Граматички категории на именките во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 46.217.217.179) и ја поврати преработката 3903408 на 89.185.204.90
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= using AWB
Ред 1:
{{Македонски јазик}}
[[Именки во македонскиот јазик|Именките]] се зборови кои се користат да се означат поими, суштества, предмети, појави и поими. Именките во [[македонскиот јазик]] имаат неколку карактеристики, како што се определеност, број и род. Според тоа '''граматичките категории на именките во македонскиот јазик''' се родот, бројот и определеноста.
 
==Падежни остатоци==
Ред 17:
 
== Род ==
Именките во македонскиот јазик имаат три рода: машки, женски и среден род. Граматичкиот род и природниот род во македонскиот јазик не секогаш се совпаѓаат. Граматичкиот род има свој израз кај сите именки, без оглед на тоа дали именува нешто живо или неживо. Разликувањето на родот кај именките за предмети и појави се прави според завршетоците на именките за живи суштества.{{ref|Opsta}}
 
Родот на именките во македонскиот јазик доаѓа до израз при еднинската форма на именката. Именките од машки род во единина завршуваат на согласка или на некоја самогласките. Општите именки што означуваат лица завршуваат на согласка (''наставник, ученик''), на ''-а'' (''владика, судија''), на ''-о'' (''стрико, татко''), на ''-е'' (''вујче'') и сосема ретко на некои некарактеристични завршетоци за македонскиот јазик, како што се -и (''кули''<ref>„Кули“ значи носач или возач и е преземен од хиндискиот јазик. Не е исто со зборот ''кула/ кули''.</ref>) и -у (''гуру''). Кај личните имиња од машки род како наставки се јавуваат согласки (''Јован''), ''-о'' (''Здравко''), ''-а'' (''Никола''), ''-е'' (Јане), ''-и'' (''Ѓорѓи''). Некои именки кои граматички се од машки род може да се однесуваат на лица од женски род (пр. ''возач, ректор'' и сл.) {{ref|Opsta}}
 
Именките од женски род најчесто ја земаат наставката ''-а''. Сепак, има одредена група именки од женски род кои завршуваат на согласна група или согласка (пр. ''радост, пот'' и др.). Женските имиња во македонскиот јазик, покрај тоа што завршуваат на „а“, можат да завршат и на „е“ (пр. ''Лиле, Маре'' итн.)<ref>''Странските имиња може да завршат и на некоја друга согласка или самогласка.''</ref>. Именките ''индивидуа, личност, странка, персона'' се однесуваат и за машки и за женски род.{{ref|Opsta}}
 
Именките од среден род најчесто ги земаат наставките ''-о'' и ''-е'' (''око, пиле'')<ref>''Именките од странско потекло кои се од среден род може да имаат други наставки.''</ref>.
Ред 38:
 
===Видови множина===
Во македонскиот јазик има три видови множина, ''обична, избројана и збирна множина''.
 
Со <u>обичната множина</u> се дава информација дека станува збор за повеќе предмети или лица што може да се бројат. Такви се на пример именките: ''книги, телевозори, сметачи'' итн. Обичната множина кај именките од машки род се образува со наставките: ''-и, -ови/ -еви, -вци (-овци)''. Со наставката ''-и'' множина образуваат повеќесложните, поретко едносложните именки (пр. ''гледачи, коњи, мажи'' итн.). Наставката ''-еви/ -ови'' се јавува кај едносложните именки (пр. ''броеви, кејови'' итн.), додека наставката ''-вци'' се јавува кај личните имиња и роднинските именки (пр. ''дедовци, стриковци'' итн.) Именките од женски род ја користат наставката ''-и'' за формирање множина (пр. вести, гимназии итн.), со исклучок на именките: ''раце, нозе и крвови.'' Именките од среден род ги користат наставките ''-а, -иња'' и многу ретко ''-и'' (пр. ''грла, села, времиња, дечиња, очи''). Посебна форма е именката ''деца''.{{ref|Opsta}}
Ред 76:
 
== Користена литература ==
# {{note|Opsta}} {{цитирана книга|last=Бојковска|first=Стојка|coauthorsauthor2=Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски|title=Општа граматика на македонскиот јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=АД Просветно Дело|location=Скопје|date=декември 2008|isbn=978-9989-0-0662-7}}
# {{note|граматика}}{{цитирана книга|authors=Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски|title=Македонски јазик за средно образование|publisher=Просветно Дело АД|location=Скопје|date=2001}}
#{{note|Koneski}}{{цитирана книга|last=Конески|first=Блаже|title=Граматика на македонскиот литературен јазик|publisher=Култура|location=Скопје|date=1967|volume=I и II}}