Разлика помеѓу преработките на „Сон“

Одземен 151 бајт ,  пред 2 месеци
с
clean up, replaced: |coauthors= → |author2= using AWB
(→‎Сонот како тема во популарната музика: дополнување, ситна поправка)
с (clean up, replaced: |coauthors= → |author2= using AWB)
[[Податотека:Antonio de Pereda - The Knight's Dream.JPG|300px|right|thumb|„Сонот на витезот“ од [[Антонио де Переда]]]]
'''Сонот''' е низа на [[слика|слики]] и [[емоција|чувства]] кои се појавуваат за време на [[спиење]]то.<ref>{{цитирана веб страница|url= http://www.bartleby.com/61/54/D0385400.html|title= dream.|publisher= [http://www.bartleby.com/61 The American Heritage Dictionary of the English Language, Fourth Edition. 2000]|accessdate= 2009-05-07}}</ref> Содржината и целта на соништата не може целосно да се разбере, иако тие биле предмет на интерес низ историјата. Научната дисциплина која се занимава со соништата е позната како [[онирологија]], а толкувањето на сонот се нарекува [[ониромантија]].
 
 
== Содржина на соништата ==
{{Главна статија|РЕМ спиење}}
[[Податотека:REM.png|thumb|[[Electroencephalography|ЕЕГ]] ги покажува мозочните бранови за време на РЕМ спиењето|thumb|200px]]
Нема општоприфатена биолошка дефиниција за сонувањето. Општите набљудувања покажуваат дека соништата се силно поврзани со брзото движење на [[очи]]те т.е. [[РЕМ спиењето]], а на [[електроенцефалограм]] се гледа дека тогаш активноста на мозокот најмногу наликува на будност. Незапаметените соништа надвор од РЕМ спиењето се најчесто обични во споредба со другите.<ref name=Dement1957>{{цитирано списание | author = Dement, W. | coauthors = Kleitman, N. | year = 1957 | title = The Relation of Eye Movements during Sleep to Dream Activity.' | journal = Journal of Experimental Psychology | volume = 53 | pages = 89–97 | doi = 10.1037/h0048189 <!--Retrieved from CrossRef by DOI bot-->}}</ref> За време на животниот век една личност минува околу шест години во сонување,<ref name="HSWDream">{{цитирана книга| year = 2006| title = How Dream Works| url = http://science.howstuffworks.com/dream3.htm| accessdate = 2006-05-04}}</ref> што е околу два часа секоја вечер.<ref>{{цитирана веб страница | year = 2006| title = Brain Basics: Understanding Sleep| url = http://www.ninds.nih.gov/disorders/brain_basics/understanding_sleep.htm | accessdate = 2007-12-16 | publisher = [[National Institute of Neurological Disorders and Stroke]] }}</ref>) Повеќето од соништата траат од 5 до 20 [[Минута|минути]].<ref name="HSWDream"/> Инаку, не е познато од кој дел на [[мозок]]от потекнува сонот, дали постои едно единствено место одговорно за сонот, или пак сонот потекнува од повеќе делови на мозокот, или која е целта на сонувањето за телото и [[умо]]т.
 
Се претпоставува дека сонот е резултат на [[диметилтриптамин]] (DMT) во мозокот. За ова [[Џ. Келавеј]] предложил биохемиски механизам во 1988 год. според кој диметилтрипаминот може да се поврзе со феноменот на визуелен сон, каде што нивото на диметилтрипамин во мозокот периодично се издигнува за да предизвика визуелно сонување и други природни состојби на умот.<ref>{{цитирано списание |author=Wallach J |title=Endogenous hallucinogens as ligands of the trace amine receptors: A possible role in sensory perception |journal=Med Hypotheses |volume=in print |issue=in print |pages=in print |year=2008 |pmid=18805646 |doi=10.1016/j.mehy.2008.07.052}}</ref>
 
== Теории за сонот ==
Во своите „[[Дијалози (Григориј I)|Дијалози]]“, [[Папа Григориј I|папата Григориј I]] ги дели соновите во неколку категории: прво, соништа предизвикани од преоптоварен [[стомак]] или од суета; второ, несериозни соништа; понатаму, соништа предизвикани од желбите, или истовремено од желбите и од разиграноста на [[Дух|духотдух]]от; соништа-откровенија; и измешани соништа, како резултат на желбите и на откровението.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 205.</ref>
 
