Ацтеки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= (3) using AWB
Ред 12:
}}
 
'''Ацтеки''' или '''Ацтеци''' — [[народ]]и централно [[Мексико]], односно оние групи кои зборуваат [[ацтечки јазик]] (наватл). Од [[XII век]], долината на Мексико претставувало јадро на [[Ацтечка цивилизација|Ацтечката цивилизација]]. Таму се наоѓала и престолнината на Ацтеките, [[Теночтитлан]]. Денешниот град, [[Мексико (град)|Мексико]], се наоѓа врз некогашниот [[Теночтитлан]].
 
Ацтеките се [[Американски староседелци|староседелски американски народ]] кој претежно живее во [[Мексико]]. Голем број од денешните Ацтеки се со [[римокатоличка црква|католичка вероисповед]], но има и такви кои го сочувале своето традиционално верување во повеќе богови. Вкупниот број на Ацтеки во светот е 1.652.000.
Ред 21:
==== Рана историја ====
{{Ацтеки}}
Многу години пред Ацтеките да ја достигнат својата моќ, [[Мексиканска долина|мексиканската долина]] претставувала центар на голема цивилизација, пред сè поради својата плодност и надморска височина. Во центарот на долината се наоѓаат пет езера, кои се поврзани меѓу себе. Во периодот од [[100]] до [[650]] година, територијата на долината била под [[Толтеки|Толтеките]]те и нивниот град држава [[Теотвикан]]. По неговото паѓање, [[Толтеки|Толтеките]]те мигрирале во централниот дел на денешно [[Мексико]], каде основале нова држава.
 
Нивната цивилизација процутела во периодот од [[X век]] до [[XI век]]. Во XIII век, долината била заземена од народ, кој го говорел [[ацтечки јазик|ацтечкиот јазик]] (наватл), и многу често биле нарекувани ''чичимек''. Тие ги презеле градовите на [[Толтеки|Толтеките]]те, и основале нови, како на пример [[Текскоко]]. Така, ''чичимек'' ја измешале својата култура со Толтеките, и на тој начин ја создале ацтечката цивилизација. Нејзината економска, политичка, социјална и културна моќ постепено станала една од најразвиените во тогашно време.
 
==== Борбата на трите алијанси ====
[[Податотека:Lake Texcoco c 1519.png|thumb|Карта на Мексиканската долина]]
Вистинското потекло на [[Мексиканци]]те не е позната. Тие се сметаат за основачи на [[Ацтечка Империја|Ацтечката Империја]]. Според нивните легенди, мексиканското племе произлегува од [[Астлан]]. Се смета дека [[Астлан]] се наоѓал некаде северно од мексиканската долина. Некои сметаат дека тој се наоѓал во југозападниот дел на денешните [[САД]]. Други пак сметаат дека градот [[Астлан]] е само [[мит|митско]]ско место бидејќи [[Астлан]] би можело да се преведе и како “''место на потеклото''“.
 
Врз основа на овие мислења, се смета дека Мексиканците пристигнале во [[Капултепек]] во или околу [[1248]] година.<ref> Smith, (1984) p. 173.</ref> Во моментот на нивното пристигнување, по долината на [[Мексико]] постоеле неколку град-држави од кој најмоќниот бил [[Кулхакан]] на [[југ]] и [[Ацкапотцалко]] на [[запад]]. Главно занимање на ова племе било [[лов]] и [[риболов]]. Во времето на нивното населување, долината била веќе населена, па тие биле принудени да побараат дом на два острови кои се наоѓале блиску до западниот брег на езерото [[Тексоко]]. Според легендата се смета дека тие ќе основаат голема империја која би била во близина на местото каде што тие биле населени во моментот. И бидејќи местото околу крајбрежјето на езерото Текскоко е било многу слично на преданието, тие сметале дека тоа било знак. Истиот регион се покажал како еден од најплодните места во идната империја. Постепено, основното занимање им станало [[земјоделство]]то. Во [[1299]] година, императорот на [[Кулхакан]] им дал дозвола за населување во [[Тизапан]], каде била создадена и културата на [[Кулхакан]]. Во [[1325]] година, Мексиканците го основале градот [[Теночтитлан]]. Но и покрај тоа, тие плаќале даноци на посилните од нив племиња, т.е. градот-држава [[Атскапотсалко]]. Мексиканците служеле како наемни работници. Но со текот на времето, Мехиканците создале силна воена и државна организација.
 
