Отоманско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Религија: Иимперија / треба империја
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= (2) using AWB
Ред 59:
|footnotes = <Big>'''[[Хронологија на Османлиската Империја|Хронологија]]'''</Big>
}}
'''Отоманско Царство''' или '''Османлиско Царство''' ([[Отомански турски јазик|отомански турски]]: دولتْ علیّه عثمانیّه ''Devlet-i Âliye-yi Osmâniyye'';<ref>[http://www.twareekh.com/images/upload/aboutus/ottmani10liras1334F-.jpg Ottoman banknote with Arabic script]</ref> [[турски јазик|турски]]: ''Osmanlı İmparatorluğu''), исто така од современите историчари позната и како ''Турска Империја'', претставувала мултиетничка држава што постоела во периодот од [[1299]] до [[1922]] година, или вкупно 624 години<ref>Султанатот бил аболициран на 1 ноевмри, 1922. [[Мехмед VI]], последниот отомански султан, бил протеран од Константинопол на 17 ноември, 1922.</ref> како империјална [[монархија]], или до [[24 јули]] [[1923]] година, [[де јуре]] како држава<ref>Со [[Договорот од Лозана]] (потпишан на 24 јули, 1923) новата турска држава (сè уште не Република, која била прогласена подоцна на 29 октомври, 1923) со седиште во [[Анкара]] е меѓународно призната како наследничка на отоманската држава.</ref>.Таа била наследена од страна на [[Република Турција]],<ref>[http://wwi.lib.byu.edu/index.php/Treaty_of_Lausanne Full текст на Договорот од Лозана (1923)] {{en}}</ref> која официјално била прогласена на [[29 октомври]] [[1923]] година.
 
Таа е една од најголемите империи што кога било владееле со границите на [[Средоземно Море|Средоземното Море]]. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на [[Анадолија]], [[Блиски Исток|Блискиот Исток]], делови од [[Северна Африка]] и [[југоисточна Европа]]. Била основана од страна на [[туркиски народи|туркиското]] племе [[Огузи]] во западна [[Анадолија]], а на нејзино чело стоела [[Отоманска династија|Османлиската династија]]. Основач на династијата бил [[Осман I]] (неброејќи го неговиот татко [[Ертугрул]]), иако како династија не била прогласена сѐ до [[1383]] година кога [[Мурат I]] се самопрогласил за [[султан]]. Дотогаш, владетелите се нарекувале [[бег]]ови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал [[Османлии|Турци-Османлии]].
 
Отоманската Империја своето име го добила по својот основач, првиот [[султан]] [[Осман I]]. На [[турски јазик]], Осман се вика Отоман (''Uthmān'') од каде доаѓа и името на Отоманската Империја. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и [[Висока Порта]] или само ''Порта'', кое води потекло од [[француски јазик|францускиот]] превод за зборот ''Баб'и'али'' ([[турски јазик|турски]]: ''Bâb-i-âlî'') кое значи „висока капија“, според интегрирањето на империјата од [[Европа]] во [[Азија]].
Ред 72:
==== Периодот од создавањето до интерегнумот ====
{{Историја на Отоманската Империја}}
Почетокот на создавањето на Отоманската Империја се карактеризира со постојани [[Отоманско-византиски војни]] кои траеле околу 1,5 век. Потеклото на [[Отоманци]]те може да се проследи назад во [[11 век]], кога на територијата на [[Анадолија]] опстојувале неколку мали муслимански емирати со [[Туркиски народи|туркиско потекло]]. Главната цел на овие т.н. [[анадолски бејлици]] била да ги одбранат своите територии од страна на [[Византија]]. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населиле голем број на [[туркиски народи]].<ref>{{цитирана книга |last=Malcolm Holt |first=Peter |coauthorsauthor2= Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis |title=The Cambridge History of Islamy |year=1977 |publisher=Cambridge University Press |isbn=0-5212-9135-6 |pages=231–232 }}</ref> Меѓутоа, во [[1073]] година и по победата на [[Селџучка Империја|Селџучкото Царство]] во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]], овие анадолски бејлици добиле можност да прогласат своја независност од [[Селџуци]]те. Меѓу овие помали кнежества било и кнежеството со престолнина во [[Согут]]. Тоа било предводено од страна на [[Ертугрул]]. Кога во [[1281]] година починал, неговиот син [[Осман I|Осман]] станал негов наследник. Многу бргу по ова, новиот лидер се прогласил за врховен бег и основал нова династија, наречена според него [[Османлиска династија]]. Така, Осман станал првиот владетел на Османлиската Империја во [[1299]] година.<ref>{{цитирана книга |last=Bideleux |first=Robert |coauthorsauthor2=Ian Jeffries |title=A history of eastern Europe: crisis and change |year=1998 |publisher=Routledge |isbn=0-4151-6111-8 |pages=62 }}</ref> Во [[1265]] година, византискиот град [[Согут]] бил заземан од страна на Осман бег.<ref>{{цитирана книга|last=Parker|first=Geoffrey|title=Compact History of the World|location=London|publisher=Times Books|year=2005|pages=71}}</ref> По падот на [[Согут]], териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на [[Византија]]. Во исто време, [[Осман I]] успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на [[13 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан [[Јенишехир]], а по ова паднала [[Бурса]] и [[Никеја]] (денешен [[Изник]]), најголемиот византиски град во [[Анадолија]]. [[Бурса]] паднала во [[1326]] година, непосредно пред смртта на Осман.
 
Наследник на Осман станал неговиот син [[Орхан I]]. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на [[Византија]]. Така во [[1331]] година [[Опсада на Никеја (1331)|паднала Никеја]], а во [[1337]] [[Опсада на Никомедија|паднала Никомедија]]. [[Бурса]] станала новата престолнина на [[султанат]]от. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично. Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц [[Јован VI Кантакузин]]. Во [[1346]] година Орхан отворено го подржал Јован VI во симнувањето од престолот на [[Јован V Палеолог]]. Кога тој дошол на престолот, на Отоманците им било дозволено да го [[Падот на Галиполи|окупираат]] напуштениот [[Галиполи]]. Во следната деценија, Отоманците започнале колонизација на [[Тракија]] со [[Муслимани|муслиманско население]]. Сепак, [[Византиски владетели|византискиот император]] бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој [[Византија]] ја признала загубата на [[Тракија]].
 
Наследник на Орхан бил [[Мурат I]]. Првата поголема офанзива на новиот султан [[Мурат I]] била во [[1365]] година во [[Битка кај Адријанопол (1365)|битката кај Адријанопол]]. Византиската армија повторно доживеала пораз, со кое бил ставен почетокот на отоманското присуство на [[Балкан]]от и [[Европа]]. Веднаш по битката, престолнината на [[Отоманци]]те била пренесена од [[Бурса]] во Адријанопол, денешно [[Едрене]]. Ова преместување на престолнината на Отоманците им овозможило место при идните напади на [[Балкан|балканските земји]]. Во [[1354]] година Отоманците ги поминале [[Дарданели]]те. Ова бил голем момент од нивното напредување по морски пат, бидејќи во голема мера го ограничиле поморскиот пат кон [[Константинопол]], остварувајќи значајни победи против [[Венецијанска Република|Венецијанската Република]].
 
