Чарлс II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= using AWB
Ред 33:
Таткото на Чарлс II, кралот [[Чарлс I]], бил погубен во [[Вајтхолска палата|Вајтхол]] на [[30 јануари]], [[1649]] година, на врвот од [[Англиска граѓанска војна|Англиската граѓанска војна]]. Иако [[Парламент на Шкотска|Парламентот на Шкотска]] го прогласил Чарлс II за крал на [[Велика Британија]] и Ирска во [[Единбург]] на [[6 февруари]], [[1649]] година, [[Парламент на Англија|Англискиот парламент]] донел закон што секоја таква прокламација ја прави незаконска. Англија влегла во период познат како „Англиско меѓувладеење“ ([[Латински јазик|лат]]. интерегнум) или [[Англиски Комонвелт]], а земјата била ''[[де факто]]'' [[република]], предводена од [[Оливер Кромвел]]. Кромвел го поразил Чарлс во [[Битка кај Ворчестер|Битката кај Ворчестер]] на [[3 септември]], [[1651]] година, по што Чарлс побегнал во континентална [[Европа]]. Кромвел станал ''[[де факто]]'' диктатор на Англија, Шкотска и Ирска. Чарлс ги поминал следните девет години во егзил во [[Франција]], Обединетите Покраини и [[Шпански Ниски Земји|Шпанските Ниски Земји]].
 
Политичката криза која следела по смртта на Кромвел во [[1658]] година довела до обновување на [[Монархија|монархијатамонархија]]та, а Чарлс бил повикан да се врати во Британија. На [[29 мај]], [[1660]] година, на неговиот 30-ти роденден, тој бил примен во [[Лондон]] на јавно признание. По 1660 година, сите правни документи биле датирани како да Чарлс го наследил својот татко како крал во 1649 година.
 
Англискиот парламент на Чарлс донел закони познати како [[Кларендонски Код|Кларендонскиот Код]], создаден да ја зацврсти позицијата на повторно воспоставената [[Црква на Англија]]. Чарлс го прифатил Кларендонскиот Код иако самиот тој ја фаворизирал политиката за религозна толеранција. [[Втора Англо-Холандска војна|Втората Англо-Холандска војна]] била главниот проблем во надворешната политика за време на раното владеење на Чарлс. Во [[1670]] година, Чарлс станал дел од тајната спогодба од Довер, сојуз со неговиот прв братучед, францускиот крал [[Луј XIV]]. Луј се согласил да му помогне на Чарлс во [[Трета Англо-Холандска војна|Третата Англо-Холандска војна]] и да му исплати пензија, а Чарлс тајно ветил дека ќе премине во [[Католицизам|римо-католичка вера]] во неодредено идно време. Во [[1672]] година, Чарлс се обидел да воведе верска слобода за [[католиците]] и [[Протестанти|протестантските дисиденти]] со неговата [[Кралска декларација за толерантност]], но Англискиот парламент го принудил да ја повлече. Во [[1679]] година, откритието на [[Тит Оут]] за недокажаната ''Папска завера'' ([[Англиски јазик|англ]]. ''Popish Plot'') ја предизвикало [[Криза на исклучување|Кризата на исклучување]], кога било откриено дека братот на Чарлс и негов наследник ([[Џејмс II|Џејмс]], војводата од Јорк) е римо-католик. Од кризата се создале партијата [[Виг]], која се залагала за исклучување и партијата [[Тори]], која била против исклучување. Чарлс бил на страна на Ториевците, а по откривањето на заверата ''Рај Хаус'' ([[Англиски јазик|англ]]. ''Rye House Plot'') во [[1683]] година за да се убијат Чарлс и Џејмс, некои лидери на партијата Виг биле убиени или принудени на [[егзил]]. Чарлс го распуштил Англискиот Парламент во [[1681]] година и владеел сам се до својата смрт на 6 февруари, 1685 година. Тој бил прифатен во [[Католичката црква|Римо-католичката Црква]] на неговата смртна постела.
 
Чарлс бил познат како ''Веселиот Монарх'', поради неговата живост и хедонизам на неговиот двор и општата утеха при враќањето во нормала по повеќе од 10 години власт на Оливер Кромвел и [[пуританци|пуританците]]те. Жената на Чарлс, [[Катерина од Браганца]], не родила деца, но Чарлс признал најмалку 12 незаконски деца од неколку љубовници. Бидејќи незаконските деца биле исклучени од правото на наследство, на тронот го наследил неговиот брат Џејмс.
 
=== Ран живот ===
[[Податотека:Charles II Prince of Wales Egmont.jpg|thumb|left|250px|Чарлс II како новороденче во 1630 година, слика припишана на Јустус ван Егмонт]]
[[Податотека:Charles II when Prince of Wales by William Dobson%2C 1642.jpg|thumb|left|250px|Чарлс II како принц од Велс, слика на Вилијам Добсон, околу 1642 или 1643 година]]
[[Податотека:The Scots Holding Their Young King%27s Nose To the Grindstone.jpg|thumb|right|250px|„Шкотите го држат носот на нивниот млад крал на воденичен камен“, од сатиричен англиски памфлет ]]
[[Податотека:Charles II %28de Champaigne%29.jpg|thumb|right|250px|Крал во егзил: Чарлс II насликан од Филип де Шампањ, околу 1653 година]]
 
Чарлс бил роден во палатата Семт Џејмс на 29 мај, 1630 година. Неговите родители биле кралот Чарлс I, кој владеел со трите кралства на Англија, Шкотска и Ирска, и кралицата [[Хенриета Марија]], сестрата на францускиот крал [[Луј XIII]]. Чарлс бил нивниот втор син и дете. Нивниот прв син, кој бил роден околу една година пред Чарлс, починал неколку часа по раѓањето.<ref>Weir, Alison (1996), Britain's Royal Families: The Complete Genealogy, Revised edition, Random House, pp. 255–257, ISBN 0-7126-7448-9</ref> Англија. Шкотска и Ирска биле христијански земји, но обожавањето било поделено меѓу различни деноминации како [[католицизам]], [[англицизам]], [[презвитеризам]] и [[пуританизам]]. Чарлс бил крстен во кралската капела на [[27 јуни]] од англиканскиот [[бискуп]] на Лондон, Вилијам Лод и воспитан од протестанстката војвотка од Дорсет, иако неговите кумови ги вклучувале Луј XIII и [[Марија де Медичи]],<ref>Fraser, p.13 and Hutton, pp.1–4</ref> католичките роднини на неговата мајка. При раѓањето, Чарлс станал [[војвода од Корнвол]] и [[војвода од Ротсеј]], заедно со неколку други поврзани титули. На неговиот осми роденден, тој бил назначен за [[принц од Велс]], иако нему никогаш формално не му биле доделени почестите на кнежеството [[Велс]].
 