Подоцна била создадена тројна алијанса која ја сочинувале [[Теночтитлан]], [[Теотвикан]] и [[Тиакопан]]. Тие својата империја ја рашириле на целата мексиканска долина вклучувајќи ги и бреговите на [[Тихи Oкеан|Тихиот Океан]]. Во [[1428]] година, со заеднички сили биле победени тепанеките. Во времето на управување на императорот [[Итскоател]], неговиот наследник [[Монтесума I]] и владетелот на Текскоко Несвалкојотил, тројниот сојуз преживеал големи успеси и освојувања. Така била создадена и империјата на Ацтеките, која се простирала на централниот дел од денешно [[Мексико]] до границата на денешна [[Гватемала]]. Во тоа време, постепено Теотвикан станал водечка сила во тројната алијанса.
Ред 35:
==== Шпанско освојување ====
[[Податотека:Aztec Empire c 1519.png|thumb|300px|Територија на Ацтечката Империја]]
Шпанското освојување на Мексико е еден од најзначајните моменти во историјата на [[Америка]]. Најзначаен [[конкистадор]] од тоа освојување бил [[Ернан Кортес]]. Империјата својот најголем подем го достигнала во времето на император [[Ахуцоти]] од [[1486]] до [[1502]] година. Неговиот наследник [[Монтезума II]] бил само на 17 години кога [[Ернан Кортес]] со својата војска пристигнал на [[Мексикански Залив|Мексиканскиот Залив]] во [[1519]] година. Независно од некои претходни битки меѓу [[Шпанија|Шпанците]] и Ацтеките, [[Ернан Кортес]] пред вратите на [[Тенохтитлан]] пристигнал на [[8 ноември]] [[1519]] година.
 
[[Монтезума II]] го подготвувал градот за пречек на Шпанците, сметајќи го Кортес за Богот [[Кецалкоатл]]. Кортес имал свои барања, кои ги добил заедно со многу количество [[злато]]. На паганските места каде се наоѓале крв или некои пагански идоли, Кортес поставувал [[христијанство|христијански]] симболи. По ова, Кортес го заробил Монтезума II и го држел како заробеник како осигурување доколку би дошло до побуна од Ацтеките. За него тој барал откуп во [[злато]]. Огромни количества на злато му биле донесени на Кортес. Кортес добил вест дека гувернерот на [[Куба]], [[Веласкез]] испратил голема војска под раководство на [[Панфилиј де Нарвез]]. Веласкез сакал да го уапси Кортес и да го осуди поради непослушност. Кортес бргу реагирал, водејќи борба со приврзаниците на Веласкез, и притоа заробувајќи ги. По ова, тој повторно се вратил во [[Тенохтитлан]].
 
Ацтеките организирале побуна против шпанското освојување на градот и заробувањето на императорот. Тогаш биле убиени голем дел од ацтечката војска. Тогаш Ацтеките ја опседнале палатата каде се наоѓале Шпанците. Кортес барал од [[Монтезума II]] да му нареди на својот народ да се повлече, но народот не го послушал, па во еден од нападите, императорот бил повреден, и по неколку дена починал. Шпанците биле принудени да бегаат од градот, земајќи колку што можат од златото.
 