Во следните години следувале успешни воени походи против [[Бугарија]], [[Македонија]] и [[Србија]]. Во [[Маричка битка|Маричката битка]] (1371) Отоманците извојувале убедлива победа против [[христијанство|христијаните]] од [[Балкан]]от. По ова, [[Македонија]] и делови од [[јужна Србија]] потпаднале под отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на [[Балкан]]от. По оваа битка, Отоманците се упатиле кон внатрешноста на Србија, поточно кон [[Косово]]. До поголема битка дошло во [[1389]] година во т.н. [[Косовска битка]]. Битката завршила со катастрофален пораз на српската војска. Според голем дел од историчарите, Косовската битка била една од најзначајните победи на империјата.<ref>[http://www.britannica.com/eb/article-9046112 Battle of Kosovo, '' Encyclopedia Britannica'']</ref><ref>[http://www.bartleby.com/65/ko/Kosovo.html Kosovo Field, ''Columbia Encyclopedia'']</ref><ref>[http://encarta.msn.com/encyclopedia_761588292/Kosovo_Battle_of.html Kosovo, Battle of, ''Encarta Encyclopedia'']</ref><ref>Historical Dictionary Of Kosova By Robert Elsie, pg.95</ref><ref>The Encyclopedia of World History: Ancient, Medieval, and Modern, Chronologically Arranged By Peter N. Stearns, William Leonard Langer, pg. 125</ref><ref>Global Terrorism By James M Lutz, Brenda J Lutz, pg. 103</ref> Во оваа битка загинал султанот Мурат.
Ред 86:
[[Податотека:Musa Çelebi.jpg|right|200px|thumb|Муса Челеби]]
 
По [[Анагорска битка|Анагорската битка]], во Отоманската Империја се дошло до [[Отомански интеррегнум|интеррегнум]] - ''меѓувлада'', период кој траел повеќе од една деценија. По битката, синовите на Бајазит побегнале на различни страни. Така, Сулејман со Големиот везир Али-паша и јаничарскиот ага се засолниле во [[Бурса]] а потоа и во [[Едрене]] каде се самопрогласил за [[султан]]. Мехмед се зацврстил во [[Амасија]] и борејќи се против Монголите, успеал да поврати некои од претходно изгубените територии. Иса се засолнил во [[Бурса]] и ја зацврстил својата власт во [[Караманија]]. Мустафа мистериозно исчезнал, додека пак Муса Челеби кој бил заробен заедно со својот татко, по неколку месеци се вратил со останките на султанот. Според пишаните извори, во времето кога тој пристигнал во [[Анадолија]], тој ги пронашол своите браќа Мехмед и Иса скарани, помеѓу кои била започната војна. Во таа војна Иса бил победен и затоа тој побегнал кај својот брат Сулејман во [[Едрене]]. Сулејман многу бргу го прифатил, со кое го ставил на чело на една армија која тргнала во поход против Мехмед. Иса, во битката кај [[Ески Шехир]] бил поразен. Во самата битка тој бил заробен а подоцна и погубен во [[1406]] година, <ref>Furuzan Hursev Tokin, Turkiyede halk hareketleri, Istanbul 1968, 35.</ref> Тогаш Сулејман со својата армија преминал во [[Анадолија]] борејќи се против своите двајца браќа Мехмед и Муса, кои биле во тоа време во сојуз. Во исто време, во анадолскиот регион пристигнал влијателниот шејк Бедредин Симави.
 
Војната завршила во [[1413]] година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името [[Мехмед I]].
Ред 95:
Кога Мехмед Челебија остварил победа над своите браќа, во [[1413]] година тој бил крунисан за нов султан во [[Едрене]] како [[Мехмед I]]. Неговата прва задача била да ја врати гордоста и силата на Отоманската Империја. Мехмед престолнината на империјата ја преместил од [[Бурса]] во [[Едрене]] или Адријанопол. Албанските племиња успеале да се обединат во една држава, [[Босна]] и [[Молдавија]] биле потполно независни. [[Унгарија]] сѐ уште ги држела своите амбиции кон Балканот, а [[венецијанска република|Венеција]] пак крајбрежните делови.
 
По доаѓањето на тронот на [[Мурат II]], Отоманската Империја започнала воена кампања против бунтовите кои избувнувале на Балканот, особено во [[Србија]]. Во [[1422]] година Мурат безуспешно го [[Опсада на Константинопол (1422)|опседнал]] [[Константинопол]], а по повеќегодишна опсада, во [[1430]] година го [[Опсада на Солун (1422–1430)|зазел]] [[Солун]]. Наспроти ова, тој безуспешно водел војни против [[Скендербег]], на територијата на денешна [[Албанија]] и [[Македонија]].
 
Неговиот наследник, [[Мехмед II]] на отоманскиот престол се качил во [[1451]] година, по смртта на Мурат. Мехмед успеал да потпише мировен договор со Венеција и Унгарија. Откако го обезбедил тоа, тој се свртел кон престолнината на [[Византија]], Константинопол. Во текот на летото во [[1452]] година [[Мехмед II]] (чиј прапрадедо [[Бајазит I]] изградил тврдина на азиската страна на [[Босфор]]) решил да изгради нова тврдина на европската страна на [[Босфор]]от со што го зацврстил отоманското влијание кај теснецот.<ref name="Norwich373"/> Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Константинопол му се скратила можноста да добива помош од колиниите на [[Република Џенова|Џенова]] кои во тоа време постоеле на брегот на [[Црно Море]]. Новата твдрина била наречена [[Румелихисар|Римска тврдина]] ([[турски]]: Rumeli Hisarı).
Ред 106:
[[Податотека:Battle of Preveza (1538).jpg|thumb|[[Битка кај Превеза]]]]
 
Периодот од историјата на Отоманската Империја од [[1453]] до [[1683]] година е познат како периот на [[Територијално проширување на Отоманската Империја|територијално проширување на империјата]].
 
Во [[1481]] година, султанот [[Мехмед II]] неочекувано починал. На негово место, на престолот застанал неговиот поголем син [[Бајазит II]]. Според законите на Отоманската Империја, тоа означувало смртна пресуда за [[Кем (син на Мехмед)|Кем]], кој бил помал брат на Бајазит. Во тоа не се согласил Кем, па затоа во околината на Караман успеал да мобилизира одредена војска и да тргне кон [[Бурса]]. По неколкумесечната војна, Бајазит успеал да ја мобилизира својата војска и да го порази на својот брат кај [[Јенишехир]]. Во [[1499]] година избила [[Отоманско-венецијански војни|Отоманско-венецијанска војна]], која траела до [[1503]] година кога [[Отоманци]]те ги добиле последните венецијански упоришта на [[Пелопонез]] и некои градови по должината на [[Јадранско Море|јадранскиот брег]]. Кон почетокот на [[16 век]] започнала ѝ војна со [[Мамелуци]]те, која завршила со победа на империјата во [[1513]] година.
Ред 122:
По смртта на Сулејман I, негов наследник станал неговиот син [[Селим II]]. Во текот на неговото владеење, тој успеал да ги зазеде [[Јемен]] и [[Крит]]. Во [[1570]] година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот [[Кипар]] и крајбрежните делови од денешните држави [[Италија]] и [[Шпанија]]. Војната продолжила од [[1570]] до [[1573]] година. Во текот на [[1570]] и [[1571]] година биле заземани градовите [[Никозија]] и [[Фамагуста]]. Тој доживеал голем пораз во [[Битка кај Лепанто (1571)|битката кај Лепанто]] во [[1571]] година. Самиот Селим II се оддал на харемовиот живот. Во практика неговата империја била управувана од страна на [[Мехмед-паша Соколовиќ]]. Тој починал во [[1574]] година од [[алкохол]].
 
По смртта на Селим, неговите следни два наследника [[Мурат III]] и [[Мехмед III]] продолжиле со борбата за превласт во [[Харем-и Хумајун|харемот]]. Нивното време се одбележува со голема [[корупција]]. Од овие два султани се очекувало премногу, но сепак тие живееле типичен сарајски живот. границите на империјата повеќе не можеле да бидат проширувани бидејќи самиот султан не размислувал за тоа.
 