За време на четириесетите години од XVII-тиот век, кога Чарлс се уште бил млад, неговиот татко ги победил парламентарските и пуританските сили во Англиската граѓанска војна. Чарлс го придружувал неговиот татко во [[Битка на Еџхил|Битката на Еџхил]], и на 14-годишна возраст учествувал во борбите во [[1645]] година, кога бил прогласен за заштитник-командант на англиските сили во [[Вест Кантри]]<ref>Fraser, p.32 and Hutton, pp.6–7</ref>. До пролетта во [[1649]] година, неговиот татко ја губел војната и Чарлс ја напуштил Англија поради страв за неговата безбедност, упатувајќи се прво на островите на [[Сицилија]], потоа во Џерси и на крај во Франција, каде неговата мајка веќе живеела во егзил, а неговиот прв братучед, осумгодишниот Луј XIV, бил крал.<ref>Fraser, pp.38–45 and Miller, Charles II p.6</ref>
 
Во [[1648]] година, за време на [[Втора англиска граѓанска војна|Втората англиска граѓанска војна]], Чарлс се преселил во [[Хаг]], каде неговата сестра Мери и неговиот зет [[Вилем Орански|Вилем II Орански]], можеле да овозможат поцврста помош на ројалистичката цел отколку француските роднини на кралицата.<ref>Fraser, pp.55–56 </ref> Сепак, кралската флота која била под контрола на Чарлс не била во предност и не успеала да стигне до Шкотска навреме за да се спои со кралската енгејџерска армија (анг. Engagers) на војводата од Хамилтон, пред да биде поразена во [[Битка кај Престон|Битката кај Престон]] од страна на парламентарците.<ref>Fraser, pp.57–60</ref>
 
Во Хаг, Чарлс имал кратка афера со Луси Волтер, која подоцна лажно тврдела дека тие тајно се венчале.<ref>Fraser, pp.65–66, 155, Hutton, p.26, and Miller, Charles II p.5</ref> Нејзиниот син, [[Џејмс Крофтс]] (подоцна војвода од Монмут и војвода од Баклеј), бил едно од многуте незаконски деца на Чарлс кои тој подоцна ги признал, и кој бил видна личност во политичкиот живот и општеството во Британија.
 
Во [[1646]] година, Чарлс I се предал. Тој побегнал и повторно бил заробен во [[1648]] година. И покрај дипломатските напори на неговиот син за да го спаси, Чарлс I бил обезглавен во 1649 година, а Англија станала република. На 6 февруари, [[парламент на Шкотска|Ковенантскиот парламент на Шкотска]] го прогласил Чарлс II за крал на Велика Британија како наследник на неговиот татко, но одбил да му дозволи да влезе во Шкотска освен ако тој не го прифати презвитеранизмот низ [[Британски Острови|Британските Острови]].
 
Кога преговорите биле откажани, Чарлс го овластил генералот Монтроуз да пристигне на [[Оркниските Острови]] со мала војска за да им се закани на Шкотите со инвазија, со надеж дека ќе ги принуди на договор каков што тој сака. Монтроуз се плашел дека Чарлс ќе прифати компромис, но сепак избрал да ја нападне континентална Шкотска. Тој бил заробен и погубен. Чарлс неволно ветил дека ќе се придржува кон условите на спогодбата договорена меѓу него и Шкотскиот Парламент во Бреда, и дека ќе ги поддржи [[Свечената Лига и Ковенантот|Свечената Лига и Ковенантот,]], кои имале овлстување за раководењето на Презвитеранската црква низ Британија. При неговото доаѓање во Шкотска на [[23 јуни]], [[1650]] година, Чарлс формално го прифати Ковенантот; неговото напуштање на раководењето на [[Епископска црква|Епископската црква]] иако му донела поддршка во Шкотска, го направила непопуларен во Англија. Чарлс наскоро започнал да ги презира „подмолноста“ и „лицемерството“ на Ковенантите.<ref>Fraser, p.97 and Hutton, p.53</ref> На [[3 септември]], 1650 година, Ковенантите беа поразени во [[Битка кај Данбар|Битката кај Данбар]] од страна на многу помала сила предводена од Оливер Кромвел. Шкотските сили беа поделени во ројалистички енгејџери и презвитерански ковенанти, кои дури и се бореле едни против други. Разочаран од Ковенантите, во октомври истата година, Чарлс се обидел да им побегне и одјавал на север да им се придружи на енгејџерките сили, настан кој станал познат како „Почетокот“, но за два дена презвитеранците успеале да го престигнат и да го фатат.<ref>Fraser, pp.96–97 and Hutton, pp.56–57</ref> Сепак, Шкотите останале најголемата надеж на Чарлс за враќање на монархијата, и тој бил крунисан за крал на Шкотска во [[Скун]] на [[1 јануари]], [[1651]] година. Поради тоа што силите на Кромвел биле закана за позицијата на Чарлс во Шкотска, било одлучено да се нападне Англија. Бидејќи многу Шкоти (вклучувајќи го и лордот Аргил и други водечки Ковенанти) одбивале да учествуваат, а и со само неколку англиски ројалисти кои се придружиле јужно во нападот на Англија, нападот завршил со пораз во Битката кај Ворчестер на 3 септември, 1651 година, по што Чарлс избегнал заробување криејќи се во кралскиот даб во Боскобел Хаус. Во тек на шест недели, едвај избегнувајќи ја опасноста, Чарлс маскирајќи се успеал да избега од Англија. Тој успеал да пристигне во [[Нормандија]] на [[16 октомври]] и покрај наградата од 1000 [[Фунта|фунти]] за неговата глава, ризикот од смрт за секој што ќе бил фатен како му помага и тешкотијата при маскирањето на Чарлс, кој бил невообичаено висок (185 &nbsp;cm).<ref> Fraser, pp.98–128 and Hutton, pp.53–69</ref><ref>Илјада фунти била голема сума во тоа време, поголема од просечните животни добивки на еден работник. (Fraser, p.117).</ref>
 