По ова, Шпанците успеале некако да се повлечат до Тлаксалите. Кортес им предложил да направат сојуз преку кој ќе го освојат [[Тенохтитлан]]. Од своја страна, Тлаксалите барале да не плаќаат даноци на Шпанците кога ќе го освојат градот. Но, кога Шпанците го освоиле градот, Кортес не го почитувал договорот.
Ред 45:
== Цивилизацијата на Ацтеките ==
[[Податотека:Aztec Empire 1519 map-mk.svg|thumb|300px|right|Карта на Тројната Ацтечка Алијанса.]]
Општеството на Ацтеките се одликувало со голем развој на [[земјоделие|земјоделието]]то. [[Религија на Ацтеките|Религијата]] го определувала секој дел од животот на народот во империјата. Низ градовите биле градени големи [[пирамида|пирамиди]], главно од [[камен]], и на врвот од секоја [[пирамида]] се вршело жртвување во чест на боговите. Уметноста на Ацтеките најмногу се изразувала низ религијата и воените дела, со кои империјата добивала богатство и власт. Како жртвеници, најчесто биле користени затворениците.
 
=== Социјална структура ===
Ред 52:
Во престолнината [[Танохтитлан]], калпуите во почетокот ги исполнувале истите функции. Подоцна, со развивањето на градот и промена на неговата [[инфраструктура]], калпуите не се основале врз семеен принцип, туку сочинувале еден вид градска администрација. Управните совети, школите, храмовите и земјата ја сочувале својата функција, а за нови членови на калпуите не морало повеќе да се има некоја роднинска врска. Во време на основањето на градот [[Танохтитлан]] во [[1325]] година, во градот имало 15 калпуи, а до [[XVI век]] - 80.
Во [[Тенохтитлан]], најискусните калпуи формирале племенски совет, кој избирал четири виши чиновници. Подоцна, еден од нив бил избиран за владетел или тлатоани. Во времето кога [[Тенохтитлан]] станал центар на ацтечката цивилизација, владетелот станал [[император]], каде чиновниците биле веќе обврзани да му плаќаат [[данок|даноци]]. Тој бил сметан за [[бог]], потомок на ацтечките богови и врховен военоначалник. Кон него чиновниците се обраќале со веј-тлатоани, што во превод значи ''голем господар''.
 
Веднаш по императорот, на следното ниво во хиреархијата на Ацтеките била благородничката класа. По нив бил обичниот народ, трговците, занаетчиите, војниците итн., а на најниско рамниште биле работниците. Трговците од своја страна образувале класа наречена ''почтека''. Тие имале некои привилегии во однос на империјата. Благородниците имале право на сопственост врз земјата. Земјата на обичниот народ била во сопственост на калпуите, кои ја распределувале меѓу своите членови. Сопствениците на земјата плаќале данок на империјата во вид на селскостопански производи.
 
Секој физички здрав жител на империјата имал задолжителна обврска кон воена служба.
Ред 61:
 
=== Раководство ===
[[Ацтечка Империја|Ацтечката Империја]] е пример за империја, која била раководена од индиректни средства. Таа се одликувала со разновиден етнички состав. Главна карактеристика на империјата е тоа што таа не била официјално прогласена за империја која ги проширува своите територии, туку големо значење се одавало на земјите кои ги поседувала таа и за кои се плаќало различни даноци.<ref>Smith, Life in the Provinces of the Aztec empire, Scientific American, September 1997</ref>
 
=== Трговија и производство ===
Во времето кога Ацтеките започнале да ја создаваат својата цивилизација, главна дејност со која се занимавале било [[земјоделство]]то. Најплодни биле почвите околу крајбрежјето на [[езеро|езерата]], но сепак биле недоволни за исхрана на целото население, кое постепено сè повеќе се зголемувало. Како најголем успех во оваа област им било рекултивирањето на почвите околу езерата, поради што биле изградени многу острови, наречени ''чинампасили''.
 