[[Ахмед I]] на престолот застанал во [[1603]] година, на свои 14 години. Во [[1617]] година бил потпишан мир со [[Персија]] и [[Молдавија]]. Тој бил првиот султан којшто не извршил братоубиство. Својот брат [[Мустафа I]] го прогласил за негов наследник бидејќи синот му Осман бил премногу млад. [[Мустафа I]] по само три месеци бил сменет од страна на [[Осман II]]. Осман II ја обезбедил источната граница со потпипшшување на мировен договор со сефевидски Иран. Тој ја предводел инвазијата над [[Полска]]. По [[Битка кај Хотин (1621)|битката кај Хотин]], Отоманците биле поразени и Осман бил принуден да се врати во престолнината во срам, обвинувајќи ги јаничарите за поразот.
 
[[Мурат IV]] на престолот дошол во [[1623]] година. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Често пати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Тој водел победоносна војна со [[Персија]], освојувајќи го [[Азербејџан]], [[Табриз]] и [[Хамадан]]. Во [[1638]] година го зазел и [[Багдад]]. [[Мехмед IV]] имал само 7 години кога бил прогласен за [[султан]]. Државната власт била управувана од страна на [[Валиде султан]] и самите јаничари. Во [[1664]] година неговите сили доживеале пораз кај [[Битка кај Сентготард (1664)|Сентготард]]. Големиот везир [[Кара Мустафа-паша]] залудно се свртел кон [[Виена]] во [[1683]] година и ја [[Опсада на Виена (1683)|ставил под опсада]]. По неговата неуспешна опсада, [[Кара Мустафа-паша]] бил погубен.
Ред 139:
Султанот [[Махмуд II]] ([[1808]]-[[1839]]) продолжил со реформите на својот претходник. Во [[1826]] година по негова заповед бил ликвидиран јаничарски корпус, [[спахија|спахиите]] и организирал нова коњаница и артилерија. Освен тоа, вој вовел и реформи во [[морнарица]]та. Неколку големи везири и членови на [[Висока порта|Високата порта]] отворено го подржувале султанот и неговите реформи. Најпрвин била реформирана централната власт, Високата Порта добила нови министерства, војската добила нова униформа.
 
Додека султанот се обидувал да ја спаси империјата, на [[Балкан]]от започнале организирани борби против отоманслата власт. Т.н. процес на распаѓање на импријата го започнале [[Срби]]те во [[1804]] година. [[Прво српско востание|Српската револуција]] го одбележил почетокот на националното будење на балканските народи. По т.н. [[Второ српско востание]], [[Србија]] добила независност ([[де јуре]] [[1830]]).<ref>http://www.njegos.org/past/liunion.htm</ref><ref>Berend, Tibor Iván, ''History derailed: Central and Eastern Europe in the long nineteenth century'', ([[University of California Press]] Ltd, 2003), 127.</ref> Во [[1821]] година започнала [[Грчка револуција|грчката револуција]], која вклучувала и делови во [[Македонија]], [[Крит]], [[Пелопонез]] и [[Кипар]]. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на [[Пелопонез]] непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани. <ref>Jelavich, p. 217.</ref> Во крајна сметка, грчките револуционери, помогнати од страна на европските сили, во 1830 година извојувале победа, по кое била создадена слободна држава [[Грција]].
 
=== Периодот од 1828 до 1908 година ===
Ред 146:
Периодот од 1828 до 1908 година, во историјата на Отоманската Империја е познат како период на [[Пад на Отоманската Империја|пад на империјата]]. Во текот на овој период, империјата се соочила со предизвиците на одбрана на земјата од странските напади и окупации. Поради фактот што [[Османлии]]те сè повеќе започнале да ги губат своите позиции во [[Европа]], таа започнала да гради сојузништва со европски земји, како што се [[Франција]], [[Холандија]], [[Велика Британија]]. Таков е примерот со [[Кримска војна|Кримската војна]] од [[1853]] година, кога Османлиите во сојуз со [[Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска|Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска]], [[Втора француска република|Втората француска република]] и [[Кралство Сардинија|Кралството Сардинија]] војувале против [[Руската Империја]].
 
Кримската војна го предизвикала масовното иселување на [[Кримски Татари|Кримските Татари]]. Од вкупното татарско население кое броело околу 300.000 во Тавридсакта област, околу 200.000 [[Татари]] биле преселени во Отоманската Империја.<ref>[http://monderusse.revues.org/docannexe1800.html "''Hijra'' and Forced Migration from Nineteenth-Century Russia to the Ottoman Empire"], by [[Bryan Glynn Williams]], ''Cahiers du Monde russe'', 41/1, 2000, pp. 79–108.</ref> Kон крајот на [[Кавкаски војни|Кавкаските војни]], голем број на [[Черкези]] ги напуштиле своите домови во [[Кавказ]] и принудно заминале во Отоманската Империја. Во текот на [[19 век]], иселувањето или протерувањето на муслиманското население од [[Балкан]]от, [[Кавказ]], [[Крим]] и [[Крит]] кон денешна [[Турција]] станало честа појава.
 
За време на периодот на [[Танзимат]]от, ([[1839]]-[[1876]]), османлиските власти вовеле уставни реформи во империјата, како и модернизација на војската, банкарскиот систем, биле заменети занаетчиските дејности со изградба на неколку модерни фабрики. Во [[1856]] година бил донесен реформски акт наречен [[Хатихумјун]]. Според овој акт, во империјата се ветувало верска и национална рамноправност на сите народности во империјата, слобода на вероисповед и мислење, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во османлиската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидувал и црковни реформи, замена на натуралните даноци кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго. Освен тоа, било формирано ново ерменско национално собрание.<ref>[[Hagop Barsoumian|Barsoumian, Hagop]]. "The Eastern Question and the Tanzimat Era", in ''The Armenian People From Ancient to Modern Times, Volume II: Foreign Dominion to Statehood: The Fifteenth Century to the Twentieth Century''. [[Richard G. Hovannisian]] (ed.) New York: St. Martin's Press, p. 198. ISBN 0-312-10168-6.</ref>
Ред 154:
[[Национализам|Национализмот]] во Отоманската Империја од страна на потчинетите народи сè повеќе доаѓал до израз. Во [[1821]] година била формирана [[Прва Грчка република|Првата Грчка република]]. Таа била првата земја од [[Балкан]]от која ја прогласила својата независност од империјата. Официјално од страна на [[Висока порта|Високата порта]], новата земја на Балканот била приознаена по завршувањето на [[Грчка војна за независност|грчката војна за независност]]. Танзиматските реформи не го сопрел национализмот во [[Дунавски кнежества|Дунавските кнежества]] и [[Кнежество Србија]], кои биле полунезависни за речиси шест децении. Во [[1875]] година, [[Кнежество Црна Гора|Црна Гора]] и Србија, заедно со [[Обединето Кнежество Влашка и Молдавија|Обединетото кнежество Влашка и Молдавија]] ја прогласиле својата независност од Отоманската Империја. Во [[1876]] година, на територијата на денешна [[Бугарија]] избувнало т.н. [[Априлско востание]] кое индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, по [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] од [[1877]]-[[1878]], како [[Кнежество Бугарија]].
 
Во [[Македонија]], како и во останатите балкански земји, исто така избувнале неколку востанија. Така, во [[1876]] и [[1877]] година избувнале [[Разловечко востание|Разловечкото востание]] и [[Кресненско востание|Кресненското востание]]. Едно од наголемите востанија на македпнскиот народ избувнало во [[1903]] година, познато како [[Илинденско востание]]. Востанијата главно биле насочени против османлиската тиранија и желбата за создавање на нова држава на [[Балкан]]от. Сите овие бунтови против османлиската власт биле крваво задушувани.
 