Бидејќи методите на интроспекција биле заменети со повеќе самосвесни објективни методи во [[Социологија|социолошката]] наука во 1930-тите и 1940-тите, проучувањето на соништата се исфрлило од научната литература. Соништата не биле ниту директно видливи од [[експеримент]]аторот, ниту пак биле доверливи субјектите или извештаите за соништата на субјектите, бидејќи биле изобличени како резултат на задоцнето присетување, ако и воопшто субјектите можеле да се присетат. Многу почесто соништата целосно се забораваат, можеби како резултат на нивниот недозволен карактер ([[Фројд]] 1955 год. [1900 год.]). Најпосле, се чинело дека овие проблеми ги ставаат соништата надвор од доменот на науката.
 
Откривањето дека соништата се случуваат главно за време на една специфична електрофизиолошка состојба на спиење, брзо движење на окото или РЕМ спиење, која може објективно да се набљудува, довело до враќање на интересот за овој феномен. Кога било одредено времето на траење на РЕМ фазата и субјектите биле разбудени за да дадат извештај пред да се случи некоја измена или заборавање, било утврдено дека субјектите многу точно го одредуваат времето додека се одвивало спиењето и дека раскажувањето на соништата всушност одговара на должината на РЕМ спиењето кое му претходело на будењето. Блиската врска меѓу РЕМ спиењето и сонот била првата основа за серија на извештаи кои го опишуваат сонувањето: дека е редовно навечер, најчесто повремен феномен и е активност со висока честота за време на секое спиење и се јавува во утврдени интервали отприлика секој 60-90 минути кај сите луѓе во текот на животниот век. Фазите на РЕМ спиење и соништата што ги придружуваат прогресивно се продолжуваат во текот на ноќта, во првата фаза се најкратки, околу 10-12 минути, а во втората и третата фаза се зголемуваат до 15-20 минути. На крајот на ноќта соништата може да траат околу 15 минути, иако овде може да се сонуваат различни прикаски како резултат на краткотрајни возбудувања што го прекинуваат спиењето кога ноќта завршува. Извештаите од соништа можат да бидат извештаи од нормални субјекти, во 50% од случаите кога будењето се прави пред да заврши првата РЕМ фаза. Степенот на враќање на податоците се зголемува до 99% ако будењето е направено во последната РЕМ фаза во ноќта. Зголемувањето на способноста за присетување е поврзана со засилувањето на мечтата, боите и емоциите во сонот во текот на ноќта. Приказната во сонот во последната РЕМ фаза е најдалеку од реалноста, содржи најмногу необични елементи и заедно со зголемената веројатност за спонтани возбудувања дозволува да се случи будењето, што ја повишува можноста за сеќавање на последниот сон. Различните луди особини на сонот придонесуваат и да се смета самиот сон за „луд“. Извештаите дека првите соништа во ноќта се пореални, всушност се мешаат со мислите за будење.
 
Хаглингс Џексон (1932 год.) сметал дека спиењето помага да се поништат непотребните сеќавања и врски од текот на денот. Ова го прегледале Крик и Мичисон (1983 год.) и цитирале дека сонот во спиењето е период на обратно учење. Сепак, спортивниот став дека со сонувањето се пренесува информација исто така постои.
== Соништата и психозата ==
Голем број мислители коментирале за сличностите меѓу [[феномен]]ите соништа и [[психоза]]. Сличните елементи во двете состојби вклучуваат нарушување на мислата, депримирачки или несоодветни афекти (емоции) и [[халуцинација]]. Меѓу [[Филозофија|филозофите]], на пример [[Кант]], напишал дека „лудакот е буден сонувач“.<ref>Quoted in La Barre, W. (1975). "Anthropological Perspectives on Hallucination and Hallucinogens". In R.K. Siegel and L.J. West (eds.), ''Hallucinations: Behavior, Experience, and Theory''. New York: Wiley.</ref> [[Шопенхауер]] рекол: „Сонот е краткотрајна психоза, а психозата е долготраен сон.“ <ref>''Ibid''.</ref> Во областа на [[психоанализа]]та, [[Фројд]] напишал: „Тогаш, сонот е психоза“,<ref>Freud, S. (1940). ''An Outline of Psychoanalysis''. London: Hogarth Press.</ref> а [[Јунг]]: „Дозволете му на сонувачот да шета и да дејствува како буден и имаме клиничка слика на рана деменција.“<ref>Jung, C.G. (1909). ''The Psychology of Dementia Praecox'', translated by F. Peterson and A.A. Brill. New York: The Journal of Nervous and Mental Disease Publishing Company. </ref> Грифин и Тирел<ref>Griffin, J. & Tyrrell, I. (2003) ''Human Givens: A new approach to emotional health and clear thinking.'' HG Publishing. ISBN 1-899398-31-7</ref> отишле чекор понатаму, сметајќи дека „шизофренијата е будна реалност развиена со сонувачкиот мозок.“<ref>Griffin, J. & Tyrrell, I. (2003) ''Dreaming Reality: How dreaming keeps us sane, or can drive us mad.'' ISBN 1-899398-36-8</ref>
 