Ацтеките не го користеле ралото, ниту пак животните ги користеле за орање на нивите. За засадување на земјоделските култури користиле заострени колци, кои многу лесно можат да навлезат во внатрешноста на земјата. Основно производство им била [[пченка]]та, од која правеле [[брашно]]. Исто така произведувале и [[грав]], [[тиква]], [[авокадо]], [[домат]] итн.
 
Некои стоки и производи биле специјално произведувани за императорот, на пример накит, кошници, облека и слично. Со скапи производи како [[сол]], златни накити и облека се занимавале претежно трговците кои патувале до низините на [[Мексикански Залив|Мексиканскиот Залив]] или на [[југ]] до денешна [[Гватемала]]. Биле разменувани и други скапи производи, како перја од птици, кожи од [[јагуар]], [[памук]], [[каучуково дрво|каучук]] и зрна од [[какао]] од кои се произведувал чоколаден напиток.
 
Ацтеките немале метални монети. Како платежно средство ги користиле скапите производи како [[какао]]вите зрна, [[памук]]от или [[сол]]та.
 
=== Економија ===
[[Економија]]та на Ацтеките била поделена меѓу политичкиот сектор, кој бил под контрола на императорот и благородниците, и трговскиот сектор кој дејствувал независно од политичкиот сектор. Политичкиот сектор се занимавал со контрола на земјата и нејзината обработка. Во трговскиот сектор, главно занимање било размената на паричните средства во вид на стока, услуга и слично.
 
=== Транспорт ===
Ред 80:
== Теночтитлан ==
{{главна|Теночтитлан}}
[[Теночтитлан]] бил центар на [[Ацтечка Империја|Ацтечката Империја]] и нејзина престолнина. Градот се наоѓал на остров во езерото [[Тексоко]], и најдобро бил опишан од страна на шпанските освојувачи, кои градот го нарекувале „''Венеција на Нова Шпанија''“, поради големиот број на водени канали. Според најновите истражувања, градот во својот „златен век“ имал околу 200.000 жители, и за тоа време бил сметан за еден од најголемите во светот.
 
Теночтитлан со крајбрежјето бил поврзан со три патишта кои биле многу добро конструирани. За време на дождовните периоди од годината, кога нивото на езерото се покачувало, тие високи патишта служeле како градски заштитни ѕидови. Каналите на градот често пати служeле и како патна артерија и често имало голем застој од лотки, со кои Aцтеките ги пренесувале стоките кон пазарот на главниот градски центар. Во центарот на градот бил изграден церемонијален плоштад од камен. На тоа место се наоѓал и дворецот на императорот како и неколку државни служби и згради. Дворецот на императорот се состоел од два ката, а секој кат имал по стотина соби. Најважната градба во центарот на градот била [[Голема пирамида(Тенохтитлан)|Големата пирамида]]. На нејзиниот врв биле изградени два храма кои биле посветени на двата најпочитувани богови на Ацтеките: [[Витсилопочтли]], богот на Сонцето и војната и [[Тлалок]], бог на дождот. Во околината живееле свештените лица кои им принесувале жртва на боговите. Освен оваа пирамида, во градот биле изградени и многу други, кои биле помали од Големата пирамида.
Ред 117:
{{главна|Религија на Ацтеките|Ацтечка митологија}}
[[Податотека:Coat of arms of Mexico.svg|thumb|left|Денешниот грб на Мексико, преземен од ацтекката митологија]]
Бидејќи земјоделството било основното производство на Ацтеките, тие целосно биле посветени и зависни од природните сили кои ги почитувале како [[Ацтечка митологија|богови]]. Врховен [[бог]] бил [[Витсилопочтли]] односно Бог на Сонцето и Бог на војната, [[Тлалок]]- Бог на дождот и [[Кетсалкоател]]- Бог на ветрот и мудроста, често пати поврзуван и со воскреснувањето.
 