[[Османлиска Босна|Вилаетите Босна]] и [[Новопазарски санџак]] делумно биле окупирани од страна на силите на [[Австро-Унгарија]] по потпишувањето на [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]] во [[1878]] година, но тие номинално останале во границите на империјата. И покрај присуството на отомански војници, [[Босна]] во [[1908]] година била анексирана кон [[Австро-Унгарија]] по т.н. [[Босанска криза]].
 
Освен овие територијални промени, по Берлинскиот конгрес [[Кипар]] ѝ бил доделен на [[Велика Британија]].
 
Во [[1862]] година, британските сили го окупирале [[Египет]] и [[Судан]]. Како отомански провинции, овие денешни земји останале [[де јуре]] до [[1914]] година кога Отоманската Империја се приклучила кон [[Централни сили|Централните сили]] во [[Прва светска војна|Првата светска војна]]. Во текот од [[1830]] - [[1912]] година во [[Северна Африка]] биле изгубени и други провинции, како [[Алжир]] (окупиран од Франција во [[1830]]), [[Тунис]] (окупиран од Франција во [[1881]] година) и [[Либија]] (окупирана од [[Италија]] во [[1912]]).
 
Економски и социјално, империјата имала тешкотии во враќањето на отоманскиот јавен долг кон европските банки, кои го предизвикале формирањето на Административниот совет на отоманскиот јавен долг. До крајот на [[19 век]], двете најголеми сили, [[Австро-Унгарија]] и [[Руската Империја]] сакале своето влијание кон Балканот дополнително да го прошират.
Ред 168:
[[Податотека:Ottoman-Empire-Public-Demo.png||thumb|200px|Протести во реонот на Султанахмет во Истанбул, 1908.]]
 
Периодот од историјата на Отоманската Империја од [[1908]] до [[1922]] година е познат како периот на [[Распаѓање на Отоманската Империја|распаѓање на империјата]]. Почетокот на овој период се карактеризира со започнување на [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[1908]] година. Претходно, пред крајот на [[19 век]], на [[Балкан]]от биле создадени три нови држави: [[Грција]], [[Бугарија]] и [[Србија]].
 
Овој период започнал со т.н. [[Втора уставна ера (Отоманска Империја)|Втора уставна ера]], кој придонел за промена на уставот кој бил донесен во [[1876]] година и создавање на отомански парламент и првите [[Список на партии во Отоманската Империја|политички партии]]. Новите држави на [[Балкан]]от, со поткрепа на [[Руската Империја]] сакале целосно да ја протерат османлиската власт во [[Албанија]], [[Македонија]] и [[Тракија]]. Во [[1912]] година избувнала т.н. [[Прва балканска војна]], која завршила со потпишување на [[Лондонски договор, 1913|Лондонскиот мировен договор]] во [[1913]] година. Според него, [[Албанија]] на [[27 декември]] [[1912]] била призната за независна држава, а предлогот за [[Македонија]] не бил прифатен. Во [[Тракија]], двете главни бугарски војски удриле со сета сила на [[Лозенград]] и [[Едрене]]. По завршувањето на Првата Балканска војна, помеѓу сојузничките сили започнала нова т.н. [[Втора Балканска војна]].
Ред 179:
Веднаш по завршувањето на Балканските војни, ногу бргу започнала Првата светска војна. Во [[Првата светска војна]], [[Османлии]]те се приклучиле кон [[Централни сили|Централните сили]], се со цел повраќање на загубените територии. Младотурската влада потпишала таен договор за создавање на сојуз помеѓу империјата и [[Германска Империја|Германија]] во [[август]] [[1914]] година. Отоманската Империја официјално во војната влегла по [[Гебенски и Бреславски инцидент|Гебенскиот и Бреславскиот инцидент]]. Во текот на првите години од војната следувале неколку успеси на страната на Османлиите, како [[Галиполска операција|заземањето на Галиополи]] и [[Опсада на Кут|Кут]]. По ова, следувал [[Кавкаски поход|Кавкаскиот поход]], во кој [[Османлии]]те биле катастрофално поразени од страна на [[Русија]]. [[САД]] никогаш не објавила војна на Османлиската Империја.<ref>Spencer Tucker, ed. ''Encyclopedia of World War I'' (2005) p 1080</ref>
 
Во [[1915]] година, по победата на [[Руси]]те во [[Кавказ]], тие продолжиле со својот напредок кон [[источна Анадолија]] со помош на ерменските волонтерски единици од регионот на Кавказ, како и со помош на Османлиските Ерменци. Во крајна сметка, ова завршило со масовна евакуација и убиството на неколку стотици илјади или преку милион [[Ерменци]] од страна на младотурскиот режим. Овој настан во историјата е познат како [[Ерменски геноцид]].<ref>[[Peter Balakian|Balakian, Peter]]. ''The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response''. New York: Perennial, 2003. ISBN 0-06-019840-0</ref><ref>[[Christopher J. Walker|Walker, Christopher J]]. "World War I and the Armenian Genocide" in ''The Armenian People From Ancient to Modern Times'', Volume II, pp. 239–273.</ref><ref>Akcam. ''A Shameful Act'', pp. 109–204.</ref> Денеска, овој настан претставува тема на дискусија на голем број историчари. Проценките се различни околу тоа колку Ерменци загинале. Според едни, оваа бројка се движи околу 600.000,<ref>Toynbee, Arnold J., ''The Treatment of Armenians in the Ottoman Empire 1915–16: Documents presented to Viscount Grey of Fallodon, Secretary of State for Foreign Affairs By Viscount Bryce''. New York and London: G.P.Putnam's Sons, for His Majesty's Stationary Office, London, 1916, p. 650.</ref> а според други, оваа бројка достигнува околу 1.500.000 Ерменци.<ref>[[Israel Charny|Charny, Israel]] et al. [[s:A Letter from The International Association of Genocide Scholars|A Letter from The International Association of Genocide Scholars]]. International Association of Genocide Scholars. 13 јуни, 2005. Accessed 12 септември, 2009.</ref><ref>See Marashlian, Levon. ''Politics and Demography: Armenians, Turks, and Kurds in the Ottoman Empire''. Cambridge, Mass.: Zoryan Institute, 1991.</ref>
 
Во [[1916]] година избила т.н. [[Арапска побуна]]. Таа завршила во [[1918]] година кога бил потпишан [[Договор од Севр|договор во Севр]]. Според договорот, [[Месопотамија]] ([[Ирак]]), [[Палестина]] и [[Трансјорданија]] биле дадени на [[Велика Британија]] под протекторат на [[Лига на народите|Лигата на народите]]; [[Сирија]] и [[Либан]] на [[Франција]]. Освен тоа, според договорот, североисточните региони од Анадолија биле дадени на [[Ерменија]], северен [[Епир]] бил даден на новосоздадената држава [[Албанија]], источна [[Тракија]] со исклучок на [[Константинопол]], [[Босфор]]от и [[Дарданели]]те на [[Грција]].
Ред 195:
==== Прогонство и потомци ====
 
Во [[1947]] година, на потомците на [[Османлиска династија|Османлиската династија]] им било доделено правото да се здобијат со турско државјанство од страна на Големото турско собрание. [[Мехмед Орхан]], син на [[Мехмед Абдил Кадир]] починал во [[1994]] година оставајќи го внукот на османлискиот султан [[Абдулхамид II]], [[Ертугрул Осман]], како најстар преживеан член на сменетата династија. Осман долги години одбивал да го зеде турскиот пасош, нарекувајќи се себе си како граѓанин на Османлиската Империја. Сепак, и покрај тоа што тој не го прифатил турскиот пасош, на прашањето дали тој самиот лично сака да ја обнови империјата, тој одговорил негативно. Тој рекол дека “демократијата работи добро во Турција“. Во [[1992]] година, тој за прв пат се вратил во [[Турција]], и во [[2002]] година станал турски граѓанин.<ref>{{цитирана веб страница|title=Political Obituaries: Ertugrul Osman|publisher=[[The Daily Telegraph]]|date=2009-09-27|url=http://www.telegraph.co.uk/news/obituaries/politics-obituaries/6237121/Ertugrul-Osman.html|accessdate=2009-10-26}}</ref> На 23 септември 2009 година, Осман починал на својата 97 година од животот, како последниот преживеан наследник на прогонетата османлиска власт. Главно поради ова, тој се нарекува “''последниот Отоманец''“.<ref>{{цитирана веб страница|title='Last Ottoman' dies in Istanbul|publisher=[[BBC]]|date=2009-09-24|url=http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8273396.stm|accessdate=2009-09-24}}</ref>[[Бајазит Осман]] во моментот е најстариот преживеан член на поранешната владејачка класа.
 
