Разлика помеѓу преработките на „Елизабета Боуз-Лајон“

с
clean up, replaced: |coauthors= → |author2= (2) using AWB
с (clean up, replaced: |coauthors= → |author2= (2) using AWB)
}}
 
'''Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон''' (''англиски: Elizabeth Angela Marguerite Bowes-Lyon''; 4 август 1900 г.-30 март 2002 г.) била жена на кралот [[Џорџ VI]] и мајка на кралицата Елизабета II. Таа била [[кралица на Обединетото Кралство]] од моментот кога нејзиниот сопруг застанал на тронот во 1936 година па сè до неговата смрт во 1952. По смртта на нејзиниот сопруг таа е позната како '''Елизабета кралица мајка''', за да не дојде до забуна со нејзината ќерка, кралицата Елизабета. Таа била последната [[владетелка на Индија]].
 
Била родена во [[британска благородничка фамилија]] како Елизабета Боуз-Лајон, а кога во 1904 година [[нејзиниот татко]] ја наследил титулата [[гроф]] таа станала позната како ''леди'' Елизабета Боуз-Лајон. Посебно се истакнала по бракот со Алберт, војвода од Јорк, втор син на кралот [[Џорџ V]] и [[кралицата Мери]] во 1923 година. Како војвотка од Јорк, заедно со нејзиниот сопруг и двете ќерки Елизабета и [[Маргарет]], отелотворила традиционални семејни идеи и државни служби. Многу јавни ангажмани ги презела во свои раце и станала позната како „насмевнатата војвотка“ како резултат на нејзиното јавно изразување.
 
Во 1936, нејзиниот сопруг ненадејно станал крал кога неговиот брат, [[Едвард VIII]], се [[повлекол]] за да се ожени со разведената американка [[Валис Симпсон]]. Кралицата Елизабета го придружувала нејзиниот сопруг на дипломатска турнеја во [[Франција]] и [[Северна Америка]] пред почетокот на [[Втората светска војна]]. За време на војната, нејзиниот навидум нескротлив дух овозможил морална поддршка на британската публика. Во признавањето на нејзината улога како средство на британските интереси, [[Адолф Хитлер]] ја опишал како „најопасната жена во Европа“.
 
По војната здравјето на нејзиниот сопруг се влошило и на 51 година таа останала вдовица.
[[Податотека:Glamis Castle 2004-04-08 (2).jpg|мини|лево|[[Замокот Гламис]]]]
Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон била најмладата ќерка и деветто од десетте деца на [[Клод Боуз-Лајон]], [[лорд Гламис]] (подоцна [[14-ти гроф од Стратмор и Кингхор]]) и неговата сопруга [[Сесилија Кевендиш-Бентинк]]. Мајка ѝ била наследничка од [[британскиот премир]] [[Вилијам Кевендиш-Бентинк, трети војвода од Портланд]] и [[главниот гувернер на Индија]], [[Ричард Велесли, првиот маркиз Велесли]], постар брат на друг премиер, [[Артур Велесли, првиот војвода од Велингтон]].
Нејзиното родно место не е со сигурност познато, но се претпоставува дека е родена или во домот на нејзините родители во [[Вестминстер]], палатите Белграв и градините Гросвенор или во кочија на патот до болницата. Други можни локации се куќата Форбс во [[Хем]], [[Лондон]], домот на нејзината баба по мајка, [[госпоѓата Скот]]. Нејзиното раѓање било регистрирано во [[Хитчин]] (''англиски'': [[Hitchin]]), [[Британија]], близу [[велепоседнички дом|велепоседничкиот дом]] Стратмор, [[гробот на Св. Пол Валден]], кое исто така било дадено како нејзино родно место во [[пописот следната година]].
 
На 23 сепември 1900 година била крстена во локалнта парохиска црква Сите Светци, а нејзините кумови ја вклучиле и нејзината тетка од страната на татко ѝ, леди Мод Боуз-Лајон и братучетка ѝ, госпоѓата Артур Џејмс.
Голем дел од детството го поминала во [[Св.Пол ]] и [[замокот Гламис]], шкотскиот дом на грофот наследен од неговиот прадедо. Се школувала дома на [[грчки јазик]] од делото ''[[Анабаза]]'' на [[Ксенофонт]]. Најомилени предмети ѝ биле литература и писание. Кога нејзиното образование било под надзор на германско-еврејската гувернанта, Кате Кублер, таа успеала да ги положи [[локалните испити на Оксфорд]] на 13 години.
На нејзиниот 14-ти роденден, Британија ѝ [[објавила војна]] на Германија. Четворица од нејзините браќа служеле во војската. Нејзиниот најстар брат, [[Фергус]], офицер во пешадискиот полк [[Цррна стража]], бил убиен кај [[битката кај Лус]] во 1915 година. Другиот брат, Мајкл, бил пријавен за исчезнат во акција на 28 април 1917 година. Три недели подоцна семејството открило дека тој бил заробен откако бил ранет. Остатокот од војната го поминал како [[воен затвореник]]. Замокот Гламис бил претворен во санаториум за ранети војници во чија обнова потпомогнала Елизабета. Таа била од голема помош во организирањето за спасување на остатоците од замокот за време на голем пожар кој го зафатил замокот на 16 септември 1916 година. Еден од војниците кој таа го лекувала напишал во неговата книга дека таа била жена со „дијаманти обесени на неа која се вози во кочија и живее во најдобрата куќа во земјата.“
==Брак со принцот Алберт==
 