Кромвел бил назначен за [[лорд протектор]] на Англија, Шкотска и Ирска, успешно поставувајќи ги Британските Острови под воена власт. Осиромашен, Чарлс не можел да добие доволно поддршка за да биде сериозен предизвик на владата на Кромвел. И покрај врските на семејството Стјуарт преку Хенриета Марија и [[Принцеза од Орање|принцезата од Орање]], Франција и [[Холандската Република]] создале сојуз со владата на Кромвел од [[1654]] година, принудувајќи го Чарлс да и се обрати за помош на [[Шпанија]], која во тоа време владеела со [[Јужна Холандија]]<ref>Hutton, pp.74–112</ref>. Со помош на шпанските пари, Чарлс собрал мала војска од неговите потчинети кои биле во егзил, која се состоела од пет [[пешадиски полк|пешадиски полкови]]ови како и неколку трупи [[коњаница]]. Оваа сила го формирала јадрото на Британската Армија по обновувањето на монархијата.<ref>Fraser, p. 21</ref>
 
=== Обновување на монархијата ===
 
По смртта на Кромвел во [[1658]] година, шансите на Чарлс за повторно добивање на круната отпрвен изгледале слаби бидејќи [[Ричард Кромвел]] го наследил својот татко како [[лорд протектор]]. Сепак, новиот лорд протектор немал моќ во Парламентот или Новата армија, бил принуден да абдицира во [[1659]] година и протекторатот бил укинат. За време на граѓанските и воените немири кои следеле, Џорџ Монк, гувернерот на Шкотска, бил загрижен дека земјата ќе премине во [[анархија]].<ref>Fraser, pp.160–165</ref> Монк и неговата војска марширале во градот Лондон и го принудиле Рамп парламентот ([[Англиски јазик|англ]]. rump – задница, преостанат дел) повторно да ги признае членовите на Долгиот парламент ([[Англиски јазик|англ]]. long – долг) кои биле исклучени во декември, [[1648]] година за време на [[Чистката на Прајд]]. Долгиот парламент се распуштил самиот и за првпат по речиси 20 години, имало општи избори.<ref>Diary of Samuel Pepys, 16 March 1660</ref> Претходниот парламент создал изборни квалификации за да се обезбеди, како што тие мислеле, враќање на мнозинството презвитеранци.<ref>Miller, Charles II pp.24–25</ref>
 
Ограничувањата против ројалистичките кандидати и гласачи биле нашироко игнорирани, а резултатот од изборите бил прилично еднаква поделба на политичка основа меѓу ројалисти и парламентарци и на религиска основа меѓу англиканци и презвитеранци во [[Долен Дом|Долниот Дом]]. Таканаречениот нов Конвенциски парламент се собрал на [[25 април]], [[1660]] година, а набргу потоа ја примил веста за [[Декларацијата од Бреда]], со која Чарлс се согласил, меѓу другото, да ги помилува повеќето непријатели на татко му. Англискиот парламент решил да го прогласи Чарлс за крал и да го покани да се врати; оваа порака Чарлс ја добил во Бреда на [[8 мај]], 1660 година.<ref>Hutton, p.131</ref> Во Ирска, порано истата година била свикана конвенција, а на [[14 мај]], Чарлс бил прогласен за крал.<ref>Seaward, Paul (2004), "Charles II (1630–1685)", Oxford Dictionary of National Biography (Oxford University Press), doi:10.1093/ref:odnb/5144, retrieved 2010-04-19</ref>
Ред 79:
[[Податотека:Charles II of England in Coronation robes.jpg|thumb|right|250px|Чарлс во неговата облека за крунисување. Насликано од Џон Мајкл Рајт, околу 1661 година]]
 
==== Кларендонскиот Код ====
 
Кратко по крунисувањето бил свикан вториот Англиски парламент. Наречен Кавалје парламент, бил претежно составен од ројалисти и англикани. Парламентот се обидел да ја обесхрабри неусогласеноста на Англиканската црква и донел неколку акти за да ја обезбеди англиканската доминација. [[Акт за корпорација|Актот за корпорација]] од 1661 година, барал општинските службеници да се заколнат на верност;<ref>Hutton, p.169</ref> според [[Акт за еднообразност|Актот за еднообразност]] од 1662 година, употребата на Книгата за јавна молитва да биде задолжителна; [[Акт за верските собирања|Актот за верските собирања]] од 1664 година ги забранувал верските собири со повеќе од пет луѓе, освен под покровителство на Англиканската црква; а [[Акт за пет милји|Актот за пет милји]] (Актот за дисиденти) од 1665 година, забранувал свештениците да доаѓаат во круг од пет милји (8 километри) од парохијата од која биле протерани. Актот за верските собирања и Актот за петте милји станале познати како „[[Кларендонски код|Кларендонскиот код]]“, по лорд Кларендон, иако тој не бил директно одговорен за нив и дури зборувал против Актот за петте милји.<ref>Hutton, p.229</ref>
 
Обновувањето на монархијата било проследено со општествени промени. Пуританизмот ја загубил својата динамика. Театрите биле повторно отворени откако биле затворени под покровителство на Оливер Кромвел, а непристојната „Комедија од обновувањето на монархијата“ станала препознатлив жанр. Театарските лиценци одобрени од Чарлс биле првите лиценци во Англија кои им дозволувале на жените да глумат женски улоги на сцената (тие претходно биле глумени од момчиња),<ref>Hutton, p.185</ref> и литературата од обновувањето на монархијата го славела или влијаела на обновениот двор, кој ги вклучувал развратниците како Џон Вилмот, 2-иот гроф од Рочестер. За Чарлс II, тој наводно рекол:
Ред 92:
За што Чарлс наводно рекол: „тоа е вистина, моите зборови се мои, но моите дела се на на моите министри“.
 