== Економија ==
{{Main|Економија на Османлиската Империја}}
 
 
Османлиските власти во текот на постоењето на империјата многу експертски придонесувале за развој на своите историски престолнини [[Бурса]], [[Едрене]] и [[Константинопол]], и ги претварале во големи трговски и индустријални центри<ref name="inalcikstudies209">Halil İnalcık, Studies in the economic history of the Middle East : from the rise of Islam to the present day / edited by M. A. Cook.
London University Press, Oxford U.P. 1970, p. 209 ISBN 0-19-713561-7</ref>. Најмногу се одавало внимание на трговците и занаетчиите кои биле неопходни при создавањето на новата престолнина. За таа цел, [[Мехмед II]] и неговиот наследник [[Бајазит II]] го зголемиле мигрирањето на [[евреи]]те од различни градови по [[Европа]] и ги утврдиле во [[Цариград]] и други пристанишни градови, како што е [[Солун]], во кој се создала најголемата еврејска населба во светот. На многу места во [[Европа]], [[евреи|еврејското население]] страдало од христијанските владетели, посебно по завршувањето на [[Реконквиста]]та во [[Шпанија]].
 
Отоманската економија била тесно поврзана со основните принципи на државата и општеството на [[Блиски исток|Блискиот исток]], каде крајна цел на државата била задржување и проширување на власта на владетелот, и начинот по кој богатите ресурси ќе бидат искористени<ref name="inalcikstudies217">Halil İnalcık, Studies in the economic history of the Middle East : from the rise of Islam to the present day / edited by M. A. Cook.
Ред 215 ⟶ 214:
[[Податотека:Jean Baptiste Vanmour - Dinner at the Palace in Honour of an Ambassador - Google Art Project.jpg|thumb|200px|Амбасадори во [[Топкапи сарај]]]]
 
Државното уредување во Отоманската Империја се засновувалo на многу едноставен систем кој имал два главни центри: воената администрација и државната администрација. [[Султан]]от ја имал највисоката позиција во системот, како врховна глава на целата империја. Граѓанскиот систем бил базиран на локалните административни единици врз основа на карактерот на регионот. Отоманците практикувале систем во земјата (исто како и [[Византиската Империја]]) во кој имале целосна контрола врз свештенството. Одредени предисламски турски традиции од исламски [[Иран]], кои продолжиле да се практикуваат, оставиле важно место во отоманските административни кругови.<ref>Norman Itzkowitz, ''Ottoman Empire and Islamic Tradition'' p.38.</ref> Според отоманското општество и разбирање, примарната одговорност на државата била да го брани и да го прошири во земјата [[ислам]]от, како и да се обезбеди безбедност и хармонија во рамките на своите граници еден општ контекст на династичкиот суверенитет на управување.
 
[[Отоманска династија|Отоманската династија]] или ''Куќата на Осман'', по потекло имала туркиски карактер. Со текот на времето, династијата ги изгубила својот [[туркиски народи|туркиски карактер]], главно поради тоа што голем број на султани се оженувале со различни етноси, па дури и различни по вероисповед.<ref name="Donald"/> На единаесет пати султанот бил симнуван од престолот затоа што од страна на неговите непријатели во империјата претставувал директна закана. Во текот на историјата на Отоманската Империја, имало само два обиди за соборување на владеачката отоманска династија од престолот.
 
[[Податотека:Thomas allom, c1840, The Enterance to Divan.png|thumb|left|''Баб-и Али'', [[Висока порта|Високата порта]]]]
Ред 223 ⟶ 222:
Највисоката позиција во исламот, [[калиф]]от, била заземена од страна на султанот. Првите османлиски владетели всушност не се нарекувале султани, туку [[бег]]ови. [[Мурат I]] бил првиот владетел со титула [[султан]], односно цар. Од [[1517]] година па сè до својата пропаст, султанот истоивремено се нарекувал и калиф, а со тоа земјата често пати била нарекувана ѝ како Отомански калифат. Султанот работел односно бил единствен [[регент]] на империјата, кое се сметало како едно олицетворение на неговата влада, и покрај тоа што не секогаш тој ја имал целосната контрола врз империјата или администрацијата.
 
[[Податотека:Tughra Suleiman.jpg|thumb|200px|Тугра на [[Сулејман Величествениот]] (1520)]]
 
Империјалниот [[харем]] бил еден од најважните судови односно резиденции на Османлиската Империја. Тој бил управуван од страна на [[Валиде султан]], односно мајката на султанот. Позицијата на Валиде султан била втора по важност во отоманската хиерархија, по онаа на султанот. Таа имала огромно влијание врз управувањето на земјата. Во текот на [[17 век]], главно поради застанувањето на тронот на неколку неспособни султани кои постепено ја уништувале империјата, формално власта била во рацете на Валиде султан. Овој период од историјата на Отоманската Империја се нарекува [[Султанат на жените]].
 
Високиот образовен систем во палатата бил насочен и кон елиминирање на сите потенцијални наследници на тронот. Во почетокот, [[Медреса|медресатамедреса]]та била единствената образовна институција каде се школувале сите државни функционери и научници, според исламската традиција. Финансиското оптоварување на Медресите било потпомогнато од страна на [[Вакуф|вакуфитевакуф]]ите, кое дозволувало на децата кои потекнуваат од сиромашни семејства да се преселат кон повисоките социјални нивоа.<ref>Bernard Lewis, ''Istanbul and the civilization of the Ottoman Empire'', p151</ref> По османлиското зазимање на [[Румелија]], голем број на христијански деца помеѓу осум и дваесет години, биле собирани од отоманските власти за потребите на [[Јаничари|јаничарскиот корпус]]. Тие биле школувани во [[Ендерун]]. Годишно биле регрутирани околу 3.000 деца. Овој процес на присилно одзимање на христијанските деца од [[Балкан]]от се нарекува [[данок во крв]].<ref>Kemal H Karpat, ''Social Change and Politics in Turkey: A Structural-Historical Analysis'', p204</ref>
 
== Општество ==
Ред 246 ⟶ 245:
Едно од најуспешното разделување на отоманските земји било можноста од создавање на [[милет (Отоманска Империја)|милети]]. Под отоманска власт, на неколку признати верски групи им било дозволено да основат свои самостојни заедници кои се викале милети. Во милетите тие ги задежиле своите сопствени верски закони, традиции и јазик, под заштита на [[султан]]от. Тие биле управувани од страна на верски поглавар. Павославниот милет на пример, бил управуван во почетокот од страна на грчкиот патријарх.
 
Во времето на [[Мехмед II]], на [[фанариоти|ФанариотитеФанариоти]]те им биле доделени големи права. [[Евреи]]те биле поканети да се населат во Отоманската Империја. Во крајна сметка, релативно високиот степен на толеранција на етничките групи кои живееле во империјата, била една од најголемите предности за интеграцијата на новите региони. Од друга страна пак, асимилативната политика довела до зголемување на [[Национализам|национализмот]] кај потчинетите граѓани.
 
