Амазон е [[Маморе (река)|Маморе]] која е долга 2000 километри. Реката тече во северен правец и се спојува со [[бени (река)|реката Бени]], која е долга 1.113 километри и е втора најважна река во државата. Реките Бени и Маморе се главните боливиски притоки на Амазон. Покрај овие две, како дел од овој басен во државата се и реките [[Мадре де Диос (река)|Мадре де Диос]], [[Ортон (река)|Ортон]], [[Абуна (река)|Абуна]], [[Јата (река)|Јата]] и [[Гвапоре|Гвапоре]]. Најважни езера во овој басен се [[Рогагвадо (езеро)|Рогагвадо]] и [[Рогагва (езеро)|Рогагва]].
* [[Рио де ла Плата|Басенот на реката Рио де ла Плата]], кој исто така е познат како ''Јужен басен'', зазема 21% од државата или 229.500 километри квадратни. Реките во овој басен се значително помали од тие во Амазонскиот басен. Овој басен воглавно го сочинува [[Парагвај (река)|реката Парагвај]], како и реките [[Пилкомајо (река)|Пилкомајо]] и [[Бермехо (река)|Бермехо]]. Најважни езера во овој басен се [[Убераба (езеро)|Убераба]] и [[Мандиоре|Мандиоре]].
 
* [[Рио де ла Плата|Басенот на реката Рио де ла Плата]], кој исто така е познат како ''Јужен басен'', зазема 21% од државата или 229.500 километри квадратни. Реките во овој басен се значително помали од тие во Амазонскиот басен. Овој басен воглавно го сочинува [[Парагвај (река)|реката Парагвај]], како и реките [[Пилкомајо (река)|Пилкомајо]] и [[Бермехо (река)|Бермехо]]. Најважни езера во овој басен се [[Убераба (езеро)|Убераба]] и [[Мандиоре|Мандиоре]].
 
* Централниот басен зазема 13% од територијата на државата и има 145.081 километар квадратен. Овој бвсен го опфаќа [[Алтиплано]], кој има поголем број езера и реки кои не се вливаат во ниту еден океан. Најважна река во овој басен е [[Десагвадеро (река)|Десагвадеро]] која е долга 436 километри и е најдолга река во Алтиплано. Реката извира од езерото [[Титикака]] и тече кон езерото [[Попо (езеро)|Попо]]. Покрај Титикака и Попо, во овој басен се наоѓа и езерото [[Којпаса (езеро)|Којпаса]].
 
Ред 314 ⟶ 312:
 
На север и исток Боливија граничи со Бразил, на исток и југоисток со Парагвај, на југ со Аргентина, на југозапад со Чиле и на запад со Перу. Вкупниот граничен појас на државата е 6.834 километри.
 
 
*'''Граница со Аргентина''': Боливиско-аргентинската граница започнува од планините [[Запалари]] и завршува во Есмералда, [[Тариха (департман)|Тариха]]. Ова место е почеток на границата со Парагвај од јужната страна. Главните гранични премини на боливиско-аргентинската граница се на планините [[Панизо]] и [[Малпасо]], градовите [[Вилјазон]], [[Бермехо (Боливија)|Бермехо]], [[Фортин Камперо]], [[Јакиба]] и [[Фортин Дорбигни]] кај реката [[Пилкомајо (река)|Пилкомајо]].
 
*'''Граница со Бразил''': Боливиско-бразилската граница е најдолга во државата. Границата започнува во гратчето Болбепра и завршува во Бахија Негре. Главни гранични премини на боливиско-бразилската граница се [[Бразилеја]], Фортин Маноа, Вилја Белја, Серо Куатро Ерманос, [[Сан Матијас (Санта Крус)|Сан Матијас]], езерата [[Ла Гаиба]], [[Мандиоре (езеро)|Мандиоре]], [[Сасерес (езеро)|Сасерес]] и пристаништето Гутиерез Гера на [[Парагвај (река)|реката Парагвај]].
 
*'''Граница со Чиле''': Сегашната боливиско-[[чиле]]анска граница е основана со ''Договорот за мир и пријателство'' од 1904 година. Со овој договор Боливија го изгубила [[Литорал (поранешен департман)|департманот Литорал]], односно тихоокеанското крајбрежје. Боливиско-чилеанската граница започнува во [[Висвири]] и завршува на планината [[Запалери]]. Главни премини на оваа граница се [[Ликанабур]], [[Олјеке]] и планината [[Пајачата]].
 