== Поврзаност со медицински состојби ==
За време на доцниот [[19 век|19]] и [[20 век]], и двајцата [[Зигмунд Фројд]] и [[Карл Јунг]] ги поистоветувале соништата како врска помеѓу [[свесно]]то и [[несвесно]]то. Тие исто така уверуваат дека несвесното е доминантна сила во сонот и соништата ја изразуваат менталната активност на восприемачката сила. Додека Фројд сметал дека постои активна цензура на несвесното дури и за време на сонот, Јунг расправал дека чудниот квалитет на соништата е ефикасен јазик, кој во споредба со поезијата еднакво е способен за откривање на скриеното значење.
 
[[Фриз Перлс]] ја преставил својата теорија за соништата како дел од холистичката природа на [[Гешталт терапијата]]. соништата се гледаат како проекции на дел од себе што бил игнориран, одбиен или потиснат.<ref>{{цитирано списание|author=Wegner, D.M., Wenzlaff, R.M. & Kozak M.|year=2004|title=The Return of Suppressed Thoughts in Dreams|journal=Psychological Science|volume=15|number=4|pages=232–236|url=http://www.wjh.harvard.edu/~wegner/pdfs/Dream%20Rebound.pdf |format=PDF| doi = 10.1111/j.0963-7214.2004.00657.x <!--Retrieved from CrossRef by DOI bot-->}}</ref>
 
Јунг расправал дека секој човек во сонот може да се смета дека преставува гледиште на сонувачот, што тој го нарекува субјективен пристап до соништата. Перлс го проширил овој став и рекол дека дури и неживите објекти во сонот можат да преставуваат гледишта на сонувачот. Според тоа може да се побара од сонувачот да се замисли дека е објект во сонот и да го опише, со цел да ја зголеми свесноста за карактеристиките на објектите што одговараат на личноста на сонувачот.
Во една употреба поимот „поврзување на соништата“ е феномен според кој некој надворешен стимул, најчесто звучен, станува дел од сонот и го буди сонувачот. Има позната слика на [[Салвадор Дали]] што го опишува овој концепт, насловена како „[[Сон предизвикан од летот на една пчела]]“ (1944 год.).
 
Поимот „поврзување на соништата исто така се користел во испитувањето на степенот до кој настаните од претходниот ден стануваат елементи на соништата. Неодамнешните проучувања сметаат дека најголемо влијание имаат настаните од претходниот ден како и тие од пред една недела.<ref name="day-residue">{{цитирана веб страница |url=http://www.asdreams.org/2003/abstracts/genevieve_alain.htm |title=Replication of the Day-residue and Dream-lag Effect |last=Alain, M.Ps. |first=Geneviève |coauthorsauthor2=Tore A. Nielsen, Ph.D., Russell Powell, Ph.D., Don Kuiken, Ph.D. |month=July | year=2003 |work=20th Annual International Conference of the
Association for the Study of Dreams }}</ref>
 
[[Податотека:Michael Lukas Leopold Willmann 001.jpg|Сонот на Јакоv за скалите на ангелите|thumb|250px]]
 