Слично како и кај [[Маи]]те, и Ацтеките верувале во циклусното создавање и пропаѓање на вселената. Тие верувале дека живеат во петтиот и последен цикулс на создавањето. Овој цилкус го нарекувале ''Петти сончев цилкус'' или ''Петто сонце''. На крајот од тој цилкус, тие верувале дека сè ќе биде поплавено во мрак и дека шестото сонце нема да дојде. Крајот на светот не можел да се стопира, туку би можел само да се забави. Затоа и нивниот бог на сонцето [[Витсилопочтли]] бил почитуван како врховен бог, кој вечно води борба со мракот. Доколку [[Витсилопочтли]] е посилен, светот ќе остане безбеден. Но, за да остане постојано силен, Ацтеките морале да му принесуваат човечки жртви.
 
Како основни сојузници на [[сонце]]то, Ацтеките верувале дека живеат во центарот на [[вселена]]та. Земјата ја делеле на четири квадрати, каде секој имал своја боја на ориентација, типични за цивилизациите од [[Централна Америка]]. Четирите квадрати се среќаваат и во главниот храм во [[Танохтитлан]]. Според Ацтеките, небесното кралство се состои од тринаесет нивоа, кои се распоредени хоризонтално. [[Сонце]]то, [[Месечина]]та, [[Сончев систем|планетите]] и [[ѕвезда|ѕвездите]] ги заземале пониските места, а највисоко биле [[ветар|ветровите]], [[бура|бурите]], боговите. Подземниот свет пак, се состоел од девет нивоа, каде живеело злото.
 
''Петте сонца'' ги одбележуваат одделните епохи од историјата на светот. На почетокот во [[вселена]]та се појавиле четрите богови: [[Тескатлипока]], [[Витсилопочтли]], [[Кетсалкоатал]] и [[Хипе Тотек]]. Сите тие биле обединети од страна на [[Тлалок]], богот на дождот и неговата сопруга [[Чалчиутликуј]]. Боговите вечно војувале со мракот, и од таму доаѓа создавањето и уривањето на првите четири сонца. Богот [[Тескатлипока]] управувал во првата епоха, долга точно 676 години. [[Кетсалкоатал]] го протерал [[Тескатлипока]] од тронот и светот бил уништен од [[јагуар]]и. Во втората епоха, [[Кетсалкоатал]] бил однесен во голем ураган од страна на [[Тескатлипока]]. Во третата епоха управувал [[Тлалок]]. Таа завршила кога [[Кетсалкоатал]] го уништил светот со поплави и пожари. Во четвртата епоха управувала божицата [[Чалчиутликуј]]. Таа завршила со уништување на светот од голем потоп. Петтата епоха започнала кога богот Нанаватсин скокнал од огнот во светиот град [[Танохтитлан]] и се претворил во [[Сонце]] што изгрева. Сонцето започнало да се движи во времето кога почнало да му се принесува жртва. Така, според [[ацтечка митологија|ацтечката митологија]], животот на светот опстојува заради жртвите. На тој начин само ќе се забави крајот на петтата епоха, кога се очекува светот да биде уништен од [[земјотрес]].
 
=== Жртвување во чест на боговите ===
[[Податотека:Codex_Magliabechiano_(141_cropped).jpg|thumb|Принесување жртва во чест на боговите]]
Во религијата на Ацтеките имало добри и лоши богови. Тие верувале дека добрите богови секогаш треба да ја поддржуваат силата, за да не им дозволат на лошите богови да владеат со светот. За таа цел, тие принесувале жртви во чест на боговите. За жртви најчесто биле користени воените заробеници, но понекогаш за најважните ритуали биле избирани и војници од ацтечката армија. Тие сметале дека богот [[Тлалок]] претпочитал деца за жртвување.
 
Процесот се одвивал според движењето на ѕвездите. Човекот одреден за жртвување се испраќал по скалите на врвот на [[пирамида]]та, каде се наоѓал храмот. Таму тој легнувал на олтар од камен каде му било вадено срцето. Потоа срцето се кревало високо кон почитуваниот [[бог]], по што се фрлало во светиот оган. Често пати, Ацтеките спроведувале масовни жртвувања. Според една легенда, во [[1487]] година во [[Тенохтитлан]] биле жртвувани околу 80.000 луѓе во чест на богот на сонцето.
 