[[Принцот Алберт]], „Берти“ за семејството, бил [[војвода од Јорк]] и втор син на кралот [[Џорџ V]]. Во 1921 година ја запросил Елизабета, но таа го одбила, плашејќи се повторно да не ја изгуби слободата слободно да мисли, зборува и прави она што таа мисли дека треба. Кога Алберт изјавил дека нема да се ожени со друга, неговата мајка, [[кралицата Мери]], го посетила Гламис за да со свои очи ја види девојката која го украла срцето на нејзиниот син. Се уверила дека Елизабета е онаа која ќе го направи Алберт среќен, но сепак решила да не се меша. Во исто време, Елизабета била осудувана од [[Џејмс Стуарт]], [[кралски слуга]] на Алберт, сè додека не заминал поради подобро платена работа во американската индустрија за нафта.
Во февруари 1922 година, Елизабета била деверуша на свадбата на [[принцезата Мери]], сестра на Алберт, со [[виконтот Ласкел]]. Следниот месец, Алберт повторно ја побарал за жена и таа повторно го одбила. Конечно, во јануари 1923 година, Елизабета се согласила да се омажи за него и покрај нејзините сомнежи за кралскиот живот. Слободата на Алберт да се ожени со Елизабета која не била од кралско семејство иако ќерка на благородник, се сметал за гест во корист на политичката модернизација; претходно се очекувало принцевите да се оженат со принцези од други кралски семејства. Се венчале на 26 април 1923 година во [[вестминстерската опатија]]. Неочекувано, Елизабета положила букет на гробот на [[Непознатиот воин]] во чест на нејзиниот брат Фергус. Таа ја добила титулата [[''Нејзиното кралско величество, војвотката од Јорк.'']]
[[Податотека:Wedding of Princess Mary and Viscount Lascelles 1922.jpg|мини|лево|Елизабета како деверуша на свадбата на принцезата Мари и виконтот Ласкел]]
По свадбениот појадок во Бакингемската палата подготвен од шефот [[Габриел Шуми]], новата војвотка и нејзиниот сопруг го поминале медениот месец во [[Polesden Lacey (едвардијанска куќа)]], стара куќа во Сари а потоа се упатиле во Шкотска каде Елизабета фатила „неромантична“ [[магарешка кашлица]].
*{{Citation|last=Bradford|first=Sarah|title=The Reluctant King: The Life and Reign of George VI|publisher=St Martin's|location=New York|year=1989}}
*{{Citation|last=Forbes|first=Grania|title=My Darling Buffy: The Early Life of The Queen Mother|publisher=Headline Book Publishing|year=1999|isbn=978-0-7472-7387-5}}
*{{Citation|first=James|last=Hogg|coauthorsauthor2=Mortimer, Michael (eds.)|title=The Queen Mother Remembered|publisher=BBC Books|year=2002|isbn=0-563-36214-6}}
*{{Citation|last=Howarth|first=Patrick|title=George VI|publisher=Century Hutchinson|year=1987|isbn=0-09-171000-6}}
*[[Lawrence Goldman|Goldman, Lawrence]] (May 2006) [http://www.oxforddnb.com/view/article/76927 "Elizabeth (1900–2002)"], ''Oxford Dictionary of National Biography'', Oxford University Press, {{doi|10.1093/ref:odnb/76927}}, retrieved 1 May 2009 (Subscription required)
*{{Citation|last=Longford|first=Elizabeth|authorlink=Elizabeth Longford|title=The Queen Mother|publisher=Weidenfeld & Nicolson|year=1981}}
*{{Citation|first=Andrew|last=Roberts|authorlink=Andrew Roberts (historian)|coauthorsauthor2=Edited by [[Antonia Fraser]]|title=The House of Windsor|publisher=Cassell and Co.|location=London|year=2000|isbn=0-304-35406-6}}
*{{Citation|last=Shawcross|first=William|authorlink=William Shawcross|title=Queen Elizabeth The Queen Mother: The Official Biography|publisher=Macmillan|year=2009|isbn=978-1-4050-4859-0}}
*{{Citation|last=Shawcross|first=William|authorlink=William Shawcross|title=Counting One's Blessings: Selected Letters of Queen Elizabeth the Queen Mother|publisher=Macmillan|year=2012|isbn=978-0-230-75496-6}}