Македонски јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= (2) using AWB
Ред 22:
}}
 
'''Македонски јазик''' — [[јужнословенски јазици|јужнословенски јазик]], дел од групата на [[словенски јазици]] од јазичното семејство на [[индоевропски јазици]]. Македонскиот е службен и национален јазик во [[Македонија]], а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во [[Корча|Горица]] и [[Пустец]] во [[Албанија]] каде што живее бројно [[Македонци|македонско]] население, но и во [[Србија]] како официјален во општините Јабука и Пландиште, [[Романија]] и [[Косово]]. Македонски се зборува и во [[Австралија]], [[Бугарија]], [[Грција]], [[Канада]], [[САД]], [[Црна Гора]], [[Турција]], во некои земји−членки на [[Европска Унија|Европската Унија]] и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
 
Според ценетиот лингвистички извор [http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=BG Etnologue], македонски се зборува и во југозападниот дел на [[Бугарија]]<ref>[http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=BG Јазици во Бугарија:Ethnologue]</ref><ref>[http://www.ihf-hr.org/viewbinary/viewdocument.php?doc_id=1935 Minority Rights in Bulgaria, The Bulgarian Helsinki Committee, September 1999]</ref> и [[Егејска Македонија|северна Грција]], но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и [http://www.bbc.co.uk/languages/european_languages/languages/macedonian.shtml BBC], [http://www.britannica.com/eb/article-9049700?query=macedonian%20language&ct= Британика] и [http://www.helsinki.fi/~tasalmin/europe_index.html#Bulgaria УНЕСКО].
 
== Историја ==
Ред 36:
На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња ја населувале територијата на [[етничка Македонија]], па се длабоко во териториите на денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во [[Мала Преспа]], [[Голо Брдо]] и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во [[Приморска Македонија]], македонскиот јазик се зборува најмногу вo префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Приморска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во [[Пиринска Македонија]] (од помалку од 1% од населението во современите политичко-општествени околности)<ref>[http://www.nsi.bg/Census/MotherTongue.htm Попис 2001]</ref> а во [[Србија]] се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во [[Косово]].<ref name="конески">{{цитирана книга|last=Конески|first=Блаже|title=Историја на македонскиот јазик|publisher=Култура|location=Скопје|date=1967|language=македонски}}</ref>
 
Македонските говори околу [[Солун]] биле основата за формирање на [[старословенскиот јазик]] и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од [[X век]] па навака. Слични промени ги зафатиле и [[бугарскиот јазик]] и источните дијалекти на [[српскиот јазик]]. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик<ref name="конески"/>, па како резултат на тоа се создала [[Македонска рецензија на старословенскиот јазик|Македонската рецензија на старословенскиот јазик]]. Познати центри на Македонската рецензија се [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]], [[Кратовска книжевна школа|Кратовската книжевна школа]] и [[Лесновска книжевна школа|Лесновската книжевна школа]].
 
Историјата на македонскиот јазик е поделена на следните периоди<ref name="конески"/>:
Ред 63:
|author=IPUMS USA
|accessdate = 2007-06-07
|}}</ref> <ref>[http://www2.census.gov/prod2/decennial/documents/1910InstructionstoEnumerators.pdf Инструкции за попишувачите 1910]</ref>
* Во пописните инструкции од [[1920]] година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.<ref name="1920 Census:Instructions to Enumerators">{{цитирана веб страница
|url=http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1920.shtml
Ред 69:
|author=IPUMS USA
|accessdate = 2007-06-07
|}}</ref> <ref>[http://www2.census.gov/prod2/decennial/documents/1920InstructionstoEnumerators.pdf Инструкции за попишувачите 1920]</ref>
* Во пописните инструкции од [[1930]] година македонскиот јазик повторно е на листата со странски јазици како посебен јазик.<ref name="1930 Census:Instructions to Enumerators">{{цитирана веб страница
|url=http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1930.shtml
Ред 75:
|author=IPUMS USA
|accessdate = 2007-06-07
|}}</ref> <ref>[http://www2.census.gov/prod2/decennial/documents/1930InstructionstoEnumerators.pdf Инструкции за попишувачите 1930]</ref>
 
Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското општество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од [[Европа]]. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.
Ред 111:
{{Главна|Македонска книжевност}}
 
Македонската книжевност или литература е поим кој ги опфаќа пишаните дела на македонски јазик. Првите книги напишани на македонски јазик или на некој од неговите дијалекти датираат од времето на Македонската рецензија на старословенскиот јазик, поточно од периодот на Охридската и Лесновската книжевна школа, која воглавно била религиска книжевност.<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/354306/Macedonian-literature Macedonian literature] - Britannica</ref>
 
Македонската книжевност е поделена на три големи периоди, кои понатака се делат на уште неколку. Периодите на македонската литература се<ref name="manu">{{cite book|last=Ristovski|first=Blaže|title=Periodizacija na makedonskiot literaturno-kulturen razvoj|publisher=Macedonian Academy of Sciences and Arts|location=Skopje}}</ref>:
Ред 128:
 