Сонот е често застапено во [[Уметност|уметностауметност]]а и во [[Популарна култура|популарната култура]]. Долго време низ историјата соништата биле предмет на претпоставка и извор на инспирација. Низ историјата, луѓето го барале [[ониромантија|нивното значење]] и се обидувале да гатаат со нивна помош. Гледано [[физиологија|физиолошки]], соништата се опишуваат како реакција на неутралните процеси за време на спиењето, [[психологија|психолошки]] како одраз на потсвеста, а пак гледано духовно, тие се пораки од [[Бог]] или предвидување на иднината. Многу култури практикувале инкубација на соништата, со намера да се обработат, што биле претскажувачки или содржеле [[бог|божествени]] пораки. Во [[Јудаизам|Јудаизмот]] се одржува посебна церемонија, наречена „хатават халом“, што буквално значи „сонот да се направи добар“. Преку овој обред, [[рабин]]от или рабинскиот суд можат позитивно да ги толкуваат вознемирувачките соништа.<ref>[http://www.rabbiwein.com/Jerusalem-Post/2006/02/102.html Berel Wein "DREAMS"]</ref> Во [[Стариот Рим]], толкувачот на соновите се нарекувал Аугур.<ref>„Objašnjenja“, во: ''Rimska lirika''. Beograd: Rad, 1964, стр. 105.</ref>
 
Современата [[популарна култура]] ги сфаќа соништата, како и [[Фројд]], како израз на најдлабоките стравови и желби на сонувачот.<ref name="Van Riper 56">{{цитирана книга|last=Van Riper|first=A. Bowdoin|title=Science in popular culture: a reference guide|publisher=[[Greenwood Press]]|location=Westport|year=2002|pages=56|isbn=0–313–31822–0}}</ref> Во филмовите, како ''[[Маѓепсан (филм од 1945)|Маѓепсан]]'' (''Spellbound'') од 1945 година или ''[[Манџурскиот кандидат (филм од 1962)|Манџурскиот кандидат]]'' од 1962 година, протагонистите мора да извлекуваат битни поуки од надреални соништа.<ref name="Van Riper 57">Van Riper, op.cit., p. 57.</ref>
 
Сепак, повеќето од соништата во популарната култура не содржат [[симбол]]и, туку директен и реалистичен опис на стравовите и желбите на сонувачот.<ref name="Van Riper 57" /> Сцените со соништа може да не се разликуваат од оние сцени од реалниот свет на сонувачот, раскажувачка техника што го намалува чувството за безбедност на сонувачот и публиката<ref name="Van Riper 57" /> и овозможува протагонистите во [[хорор]]-филмовите, како што се ''[[Кери]]'' (1976), ''[[Петок 13-ти]]''(1980) или ''[[Американски врколак во Лондон]]'' (1981) случајно да бидат нападнати од силите на мракот додека се наоѓаат навидум на безбедни места.<ref name="Van Riper 57" />
 
Во спекулативната фикција, границата меѓу сонот и реалноста може да биде заматена дури и многу повеќе отколку што е потребно во приказната.<ref name="Van Riper 57" /> Сонот може да биде психички манипулирани (филмовите ''[[Кошмарот на улицата на Брестовите]]'', 1984-1991) или буквално да се исполни како во ''[[Керамичарско тркало на рајот]]'' (1971). Со таквите приказни, протагонистите пред публиката одигруваат искуства од нивни лични соништа, што ги чувствуваат како реални.<ref name="Van Riper 57" />
<br />
 
===Сонот како тема во книжевноста===
* „Сонот на детето“ - песна на македонскиот поет [[Анте Поповски]].<ref>Анте Поповски, ''Дрво што крвави''. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 97.</ref>
* „Сон врз каменот крај езерото“ - песна на македонскиот поет [[Анте Поповски]].<ref>Анте Поповски, ''Дрво што крвави''. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 126.</ref>
* „Последниот сон“ - расказ од македонската писателка [[Жанета Станоевска]], од 2011 година.<ref name="ReferenceA">Жанета Станоевска, ''Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази'', Темплум, Скопје, 2011.</ref>
* „Три соништа и едно јаве“ - расказ од македонската писателка [[Жанета Станоевска]], од 2011 година.<ref>Жанета Станоевска, ''Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази'', Темплум, Скопје, 2011.<name="ReferenceA"/ref>
* „Сон“ - песна на полскиот поет [[Јулијан Тувим]].<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 38.</ref>
* „[[Соништата од Бункер Хил]]“ - [[роман]] на американскиот писател [[Џон Фанте]] од 1982 година.<ref>„Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, ''Прашај ја правта''. Скопје: Темплум, 2008, стр. 247-249.</ref>
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Психологија]]
[[Категорија:Спиење]]