==== Големата чума и Големиот пожар ====
 
Во [[1665]] година, Чарлс се соочил со голема здравствена криза: [[Големата чума во Лондон]]. Во еден период, стапката на смрт достигнала број од 7000 жртви во неделата од [[17 септември]].<ref>Fraser, p.238</ref> Чарлс, заедно со неговото семејство и дворот, во јули заминал од Лондон во [[Салсбури]]; парламентот се собрал во [[Оксфорд]].<ref>Miller, Charles II p.120 </ref> Неколку обиди за да се запре болеста од страна на службениците за јавно здравје од Лондон биле залудни и болеста продолжила да се шири со голема брзина.<ref>[http://www.gutenberg.org/etext/17221 Defoe, Daniel (1894), History of the Plague in England, New York: American Book Company]</ref>
 
Како додаток на неволјите на Лондон, но обележувајќи го крајот на чумата, бил [[Големиот пожар во Лондон]], кој започнал на [[2 септември]], [[1666]] година. Пожарот проголтал околу 13.200 куќи и 87 цркви, вклучувајќи ја и катедралата Св. Павле.<ref>[http://www.oxforddnb.com/public/themes/95/95647.html Porter, Stephen (January 2007), "The great fire of London", Oxford Dictionary of National Biography (Oxford University Press), retrieved 2012-06-04]</ref> Чарлс и неговиот брат Џејмс помагале при обидот за гасење на пожарот. Јавноста ги обвинувала римо-католичките заговорници за пожарот,<ref>Fraser, pp. 243–247; Miller, Charles II pp. 121–122.</ref> иако всушност тој започнал во една пекара во Падинг Лејн.
Ред 100:
=== Надворешна и колонијална политика ===
 
Од [[1640]] година, [[Португалија]] се борела во војната против Шпанија за да си ја врати својата независност по династичкиот сојуз кој траел 60 години меѓу круните на Шпанија и Португалија. Португалија имала помош од Шпанија, но со [[Пиринејски мировен договор|Пиринејскиот мировен договор]] во [[1659]] година, Португалија била напуштена од својот француски сојузник. Преговорите со Португалија за бракот на Чарлс со Катарина од Браганца започнале за време на владеењето на таткото на Чарлс и по обновувањето на монархијата, кралицата [[Луиса од Португалија]], дејствувајќи како регент, одново ги започнала преговорите со Англија кои резултирале со сојуз. На [[23 јуни]], 1661 година, бил потпишан договорот за брак. Миразот на Катарина на Англија и ги обезбедувал [[Тангиер]] (во [[Северна Африка]]) и [[Мумбај|Седумте острови на Бомбај]] (кои подоцна ќе имаат големо влијание врз развојот на [[Британска империја|Британската Империја]] во [[Индија]]), заедно со трговски права во [[Бразил]] и [[Источна Индија]], верска и трговска слобода во Португалија и два милиони португалски круни (околу 300 000 фунти); додека Португалија добила воена и поморска поддршка против Шпанија и слобода на богослужење за Катарина. Катарина патувала од Португалија до [[Портсмут]] на [[13 мај|13]]-[[14 мај]], [[1662]] година,<ref>Wynne, S. M. (2004), "Catherine (1638–1705)", Oxford Dictionary of National Biography (Oxford University Press), doi:10.1093/ref:odnb/4894, retrieved 2012-06-04</ref> но Чарлс не ја посетил се до [[20 мај]]. Следниот ден парот бил венчан во Портсмут со две церемонии – католичка церемонија извршена тајно, проследена со јавна англиканска служба во капелата ''[[Домус Деи]]''.<ref>Brand, Emily (2011), Royal Weddings, Osprey Publishing, ISBN 978-0-7478-1139-8</ref> Нејзината ограничена убавина и манастирското воспитување не биле доволно силни за да го оддалечат Чарлс од друштвото на неговите љубовници и по неколку недели од нејзиното пристигнување, таа станала свесна за нејзината тешка положба како сопруга на еден развратен крал, но иако Чарлс и понатаму имал деца со неговите љубовници, тој настојувал таа да биде почитувана.
 
Во еден неприфатен потег, исто така во 1662 година, Чарлс го продал [[Динкерк]] на неговиот прв братучед, францускиот крал Луј XIV, за околу 375 000 фунти.<ref>Miller, Charles II pp.93, 99</ref> Пристанишниот канал, иако бил вредна стратешка позиција, бил одводен канал на ограничените финансиски средства на Чарлс.<ref>It cost the Treasury £321,000 per year (Hutton, p.184).</ref>
 
[[Податотека:CharlesII1667Medal.jpg|thumb|left|250px|Профил на Чарлс II на метална паричка во 1667 година од Џон Ротиерс за да се одбележи Втората Холандска Војна]]
Ред 108:
Пред обновувањето на монархијата на Чарлс, [[Навигациони акти|Навигационите акти]] од [[1650]] година ја оштетиле холандската трговија давајќи им монопол на англиските бродови и ја започнале [[Првата Холандска војна]] ([[1652]]-[[1654]]). За да се постават темелите за нов почеток, дипломатските претставници на генералот на државата се појавиле во ноември, 1660 година со [[холандски подарок|холандскиот подарок]].<ref>Israel, J.I., The Dutch Republic; Its rise, greatness, and fall 1477–1806 (Oxford 1998), p. 749-750.</ref> [[Втора Холандска војна|Втората Холандска војна]] ([[1665]]-[[1667]]) била започната со англиските обиди насилно да влезат во Холандските области во [[Африка]] и [[Северна Америка]]. Конфликтот започнал добро за Англичаните, со освојувањето на Њу Амстердам (преименуван во [[Њујорк]] во чест на братот на Чарлс, војводата од Јорк) и победа во [[Битка кај Лоустофт|Битката кај Лоустофт]], но во [[1667]] година Холанѓаните започнале изненадувачки напад на Англичаните ( [[Нападот на Медвеј]]) кога тие пловеле до реката [[Темза]] каде голем дел од англиската флота бил закотвен. Речиси сите бродови биле потопени освен адмиралскиот брод, ''Ројал Чарлс'', кој бил однесен во Холандија како трофеј. Втората Холандска војна завршила со потпишувањето на [[Бредскиот договор]] (1667).
 