*'''Граница со Парагвај''': Боливиско-парагвајската граница започнува во Есмералда и завршува во Бахија Негра. Главни гранични премини се на планината Устарес, Палмир де лас Ислас, Ито Човорека и планината Хара.
 
*'''Граница со Перу''': Боливиско-перуанската граница започнува во [[Болбепра]] и завршува во [[Чокекота]] и Висвири. Главни гранични премини се пристаништето Хит Порт на реката [[Мадре де Диос (река)|Мадре де Диос]], [[Аполобамба]] во Пуерто Акоста и езерото [[Титикака]].
 
Ред 335 ⟶ 328:
 
* Договор за пристап до [[Тихиот Океан]] потпишан со [[Чиле]]. Според договорот од 4 април 1884, Чиле дава пристап олеснителни околности за пристап на боливиските производи преку Антофагаста и ги ослободува од наплаќање при извоз во пристаништето [[Арика]]. Во октомври 1904 година, бил потпишан „Договор за мир и пријателство“ со Чиле, според кој Чиле требало да изгради железничка линија од Арика до Ла Паз
 
*Договор за пристап до Тихиот Океан потпишан со [[Перу]]. Со овој договор се основала „Специјалната економска зона за Боливија во Ило“. Зоната опфаќа 5 км крајбрежје и има вкупна површина од 358 хектари и се вика „Mar Bolivia“ („Море Боливија“). Боливија има свое пристаниште во близина на [[Ило]], Перу и е во нејзина надлежност<ref>[http://www.wikimapia.org/#lat=-17.739531&lon=-71.258011&z=14&l=3&m=a&v=2 Satellite view in Wikimapia of ''Bolivia Mar'', near the Peruvian town of [[Ilo]]]</ref> за период од 99 години сметајќи од 1992 година. Со истекувањето на периодот, областа треба да се врати под перуанска надлежност.
 
*Договор за пристап до [[Атлантскиот Океан]] со [[Аргентина]]. Уште од 1964 година, Боливија има свое пристаниште наречено „Боливиско слободно пристаниште“ во [[Росарио (Санта Фе)|Росарио]], [[Аргентина]]. Пристаништето се наоѓа на [[парана (река)|реката Парана]], која е поврзана со Атлантскиот Океан.
 
Ред 351 ⟶ 342:
Климата во Боливија варира од регион до регион, па така во државата има тропска клима во источните висорамнини и поларна клима во западните планински предели. Летата во државата се топли, влажни во истокот и суви во западот. Дождовите често ја одредуваат температурата, влажноста на воздухот и атмосферскиот притисок. Кога во државата ќе се појави климатскиот феномен [[Ел Нињо]]<ref>[http://www.itdg.org.pe/archivos/desastres/reportemarzo.pdf Fortalecimiento de las Capacidades locales para enfrentar El Fenómeno del Niño en Perú y Bolivia]</ref><ref>[http://www.elfinanciero.com.mx/ElFinanciero/Portal/cfpages/contentmgr.cfm?docId=48449&docTipo=1&orderby=docid&sortby=ASC Deja 56 muertos "El Niño" en Bolivia]</ref> големи временски промени во државата се случуваат. Во западниот дел од државата зимата е многу ладна, која е проследена со снег. Есента е сува во пределите кои немаат тропска клима.
 
* ''[[Љанос]]''. Овој регион има влажна и тропска клима со просечна температура од 30&nbsp;°C. Ветровите кои доаѓаат од амазонските прашуми носат врнежи. Од мај врнежите се послаби поради сувите ветрови.
 
* ''[[Алтиплано]]''. Овој регион е карактеристичен по пустинско-поларната клима, која има силни и ладни ветрови. Просечната температура се движи од 15 до 20 степени. Ноќе, температурите нагло паѓаат и можат да ја достинат нулата. Дење, времето е суво и има голема соларна радиција. Снежните врнежи се зачестена појава во регионот.
 
* ''Долините и Јунгас''. Овој регион има умерена клима. Североисточните влажни ветрови се движат кон планините, и со тоа овој регион има поголема влажност и дождливост. Температурите се пониски во повисоките предели, а снег се појавува на најмаку 2.000 метри надморска височина
 
* ''[[Гран Чако]]''. Овој регион има суптропска, полусува, клима.
 