Оние кои го извршувале жртвувањето најчесто отворале училишта каде децата учеле за религијата и нејзините ритуали. Нивна задача било да предвидат кој ден е погоден за започнување на војна. За таа цел бил изработен календар кој се состоел од 260 дена.
Ред 138:
=== Богот Тлалок ===
[[Тлалок]] бил Бог на дождот. Насликан е со перја во рака. Се сметало дека садел грав, кој ќе никне само доколку почвата ја пролее со дожд.
 
=== Богот Кетсалкоатал ===
[[Кетсалкоатал]] бил бог како на Ацтеките, така и на Толтеците и претставува легендарен крал на [[Мексико]]. Во превод, неговото име значи змија. Во почетокот бил почитуван како бог на плодноста, сè до IX век. Подоцна, по [[X век]] Толтеците го прогласиле за бог на утрото и вечерната ѕвезда. Ацтеките го сметале и за бог на смртта и воскреснувањето.
 
=== Богот Тескатлипока ===
[[Тескатлипока]] бил сметан за најголем ривал на [[Кетсалкоатал]]. Тој кај Ацтеките бил почитуван како бог на ноќното небо, Месечината, ѕвездите и младите момчиња. Ацтеките уште го нарекувале и Јаотал, и го поврзувале со злото и уривањето. Тој владеел и со училиштата, каде младите го добивале своето образование. Исто така, тој бил бог и на робовите, и затоа доколку некој се осмелел да се однесува кон нив нечесно, тој го казнувал. Сметан е и за [[магија|магичар]] и господар на [[црна магија|црната магија]].
 
Според верувањата, тој го протерал [[Кетсалкоатал]] од империјата. Тој би требало некогаш да се врати, затоа кога пристигнале Шпанците во [[1519]] година, императорот [[Монтезума II]] го сметал [[Ернан Кортес]] токму за вратениот бог [[Кетсалкоатал]]. Еднаш годишно, Ацтеките му принесувале како жртва млад и убав затвореник.
 
=== Богот Екател ===
Ред 153:
== Ацтечки календар ==
 
Ацтечкиот календар претставува еден вид систем кој го користеле за мерење на [[време]]то. Системот вклучува комплекс од религиозни верувања и церемонии во однос на ритуалните борби и принесувањата на жртви. Како земјоделски народ, Ацтеките верувале дека такви настани го определувале природниот цикулс на земјата, од кој пак зависи плодноста на почвата. Најважни според нив биле секојдневниот изгрев на сонцето и летните дождови.
 
Тие користиле два посебни системи од календари. Првиот имал 260 дена и него го нарекувале ''тоналповали'', што во превод значело броење на деновите. Овој [[календар]] бил свет, и главно се користел од страна на оние кои принесувале жртви на боговите. Според овој календар се предвидувал денот кога треба да се принесе жртва. Овој [[календар]] бил разделен на дваесет периоди по тринаесет дена. Секој од тие периоди имал свое име, претставено со [[хиероглиф]]и, како вода, зајак или нож. Секој поминат ден се обележувал со точка до соодветниот [[хиероглиф]].
Ред 159:
Вториот календар имал 365 дена, што одговара на времето што е потребно [[Земја]]та да сврти круг околу [[Сонце]]то. Тој бил познат под името ''хуповали'', што во превод значело броење на денови и месеци или летно броење. Овој календар ги содржел датумите на религиозните празници и земјоделските задачи. Секоја година била разделена на осумнаесет периоди по дваесет дена и еден краен финален период од пет дена, кои ги сметале за опасни денови што носат лоша среќа. Секој период имал свој посебен празник, којшто често пати бил поврзуван со земјоделскиот цикулс. Исто како и кај календарот со 260 дена, и овде датумите биле одбележувани со хиероглифи или точки. Годините се запишувале на начин што на секоја од четирите хиероглифи се додавало од 1 до 13 точки. Сè со цел да не се мешаат датумите и годините, симболите кои ги означувале годините биле заградувани со квадрати. Преку овој систем, Ацтеките им дале име на 52 посебни години.
По секоја 52 година, крајот на календарот со 260 дена се совпаѓал со оној на 365 дена, со што завршувал и еден ацтечки век. Тогаш, се спроведувале важни религиозни ритуали за пречекување на новото сонце. За тој период, тие се подготвувале со пости, домашните огништа се гаснеле и сите домашни садови и прибори се кршеле. По залезот на сонцето, Ацтеките чекале да видат дали сонцето ќе се појави следниот ден, со што започнувал новиот век.
 