Како последица на Втората Холандска војна, Чарлс го разрешил лордот Кларендон, кој го искористил како жртвено јагне за војната.<ref>Hutton, pp.250–251</ref> Кларендон побегнал во Франција кога бил обвинет за [[велепредавство]] (кое се казнувало со смртна казна). Моќта преминала во рацете на петте политичари заедно познати под чудниот акроним како Кабал – Клифорд, Арлингтон, Бакингем, Ешли (подоцна гроф од Шефтсбери) и Лодердејл. Всушност, Кабал ретко дејствувале заедно, а дворот често бил поделен на две фракции предводени од Арлингтон и Бакингем, од кои Арлингтон бил поуспешен.<ref>Hutton, p.254 and Miller, Charles II p.175–176</ref>
 
Во [[1668]] година, Англија се здружила со [[Шведска]] и со својот поранешен непријател, Холандија, за да му се спротивстават на Луј XIV во [[Војната за децентрализација]]. Луј склопил договор со Тројниот сојуз, но продолжил да ги одржува своите агресивни намери кон Холандија. Во [[1670]] година, Чарлс, барајќи решение за да ги реши своите финансиски проблеми, се согласил на Доверскиот договор, со кој Луј XIV ќе му плаќа 160 000 фунти секоја година. За возврат, Чарлс се согласил да го обезбеди Луј со војска и да го објави своето преминување во католицизам „штом благосостојбата на неговото кралство ќе дозволи“.<ref>Fraser, p.275</ref> Луј требало да го обезбеди со 6000 војници за да се потиснат оние кои се спротивставуваат на преминувањето во католицизам. Чарлс настојувал да се погрижи Договорот – особено одредбата за преминување во католицизам – да остане тајна.<ref>Fraser, p.275–276 and Miller, Charles II p.180</ref> Останува нејасно дали Чарлс сериозно имал намера да премине во католицизам.
 
Во меѓувреме, со низа од пет повелби, Чарлс и ги доделил правата за самостојни територијални придобивки на Британската Источно-индиска компанија, исто така да кова пари, да управува со тврдините и војската, да формира сојузи, да започнува војна и да склопува мир и да извршува граѓанска и криминална надлежност над освоените области во Индија.<ref>"East India Company" (1911). Encyclopædia Britannica Eleventh Edition, Volume 8, p.835</ref> Претходно во [[1668]] година, тој ги изнајмил островите на Бомбај за минимална сума од 10 фунти платени во [[злато]].<ref>Bombay: History of a City, The British Library Board, retrieved 19 April 2010</ref> Португалските територии кои Катарина ги донела со себе како мираз се покажале дека се премногу скапи за одржување; Тангер бил напуштен.<ref>Hutton, p.426</ref>
Ред 118:
=== Конфликт со парламентот ===
 
Иако претходно бил благонаклонет кон Круната, Кавалје парламентот бил оддалечен од војните на кралот и верските политики за време на 70-тите години на XVII-тиот век. Во [[1672]] година, Чарлс ја објавил [[Кралската декларација за толерантност]], со која тој наводно ги укинува сите казниви закони против католиците и другите верски дисиденти. Во истата година, тој отворено ја поддржувал католичка Франција и ја започнал [[Трета Англо-холандска војна|Третата Англо-холандска војна]].<ref>Fraser, pp.305–308 and Hutton, pp.284–285</ref>
 
Кавалје парламентот се спротивставил на Декларацијата за толерантност на [[Устав|уставнаустав]]на основа тврдејќи дека кралот нема никакво право своеволно да укинува закони донесени од парламентот. Чарлс ја повлекол Декларацијата, а исто така се согласил и на [[Тест Актот]], кој не само што барал од државните службеници да ја примат Светата тајна под пропишаните обрасци од Англиканската црква,<ref>[http://www.british-history.ac.uk/report.asp?compid=47451 Raithby, John (ed.) (1819), "Charles II, 1672: An Act for preventing Dangers which may happen from Popish Recusants", Statutes of the Realm: volume 5: 1628–80: 782–785, retrieved 19 April 2010]</ref> туку подоцна и ги принудил да се откажат од одредени учења на Римо-католичката црква бидејќи биле „суеверни“ и „идолопоклонички“.<ref>[http://www.british-history.ac.uk/report.asp?compid=47482 Raithby, John (ed.) (1819), "Charles II, 1678: (Stat. 2.) An Act for the more effectuall preserving the Kings Person and Government by disableing Papists from sitting in either House of Parlyament", Statutes of the Realm: volume 5: 1628–80: 894–896, retrieved 19 April 2010]</ref> Клифорд, кој преминал во католицизам, поднел оставка наместо да даде заклетва и починал кратко после тоа. До [[1674]] година, Англија не добила ништо од Англо-холандската војна и Кавалје парламентот одбил да овозможи понатамошни средства, принудувајќи го Чарлс да склучи мир. Моќта на Кабал слабеела, додека таа на замената на Клифорд, лордот Денби, растела.
 
[[Податотека:Charles-pineapple.jpg|thumb|right|250px|На Чарлс му е претставен првиот ананас одгледан во Англија во 1675 година, слика на Хендрик Данкертс]]
 
Сопругата на Чарлс, кралицата Катарина не можела да роди наследник; нејзините четири бремености во [[1662]] година; февруари, 1666 година, мај, [[1668]] година и јуни, [[1669]] година завршиле со [[Абортус|абортусиабортус]]и и [[мртвороденче|мртвороденчиња]]. Поради тоа, наследник на Чарлс бил неговиот непопуларен католички брат, Џејмс, војводата од Јорк. Делумно за да ги смири стравувањата на народот дека кралското семејство е премногу католичко, Чарлс се согласил да ја омажи ќерката на Џејмс, Мери, за протестантот [[Вилем Орански]].<ref>Fraser, pp.347–348 and Hutton, pp.345–346</ref> Во [[1678]] година, Титус Оутс, кој наизменично бил англикански и [[Језуити|језуитски]] свештеник, лажно предупредил за ''Папскиот заговор'' според кој би бил убиен кралот, дури и обвинувајќи ја кралицата за соучесништво. Чарлс не верувал на обвинувањата, но му наредил на неговиот главен министер, лордот Денби, да истражи. Додека лордот Денби се чини дека со право бил скептичен за тврдењата на Оутс, Кавалје парламентот ги сфатил сериозно.<ref>Hutton, pp.359–362</ref> Народот бил опфатен со анти-католичка хистерија<ref>Fraser, p.360 </ref>: судиите и поротите низ земјата ги осудиле наводните заговорници; бројни невини поединци биле погубени.<ref>Fraser, p.375 </ref>
 
Подоцна во [[1678]] година, Долниот Дом го обвинил лордот Денби за велепредавство. Иако голем дел од народот барал војна со католичка Франција, Чарлс тајно преговарал со Луј XIV, обидувајќи се да постигне договор со кој Англија би останала неутрална во замена за пари. Лордот Денби јавно признал дека е непријателски настроен кон Франција, но воздржано се согласил да се придружува кон желбите на Чарлс. За негова несреќа, Долниот Дом не го гледал како неподготвен учесник во скандалот, наместо тоа верувајќи дека тој бил креатор на политиката. За да го спаси лордот Денби од јавно обвинување, Чарлс го разрешил Кавалје парламентот во јануари, [[1679]] година.<ref>Miller, Charles II pp.278, 301–304 </ref>
 