== Законодавство ==
Османлиската Империја во текот на своето постоење развила напредна организациона структра на државата. Иако имала голема централизирана власт, со султан кој стоел на чело на империјата, поседувала и голема контрола врз сите провинции. Со шиењето на империјата растела и потребата од системна распределба на администрациските организации. Империјата била поделена на вилаети. Секој вилает имал свој управител. Идејата за вилаетите била превземена од [[Селџуци|селџуцитеселџуци]]те кои владееле пред Османлиите во [[Средна Анадолија]].
 
Централниот систем се засновал од [[Султан]]от и неговите соработници. Оваа организација се нарекувала “''Домот на Султанот''“ на кој претседавал [[Диван]]. Владеачката класа се нарекувала [[ашкер]]. Во текот на историјата на империјата, [[Диван]] стекнал голема моќ. Во времето на [[Мурат V]], султанот престанал да учествува на заседанието на [[Диван]]. Султанот имал голем број на советници и министри. Најмоќни биле [[везир]]ите од [[Диван]], на чиј врв стоел [[Голем Везир]]. Диванот претставувал совет каде се состанувале сите везири и расправале околу политичките прашања на империјата. Големиот везир имал должност да го извести султанот околу мислењето на Диванот за определени прашања. Султанот своите решенија обично ги зимал со советување на везирот, но во никој случај не му бил потчинет. Во некои случаи, и самиот султан го закажувал советот на везирите, доколку имал некои важни соопштенија или дилеми. Во текот на [[14 век]], Диванот се состоел од три везири, а во [[17 век]] нивниот број бил единаесет, од кој четри везири служиле како Везири на Домот, како најважни министри по Големиот Везир. Понекогаш, на заседанијата на Диванот присуствувале и генералите на јаничарите.
 
Веднаш под хиерархијата, под везирите стоеле нивните советници, наречени кајха. Верските претставници исто така имале голема улога во султанскиот двор. [[Муфтија]]та и [[Имам|имамотимам]]от биле претставници на верската власт. Мутеферика пак претставувало еден вид собир на синовите на ефендијата, пашите и други истакнати личности. Најважните министерства во империјата биле министерството на правдата, во чие министерство ги вклучувало кадија|кадиите, цивилните судии и воените судии, кои биле највиша судска власт во империјата по сејхулисламот.
 
== Култура ==
Ред 265 ⟶ 264:
[[Податотека:Gate of Salutation Topkapi Istanbul 2007 Pano.jpg|thumb|right|[[Топкапи сарај]] била официјална резиденција на отоманските султани во периодот од 1465 до 1856, кога султанот [[Абдул Меџит I]] ја преместил во [[Долмабахче]].]]
 
Архитектурата во империјата започнува во [[Бурса]] и [[Едрене]] во текот на [[14 век]] и [[15 век]]. Оваа [[архитектура]] била во голем степен наследник на архитектурата на [[Селџуци]]те. Таа била продолжение на предисламската [[сасанидска архитектура]]<ref>Von Gabriel Piterberg, An Ottoman Tragedy: History and Historiography at Play, pp.98–103, [http://books.google.de/books?id=bbTPTqs9n5EC&pg=PA103&dq=Ottoman+Sassanian&sig=ZrujU_vQ2ZFsvPI8L02bqokjsAE#PPA103,M1 Books.Google.de]</ref><ref>Von Helen Gardner, Horst De la Croix, Richard G. Tansey, Gardner's Art Through the Ages, p. 263, ISBN 0-15-503758-7,[http://books.google.de/books?id=gcFPAAAAMAAJ&q=Ottoman+Sassanian&dq=Ottoman+Sassanian&pgis=1 Books.google.de]</ref> , исламските традиции на [[мамлуци]]те, како и [[византиска архитектура|византиската архитектура]]. Скоро петстотини години, византиската архитектура служела како модел за многу од османлиските џамии. Како севкупност, османлиската архитектура низ историјата е запишана како мешавина од архитектурни традиции на [[Медитеран]]от и [[Блискиот Исток]]. Во родната си [[Средна Азија]], турците живееле во [[куполи]], како минипалати. Кога [[Селџуци]]те први престигнале во [[Иран]], од нив произлегла архитектурата на старите традиции. Селџуците изградиле и нови видови на структурни елементи, како [[медреса]]. Првата позната [[медреса]] е [[Низамијах]] која датира од [[11 век]] и била изградена од страна на [[Низам ал-Мулк]], трите медреси во [[Нишапур]], [[Тус]] и [[Багдад]]. Друга област во која придонеселе Селџуците во архитектурата се сводовите и [[мавзолеј|мавзолеите]]. Куполниот архитектурен стил еволира од [[Бурса]] и [[Едрене]]. [[Џамија|Џамиите]] во [[Бурса]] и [[Едрене]] биле првите кои биле изградени од страна на Османлиите, предимно со една купола. Во [[1394]] година, во [[Анадолија]] (време кога Константинопол сѐ уште не бил под власта на Османлиите) бил изграден [[Анадолски Хисар]] на азиската страна од денешниот град (тогаш област) и [[Румелихисар]] на европската страна во [[1452]] година, на само една година пред освојувањето на [[Константинопол]] од страна на [[Османлии]]те.
 
[[Падот на Константинопол (1453)|Падот на Константинопол]] и префрлувањето на престолнината на Османлиската Империја од [[Едрене]] во [[Цариград]] предизвикала голема промена во архитектурниот стил на империјата. Градба која била изградени во периодот на преместувањето на престолнината е [[Џамија Бајазид II|џамијата Бајазид II]], која се смета исто така за раниот период од развојот на османлиската архитектура, потоа [[Фатих џамија]], [[Топкапи Сарај]] и други. По Падот на Константинопол и преземањето на градот од страна на османлиите, многу цркви и манастири, изградени со византиски стил, биле претворени во џамии. Една од најпознатите такви е [[Црква „Света Софија“ Истанбул|Света Софија]] во [[Истанбул]]. Султанот [[Мехмед II]] наредил да се изготви голем план за промена на архитектурниот изглед на градот. Во ова време започнале да се градат [[Топкапи Сарај]], [[Капали чаршија (Истанбул)|Голема чаршија]], златната порта (главна порта за влез во градот).
 
Во текот на [[ера на лалињата|ерата на лалињата]], архитектурата била под големо влијание на стиловите од [[Западна Европа]]: [[барок]], [[рококо]], [[империја (стил)|империјалниот стил]] и други. Концептот на отоманската архитектура се темелела главно на џамијата. Џамијата била составен дел од општеството. Во времето на класичниот период, една од главните карактеристики е неразделноста односно споеноста на внатрешниот двор со [[џамија]]та. Главен архитект од тоа време е [[Синан]] ([[1492]]-[[1588]]). [[Синан]] создал една нова ера не само во османлиската архитектура туку и во светската, создавајќи вкупно 334 градби во различни градови. Првата позначајна градба му била [[Џамија Шехзаде|џамијата Шехзаде]] од [[1548]] година, [[Сулејманова џамија|Сулејмановата џамија]] од [[1557]] година, и [[Селимова џамија|Селимовата џамија]] во [[Едрене]].
 