Ред 396 ⟶ 384:
 
* [[Растенија]]. Боливија располага со над 200.000 видови растителни семиња, вклучувајќи над 1.200 видови [[папрат]]и, 1.500 видови [[Џигерница|џигерници]] и мовови и најмалку 800 видови [[габи]]. Додатно на тоа, во државата има над 3.000 лековити билки. Боливија се смета за дом на [[рокото]] (вид пипер) и лут [[пипер]], [[кикирики]], [[грав]], [[маниока]] и неколку видови палми. Исто така, Боливија произведува над 4.000 видови [[компир]].
 
*[[Животни]]. Боливија е дом на над 2.900 животински видови, вклучувајќи 398 [[цицачи]], над 1.400 видови [[птици]], 204 видови [[водоземци]], 277 водиви [[влекачи]] и 635 видови слатководна [[риба]]. Дополнително на тоа, во Боливија има над 3.000 видови [[пеперутки]] и над 60 видови домашни животни. 70% од познатите видови птици познати во светот можат да се најдат во Боливија и со тоа ја прави шеста држава во светот по разновидноста на птиците<ref>http://www.bolivia.com/noticias/Autonoticias/DetalleNoticia40938.asp</ref>.
 
Ред 443 ⟶ 430:
Боливијците со [[африка]]нско потекло сочинуваат 0.5% од вкупното население. Црномурестите жители се потомци на африканско [[роб]]ови кои биле носени во [[Бразил]]. Тие воглавно живеат во регионот Јунгас и во департманот Ла Пас. Во [[Санта Крус де ла Сиера]] има и одреден број азиско население
 
Боливија е една од најслабо развиените држави во [[Јужна Америка]]. Скоро две третини од населението живее во сиромаштија и голем број од ова население се занимава со [[земјоделство]]. Густината на населението во државата е проценето на еден жител на километар квадратен во југоисточните делови, во централните делови десет жители на километар квадратен. Според податоците до 2006 година, населението на државата се зголемува за 1.45% годишно. <ref name="BackgroundNote">{{cite web |title=Background Note: Bolivia |publisher=[[United States Department of State]] |url=http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/35751.htm |accessdate=17 October 2006}}</ref> Според проценките за 2010 година, Боливија има 10.907.778 жители<ref>{{cite web|url=http://world-gazetteer.com/wg.php?x=1262904839&men=gpro&lng=en&des=wg&geo=-1048596&srt=npan&col=abcdefghinoq&msz=1500&geo=-38 |title=Bolivia|publisher=World Gazetteer|accessdate=7 January 2010|archiveurl=http://www.webcitation.org/6DnKb7gti|archivedate=19 January 2013}}</ref>
 
=== Етнички групи ===
Ред 500 ⟶ 487:
Етничкиот состав на Боливија е разновиден и повеќенационален. Повеќето од староседелското население ја асимилирала местичката култура и ги истакнуваат своите вредности и наследство. Така, денес во Боливија има мешавина од култури, воглавно од староседелска и шпанска.
 
Денес се проценува дека околу 30% од населението се луѓе кои зборуваат кечуански јазик, а 25% зборуваат на ајмарски јазик. Најголема етничка староседелска група се Кечуаните, кои се околу 2.5 милиони, па следуваат Ајмарите со околу 2 милиони, па Чикитаните со 180.000 и Гвараните со околу 125.000 жители. Сите староседелски народи сочинуваат околу 55 % од населението, 30 % се местици и 15 % се белци.<ref name="cia-factbook">[https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/bl.html Bolivian people]</ref>
 
=== Религија ===
Ред 511 ⟶ 498:
{{Main|Јазици во Боливија}}
 
Службени јазици во државата се [[шпански]]от ([[боливиски дијалект]]), [[Кечуански јазици|кечуанскиот]], [[Ајмарски јазик|ајмарскиот]] и останати 34 [[Индијански јазици|староседелски јазици]]. Шпанскиот јазик го зборуваат 60.7% од населението, кечуанскиот го зборуваат 21.2% од населението и ајмарскиот јазик го зборуваат 14.6% од населението. Според Националниот институт за статистика од 2007, 28.1% од населението на Боливија зборува како мајчин јазик еден од староседелските јазици. Оваа бројка се зголемила на 29.4% во 2008 година.
 
Околу 90% од децата посетуваат основно [[образование]], но понекогаш за краток период. Сè до 2001 писменоста во државата била ниска во голем број рурални области, но според податоците на ЦИА, писменоста во државата е 87%, што е слично со Бразил, но под просекот на [[Јужна Америка]]. Како и да е, во 2008 година имало кампања за писменоста во државата со слоганот „Да јас можам“ и Боливија била прогласена за земја без неписменост според стандардите на [[УНЕСКО]].<ref name="literacyBBC">{{cite news |title= Bolivia declares literacy success |author=|newspaper=BBC News|date= 21 December 2008|url= http://news.bbc.co.uk/2/hi/americas/7794293.stm | location=London}}</ref>
Ред 524 ⟶ 511:
[[File:LaPaz Plaza Pedro Di Murillo 10.2004.jpg|thumb|200п|Седиштето на Конгресот во Плаза Мурилјо во [[Ла Пас]].]]
 