Новиот Англиски парламент, кој се собрал во март истата година, бил прилично непријателски настроен кон Чарлс. Многу членови се плашеле дека тој имал намера да ја искористи постојаната војска за да го потисне несогласувањето и да го наметне католицизмот. Сепак, со недоволно средства изгласани од парламентот, Чарлс бил принудел да ги распушти неговите војници. Со губењето на поддршката од парламентот, лордот Денби поднел оставка од својата функција како министер за финансии, но добил помилување од кралот. Наспроти кралската волја, Долниот Дом објавил дека разрешувањето на парламентот не ги прекинува постапките за оставката и помилувањето поради тоа е невалидно. Кога [[Горен Дом|Горниот Дом]] се обидел да ја наметне казната за егзил – за која Долниот Дом сметал дека е премногу блага – оставката била задржана меѓу двата Дома. Како што било потребно да го направи тоа многу пати за време на неговото владеење, Чарлс потклекнал пред желбите на неговите противници, предавајќи го лордот Денби во Лондонската кула. Лордот Денби ќе биде задржан таму уште 5 години.<ref>Hutton, pp.367–374 and Miller, Charles II pp.306–309 </ref>
 
=== Подоцнежни години ===
 
Чарлс се соочил со политичка бура за наследувањето на [[трон|тронот]]от. Веројатноста за католички монарх била жестоко спротивставена од Ентони Ешли Купер, 1-виот гроф од Шефтсбери (претходно барон Ешли и член на Кабал, кој се распаднал во [[1673]] година). Моќта на Шефтсбери била зацврстена кога Долниот Дом во [[1679]] година го вовел [[Законот за исклучување]], со кој се бара војводата од Јорк да биде исклучен од линијата на наследување. Некои дури барале круната да му се пренесе на војводата од Монмут, најстариот син од незаконските деца на Чарлс, кој бил протестант. Оние кои ги нарекувале ''Abhorrers'' ([[Англиски јазик|англ]]. ''аbhorrent'' – одвратно, одбивно) бидејќи сметале дека Законот за исклучување бил одвратен – биле подоцна наречени ториевци (по поимот за безимотните ирски католички бандити), додека оние кои ја поддржувале кампањата за петиции во корист на Законот за исклучување ги нарекувале ''Pettitioners'' ([[Англиски јазик|англ]]. ''petition'' - моли, дава петиција), а подоцна биле наречени виги (по поимот за бунтовните шкотски презвитеријанци).<ref>Hutton, pp. 373, 377, 391 and Miller, Charles II pp.310–320 </ref>
 
[[Податотека:King Charles II by John Riley.jpg|thumb|right|250px|Портрет на Џон Рајли, околу 1680-1685 година]]
 
Плашејќи се дека Законот за исклучување ќе биде донесен и зацврснат од некои ослободителни пресуди од судењата за заговорите кои биле во тек, за што му се чинело дека народот е понаколнет кон католицизмот, Чарлс решил да го разреши Англискиот парламент по вторпат таа година, во летото, 1679 година. Надежите на Чарлс за поумерен парламент не се исполниле и за неколку месеци тој повторно го разрешил парламентот, откако парламентарците се обиделе да го донесе Законот за исклучување. Кога нов парламент се собрал во Оксфорд во март, [[1681]] година, Чарлс го разрешил по четврти пат за само неколку дена.<ref>Hutton, pp.376–401 and Miller Charles II pp.314–345 </ref> За време на 80-тите години од XVII-тиот век, сепак, популарната поддршка за Законот за исклучување опаднала и Чарлс доживеал пораст на верност низ целата земја. Лордот Шефтсбери бил обвинет за предавство и избегал во Холандија, каде и починал. До крајот на своето владеење, Чарлс владеел без парламент.<ref>Hutton, pp.430–441 </ref>
 
Противењето на Чарлс за Законот за исклучување ги разлутило некои протестанти. Протестантските заговорници го создале заговорот ''Рај Хаус'' ([[Англиски јазик|англ]]. ''Rye House''), план да се убијат кралот и војводата од Јорк додека се враќале од Лондон, по коњските трки во [[Њумаркет]]. Сепак, голем пожар ја уништил резиденцијата на Чарлс во Њумаркет, по што тој бил принудел да ги напушти трките порано, па така случајно избегнувајќи го планираниот напад. Вестите за пропаднатиот заговор биле обелоденети.<ref>Fraser, p.426 </ref> Протестантските политичари како Артур Капел, 1-виот гроф од Есекс, Алгернон Сидни, лорд Вилијам Расел и војводата од Монмут биле вмешани во заговорот. Лордот Есекс си го пресекол грлото додека бил затворен во Лондонската кула; Сидни и Расел биле погубени за велепредавство со многу слаби докази; а војводата од Монмут избегал во егзил на дворот на Вилем Орански. Лордот Денби и преживеаните католички лордови кои ги држеле во Кулата биле ослободени, а католичкиот брат на кралот, Џејмс, стекнал големо влијание на дворот.<ref>Hutton, pp.420–423 and Miller Charles II pp.366–368 </ref> Титус Оутс бил осуден и затворен за клевета.<ref>Fraser, p.437 </ref>
 
==== Смрт ====
 
Чарлс доживеал мозочен удар утрото на [[2 февруари]], 1685 година, а починал четири дена подоцна, на 54 години во 11:45 часот во палатата Вајтхол.<ref>Fraser, p.450 and Hutton, p.443 </ref> Неочекуваната болест и смрт довеле до сомневање дека можната причина за смртта е [[отров]]. Сепак, повеќето современи медицински анализи тврдат дека симптомите на неговата болест се слични на болеста [[уремија]] (клинички синдром кој настанува при нефункционирање на [[Бубрег|бубрезите]]).<ref>[http://www.jstor.org/stable/20301497 "Nova et Vetera". British Medical Journal 2.4064 (1938): 1089.]</ref> На неговата смртна постела, Чарлс побарал од својот брат Џејмс да се грижи за неговите љубовници: „однесувај се добро со војвотката од Портсмут и не дозволувај кутрата Нели да гладува“,<ref>Fraser, p.456 </ref> и им рекол на своите дворјани: „Жалам господа, што умирам во вакво време.“<ref>Bryant, Mark (2001). Private Lives. London: Cassell. ISBN 0-304-35758-8 p.73 </ref> На последната вечер од неговиот живот тој бил примен во Римо-католичката црква, иако степенот до кој тој бил целосно свесен или обврзан, а и од кој потекнува идејата е нејасно.<ref>Hutton, pp.443 and 456 </ref> Тој бил закопан „без свечености“ во Вестминстерската опатија на [[14 февруари]].<ref>Fraser, p.459 </ref>
 