=== Месеци ===
Ред 183:
== Култура ==
=== Уметност ===
Уметноста на Ацтеките во голем степен била инспирирана и била под влијание на [[религија на Ацтеките|религијата]]. Ацтеките цртале врз камења или карпи, а обично тоа биле религиозни ритуали, со фигури на боговите. По ѕидовите на храмовите, Ацтеките ги сликале боговите. На камените скулптури најчесто биле цртани боговите со жртвите што им се принесувале.
 
Еден од најпознатите и најзачуваните ацтечки скулптури е т.н. ''календарски камен''. Тој имал тежина од 22 тони и должина од 3,7 метри дијаметар. Каменот се состои од вселената на Ацтеките, а во неговата средина се наоѓа ликот на Богот на сонцето. Околу него со различни кружни шари се нацртани деновите и небото. Освен религиозни скулптури, Ацтеките изработувале и мали реалистични фигури од човек или животно. Како основен материјал користеле кварц, опсидијан и јаспис. Исто така, Ацтеките биле добри резбачи во камења.
Ред 207:
* [[1469]] година, умира императорот Монтесума I
* [[1486]] година, на власт дошол императорот [[Ависоту]].
* [[1487]] година, изграден е [[Голема пирамида во Тенохтитлан|големиот храм]] во [[Тенохтитлан]]. Ацтеките својата територија ја прошириле кон југ до [[Маи|Маите]]те.
* [[1502]] година, на власт дошол император [[Монтезума II]]. Расцут на ацтечката империја.
* [[1519]] година, [[Ернан Кортес]] пристигнал во [[Мексико]]. [[Монтезума II]] бил убиен.
Ред 220:
{{refbegin|indent=yes}}
* {{cite book |author={{aut|Berdan, Frances}} |year=1982|title=The Aztecs of Central Mexico: An Imperial Society |series=Case Studies in Cultural Anthropology|location=New York|publisher=Holt, Rinehart & Winston|isbn=0-03-055736-4 }}
* {{cite book |author={{aut|Berdan, Frances F.}} |coauthorsauthor2={{aut|Richard E. Blanton, Elizabeth Hill Boone, Mary G. Hodge, Michael E. Smith}}, and {{aut|Emily Umberger}} |year=1996 |title=Aztec Imperial Strategies |location=Washington, DC |publisher=Dumbarton Oaks Research Library and Collection |isbn=0-88402-211-0 }}
* {{cite book |author={{aut|Boone, Elizabeth Hill}} |year=1989 |title=Incarnations of the Aztec Supernatural: The Image of Huitzilopochtli in Mexico and Europe |series=Transactions of the American Philosophical Society, {{nowrap|vol. 79 part 2}} |location=Philadelphia, PA |publisher=American Philosophical Society |isbn=0-87169-792-0 }}
* {{cite book |author={{aut|Boone, Elizabeth Hill}} |year=2000 |title=Stories in Red and Black: Pictorial Histories of the Aztec and Mixtec |location=Austin |publisher=University of Texas Press |isbn=0-292-70876-9}}
Ред 247:
* {{cite book |author={{aut|Lockhart, James}} |year=1991 |title=Nahuas and Spaniards: Postconquest Mexican History and Philology |series=UCLA Latin American studies vol. 76, Nahuatl studies series no. 3|publisher=Stanford University Press and UCLA Latin American Center Publications|location= Stanford and Los Angeles, CA |isbn=0-8047-1953-5}}