[[Податотека:Makedonski dijalekti-prilagodeno.png |мини|десно|200п|Карта на македонските дијалекти]]
Македонската дијалектологија е посебна развиена гранка на [[македонистика]]та која се занимава со проучување, истражување, документирање и зачувување на [[Македонски дијалекти|македонските дијалекти]]. Како стабилна научна дисциплина во македонистиката, дијалектологијата се развила после [[Кодификација на македонскиот јазик|кодификацијата на македонскиот јазик]], но нејзиното присуство се забележува и пред [[1940]]-те години. Дијалектологијата на [[Македонски јазик|македонскиот јазик]] е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови кои се занимавале со македонскиот јазик или од втората половина на XIX век. Како позначајни македонски дијалектолози се забележуваат [[Ватрослав Јагиќ]], [[Ватрослав Облак]], [[Виктор Григорович]], [[Мјечислав Малецки]], [[Зузана Тополињска]], [[Божидар Видоески]] и други.<ref name="македонска граматика">{{цитирана книга|coauthorsauthor2=Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски|title=Македонски јазик за средно образование|publisher=Просветно Дело АД|location=Скопје|date=2001|pages=413 - 454|language=македонски}}</ref>
 
Дијалектите на македонскиот јазик се варијации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината [[Скопска Црна Гора]], продолжува со реката [[Вардар]] па сè до [[Егејско Море|Егејското Море]] ([[Бело Море]]). Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на [[Република Македонија]], [[Пиринска Македонија]], [[Егејска Македонија]] ([[Беломорска Македонија]]), [[Мала Преспа]] и [[Голо Брдо]] и југозападно [[Република Косово|Косово]]. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.
Ред 290:
[[Податотека:Zborovni grupi.svg|мини|десно|300п|Зборовните групи. Во сино се менливите, во зелено се неменливите зборовни групи.]]
 
Морфологијата во македонскиот јазик] и во останатите јазици е дел од [[лингвистика]]та која се занимава со проучување на формите на [[Зборовни групи во македонскиот јазик|зборовите]], нивното градење и граматички значења. Самиот збор е од [[Старогрчки јазик|старогрчко]] потекло и во превод значи ''наука за формите''. Главната цел на морфологијата е да ја проучува структурата на зборовите и правилата и принципите според кои самите зборови се обединуваат во групи. Многу сродна наука на морфологијата е '''морфосинтаксата на македонскиот јазик''' која се занимава со употребата на зборовите во реченица.<ref name="општа граматика">{{цитирана книга|last=Бојковска|first=Стојка|coauthorsauthor2=Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски|title=Општа граматика на македонскиот јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=АД Просветно Дело|location=Скопје|date=декември 2008|pages=155 - 160|isbn=978-9989-0-0662-7|language=македонски}}</ref>
 
Зборот во секој јазик, така и во македонскиот е изграден од неколку различни елементи. Некои од нив имаат значење односно се лексички, а некои немаат значење и се граматички или функционални. Како пример за ова може да се разгледа зборот ''„млекар“'' поделен на неколку начини<ref name="општа граматика"/>:
Ред 323:
{{Главна|Фразеологија на македонскиот јазик}}
 
Зборовните групи кои во јазикот се користат како една целина се нарекуваат [[Фразеологизам|фразеологизми]], кои имаат посебни лингвистички карактеристики и вредности. Во реченицата зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. Така на пример, зборот ''[[орев]]'' може да оди со повеќе [[Придавка|придавки]] како на пример ''„голем орев“'' или ''„мал орев“'', со [[глагол]]и како на пример ''„јаде орев, купува ореви“'' и слично. Ова доведува до општите принципи на [[фразеологија]]та каде зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат односно да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав<ref name="општа граматика"/>.
 
Во македонскиот јазик зборовните состави можат да се наоѓаат и во неслободна врска, односно постојана врска. Така на пример, зборот орев во реченицата ''„Ова е тврд орев, не се крши со заби“'' и зборот орев во реченицата ''„Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник“'' нема исто значење. Во составите на овој вид ослабува одделното значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи<ref name="општа граматика"/>.
Ред 333:
 
== Наводи ==
{{Reflist}}
<div class="references-small" style="-moz-column-count: 3; column-count: 3;">
<references/>
</div>
 
== Поврзано ==
Ред 383 ⟶ 381:
[http://dijalekti.manu.edu.mk/pdf/%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA.%20%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA%20%D1%82%D0%BE%D0%BC2.pdf] и Том
[http://dijalekti.manu.edu.mk/pdf/%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA.%20%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA%20%D1%82%D0%BE%D0%BC3.pdf]
 
 
{{словенски јазици}}
Ред 394 ⟶ 391:
{{Јазици во Грција}}
}}
 
 
{{Избрана}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Македонски јазик| ]]