Фразеологија на македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-== Видете исто така == +== Поврзано ==)
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= (2) using AWB
Ред 5:
== Карактеристики ==
 
Во реченицата зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. Така на пример, зборот ''[[орев]]'' може да оди со повеќе [[Придавка|придавки]] како на пример ''„голем орев“'' или ''„мал орев“'', со [[глагол]]и како на пример ''„јаде орев, купува ореви“'' и слично. Ова доведува до општите принципи на [[фразеологија]]та каде зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат односно да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав. <ref name="македонска граматика">{{цитирана книга|coauthorsauthor2=Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски|title=Македонски јазик за средно образование|publisher=Просветно Дело АД|location=Скопје|date=2001|pages=222 и 224|language=македонски}}</ref>
 
Во македонскиот јазик зборовните состави можат да се наоѓаат и во неслободна врска, односно постојана врска. Така на пример, зборот орев во реченицата ''„Ова е тврд орев, не се крши со заби“'' и зборот орев во реченицата ''„Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник“'' нема исто значење. Во составите на овој вид ослабнува одделното значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи.<ref name="македонска граматика"/>
Ред 21:
== Класификација на фразеологизмите ==
 
Поделбата на фразеологизмите може да се прави на различни начини како на пример според потеклото, значењето, функцијата, степенот на слеаност и слично.
 
=== Според степен на слеаност ===
Според степенот на слеаност македонските фразеологизми се делат на три групи: фразеолошки срастувања, фразеолошки единства и фразеолошки спојки<ref name="општа граматика">{{цитирана книга|last=Бојковска|first=Стојка|coauthorsauthor2=Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски|title=Општа граматика на македонскиот јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=АД Просветно Дело|location=Скопје|date=декември 2008|pages=245- 250|isbn=978-9989-0-0662-7|language=македонски}}</ref>.
 
:'''Фразеолошките срастувања''' се целосно недделиви [[збор]]овни групи со наполно ново значење кое нема никаква врска со значењето на одделните зборови во составот на фразата. Овие фразеологизми се нарекуваат и [[идиом]]и и одделни зборови кои се наоѓаат во рамките на истите ја изгубиле својата самостојност и добиваат значење само ако се дел од фразеолошки состав. Фразеолошките срастувања се најнеслободни зборовни врски во реченицата и најчесто се еднакви со други зборови по значење. Така на пример има фразеологизам ''„црно злато“'' кое според значење е ист со зборот ''„[[нафта]]“''. Сраснатоста е толку голема што не ја менуваат ниту граматичката форма.
 
:'''Фразеолошките единства''' се фразеологизми кои настануваат кога зборовите во еден состав своето основно значење го заменуваат со едно општо преносно значење. Пример за овој вид фразеологизам е „''има мува на капата“'' каде општото значење е ''„има грижа на совест“''. Во овие единства врската меѓу преносното значење и значењето на посебните зборови не е прекината целосно, туку тоа е мотивирано од значењето на составните зборови.
 
:'''Фразеолошките спојки''' се фразеологизми во кои само еден од составните елементи има преносно значење, а другите се употребуваат со основното значење. Овие фразеологизми немаат ново значење во сколопот на целиот израз, туку тоа се содржи во еден од зборовите во спојката, како на пример во спојката ''„златни раце“''.