* {{cite book |author={{aut|Lockhart, James}} |year=1992 |title=The Nahuas After the Conquest: A Social and Cultural History of the Indians of Central Mexico, Sixteenth Through Eighteenth Centuries |location=Stanford, CA |publisher=Stanford University Press |isbn=0-8047-1927-6}}
* {{cite book |author={{aut|Lockhart, James}} |coauthorsauthor2=ed. and trans. |year=1993 |title=We People Here: Nahuatl Accounts of the Conquest of Mexico |series=Repertorium Columbianum, {{nowrap|vol. 1}} |location=Berkeley |publisher=University of California Press |isbn=0-520-07875-6}} {{en icon}} {{es icon}} {{nah icon}}
* {{cite book |author={{aut|López Austin, Alfredo}} |year=1997 |title=Tamoanchan, Tlalocan: Places of Mist |series=Mesoamerican Worlds series|others=translated by Bernard R. Ortiz de Montellano and Thelma Ortiz de Montellano |location=Niwot |publisher=University Press of Colorado |isbn=0-87081-445-1}}
* López Luján, Leonardo (2005) ''The Offerings of the Templo Mayor of Tenochtitlan''. Revised ed. Translated by Bernard R. Ortiz de Montellano and Thelma Ortiz de Montellano. University of New Mexico Press, Albuquerque. ISBN 0-8263-2958-6.
* {{cite book |author={{aut|Matos Moctezuma, Eduardo}} |year=1988 |title=The Great Temple of the Aztecs: Treasures of Tenochtitlan |series=New Aspects of Antiquity series |others=Doris Heyden (trans.)|location=New York |publisher=[Thames & Hudson |isbn=0-500-39024-X}}
* Matos Moctezuma, Eduardo (1988) ''The Great Temple of the Aztecs''. Thames and Hudson, New York. ISBN 0-500-39024-X.
* {{cite book |author={{aut|Miller, Mary}} |coauthorsauthor2=and {{aut|Karl Taube}} |year=1993 |title=The Gods and Symbols of Ancient Mexico and the Maya: An Illustrated Dictionary of Mesoamerican Religion |publisher=Thames & Hudson |location=London |isbn=0-500-05068-6}}
* {{cite journal |author={{aut|Ortiz de Montellano, Bernard R.}} |year=1983 |month=June |title=Counting Skulls: Comment on the Aztec Cannibalism Theory of Harner-Harris |journal=American Anthropologist |volume=85 |issue=2 |pages=pp.403–406 |location=Arlington, VA |publisher=American Anthropological Association |doi=10.1525/aa.1983.85.2.02a00130 |issn=0002-7294}}
* {{cite book |author={{aut|Ortiz de Montellano, Bernard R.}} |year=1990 |title=Aztec Medicine, Health, and Nutrition |location=New Brunswick, NJ |publisher=Rutgers University Press |isbn=0-8135-1562-9}}
Ред 270:
* {{cite book |author={{aut|Townsend, Richard F.}} |year=2000 |title=The Aztecs |edition=2nd edition, revised |publisher=Thames & Hudson |location=London |isbn=0-500-28132-7}}
* {{cite book |author={{aut|Zantwijk,Rudolph van}} |year=1985|title=The Aztec Arrangement: The Social History of Pre-Spanish Mexico |location=Norman |publisher=University of Oklahoma Press |isbn=0-806-11677-3}}
 
 
{{Ацтечки локалитети}}
Ред 277 ⟶ 276:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Поранешни држави во Северна Америка]]
[[Категорија:Ацтеки]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ацтеки