Во времето на султанот [[Ахмед III]] ([[1703]]-[[1730]]), османлиската архитектура, благодарение на врските си со [[Франција]] започнала да паѓа под влијание на [[барок]]от и [[рококо]]то, кои веќе биле популарно развиени во [[Западна Европа]]. Се претпоставува [[барокна архитектура|барокната архитектура]] била разработена од страна на [[селџуци]]те. <ref>{{цитирана книга |last=Hoag|first=John D|title=Islamic architecture|year=1975 |publisher=Faber|isbn=0571148689|location=London}}</ref><ref>{{цитирана книга |last= Aslanapa|first=Oktay |title=Turkish art and architecture |year=1971 |publisher=Faber|isbn=0571087817|location=London}}</ref> Позначајни градби од тој период се: [[Палата Ајналикавак]] ([[1677]]-[[1679]]) и [[Нуруосманлиска џамија|Нуруосманлиската џамија]] ([[1748]]-[[1755]], првата барокна џамија во престолнината, исто така позната по својата барокна [[фонтана]]). Во текот на [[18 век]], во [[Топкапи Сарај]] бил додаден женскиот [[харем]], исто така во стил на барокот. По [[танзиматски реформи|танзиматските реформи]] кои ефективно го започнале процесот на европизација на империјата во [[1839]] година, новите палати и џамии биле градени во стил на [[Неокласика]], [[Барок]] и [[Рококо]]. Од ова време датираат палатите [[Долмабахче]] и [[Беглербеговскиот дворец]], како и [[Џамија Ортаќој]].<ref>Kartın. F, 1974, ''Ortaköy Camii'', ''Rölöve ve Restorasyon Dergisi'', 1., Ankara, p. 87–89</ref> Најпознати градби од [[20 век]] кои биле изградени во денешниот Истанбул се: [[Палата Јилдиз]], [[Палата Хедив]] и.т.н.
 
=== Османлиски јазик ===
{{Main|Отомански турски јазик}}
 
[[Отомански турски јазик|Османлискиот турски јазик]] е варијанта на [[турски јазик]] што се користел за администрацијата и бил официјален јазик на Отоманската Импперија. Јазикот бил пишуван на [[арапска азбука]] со некои модификации и имал многу зборови од арапско и персиско потекло. Денешниот [[турски јазик]] има големо влијание од отоманскиот турски јазик. Овој јазик попаднал под влијание на три други јазици: [[турски јазик]], [[персиски јазик]] и [[арапски јазик]]. Во глобала, персискиот јазик најмногу се користел како литературен јазик, додека пак арапскиот бил користен за верски обреди. во тоа време се појавиле и голем број на персиски поети.
 
Локалното етничко население продолжило да зборува на свој мајчин јазик. Во големите градови обично се зборувал османлискиот или персискиот јазик, но оние кои биле пообразувани зборувале и на арапски јазик. Освен тоа, во отоманскиот јазик се користиле определени арапски и персиски граматички фроми. Главно поради ова, кон средината на [[19 век]] отоманскиот јазик започнал значително да се разликува од турските дијалекти низ империјата. Кон средината на [[19 век]], по воведувањето на [[Танзимат]]от, започнал процесот на создавање на т.н. нов отомански јазик кој содржал голем број на зборови од западноевропските јазици.
 
Етничките групи продолжиле да се служат со своите сопствени јазиви во своите семејства и пошироко. Во поголемите градови покрај отоманскиот, најзборувани биле арапскиот и персискиот јазик. Во последните два века, [[француски|францискиот]] и [[англиски|англискиот јазик]] започнале сè повеќе да се зборуваат, посебно помоѓу христијанското население. Елитното население обично го проучувал францускиот јазик.
 
По создавањето на модерната [[Турција|турска република]] во [[1924]] година, била направена кодификација на современиот турски јазик, а отоманскиот турски јазик бил отфрлен од употреба.
Ред 295 ⟶ 294:
== Демографија ==
 
Вкупниот број на население на Отоманската Империја до ден денес претставува прашање кое е дебатирано од страна на голем број истражувачи и историчари. За скоро половина милениом од своето постоење, населението на империјата не можело точно да се пресмета, освен доколку се исклучат бројките за работната популација. Ова главно се должело на постојаното менување на границите на империјата како и на неброењето на сите жители кои живееле во неа. Ова пред се се однесува на жените, кои не биле броени во сите неофицијални пописи. Првиот официјалне попис на населението се случил од [[1881]] до [[1893]] година. По завршувањето на пописот било познато кои се основните етнички групи кои живееле во империјата. Покрај муслиманите, во империјата живееле и [[Грци]], [[Ерменци]], [[Бугари]], [[Католици]], [[Евреи]], [[Протестанти]], [[Латини]], [[Цигани]] и други.<ref>{{harv|Karpat|1978|pp.237-274}}</ref> <ref>{{harv|Shaw|1978|p.323-338}}</ref> Нов попис на населението бил направен во периодот од [[1905]] до [[1906]] година.
 
{| class="wikitable"
Ред 324 ⟶ 323:
{{Главна|Религија во Отоманското Царство}}
 
[[Податотека:Tile with Calligraphy.JPG|thumb|left|300px|Калиграфија на пророкот Мухамед и првите четири калифи, Абу Бакр, Умар, Утман и Али напишани на арапски. Комбинацијата ја означува верноста кон сунитскиот ислам. ]]
Официјалната [[религија]] во Отоманското Царство бил [[ислам]]от, а официјално царството од [[1517]] до [[1922]] година било прогласено за исламска држава, кога калифатот бил формално напуштен и сите негови ингиренции биле дадени на Турскиот парламент.
 
Пред да се воведе [[ислам]]от, процес кој во голема мера започнал да се спроведува по победата на [[Абасиди]]те по [[Битка кај Талас|битката кај Талас]] во [[751]] година и која битка обезбедила големо влијание на Абасидите врз турските народи во [[Средна Азија]], различните [[туркиски народи]] го практикувале [[шамантизам|шаманизмот]]. По таа битка, голем број на различни турски племиња, вклучувајќи ги и [[Огузи]]те, кои биле предци на [[Селџуци]]те и [[Отоманци]]те, започнале да го прифаќаат исламот како своја официјална [[религија]]. Со започнувањето на нивната инвазија, кон [[11 век]] тие го донеле исламот во [[Анадолија]].
 
Отоманската Империја во принцип ги толерирала [[христијанство|христијанските религии]] и [[јудаизам|јудаизмот]]. Сепак постоела нееднаквост на верската слобода поради кое немуслиманското население, според законот на [[шеријат]]от, морало да плаќа данок кој се викал [[џизија]], но затоа не се регрутирале за походите и можеле непречено да формираат семејства и да напредуваат, додека муслиманските семејства пред и после походите останувале без свои членови кои гинеле во разни битки. Знаејќи го овој факт, немуслиманското население не се бунело поради овој дополнителен данок. Во времето кога било дозволено да се создаваат т.н. ''милети'', најголемата немуслиманска верска група, [[Православие|православната]], добила огромни привилегии во областа на политиката и трговијата, но сепак морала да плаќа повисоки даноци на државата од муслиманските поданици.<ref>"[http://www.loyno.edu/history/journal/1998-9/Krummerich.htm The Divinely-Protected, Well-Flourishing Domain: The Establishment of the Ottoman System in the Balkan Peninsula]", Sean Krummerich, [[Loyola University New Orleans]], ''The Student Historical Journal'', volume 30 (1998–99</ref><sup><small>,</small></sup><ref>[http://www.globaled.org/nyworld/materials/ottoman/turkish.html Turkish Toleration], [[The American Forum for Global Education]]</ref>
 
По освојувањето на градот [[Константинопол]] во [[1453]] година, султанот [[Мехмед II]] им дозволил на локалните христијани да останат во градот и да ги задржат нивните институции, каква што била [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]]. Во [[1461]] година, во времето на истиот султан била основана [[Ерменска патријаршија|Ерменската патријаршија]] во [[Константинопол]] и на тој начин им било дозволено на [[Ерменци]]те да изградат црква во внатрешноста на [[Константинополски ѕидини|градските ѕидини]]. Инаку, Ерменската патријаршија се сметала за монофизитска и еретичка (односно не била во сослужение со останатите православни цркви затоа што оваа црква не ги прифаќала заклучоците на [[Четврти вселенски собор|Четвртиот вселенски собор]]).
 