Чарлс бил наследен од својот брат, кој станал Џејмс II од Англија и Ирска и Џејмс VII од Шкотска.
Ред 148:
=== Потомство и наследство ===
 
Чарлс немал законски деца, но признал дванаесет деца од неговите седум љубовници,<ref>Fraser, p.411 </ref> вклучувајќи пет деца од озлогласената Барбара Вилиерс, леди Каслмејн, за која било создадено војводството од Кливленд. Неговите други љубовници биле: Мол Дејвис, Нел Гвин, Елизабет Килигру, Кетрин Пеџ, Луси Волтер и Луиса де Керуал, војвотката од Портсмут. Народот бил навреден што морал да плаќа даноци кои биле трошени на нив и на нивните деца,<ref>Hutton, p.338 </ref> многу од кои добиле војводства и грофовства. Денешните војводи од Баклеј, Ричмонд, Графтон и [[Сент Олбанс]] потекнуваат од Чарлс во непрекината машка линија.<ref>Fraser, p.413 </ref> [[Дијана (принцеза од Велс)|Дијана]], принцезата од Велс, била потомок од двајца незаконски синови на Чарлс: војводите од Графтон и Ричмонд. Синот на Дијана, [[Вилијам (војвода од Кембриџ)|принцот Вилијам]], војводата од Кембриџ, втор во линија за британскиот трон, ќе биде првиот британски монарх кој потекнува од Чарлс II.
 
Најстариот син на Чарлс , војводата од Монмут, предводел бунт против Џејмс II, но на [[6 јули|6-ти јули]], [[1685]] година, бил поразен кај [[Битка на Сеџмур|Битката на Сеџмур]], а потоа заробен и погубен. На крај, Џејмс бил симнат од престолот во [[1688]] година, за време на [[Славната револуција]]. Тој бил последниот римо-католички монарх кој владеел со [[Британија]].
 
Обѕирнувајќи се на владеењето на Чарлс, ториевците биле склони да го гледаат како време на благонаклонета монархија, додека вигите тоа го сметале за ужасен [[депотизам]]. Денес е можно да се процени Чарлс без пристрасност. Тој повеќе се смета за љубезен палавко – со зборовите на неговиот современик Џон Евелин: „принц со многу доблести и многу недостатоци, љубезен, лесно достапен, не е намќорест или злобен“.<ref>Miller, Charles II pp.382–383 </ref> Џон Вилмот, 2-от гроф од Рочестер пишувал повулгарно за Чарлс:
 
Нестрпливо се тркала од една проститутка до друга,
Весел монарх, скандалозен и сиромашен.<ref>Цитирано во Miller, Charles II p.95 </ref>
 
Чарлс, заштитиник на уметностите и науките, ја основал [[Кралска Опсерваторија|Кралската Опсерваторија]] и го поддржувал Кралското друштво, научна група чии први членови биле [[Роберт Хук]], [[Роберт Бојл]] и [[сер]] [[Исак Њутон]]. Чарлс бил приватен заштитник на сер [[Кристофер Врен]], архитектот кој помогнал повторно да се изгради Лондон по Големиот пожар и кој ја конструирал [[Кралска болница Челзи|Кралската болница Челзи]], која Чарлс ја основал како дом за пензионираните војници во [[1682]] година.
 
Годишнината од Обновувањето (исто така и роденденот на Чарлс) - 29 мај – била признаена како ''Ден на желадот'' ([[Англиски јазик|англ]]. ''Oak Apple Day'') во Англија се до средината на XIX-от век, наречена по [[Кралскиот даб]] во кој Чарлс се криел за време на бегањето од војската на Оливер Кромвел. Традиционалните прослави вклучувале носење ливчиња од даб, но тоа изумрело.<ref>Fraser, p.118 </ref> Чарлс II е запаметен преку спомениците на плоштадот Сохо во Лондон,<ref>[http://www.british-history.ac.uk/report.aspx?compid=41027 "Soho Square Area: Portland Estate: Soho Square Garden", Survey of London: Volumes 33 and 34, pp.51–53, 1966, retrieved 19 April 2010]</ref> Плоштадот на Парламентот во Едингбург, плоштадот на Света Марија во [[Глостер]],<ref>[http://www.gloucester.gov.uk/LGNL/Environmentandplanning/Archaeology/Landandproperty-historicsites-maintenance/ListofMonumentsinGloucesterCity.aspx Gloucester City Council. "List of Monuments in Gloucester". Retrieved 2 December 2012.]</ref> како и покрај јужната врата во катедралата Личфилд, а исто така е и опширно прикажан во литературата и во другите медиуми.
 
=== Титули, обраќања, почести и грбови ===
Ред 170:
* Во Шкотска: ''Неговата милост'', Кралот
 
Официјалното обраќање на Чарлс II било „Чарлс Втори, со милоста на [[Господ]], Крал на Англија, Шкотска, Франција и Ирска, бранител на [[Религија|верата]] итн.“<ref>Guinness Book of Answers (1991), p. 708 </ref> Барањето за Франција било само симболично и било наметнато од секој англиски крал уште од [[Едвард III]], без разлика на големината на француска територија што всушност била контролирана.
 