Боливија била владеена со демократски избрани влади уште од [[1982]] година, кога се прекинале долгите државни удари. Предавањето на власта по мирен и демократски начин било започнато од [[Ернан Силес Зуазо]] и [[Виктор Пас Естенсоро]]. Повеќепартискиот демократски систем на државата бил испреплетен од различен број политички партии во минатото, но сепак доминирале [[Револуционерно националистичко движење|Револуционерното националистичко движење]], [[Национална демократска акција]] и [[Револуционерно лево движење на Боливија|Револуционерно лево движење]] од [[1985]] до [[2005]] година. [[Ево Моралес]] бил прв староседелски претседател на државата и тој е на чело на моментално владеачкото [[Движење за социјализам - политички инструмент за независност на народот|Движење за социјализам - политички инструмент за независност на народот]]. Оваа политичка партија била победничка на изборите во 2005 и 2009 година.
 
Сегашниот [[устав на Боливија]] бил усвоен во 2009 година и овозможува балансирање на извршната, законодавната, судската власт и изборната комија, како и одреден број автономии. Традиционално силната извршна власт тежнее да го надвладее [[Национален конгрес на Боливија|Националниот конгрес]], чија улога е ограничена на дебатирање и усвојување законски регулативи зададени од извршната власт. Судската власт се состои од [[Врховен суд на Боливија|Врховен суд]] и департманските и пониски судови. Судовите во Боливија се соочуваат со корупција и неефикасност. Уставот од 1994 година се обидел да изврши реформи во судската власт, а воедно и да ги децентрализира департманите, општините и староседелските територии.
Ред 535 ⟶ 522:
 
=== Извршна власт ===
Извршната власт на Боливија е во рацете на претседателот, потпретседателот и министерствата, кои моментално (2012) се 20 на број. Претседателот на државата се избира на избори за мандат од пет години и негово седиште е претседателската палата, која неформално се нарекува „изгорена палата“ (''Palacio Quemado'').
 
=== Законодавна власт ===
Ред 666 ⟶ 653:
Уште од 1985 година, владата на Боливија имплементирала програма за макроекономска стабилизација и структурални реформи сè со цел одржување на стабилноста на цената, создавање услови за економски развој и намалување на недостатокот. Главните реформи за царинските услуги во последните години значително ја подобриле транспарентноста во овој сегмент. Паралелни законодавни реформи создале политика на пазарот, што довело до зголемување на приватните инвестиции. Странските инвеститори имаат национален третман и странскиот капитал скоро и да нема ограничувања во државата.<ref>[http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/35751.htm#econ] Economy of Bolivia-Source-US State Government</ref>
 
Боливија, според резервите за [[природен гас]], е на второто место во [[Јужна Америка]].<ref>{{cite news|url=http://news.bbc.co.uk/2/hi/americas/7607158.stm |title=Anti-Morales protests hit Bolivia |publisher=BBC News |date=10 September 2008 |accessdate=30 August 2010}}</ref> Владата на Боливија има склучено долгорочен договор за продажба на гасот со [[Бразил]], односно до 2019 година.
 
Геолошкиот сервис на САД проценил дека Боливија има 5.4 милиони кубни тони [[литиум]], кои претставуваат од 50 до 70% од светските резерви. Ископувањето и производството на литиум може да ја направи државата една од најбогатите во Јужна Америка. Но, за да се ископа литиумот, треба прво да се ископаат солените рамнини наречени [[Салар де Ујуни]], кои се важни релјефни карактеристики и важна туристичка атракција во земјата. Владата не сака да ја уништи оваа уникатна природна убавина за да ги задоволи светските потреби на литиум.<ref>{{cite news| url=http://news.bbc.co.uk/1/hi/business/7607624.stm |publisher=BBC News | title=Bolivia's lithium mining dilemma | date=10 September 2008 | accessdate=26 April 2010}}</ref>
Ред 839 ⟶ 826:
{{Избрана}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Боливија|*]]
 
<!--Меѓујазични врски-->
 
[[Категорија:Боливија|*]]