За овој период карактеристично е тоа што голем број на цркви, чии седишта претходно биле зазедени од страна на [[Отоманци]]те, биле претварани во џамии. Во 1492 година, кога муслиманите и сефардските евреи биле протерани од [[Шпанија]], по завршувањето на [[Реконквиста]]та и почетокот на [[Шпанска инквизиција|Шпанската инквизиција]], отоманскиот султан [[Бајазит II]] им дозволил на истите да се населат на територијата на имепријата.
 
Во текот на историјата, поголеми проблеми помеѓу муслиманското и немуслиманското население во империјата немало, ако се има предвид т.н. [[потурчување]] на христијанското население. Цариградската Патријаршија имала улога за помагање на црковното и училишното дело во Османската империја и директно се спротиставувала на некои од обидите на империјата за потурчување на одделни региони на [[Балкан]]от.
 
Долги години, во Отоманската Империја била задржана структурата на христијанските цркви. Со започнувањето на развојот на национализмите на Балканот Цариградската патријаршија започнува да им служи на великогрчките интереси што довело до укинување на Охридската архиепископија и на другите помесни православни цркви{{факт}}. Подоцна, во [[1870]] година била создадена [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], со седиште во [[Константинопол]].
Ред 345 ⟶ 344:
{{Војска на Отоманската Империја ‎}}
[[Податотека:OttomanMilitaryMiddleEast.jpg|thumb|left|Современа [[Отоманска војска]]]]
Почетокот на [[16 век]] претставува период кога Отоманската Империја била најсилна империја во [[Медитеран]]от и пошироко. Голем број на битки и војни од страна на [[Отоманци]]те биле добиени не само поради [[Шеријат|шеријатскаташеријат]]ската должност кон неверниците, туку и поради турските номади кои биле желни за освојување и ограбување. Тоа најмногу се должело на силниот и голем воен систем.
 
Првата воена единица на Отоманската Империја била војската, која била основана и организирана од стрна на [[Осман I]] од племињата кои живееле во [[западна Анадолија]] во доцниот [[13 век]]. Воениот систем со непосредното проширување на империјата станувал сè посложен. Војската на Османлиската Империја се состоела претежно од платеници и регрутанти. Главните воени единици биле [[Јаничари]]те, [[Спахија|Спахиите]], [[Акиџија|Акинџиите]] и други. Отоманската армија можеби никогаш не користела најнапредни и современи орудија во светот, но сепак била една од првите кои во своите битки и војни користеле [[топ]]ови и [[мускета|мускети]]. Отоманците за прв пат започнале да користат топ во [[Опсада на Константинопол (1422)|опсадата]] на [[Константинопол]] во [[1422]] година, иако бил со краток дострел. Отоманската коњаница зависела повеќе од самата брзина и мобилност отколку од тешките оклопи. Кавалеријата користела лакови и кратки мечеви. Од нив, најмногу се користеле [[Арапски коњ|арапскиот]] и [[Туркменски коњ|туркменскиот коњ]].<ref>Milner ''The Godolphin Arabian'' pp. 3–6</ref><ref>Wall ''Famous Running Horses'' p. 8</ref> Падот на ефикасноста и силата на отоманската армија се почуствувала во средината на [[17 век]], по [[Голема турска војна|Големата Турска војна]]. Во текот на [[18 век]] следувале неколку успеси против [[Венецијанска република|венецијанската република]], но по овие победи [[Османлии]]те биле поразени во поредните [[Руско-турски војни]]. Модернизацијата на отоманската војска започнала во текот на [[19 век]]. Во [[1826]] година султанот [[Махмуд II]] го укинал [[Јаничари|јаничарскиот корпус]] и основал модерна отоманска војска. Овој нов воен ред бил познат под името [[Низам-и Кедид]]. Во исто време, отоманската војска била првата воена институција која ангажирала странски експерти и испраќала свои офицери за обука во западните европски земји. Следствено, [[Младотурци|движењето на Младотурците]] започнало во времето кога тие студенти се вратиле од [[Западна Европа]].
[[Податотека:Ottoman Navy at the Golden Horn.jpg|thumb|[[Отоманска морнарица]]]]
[[Отоманска морнарица|Отоманската морнарица]] значително придонела за проширување на териториите на империјата на европскиот континент. Таа го иницирала освојувањето на [[Северна Африка]], пред сè [[Алжир]] и [[Египет]] во [[1517]] година. Во почетокот на [[19 век]], Отоманската Империја започнала да ги губи своите територии. Во [[1821]] била изгубена [[Грција]], а во [[1830]] [[Алжир]]. Со тоа започнала да опаѓа и поморската власт и контрола над далечните прекуморски територии на империјата. Султанот [[Абдул Азис]] ([[1861]]-[[1876]]) се обидел да ја обнови некогашната моќна отоманска морнарица, по примерот на флотите на [[Франција]] и [[Велика Британија]]. Во Бароу, [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]] ја изградила првата подморница во [[1886]] година за Отоманската Империја.<ref name="first submarine at shipyard">[http://www.ellesmereportstandard.co.uk/latest-north-west-news/Petition-created-for-submarine-name.4001190.jp Ellesmerereportstandard.co.uk], The standard - Petition created for submarine name</ref> Сепак, слабеењето на отоманската економија не можела да ја одржи моќта на флотата за предолго. По [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[1908]] година, Комитетот се обидел да развие една силна поморска флота. Во [[1910]] година била основана ''Фондација на Отоманската морнарица'', чија цел била да се купат нови бродови преку јавни донации.
[[Податотека:BALKANHARBINDEHARLANTAYYAREMIZ-1912.jpg|thumb|[[Отоманско воздухопловство]]]]
[[Отоманско воздухопловство|Отоманското воздухопловство]] било основано во [[јуни]] [[1909]] година, како една од првите во светот. Империјата своите први пилоти и авиони ги подготвила на [[3 јули]] [[1912]] година во [[Константинопол]], преку создавањето на академијата ''Хава Окулу''. Образовната академија забрзано напредувала во воената авијациона програма, зголемувајќи го бројот на пилоти и авиони. Во [[мај]] [[1913]] година започнала првата светска обука на специјализирани пилоти од страна на академијата. Во [[јуни]] [[1914]] година била основана нова воена академија која се викала ''Дениз Хава Окулу''. Со избувнувањето на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], модернизацијата на воздухопловните сили запрела. Во текот на Првата саветска војна, отоманските воздухопловни сили се бореле на повеќе фронтови, од [[Галиција]] на запад до [[Кавказ]] на исток и [[Јемен]] на југ.
Ред 376 ⟶ 375:
 
=== Англиски ===
 
 
* [http://www.umich.edu/~turkish/ottemp.html The Ottoman Empire: Resources - University of Michigan]
Ред 463 ⟶ 461:
* Shaw, Stanford J., and Ezel Kural Shaw. ''History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Vol. 2, Reform, Revolution, and Republic: The Rise of Modern Turkey, 1808–1975.'' (1977). [http://www.amazon.com/History-Ottoman-Empire-Modern-Turkey/dp/0521291666/ref=sr_1_2?ie=UTF8&s=books&qid=1196874166&sr=8-2 Amazon.com], excerpt and text search
* Toledano, Ehud R. ''The Ottoman Slave Trade and Its Suppression, 1840–1890.'' (1982)
 
 
{{Територијална хронологија на Отоманската Империја}}
Ред 472 ⟶ 469:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Отоманско Царство| ]]
[[Категорија:Поранешни држави во Европа]]