'''Почести'''
Ред 178:
'''Грбови'''
 
Како принц од Велс, [[Грб|грботгрб]]от на Чарлс бил [[Кралски грб на Обединетото Кралство|кралскиот грб]] (кој подоцна и го наследил), кој се разликувал по трите [[Сребрена (хералдика)|сребрени]] пердуви.<ref>[http://www.heraldica.org/topics/britain/cadency.htm Velde, François (19 April 2008), Marks of Cadency in the British Royal Family, Heraldica, retrieved 19 April 2010]</ref> Неговите грбови како монарх биле: [[Штит (хералдика)|штит]] поделен на четири дела, I и IV понатамошна поделба на дел од штитот, три златни хералдички [[лилјани]] на сина хералдска боја (за [[Франција]]), и три [[Лав|лавовилав]]ови кои чекорат налево со едната шепа крената во воздух со [[Златна боја (хералдика)|златен]] столб на [[Црвена боја (хералдика)|црвена хералдска боја]] со (за [[Англија]]); II златен лав со предните шепи кренати во воздух со двоен [[Штит (хералдика)|штит]] и цветни мотиви на спротивните страни еден од друг во [[Црвена боја (хералдика)|црвена хералдска боја]] (за [[Шкотска]]); III [[Златна боја (хералдика)|златна]] [[харфа]] со [[Сребрена (хералдика)|сребрени]] жици на сина хералдска боја (за [[Ирска]]).
 
<center>
Ред 187:
}}
</center>
 
 
== Деца ==
Ред 201 ⟶ 200:
# Кетрин ФицЧарлс (родена 1658 година; или умрела млада или станала калуѓерка во Динкерк)<ref>Hutton, p.125</ref>
Со '''[[Барбара Вилерс]]''' (1641–1709), сопруга на [[Роџер Палмер]], 1-виот Ерл од Каслмејн; назначена [[војвотка од Кливленд]] со нејзино право
# [[Леди Ен Палмер (Фицрој) )]] (1661–1722), мажена за [[Томас Ленард]],1-виот Ерл од Сасекс. Таа можеби била ќерка на Роџер Палмер, но Чарлс ја прифатил. <ref>{{citation|author=Cokayne, George E.|authorlink=George Cokayne|coauthorsauthor2=Revised and enlarged by Gibbs, Vicary; Edited by Doubleday, H. A., Warrand, D., and de Walden, Lord Howard|year=1926|title=The Complete Peerage|chapter=Appendix F. Bastards of Charles II|publisher=St. Catherine Press|location=London|pages=Volume VI, pp.706–708|nopp=true}}</ref> [[Сара, војвотката од Јорк]] е потомок на Ен преку двајцата родители.
# [[Чарлс ФицРој ]] (1662–1730), назначен за [[војвода од Саутхемптон]] (1675), станал 2-риот [[војвода од Кливленд ]] (1709)
# [[Хенри ФицРој]], (1663–1690), назначен за [[гроф од Јустон]] (1672), [[војвода од Графтон]] (1675), пра-пра-пра-пра-пра-пра-прадедо на [[Дијана, Принцезата од Велс|Дијана, принцезата од Велс]].
# [[Шарлот ФицРој]] (1664–1717), мажена за [[Едвард Ли]], 1-виот гроф од Личфилд
# [[Џорџ ФицРој]] (1665–1716), назначен за [[гроф од Нортамберленд]] (1674), [[војвода од Нортамберленд]] (1678)
# [[Барбара (Бенедикта) ФицРој]] (1672–1737) – Таа веројатно била ќерка на [[Џон Черчил]], подоцна [[војвода од Марлборо]], кој бил еден од многуте љубовници на војвотката од Кливленд,<ref>Miller, ''Charles II'' pp.97, 123</ref> а никогаш не била призната од Чарлс како негова ќерка.<ref>Fraser, pp.65 and 286</ref>
Со '''[[Нел Гвин]]''' (1650–1687)
# [[Чарлс Боклерк]] (1670–1726), назначен за [[војвода од Сент Олбанс]] (1684)
Ред 217 ⟶ 216:
# Кристабела Виндхам<ref>Fraser, p.37 and Miller, ''Charles II'' p.5</ref>
# [[Хортенс Манчини]], војвотка од Мазарин<ref>Fraser, pp.341–342, Hutton, p.336 and Miller, ''Charles II'' p.228</ref>
# [[Винифред Велс ]] – една од девериците на кралицата<ref name="mrs">Fraser, p.285 and Hutton, p.262</ref>
# Џејн Робертс – ќерка на свештеник<ref name="mrs"/>
# [[Елизабет Беркли, родена Багот]], грофица од Фалмут, вдовица на [[Чарлс Беркли]], 1-виот гроф од Фалмут<ref name="mrs"/><ref>{{citation|author=Melville, Lewis|authorlink=Lewis Melville|title=The Windsor Beauties: Ladies of the Court of Charles II|url=http://books.google.com/?id=FCxRqOrMVQUC&pg=PA91&lpg=PA91&dq=charles+ii+bagot|accessdate=19 April 2010|year=2005|origyear=1928|publisher=Loving Healing Press|isbn=1-932690-13-1}}</ref>
Ред 233 ⟶ 232:
|boxstyle_4=background-color: #bfc;
|boxstyle_5=background-color: #9fe;
|1= 1. '''[[Чарлс II]] од Англија'''
|2= 2. [[Чарлс I|Чарлс I од Англија]]
|3= 3. [[Хенриета Марија од Франција]]
Ред 273 ⟶ 272:
 
* {{citation|url=http://www.royal.gov.uk/HistoryoftheMonarchy/KingsandQueensoftheUnitedKingdom/TheStuarts/CharlesII.aspx|title=Charles II (r. 1660–1685)|publisher=Official website of the British Monarchy|accessdate=19 April 2010}} {{en}}
 
* {{citation|author=Fraser, Antonia|authorlink=Antonia Fraser|year=1979|title=King Charles II|publisher=Weidenfeld and Nicolson|location=London|isbn=0-297-77571-5}} {{en}}
 
* {{citation|author=Hutton, Ronald|authorlink=Ronald Hutton|year=1989|title=Charles II: King of England, Scotland, and Ireland|publisher=Clarendon Press|location=Oxford (England)|isbn=0-19-822911-9}} {{en}}
 
* {{citation|author=Miller, John|year=1991|title=Charles II|publisher=Weidenfeld and Nicolson|location=London|isbn=0-297-81214-9}} {{en}}
 
* Seaward, Paul (September 2004; online edn, January 2008) [http://www.oxforddnb.com/view/article/5144 "Charles II (1630–1685)"], ''Oxford Dictionary of National Biography'', Oxford University Press, {{doi|10.1093/ref:odnb/5144}}, retrieved 19 April 2010 (Subscription required) {{en}}
 
== Надворешни врски ==
* {{NRA|P5402}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Чарлс}}
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Чарлс II| ]]
[[Категорија:Родени во 1630 година]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чарлс_II